куќен притвор Archives - Република https://republika.mk/tema/kukjen-pritvor/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 08:17:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png куќен притвор Archives - Република https://republika.mk/tema/kukjen-pritvor/ 32 32 Скопјанец место во куќен притвор си пиел кафе низ град https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-mesto-vo-kuken-pritvor-si-piel-kafe-niz-grad/ Thu, 14 Nov 2024 08:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=837442

Вчера во 09.20 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа А.А.(28) од Скопје затоа што не носел документ за идентификација.

По извршени проверки утврдено е дека за А.А. има мерка куќен притвор, која не ја почитувал. Известени се јавен обвинител и надлежен судија, а против А.А. е изготвен и соодветен поднесок, велат од МВР.

The post Скопјанец место во куќен притвор си пиел кафе низ град appeared first on Република.

]]>

Вчера во 09.20 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа А.А.(28) од Скопје затоа што не носел документ за идентификација. По извршени проверки утврдено е дека за А.А. има мерка куќен притвор, која не ја почитувал. Известени се јавен обвинител и надлежен судија, а против А.А. е изготвен и соодветен поднесок, велат од МВР.

The post Скопјанец место во куќен притвор си пиел кафе низ град appeared first on Република.

]]>
Куќен притвор за четворицата Срби уапсени завчера во Северна Митровица https://republika.mk/vesti/balkan/kuken-pritvor-za-chetvoritsata-srbi-uapseni-zavchera-vo-severna-mitrovitsa/ Wed, 11 Sep 2024 20:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=815494

Основниот суд во Северна Митровица им изрече куќен притвор во траење од 30 дена на четирите српски момчиња уапсени ноќта меѓу вторникот и средата во тој град поради навреди и напад врз припадници на косовската полиција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврдија адвокатите на уапсените Срби, кои информираа дека тие пред судот признале оти ги навредувале косовските полицајци, но негирале дека физички ги нападнале.

„Обвинителството поднесе барање за притвор бидејќи се сомничат дека сториле кривично дело ‘напад на службено лице’. По одржувањето на рочиштето кое траеше доста долго, судијата во претходна постапка го одби барањето на обвинителството и им одреди куќен притвор. Се извинија и признаа дека ги навредувале полицајците, но не и дека физички ги нападнале“, изјави еден од бранителите, адвокатот Шиќири Сила.

Тој рече дека се согласува со мерката куќен притвор за четирите момчиња, за кои нагласи дека првпат сториле кривично дело.

Другиот бранител, адвокатот Небојша Влајиќ, рече дека денешната судска одлука е „мала победа на правдата“, бидејќи обвинителот побара да им се одреди притвор.

„Ова е мала победа на правдата. Мала, затоа што беше одредена мерката куќен притвор. Сметаме дека не требаше да дојде до тоа. Затоа ја нарекуваме мала победа, бидејќи обвинителот побара да бидат притворени“, изјави Влајиќ.

Судијата ја донел одлуката по неколкучасовен распит на тројца од четворицата млади момчиња, кој започнал околу 14 часот.

Младите Срби се обвинети дека нападнале службено лице, а биле уапсени додека се враќале од прослава.

Претходно денеска група граѓани од српска националност се собраа пред полициската станица во Северна Митровица на протест поради ова апсење.

Четворицата млади момчиња се уапсени под сомнение дека провоцирале и нападнале полицајци. Роднините на уапсените тврдат дека биле малтретирани при апсењето, тврдење кое косовската полиција го демантира.

Според медиумите, тројца од четворицата уапсени биле под дејство на алкохол.

