Куќата што се распаѓа Archives - Република https://republika.mk/tema/kukata-shto-se-raspaga/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 07:57:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Куќата што се распаѓа Archives - Република https://republika.mk/tema/kukata-shto-se-raspaga/ 32 32 „Куќата што се распаѓа“ вечер во Музејот на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/kukata-shto-se-raspaga-vecher-vo-muzejot-na-makedonija/ Thu, 27 Jun 2024 07:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=791165

Во продукција на Факултетот за работи што не се учат (ФРУ), а во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“ поддржан од ЕУ, од 27 до 29 јуни во Музејот на Македонија ќе се одржи меѓународната изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“.

Како што соопштија организаторите, изложбата и симпозиумот „Куќата што се распаѓа“ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, односот кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна.

Изложбата која ќе биде отворена вечер е резултат на заложбите на тројца уметници – Вини Хербстајн од Глазгов/Амстердам, Филип Јовановски од Битола/Скопје и Ану Вахтра од Талин, а е курирана од Ивана Васева од Скопје.

За изложбата сите уметници ја прифатија улогата на деколонизирачката шетачка, со тринеделни резиденции во Скопје, користејќи ги шетањето и критичкото набљудување како алатки за истражување на овие специфичности.

Како што е најавено, на вториот ден од настанот, на 28 јуни во петок, ќе се одржи предавање од Ола Хасанaин од Картум/Амстердам, која низ нејзините уметнички истражувања примарно се фокусира на просторна писменост преку идејата за „просторот како дискурс“. По предавањето, ќе следи дискусија со Марјока де Гриф и Анастасија Пандиловска од Амстердам, од организацијата „Suns and Stars“ и Ивана Васева од Скопје која е кураторка, истражувачка и програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат, кокуратор на АКТО фестивалот за современи уметности и куратор во Музејот на современа уметност во Скопје.

Вториот ден од настанот ќе се заокружи со селекција на филмовите Ингел Ваикла – „Папагало, колку е часот?“ и „Јас, исто така, гледам“ Феликс Мелија – „Пари за ништо“. По филмовите ќе следат куси разговори со уметниците Ингел Ваикла и Феликс Мелија. Ќе се одржи и проекција на филмот на Харун Фароки – „Создавачите на светските пазари“ и „Во споредба“.

Филмовите ги комбинираат темите за јавен и приватен простор, подвижните тела меѓу цврстите ѕидови и начинот на кој ги перципираме, се движиме и живееме во нашите средини.

На третиот ден од настанот, 29 јуни, во сабота, ќе започне „Градот е јавност“ – колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување „Градот како сцена“, како дел од Архитектонскиот факултет во Скопје. По него следува јавната рефлексија на идното сценарио за театарска претстава за градот во Музеј на Република Македонија.

The post „Куќата што се распаѓа“ вечер во Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>

Во продукција на Факултетот за работи што не се учат (ФРУ), а во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“ поддржан од ЕУ, од 27 до 29 јуни во Музејот на Македонија ќе се одржи меѓународната изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“. Како што соопштија организаторите, изложбата и симпозиумот „Куќата што се распаѓа“ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, односот кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна. Изложбата која ќе биде отворена вечер е резултат на заложбите на тројца уметници – Вини Хербстајн од Глазгов/Амстердам, Филип Јовановски од Битола/Скопје и Ану Вахтра од Талин, а е курирана од Ивана Васева од Скопје. За изложбата сите уметници ја прифатија улогата на деколонизирачката шетачка, со тринеделни резиденции во Скопје, користејќи ги шетањето и критичкото набљудување како алатки за истражување на овие специфичности. Како што е најавено, на вториот ден од настанот, на 28 јуни во петок, ќе се одржи предавање од Ола Хасанaин од Картум/Амстердам, која низ нејзините уметнички истражувања примарно се фокусира на просторна писменост преку идејата за „просторот како дискурс“. По предавањето, ќе следи дискусија со Марјока де Гриф и Анастасија Пандиловска од Амстердам, од организацијата „Suns and Stars“ и Ивана Васева од Скопје која е кураторка, истражувачка и програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат, кокуратор на АКТО фестивалот за современи уметности и куратор во Музејот на современа уметност во Скопје. Вториот ден од настанот ќе се заокружи со селекција на филмовите Ингел Ваикла – „Папагало, колку е часот?“ и „Јас, исто така, гледам“ Феликс Мелија – „Пари за ништо“. По филмовите ќе следат куси разговори со уметниците Ингел Ваикла и Феликс Мелија. Ќе се одржи и проекција на филмот на Харун Фароки – „Создавачите на светските пазари“ и „Во споредба“. Филмовите ги комбинираат темите за јавен и приватен простор, подвижните тела меѓу цврстите ѕидови и начинот на кој ги перципираме, се движиме и живееме во нашите средини. На третиот ден од настанот, 29 јуни, во сабота, ќе започне „Градот е јавност“ – колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување „Градот како сцена“, како дел од Архитектонскиот факултет во Скопје. По него следува јавната рефлексија на идното сценарио за театарска претстава за градот во Музеј на Република Македонија.

