кссм Archives - Република https://republika.mk/tema/kssm/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Sep 2022 16:24:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кссм Archives - Република https://republika.mk/tema/kssm/ 32 32 КССМ ќе го блокира Град Скопје ако не престане партискиот реваншизам преку работниците кои цел ден работат со фекалии https://republika.mk/vesti/skopje/kssm-kje-go-blokira-grad-skopje-ako-ne-prestane-partiskiot-revanshizam-preku-rabotnicite-koi-cel-den-rabotat-so-fekalii/ Fri, 16 Sep 2022 16:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=551542

Доколку градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска не одржи средба со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и не ја отповика одлуката со која 100 вработени во ЈП „Водовод и канализација“, остануваат без работа, најавија протести и блокади околу канцелариите на град Скопје и булеварот „Илинденска“.

Порача да престане партискиот реваншизам преку работниците кои цел ден работат со фекалии, изјави Марјан Ристевски претседател на КССМ.

Претставници на овие синдикати денеска на прес-конференција побара од Арсовска да ги врати на работа 100 работници на кои нема да им бидат продолжени договорите.

„Застануваме целосно зад вработените во ‘Водовод‘ кои градоначалничката рече ќе ги отпушти. Мора да престане праксата политичарите својот гнев да го истураат врз вработените. Па дел од овие вработени имаат земено кредити, не дај боже да зеле некој од оние брзи кеш кредити. Бидејќи знае да упаѓа на прес-конференции еве нека дојде да ја расчистиме ситуацијава“, рече претседателот Ристески.

Тој тврди дека од градоначалничката побарале средба на неколку наврати, но, безуспешно.

„Кај госпоѓата Данела, ние како синдикат имаме уште ланска година барање за средба. Оваа година уште две три писма. Не се само за Водовод. Има незадоволство и во други јавни претпријатија. Се надевам ќе оствариме средба. Знаете кој ми се јави кога баравме средба? Некој преставник на синдикат, нејзин веројатно. Госпоѓа Арсовска, јас како синдикат, толку години се занимавам, не сум доживеал до сега некое претпоставено лице дали министер, дали директор, дали градоначалник, да ми даде синдикат да го решава проблемот. Нема шанса тоа веќе така да функционира. Секој ќе има одговорност за функцијата што е назнаечен“, рече Ристески.

Веднаш по незаконското разрешување на екс директорот на водовод Златко Перински, градоначалничката Арсовска со уште еден непромислен, избрзан и нечовчки упад и прекинот на договорите за околу 100 вработени изјавија од ВМРО.

The post КССМ ќе го блокира Град Скопје ако не престане партискиот реваншизам преку работниците кои цел ден работат со фекалии appeared first on Република.

]]>

Доколку градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска не одржи средба со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и не ја отповика одлуката со која 100 вработени во ЈП „Водовод и канализација“, остануваат без работа, најавија протести и блокади околу канцелариите на град Скопје и булеварот „Илинденска“. Порача да престане партискиот реваншизам преку работниците кои цел ден работат со фекалии, изјави Марјан Ристевски претседател на КССМ. Претставници на овие синдикати денеска на прес-конференција побара од Арсовска да ги врати на работа 100 работници на кои нема да им бидат продолжени договорите.