The post Куќен притвор за четворицата Срби уапсени завчера во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Северна Митровица им изрече куќен притвор во траење од 30 дена на четирите српски момчиња уапсени ноќта меѓу вторникот и средата во тој град поради навреди и напад врз припадници на косовската полиција, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за медиумите ја потврдија адвокатите на уапсените Срби, кои информираа дека тие пред судот признале оти ги навредувале косовските полицајци, но негирале дека физички ги нападнале.
„Обвинителството поднесе барање за притвор бидејќи се сомничат дека сториле кривично дело ‘напад на службено лице’. По одржувањето на рочиштето кое траеше доста долго, судијата во претходна постапка го одби барањето на обвинителството и им одреди куќен притвор. Се извинија и признаа дека ги навредувале полицајците, но не и дека физички ги нападнале“, изјави еден од бранителите, адвокатот Шиќири Сила.
Тој рече дека се согласува со мерката куќен притвор за четирите момчиња, за кои нагласи дека првпат сториле кривично дело. Другиот бранител, адвокатот Небојша Влајиќ, рече дека денешната судска одлука е „мала победа на правдата“, бидејќи обвинителот побара да им се одреди притвор.
„Ова е мала победа на правдата. Мала, затоа што беше одредена мерката куќен притвор. Сметаме дека не требаше да дојде до тоа. Затоа ја нарекуваме мала победа, бидејќи обвинителот побара да бидат притворени“, изјави Влајиќ.
Судијата ја донел одлуката по неколкучасовен распит на тројца од четворицата млади момчиња, кој започнал околу 14 часот. Младите Срби се обвинети дека нападнале службено лице, а биле уапсени додека се враќале од прослава. Претходно денеска група граѓани од српска националност се собраа пред полициската станица во Северна Митровица на протест поради ова апсење. Четворицата млади момчиња се уапсени под сомнение дека провоцирале и нападнале полицајци. Роднините на уапсените тврдат дека биле малтретирани при апсењето, тврдење кое косовската полиција го демантира. Според медиумите, тројца од четворицата уапсени биле под дејство на алкохол.

The post Куќен притвор за четворицата Срби уапсени завчера во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kuken-pritvor-od-48-chasa-za-dve-litsa-poradi-ubistvoto-na-lekarot-vo-zhelezara/ Fri, 29 Mar 2024 08:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=759994

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

The post Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара appeared first on Република.

]]>

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство. Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.
Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.
Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.
Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

The post Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара appeared first on Република.

]]>
Одбраната на таткото на Вања бара куќен притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odbranata-na-tatkoto-na-vana-bara-kuken-pritvor/ Tue, 09 Jan 2024 21:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=731322

Одбраната на таткото на убиената Вања Ѓорчевска побара куќен наместо затворски притвор за него. Според адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството.

Александар Ѓорчевски, кој од декември се наоѓа во притворот во Шуто Оризари, е осомничен дека помогнал при грабнувањето на ќерка си.

Судија на претходна постапка пред неколку дена, на барање на Обвинителството, му го продолжи притворот за 30 дена.

На другите осомничени, Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски, исто така им беше продолжен притворот.

 

The post Одбраната на таткото на Вања бара куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Одбраната на таткото на убиената Вања Ѓорчевска побара куќен наместо затворски притвор за него. Според адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството. Александар Ѓорчевски, кој од декември се наоѓа во притворот во Шуто Оризари, е осомничен дека помогнал при грабнувањето на ќерка си. Судија на претходна постапка пред неколку дена, на барање на Обвинителството, му го продолжи притворот за 30 дена. На другите осомничени, Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски, исто така им беше продолжен притворот.  

The post Одбраната на таткото на Вања бара куќен притвор appeared first on Република.

]]>
Тетовец во куќен притвор си ја нападна снаата https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovets-vo-kuken-pritvor-si-ja-napadna-snaata/ Thu, 14 Dec 2023 12:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=722909

Педесет и седумгодишната тетовка И.Т.К., вчера во 16 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот зет Н.С.(33) од тетовско Шемшово, кој се наоѓал во куќен притвор, агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Тетовец во куќен притвор си ја нападна снаата appeared first on Република.

]]>

Педесет и седумгодишната тетовка И.Т.К., вчера во 16 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот зет Н.С.(33) од тетовско Шемшово, кој се наоѓал во куќен притвор, агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Тетовец во куќен притвор си ја нападна снаата appeared first on Република.

]]>
Куќен притвор за Рашковски и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“ https://republika.mk/vesti/makedonija/kuken-pritvor-za-rashkovski-i-zabrana-da-komunitsira-so-trojtsa-od-obvinetite-vo-softveri/ Thu, 06 Jul 2023 17:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=658727

Судот денеска му изрече мерка куќен притвор на Драги Рашковски, осуден на осум години затвор за случајот „Софтвери“. Рашковски доби и забрана да комуницира со првите тројца обвинети Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев.

