крстосница Archives - Република https://republika.mk/tema/krstosnica/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 15:08:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крстосница Archives - Република https://republika.mk/tema/krstosnica/ 32 32 Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-bara-od-grad-skopje-itno-da-postavi-semafori-na-krstosnitsata-kaj-oou-luben-lape/ Tue, 03 Sep 2024 14:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=812188

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на крстосницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“.

Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот.

Утрово на посочената локација излегоа в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром,Тони Петровски, заедно со тим од полицијата со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот.

Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем.

Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта, со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот.

The post Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром апелира до Град Скопје итно да изнајде решение и да постави соодветна сообраќајна сигнализација на крстосницата што се наоѓа на улицата „Коста Новаковиќ“ кај ООУ „Љубен Лапе“. Станува збор за многу прометна сообраќајница каде што особено во утринските часови се создава метеж, пред почетокот на наставата, кога учениците одат пеш кон училиштето или родителите ги носат со возила во тој период од денот. Утрово на посочената локација излегоа в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и командирот на полициската станица во Аеродром,Тони Петровски, заедно со тим од полицијата со цел да ја увидат фактичката состојба и да постават ред за безбедно одвивање на сообраќајот. Во наредниот период на критичната точка ќе се постави полициско службено лице што ќе врши регулирање на возилата и пешаците пред почетокот на првиот училиштен час, но бидејќи станува збор за улица под надлежност на Град Скопје, потребно е да се постават семафори, со што трајно ќе се реши овој проблем. Општина Аеродром, во соработка со МВР, вакви и слични превентивни мерки спроведува во непосредна близина на сите основни училишта, со цел учениците безбедно да стигнуваат на настава, како и да се подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот.

The post Општина Аеродром бара од Град Скопје итно да постави семафори на крстосницата кај ООУ „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>
ЦУК бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/tsuk-bara-kruzhen-tek-kaj-zbunuvachkata-krstosnitsa-so-chesti-soobrakajki-vo-aerodrom/ Mon, 17 Jun 2024 08:40:21 +0000 https://republika.mk/?p=788328

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по барање на граѓани, поднесе иницијатива да се изгради кружен тек или итно да се постават семафори на крстосницата на бул. „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром. За директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, оваа крстосница е „по малку збунувачка“ за учесниците во сообраќајот.

Повеќемина граѓани со повик на единствениот број 112 во ЦУК, преку медиумите и преку социјалните мрежи побараа итно поставување на семафори или изградба на кружен тек на крстосницата на бул. 'Васко Карангелески', пред објектот на СВР Скопје. Иако има соодветна сигнализација, крстосницата е збунувачка и предизвикува нејаснотии кај учесниците во сообраќајот околу првенството на премин поради што за краток период се случија 4 сообраќајни несреќи“, изјави Ангелов.

Додава дека ЦУК поднесол иницијатива до Град Скопје и одржал една координативна средба на којашто е добиено известување дека се работи на планирање за поставување на семафори.

https://youtu.be/6GPNr3db0MY?si=1OknwkA6AVgZ08Jg

The post ЦУК бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по барање на граѓани, поднесе иницијатива да се изгради кружен тек или итно да се постават семафори на крстосницата на бул. „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром. За директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, оваа крстосница е „по малку збунувачка“ за учесниците во сообраќајот.
Повеќемина граѓани со повик на единствениот број 112 во ЦУК, преку медиумите и преку социјалните мрежи побараа итно поставување на семафори или изградба на кружен тек на крстосницата на бул. 'Васко Карангелески', пред објектот на СВР Скопје. Иако има соодветна сигнализација, крстосницата е збунувачка и предизвикува нејаснотии кај учесниците во сообраќајот околу првенството на премин поради што за краток период се случија 4 сообраќајни несреќи“, изјави Ангелов.
Додава дека ЦУК поднесол иницијатива до Град Скопје и одржал една координативна средба на којашто е добиено известување дека се работи на планирање за поставување на семафори. https://youtu.be/6GPNr3db0MY?si=1OknwkA6AVgZ08Jg

The post ЦУК бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Сообраќајка кај крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кузман Јосифовски Питу“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/soobrakjajka-kaj-krstosnicata-na-bulevarite-krste-misirkov-i-kuzman-josifovski-pitu/ Thu, 10 Mar 2022 14:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=470790

Сообраќајна незгода на три возила се случи денеска во 13:50 часот на крстосницата на бул. „Крсте Мисриков со бул. „Кузман Јосифовски Питу“. Причинета е материјална штета, а досега нема пријава за повредени лица, информираа за МИА од СВР Скопје.

Во сообраќајката учествувале возила Хјунади, Фиат и Пасат, сите со скопски регистерски ознаки.

На терен е увидна екипа на СВР Скопје.

The post Сообраќајка кај крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кузман Јосифовски Питу“ appeared first on Република.

]]>

Сообраќајна незгода на три возила се случи денеска во 13:50 часот на крстосницата на бул. „Крсте Мисриков со бул. „Кузман Јосифовски Питу“. Причинета е материјална штета, а досега нема пријава за повредени лица, информираа за МИА од СВР Скопје. Во сообраќајката учествувале возила Хјунади, Фиат и Пасат, сите со скопски регистерски ознаки. На терен е увидна екипа на СВР Скопје.

The post Сообраќајка кај крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кузман Јосифовски Питу“ appeared first on Република.

]]>