The post „Куќата што се распаѓа“ вечер во Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>
Меѓународна изложба и тридневен симпозиум „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/megunarodna-izlozhba-i-tridneven-simpozium-kukata-shto-se-raspaga-vo-muzej-na-makedonija/ Mon, 24 Jun 2024 14:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=790338

Во организација на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ ќе се одржи меѓународна изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“ од 27 до 29 јуни во Музејот на Македонија.

„Изложбата и симпозиумот ‘Куќата што се распаѓа’ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, односот кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна“, велат организаторите.

Настанот ќе започне од 20 часот со изложба на уметниците Вини Хербстајн, Филип Јовановски и Ану Вахтра, курирана од Ивана Васева.

Додека пак, во петок (28 јуни) од 20 часот предавање ќе одржи Ола Хасанaин која, како што истакнуваат од организација, доаѓа од Картум и Амстердам и нејзините уметнички истражувања примарно се фокусира на просторна писменост преку идејата за „просторот како дискурс“.

По предавањето ќе следи дискусија со Марјока де Гриф и Анастасија Пандиловска од Амстердам од организацијата „Suns and Stars“ и Ивана Васева од Скопје, кураторката на изложбата, истражувачка и програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, кокуратор на АКТО фестивалот за современи уметности и куратор во Музејот на современа уметност во Скопје.

Понатаму, ќе следи прикажување на филмовите „Папагало, колку е часот?“ (2022) и „Јас, исто така, гледам“ (2024) од Ингел Ваикла и „Пари за ништо“ (2021) од Феликс Мелија, а по филмовите ќе има куси разговори со двајцата уметници.

Вториот ден од настанот ќе се заокружи со селекција на филмови „Создавачите на светските пазари“ (2001) и „Во споредба“ (2009) од Харун Фароки.

„Филмовите ги комбинираат темите за јавен и приватен простор, подвижните тела меѓу цврстите ѕидови и начинот на кој ги перципираме, се движиме и живееме во нашите средини“, забележуваат организаторите.

Во саботата, на третиот ден од настанот, од 19 часот започнува колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје насловена како „Градот е јавност“ со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување „Градот како сцена“, како дел од Архитектонскиот факултет во Скопје.

По ова следува јавната рефлексија на идното сценарио за театарска претстава за градот во Музеј на Македонија, а настанот ќе се заокружи во 22 часот со музичка програма.

Инаку, изложбата и симпозиумот се организирани во рамки на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“ поддржан од Европската Унија.

 

The post Меѓународна изложба и тридневен симпозиум „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија appeared first on Република.

]]>

Во организација на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ ќе се одржи меѓународна изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“ од 27 до 29 јуни во Музејот на Македонија. „Изложбата и симпозиумот ‘Куќата што се распаѓа’ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, односот кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна“, велат организаторите. Настанот ќе започне од 20 часот со изложба на уметниците Вини Хербстајн, Филип Јовановски и Ану Вахтра, курирана од Ивана Васева. Додека пак, во петок (28 јуни) од 20 часот предавање ќе одржи Ола Хасанaин која, како што истакнуваат од организација, доаѓа од Картум и Амстердам и нејзините уметнички истражувања примарно се фокусира на просторна писменост преку идејата за „просторот како дискурс“. По предавањето ќе следи дискусија со Марјока де Гриф и Анастасија Пандиловска од Амстердам од организацијата „Suns and Stars“ и Ивана Васева од Скопје, кураторката на изложбата, истражувачка и програмска директорка на организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, кокуратор на АКТО фестивалот за современи уметности и куратор во Музејот на современа уметност во Скопје. Понатаму, ќе следи прикажување на филмовите „Папагало, колку е часот?“ (2022) и „Јас, исто така, гледам“ (2024) од Ингел Ваикла и „Пари за ништо“ (2021) од Феликс Мелија, а по филмовите ќе има куси разговори со двајцата уметници. Вториот ден од настанот ќе се заокружи со селекција на филмови „Создавачите на светските пазари“ (2001) и „Во споредба“ (2009) од Харун Фароки. „Филмовите ги комбинираат темите за јавен и приватен простор, подвижните тела меѓу цврстите ѕидови и начинот на кој ги перципираме, се движиме и живееме во нашите средини“, забележуваат организаторите. Во саботата, на третиот ден од настанот, од 19 часот започнува колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје насловена како „Градот е јавност“ со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување „Градот како сцена“, како дел од Архитектонскиот факултет во Скопје. По ова следува јавната рефлексија на идното сценарио за театарска претстава за градот во Музеј на Македонија, а настанот ќе се заокружи во 22 часот со музичка програма. Инаку, изложбата и симпозиумот се организирани во рамки на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“ поддржан од Европската Унија.  

The post Меѓународна изложба и тридневен симпозиум „Куќата што се распаѓа“ во Музеј на Македонија appeared first on Република.

]]>