крвни зрнца Archives - Република https://republika.mk/tema/krvni-zrnca/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 17:49:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крвни зрнца Archives - Република https://republika.mk/tema/krvni-zrnca/ 32 32 Јапонија започнува со клиничко тестирање на вештачки црвени крвни зрнца https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/japonija-zapochnuva-so-klinichko-testirane-na-veshtachki-tsrveni-krvni-zrntsa/ Sun, 28 Jul 2024 17:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=801140

Клиничкото тестирање на вештачките црвени крвни зрнца, кои можат да се складираат за итна трансфузија, ќе започне во Јапонија до март следната година, објави Медицинскиот универзитет Нара.

Универзитетот планира овие вештачки крвни зрнца да ги стави во практична употреба до 2030 година, што веројатно ќе биде прв таков случај во светот, објави агенцијата Kyodo.

Развојот на вештачките крвни зрнца, кои можат да се користат во оддалечените области и во случаи на несреќи, е дизајниран бидејќи се очекува недостиг од залихи на крв во медицинските установи поради се помалиот број на крводарители меѓу намалената популација на Јапонија, соопшти агенцијата.

Додека црвените крвни зрнца од донирана крв може да се чуваат на ниски температури помалку од еден месец, вештачките клетки може да се чуваат две години на собна температура, велат истражувачите.

Овие зрнца не се поврзани со крвната група, па може да се користат без претходно да се одреди крвната група на пациентот и може да се даваат со трансфузија при транспорт со брза помош.

The post Јапонија започнува со клиничко тестирање на вештачки црвени крвни зрнца appeared first on Република.

]]>

Клиничкото тестирање на вештачките црвени крвни зрнца, кои можат да се складираат за итна трансфузија, ќе започне во Јапонија до март следната година, објави Медицинскиот универзитет Нара. Универзитетот планира овие вештачки крвни зрнца да ги стави во практична употреба до 2030 година, што веројатно ќе биде прв таков случај во светот, објави агенцијата Kyodo. Развојот на вештачките крвни зрнца, кои можат да се користат во оддалечените области и во случаи на несреќи, е дизајниран бидејќи се очекува недостиг од залихи на крв во медицинските установи поради се помалиот број на крводарители меѓу намалената популација на Јапонија, соопшти агенцијата. Додека црвените крвни зрнца од донирана крв може да се чуваат на ниски температури помалку од еден месец, вештачките клетки може да се чуваат две години на собна температура, велат истражувачите. Овие зрнца не се поврзани со крвната група, па може да се користат без претходно да се одреди крвната група на пациентот и може да се даваат со трансфузија при транспорт со брза помош.

The post Јапонија започнува со клиничко тестирање на вештачки црвени крвни зрнца appeared first on Република.

]]>
Еритроцитите оштетени од тежок ковид може да ги оштетат и крвните садови https://republika.mk/zivot/zdravje/eritrocitite-oshteteni-od-tezok-kovid-moze-da-gi-oshtetat-i-krvnite-sadovi/ Thu, 24 Feb 2022 08:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=462846

Дисфункционалните црвени крвни зрнца (еритроцити) придонесуваат за оштетување на крвните садови забележано во случаи на тежок ковид, покажаа лабораториските студии, кои исто така истражуваат начини за лекување на овој проблем.

Научниците веруваат дека кај многу пациенти хоспитализирани поради тешка форма на COVID-19, се оштетени ендотелните клетки што ги обложуваат крвните садови, што може да резултира со згрутчување на крвта, оштетување на органи и други здравствени компликации.

Дисфункционалните еритроцити обично се деформирани, имаат слаби мембрани кои лесно се кршат или немаат ензими потребни за правилно функционирање и одржување на еластичноста, овозможувајќи им непречено да патуваат низ тесните крвни садови.

