Крушино Archives - Република https://republika.mk/tema/krushino/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 13:20:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Крушино Archives - Република https://republika.mk/tema/krushino/ 32 32 После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини https://republika.mk/sport/fudbal/posle-trening-mladite-reprezentativtsi-gi-chekala-zatvorena-vrata-vo-hotelot-inaku-sopstvenost-na-zetot-na-sejdini/ Thu, 19 Sep 2024 14:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=817852

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите.

Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“.

Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.

ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години доживеала вистински шок, откако наишла на затворени врати на хотелот во Крушино каде се сместени младите фудбалери. Имено, откако се вратиле од натпревар, фудбалерите и стручниот штаб кои се сместени во хотелот „Куќа на уметноста“ над Кичево, ги дочекале затворени врати на објектот, пренесува „Спорт спорт“ до чија редакција стигнале реакциите од родителите. Од спортскиот портал прашуваат и „кој и како го одбра токму овој хотел да биде база на националните селекции и колку Фудбалската федерација плаќа засместувањето на репрезентативните селекции, ако се знае дека сопственик на истиот е зет на претседателот на ФФМ, Сејдини?“. Неодамна, во интервју за „Спорт спорт“ и македонската фудбалска легенда Горан Пандев го спомена овој хотел, како дел од сите замерки кои ги посочи за актуелното раководство на ФФМ.
ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има сè, само не фудбалски работници. Тоа стана полигон за вработување на одредени структури и масовно трошење на финансиите за нефудбалски работи. Каде се проектите, стадионите, терените… Запуштени дивограби и промашени трибини и рефлектори. Секојдневно билдање на сметката во Крушино, каде нема услови за работа и каде редовно има семинари на тренери, собир на селекции и судии. Се знае зошто е тоа така! Се полни сметката на хотелот, кој е бизнис за актуелното фудбалско раководство. Имам порака до Мухамед Сејдини. Пред точно 6 години на Гибралтар му дадов поддршка затоа што имаше визија, сакаше да соработува. Но, тој Мети и овој сега, не се исти личности. Неколку месеци пред ЕП тој фати друг курс, почна да се дружи и да слуша совети од погрешни личности. Го изгуби компасот и затоа сега ни се случува колапс. Да си оди како човек, а не како кукавица и тоа што поскоро без разлика на тоа што мандатот му истекува во март. Одењето ќе биде добро за фудбалот, но и за него лично, затоа што луѓето кои сега му се соработници и советници го водат и него и фудбалот во пропаст. Да, ја сакам и поддржувам промени. Пред неколку недели имав средба со Масар Омерагиќ и му кажав дека му стојам на располагање. Знам дека тој ќе оди во трката за претседател на ФФМ, место за кое се избори уште пред 12 години и место кое насилно му беше одземено. Покрај мене знам дека со него се уште Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов и уште десетина други докажани фудбалски имиња од земјава. Промени ќе има, што поскоро тоа е подобро за сите..., порача Пандев во интервјуто.

The post После тренинг младите репрезентативци ги чекала затворена врата во хотелот, инаку сопственост на зетот на Сејдини appeared first on Република.

]]>
Владата ја поништи одлуката за евтино давање под закуп на комплексот „Крушино“ на човек близок до ДУИ и Сејдини од ФФМ https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ja-ponishti-odlukata-za-evtino-davane-pod-zakup-na-kompleksot-krushino-na-chovek-blizok-do-dui-i-sejdini-od-ffm/ Fri, 19 Jul 2024 14:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=798506

Новата влада, на седница одржана на 6-јули поништила одлука на претходната влада, со која требаше да се отуѓи земјиште, односно комплекс „Крушино“ во близина на Кичево, на Кујтим Сула, зет на актуелниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини, пишува „Скопје инфо“.

Како што објави овој медиум, одлуката на претходната Влада е донесена кога Талат Џафери бил технички премиер, а потпишана од страна на поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, бидејќи местото е во сопственост на Министерството за одбрана.

Станува збор за капитален објект, комплекс „Крушино“ во чии рамки има хотел и повеќенаменски игралишта.

Целиот комплеск требало да се додели за 500 евра месечен надомест на Кујтим Сула, управител на фирма која раководи со комплексот „Кнежино“.

Повеќе на „Скопје инфо“

The post Владата ја поништи одлуката за евтино давање под закуп на комплексот „Крушино“ на човек близок до ДУИ и Сејдини од ФФМ appeared first on Република.

]]>

Новата влада, на седница одржана на 6-јули поништила одлука на претходната влада, со која требаше да се отуѓи земјиште, односно комплекс „Крушино“ во близина на Кичево, на Кујтим Сула, зет на актуелниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини, пишува „Скопје инфо“. Како што објави овој медиум, одлуката на претходната Влада е донесена кога Талат Џафери бил технички премиер, а потпишана од страна на поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, бидејќи местото е во сопственост на Министерството за одбрана. Станува збор за капитален објект, комплекс „Крушино“ во чии рамки има хотел и повеќенаменски игралишта. Целиот комплеск требало да се додели за 500 евра месечен надомест на Кујтим Сула, управител на фирма која раководи со комплексот „Кнежино“. Повеќе на „Скопје инфо“

The post Владата ја поништи одлуката за евтино давање под закуп на комплексот „Крушино“ на човек близок до ДУИ и Сејдини од ФФМ appeared first on Република.

]]>
Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево апелираат веднаш да се сопре сечењето на боровата шума во Крушино https://republika.mk/vesti/makedonija/od-vmro-dpmne-ok-kichevo-apeliraat-vednash-da-se-sopre-sechenjeto-na-borovata-shuma-vo-krushino/ Mon, 21 Feb 2022 17:47:00 +0000 https://republika.mk/?p=461615

Веднаш да се сопре сечењето на боровата шума во месноста Крушино!, бараат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево.

После сите алармирања, апели, пријави до сите можни надлежни институции, прашуваме зошто истите тие молчат. Зошто сите се глуви и неми за ова злосторство од невидени размери што и се случува на природата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево.

The post Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево апелираат веднаш да се сопре сечењето на боровата шума во Крушино appeared first on Република.