На Димитровски, Христов и Станчев им се изречени мерки на претпазливост.

Овие мерки ќе останат во сила до правосилноста на пресудата.

Обвинителката на случајот „Софтвери”, Ивана Трајчева рече дека ќе има жалба за одлуката на Судот, но и дека се донела правилна одлука.

Не можам да кажам дека сум задоволна, но сметам дека она за што беше поставено обвинението и за што се истражуваше и што се докажуваше во текот на постапката се докажа и сметам дека се донесе правилна одлука, истакна во денешната изјава за медиуми Трајчева.

На прашањето во однос на барањето за притвор за сите обвинети коешто резултираше само со еден куќен притвор таа најави дека ќе има жалба од страна на Обвинителството од причини затоа што за сите четворица, како што кажа, постојат реални причини дека можат да се дадат во бегство, но рече дека ќе се чека одлуката да им биде предадена во писмена форма по која што ќе се донесе конечна одлука по однос на жалбата.

Во Основниот кривичен суд денеска Драги Рашкоски беше прогласен за виновен за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Софтвери“ и судот му определи осум години затвор, во кои ќе му се смета и времето поминато во куќен притвор.

Драги Рашковски доби казна затвор од седум години за злоупотреба на службена положба и една година и шест месеци за делото перење пари, за што судот му одреди една единсвтена казна затвор од осум години.

Судот ги прогласи за виновни и лицата Ивица Димитровски за кое одреди казна затвор од 5 години, за Игор Христов казна од 5 години и 6 месеци, за Даниел Станчев 4 години во кои ќe биде пресметано и времето поминато во куќен притвор, за Ирена Ивановска определена е казна затвор од 3 години и 6 месеци, а за Игор Ивановски и Маја Силјаноска судот определи три години. Лицата се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Случајот го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението беше обвинителката Ивана Трајчевска.

The post Куќен притвор за Рашковски и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>

Судот денеска му изрече мерка куќен притвор на Драги Рашковски, осуден на осум години затвор за случајот „Софтвери“. Рашковски доби и забрана да комуницира со првите тројца обвинети Ивица Димитровски, Игор Христов и Даниел Станчев. На Димитровски, Христов и Станчев им се изречени мерки на претпазливост. Овие мерки ќе останат во сила до правосилноста на пресудата. Обвинителката на случајот „Софтвери”, Ивана Трајчева рече дека ќе има жалба за одлуката на Судот, но и дека се донела правилна одлука.
Не можам да кажам дека сум задоволна, но сметам дека она за што беше поставено обвинението и за што се истражуваше и што се докажуваше во текот на постапката се докажа и сметам дека се донесе правилна одлука, истакна во денешната изјава за медиуми Трајчева.
На прашањето во однос на барањето за притвор за сите обвинети коешто резултираше само со еден куќен притвор таа најави дека ќе има жалба од страна на Обвинителството од причини затоа што за сите четворица, како што кажа, постојат реални причини дека можат да се дадат во бегство, но рече дека ќе се чека одлуката да им биде предадена во писмена форма по која што ќе се донесе конечна одлука по однос на жалбата. Во Основниот кривичен суд денеска Драги Рашкоски беше прогласен за виновен за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Софтвери“ и судот му определи осум години затвор, во кои ќе му се смета и времето поминато во куќен притвор. Драги Рашковски доби казна затвор од седум години за злоупотреба на службена положба и една година и шест месеци за делото перење пари, за што судот му одреди една единсвтена казна затвор од осум години. Судот ги прогласи за виновни и лицата Ивица Димитровски за кое одреди казна затвор од 5 години, за Игор Христов казна од 5 години и 6 месеци, за Даниел Станчев 4 години во кои ќe биде пресметано и времето поминато во куќен притвор, за Ирена Ивановска определена е казна затвор од 3 години и 6 месеци, а за Игор Ивановски и Маја Силјаноска судот определи три години. Лицата се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици. Случајот го водеше судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението беше обвинителката Ивана Трајчевска.