Предизвикување воспаленија

Нова мала студија спроведена со лабораториски тестови на крвта на 17 умерено болни пациенти со COVID-19 и 27 здрави доброволци ја потврди претпоставката за „длабока и трајна ендотелијална дисфункција“ која се развила како резултат на инфекција со коронавирус, објавија истражувачите во списанието JACC: Basic to Translational Science.

Во споредба со еритроцитите кај здравите луѓе, црвените крвни зрнца кај пациенти со умерен до тежок ковид ослободуваат помалку корисни молекули на азотен оксид и повеќе штетни молекули кои предизвикуваат воспаление, објасни еден од научниците што ја спроведе студијата, д-р Али Махди од Универзитската болница Каролинска во Стокхолм.

Тој и неговите колеги откриле дека во комбинација со покачени нивоа на одреден ензим, воспалителните молекули ја оштетуваат слузницата на крвните садови, што резултира со тоа што садовите не успеваат да се вратат во првобитната состојба на правилен начин.

Поништување на дисфункцијата

Д-р Махди рече дека забележаната дисфункција на еритроцитите може да се „поништи“ со помош на лекови кои го враќаат нормалното ниво на ензими и го ограничуваат производството на штетни молекули. Тој рече дека уште не се знае дали наодите од епрувета може да се повторат во истражувањето на пациентите.

Експериментот беше изведен на оригиналната форма на коронавирусот, па сè уште не е јасно дали црвените крвни зрнца се слично засегнати во случај на инфекции предизвикани од други варијанти на SARS-Cov-2.

The post Еритроцитите оштетени од тежок ковид може да ги оштетат и крвните садови appeared first on Република.

]]>

Дисфункционалните црвени крвни зрнца (еритроцити) придонесуваат за оштетување на крвните садови забележано во случаи на тежок ковид, покажаа лабораториските студии, кои исто така истражуваат начини за лекување на овој проблем. Научниците веруваат дека кај многу пациенти хоспитализирани поради тешка форма на COVID-19, се оштетени ендотелните клетки што ги обложуваат крвните садови, што може да резултира со згрутчување на крвта, оштетување на органи и други здравствени компликации. Дисфункционалните еритроцити обично се деформирани, имаат слаби мембрани кои лесно се кршат или немаат ензими потребни за правилно функционирање и одржување на еластичноста, овозможувајќи им непречено да патуваат низ тесните крвни садови.
Предизвикување воспаленија Нова мала студија спроведена со лабораториски тестови на крвта на 17 умерено болни пациенти со COVID-19 и 27 здрави доброволци ја потврди претпоставката за „длабока и трајна ендотелијална дисфункција“ која се развила како резултат на инфекција со коронавирус, објавија истражувачите во списанието JACC: Basic to Translational Science. Во споредба со еритроцитите кај здравите луѓе, црвените крвни зрнца кај пациенти со умерен до тежок ковид ослободуваат помалку корисни молекули на азотен оксид и повеќе штетни молекули кои предизвикуваат воспаление, објасни еден од научниците што ја спроведе студијата, д-р Али Махди од Универзитската болница Каролинска во Стокхолм. Тој и неговите колеги откриле дека во комбинација со покачени нивоа на одреден ензим, воспалителните молекули ја оштетуваат слузницата на крвните садови, што резултира со тоа што садовите не успеваат да се вратат во првобитната состојба на правилен начин. Поништување на дисфункцијата Д-р Махди рече дека забележаната дисфункција на еритроцитите може да се „поништи“ со помош на лекови кои го враќаат нормалното ниво на ензими и го ограничуваат производството на штетни молекули. Тој рече дека уште не се знае дали наодите од епрувета може да се повторат во истражувањето на пациентите. Експериментот беше изведен на оригиналната форма на коронавирусот, па сè уште не е јасно дали црвените крвни зрнца се слично засегнати во случај на инфекции предизвикани од други варијанти на SARS-Cov-2.

The post Еритроцитите оштетени од тежок ковид може да ги оштетат и крвните садови appeared first on Република.

]]>