The post Куќен притвор за Рашковски и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“ appeared first on Република.

]]>
Познат насилник избегал од куќен притвор, не му е првпат да бега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/poznat-nasilnik-izbegal-od-kuken-pritvor-ne-mu-e-prvpat-da-bega/ Wed, 15 Mar 2023 14:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=619921

Распишана е централна потерница за Александар Стојанов познат како Џуката од Кочани, кој од куќен притвор се дал во бегство, потврди за МИА, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Стојанов е повеќекратен сторител на кривични дела, а последното го има сторено на 27 февруари, кога физичка ја напаѓа адвокатката Цветанка Тунџева, полномошник на неколку жртви во случаите за кои е обвинет Стојанов.

Тунџева вели дека по брзо и професионално постапување на Јавниот обвинител и на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор во траење од осум дена во Куманово, но по истекот на затворскиот притвор кривичниот судски совет во Основниот суд во Кочани носи одлука Стојанов да замине во куќен притвор.

По истекот на осумте дена кривичниот совет при Основен Суд Кочани мерката притвор му ја земани со домашен притвор, без никаква релевантна и оправдана причина. Од овде е и прашањето зошто е куќен притвор, кога знаеме дека се работи за познат строител на кривични дела, за лице кое има повќе преставки, за лице кое повеќе пати се дава во бегство и самиот кривичен совет знае дека со куќниот притвор не може да го обезбеди, ниту МВР не може да го обезбеди и тоа се случи, вели Тунџева.

Стојанов и Тунџева денеска требаше да се соочат на првото судско рочиште за физичкиот напад во нејзината канцеларија, но полицијата не може да го обезбеди, бидејќи меѓу 13 и 14 март е даден во бегство и не е пронајден во неговиот дом.

Тунџева посочува дека Стојанов кој е познат на кочанската јавност по низата сторени кривични дела разбојништо, изнуда и насилство пред две години во судница има нападнато и судија при изрекување на пресуда.

The post Познат насилник избегал од куќен притвор, не му е првпат да бега appeared first on Република.

]]>

Распишана е централна потерница за Александар Стојанов познат како Џуката од Кочани, кој од куќен притвор се дал во бегство, потврди за МИА, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова. Стојанов е повеќекратен сторител на кривични дела, а последното го има сторено на 27 февруари, кога физичка ја напаѓа адвокатката Цветанка Тунџева, полномошник на неколку жртви во случаите за кои е обвинет Стојанов. Тунџева вели дека по брзо и професионално постапување на Јавниот обвинител и на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор во траење од осум дена во Куманово, но по истекот на затворскиот притвор кривичниот судски совет во Основниот суд во Кочани носи одлука Стојанов да замине во куќен притвор.
По истекот на осумте дена кривичниот совет при Основен Суд Кочани мерката притвор му ја земани со домашен притвор, без никаква релевантна и оправдана причина. Од овде е и прашањето зошто е куќен притвор, кога знаеме дека се работи за познат строител на кривични дела, за лице кое има повќе преставки, за лице кое повеќе пати се дава во бегство и самиот кривичен совет знае дека со куќниот притвор не може да го обезбеди, ниту МВР не може да го обезбеди и тоа се случи, вели Тунџева.
Стојанов и Тунџева денеска требаше да се соочат на првото судско рочиште за физичкиот напад во нејзината канцеларија, но полицијата не може да го обезбеди, бидејќи меѓу 13 и 14 март е даден во бегство и не е пронајден во неговиот дом. Тунџева посочува дека Стојанов кој е познат на кочанската јавност по низата сторени кривични дела разбојништо, изнуда и насилство пред две години во судница има нападнато и судија при изрекување на пресуда.

The post Познат насилник избегал од куќен притвор, не му е првпат да бега appeared first on Република.

]]>
Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое нападна новинарска екипа на ТВ 24 https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sudot-mu-go-prodolzi-kukjniot-pritvor-na-liceto-koe-napadna-novinarska-ekipa-na-tv-24/ Wed, 23 Nov 2022 10:29:30 +0000 https://republika.mk/?p=577271

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена.

Воедно ја известуваме јавноста дека по поднесениот обвинителен предлог против осомничениот за наведениот настан, формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 2489/22 кој согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главната расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

 

The post Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое нападна новинарска екипа на ТВ 24 appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена.
Воедно ја известуваме јавноста дека по поднесениот обвинителен предлог против осомничениот за наведениот настан, формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 2489/22 кој согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главната расправа, странките и јавноста ќе бидат известени, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
 

The post Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое нападна новинарска екипа на ТВ 24 appeared first on Република.

]]>
Предложен куќен притвор за напаѓачот на новинарска екипа https://republika.mk/vesti/crna-hronika/predlozen-kukjen-pritvor-za-napagjachot-na-novinarska-ekipa/ Tue, 15 Nov 2022 21:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=574223

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице осомничено за насилство врз новинарска екипа.

– Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцовки кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница, информираат од ОЈО Скопје.

Оттаму велат дека бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, како и особени околности врзани со начинот на извршување на делото кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка – куќен притвор​.

The post Предложен куќен притвор за напаѓачот на новинарска екипа appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице осомничено за насилство врз новинарска екипа. – Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцовки кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница, информираат од ОЈО Скопје. Оттаму велат дека бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, како и особени околности врзани со начинот на извршување на делото кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка – куќен притвор​.

The post Предложен куќен притвор за напаѓачот на новинарска екипа appeared first on Република.

]]>
Еден е притворен, а куќен притвор од осум дена добија седум лица за протестите на 5 јули https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eden-e-pritvoren-a-kukjen-pritvor-od-osum-dena-dobija-sedum-lica-za-protestite-na-5-juli/ Thu, 07 Jul 2022 13:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=525401

Едно лице е притворено, а осумдневен куќен притвор добија седумина од осомничените демонстранти кои беа приведени откако ескалираше мирниот протест на 5 јули против францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија кон Македонија пред Собранието, соопшти Кривичниот суд.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Дваесет и осум полицајци беа повредени, од кои десетина потешко, а 11 демонстранти беа приведени на протестите.

Од осумтемина осомничени, шест се на возраст меѓу 18 и 22 години, еден е на возраст од 30 и еден на возраст од 36 години. За настанот се пријавени и три малолетни лица, за кои постапката ќе се води согласно Законот за правда за децата.

 

The post Еден е притворен, а куќен притвор од осум дена добија седум лица за протестите на 5 јули appeared first on Република.

]]>

Едно лице е притворено, а осумдневен куќен притвор добија седумина од осомничените демонстранти кои беа приведени откако ескалираше мирниот протест на 5 јули против францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија кон Македонија пред Собранието, соопшти Кривичниот суд. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Дваесет и осум полицајци беа повредени, од кои десетина потешко, а 11 демонстранти беа приведени на протестите. Од осумтемина осомничени, шест се на возраст меѓу 18 и 22 години, еден е на возраст од 30 и еден на возраст од 36 години. За настанот се пријавени и три малолетни лица, за кои постапката ќе се води согласно Законот за правда за децата.  

The post Еден е притворен, а куќен притвор од осум дена добија седум лица за протестите на 5 јули appeared first on Република.

]]>
Спиро Ристовски излегува од куќен притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spiro-ristovski-izleguva-od-kukjen-pritvor/ Tue, 08 Feb 2022 14:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=455791

Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје, за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор. Според последната одлука на Кривичниот совет, на осудениот Ристовски му е прифатен гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор.

Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбените наводи на странките.

The post Спиро Ристовски излегува од куќен притвор appeared first on Република.

]]>

Спиро Ристовски, осуден на шест години и три месеци затвор од Кривичниот суд Скопје, за случајот „Организатори на 27 април”, излегува од куќен притвор. Според последната одлука на Кривичниот совет, на осудениот Ристовски му е прифатен гаранцијата од недвижен имот и од кога истата ќе биде впишана во катастар ќе стапи во сила одлуката за укинување на мерката куќен притвор. Предметот за случајот „Организатори на 27 април” е во Апелациониот суд Скопје, кој треба одржи јавна седница и да се произнесе за жалбените наводи на странките.

The post Спиро Ристовски излегува од куќен притвор appeared first on Република.

]]>