Крсте С. Џидров - Џиби Archives - Република https://republika.mk/tema/krste-s-dhidrov-dhibi/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 11:35:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Крсте С. Џидров - Џиби Archives - Република https://republika.mk/tema/krste-s-dhidrov-dhibi/ 32 32 Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин https://republika.mk/vesti/kultura/dhibi-e-vsushnost-dobriot-chovek-na-makedonskiot-teatar-reche-na-komemoratsijata-za-krste-s-dhidrov-rezhiserot-vladimir-milchin/ Wed, 06 Sep 2023 11:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=679274

Има една пиеса од Бертолт Брехт, „Добриот човек од Сечуан“. И ние имавме добар човек и го имаме сè уште во нашите сеќавања, во убавите, во неубавите моменти. Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече денеска на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин.

Крсте С. Џидров беше еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, познат по прекарот Џиби. Почина на 3 септември. Имаше 73 години.

Џиби го имаше ширум Југославија. Мислам дека нема театар во Макеоднија во кој Џиби не направил претстава. Тоа е таков голем опус пред кој човек може само да се обиде да замисли, колкав влог, колкава енергија, колкава љубов и трпение имаше Џиби за оние кои работеа во театарите каде тој доаѓаше еднаш два пати, пет пати, зборуваше со љубов кон својот пријател Милчин.

Тој раскажа дека Џиби го запознал пред скопскиот земјотрес во 1963 година. Се присети на дружењето во училишните денови, за формирањето на Поречанско извидничка чета, првото логорување на остров на Вардар, кај мостот во Нерези.

Се разбира, тука не завршува приказната, се случуваат Глодарите, како може без Џиби. Не може. Мора некој да ја држи температурата, мора некој да се грижи за расположението, за оптимизот и тогаш кога не изгледа дека е тоа баш соодветно. Следеше театарската работлница ФФ, Џиби пак е тука. Џиби го создаде тој еден огромен опус, би рекол беше силна поткрепа кога изгледаше дека претстава не оди добро, дека нешто не штима, Џиби не попушташе, рече Милчин во говорот.

Според режисерот, двете битни страни на Џиби се насмеан, ама и загрижен, но прави сè за загриженоста да не се прошири како епидемија во ансамблот. Беше мотор.

Просто, ми се плаче а срамота е да плачам, прв Џиби би ме искарал ако се расплачам. Џиби беше некој кој секогаш се обидуваше да ја најде убавата страна, и тогаш ако одеше настрана, тој ја враќаше каде треба да биде за може да се игра, да се црта, да се режира. Џиби сакаше да живее, ама така што ќе живее со другите, а не сам, не само со смејетсвото, не само со тесната околина и тоа беше многу природно. Беше чисто, отворено, искрено и тоа се особини кои не многу често се собираат во една личност. Џиби е доказ дека театрарот е нешто што ни е неопходно. Ни требаат нови личности, нови уметници, нови театарски уметници како Џиби,. не знам јас дали ќе го дочекам тоа, рече Милчин, додавајќи дека со Џиби последната престава ја работеле во мај, во Прилел, кога тој веќе имал здравствени прооблеми.

Еден ден сите ќе заминеме од овој свет, прашањето е што ќе оставиме зад нас, рече деканот на Дакултетот за драмски уметности Бесфорт Идризи.

Тој говореше за неговото пријателство со Џиби, за деновите поминати во Детски татарски центар, за гостувањата на кои оделе заедно.

Секојдневно се дружевме, иако според возраста можеше да ми биде родител. Со него имав прилика да патувам на различни места и како двајца непушачи, спиевме во иста соба. На овие патувања успеав да видам што сè Џиби оставил зад себе. Речиси да немаше место каде што тој не проектирал фасада, алуминумска конструкција или да не учествувал на некој саем за градежништво. За голем дел од тие градби раскажуваше за разни случки и анегдоти. Немаше место каде што тој не бил со некоја претстава на некој фестивал или со некоја копродукција. А овие места буквално беа од Русија до Африка и од Њујорк до Монголија. А кај нас тој направи неколку битни нешта што оставаа белег на секој што се бави со театар. Тој ги направи сцената и студијата за работа на студентите на ФДУ, студија, кои како што разбрав ден-денес ги викаме базени како што тој ги крсти, рече Идризи.

Според деканот на ФДУ Џиби остави зад себе сцени каде што долго ќе се создаваат новите театарски дејци и каде што долго време ќе се слуша аплауз од публика.

Тој зад себе остави нешто што е многу позначајно, тој остави многу пријатели, насмевки, љубов, прекрасно семејство во кое ќе продолжат да се сеќаваат на неговите дела. А кога сме кај семејствата сакам да споделам една анегдота: Еден ден доаѓа Џиби во Детски театарски центар, нервзен, лут, со тешки чекори се качува по скалите, нешто мрмори, влегува во канцеларијата. Го прашувам: Што е работата, што се случува? Во негов манир, ништо не одговори, потоа пак го прашувам и вели: Дома запнаа некоја кујнска вага треба да наместам, тие што се ставаат на ѕид. Сега со тоа си ја мачам главата. Е па добро, му велам, што има тука лошо? Е па тие ваги мора рамно да бидат наместени и според домашните, тоа мора да биде наместено со васер-вага, вели Џиби, и додава: Па немам таква васер-вага. Па добро Џиби, јас имам, ќе ти дадам. Ме гледа и ме прашува: Навистина имаш таква васер-вага? Да, му велам. Отидовме и му ја дадов. Се среќаваме утредента, ја носи васер-вагата и ми ја враќа. Го прашувам: Ја намести? Право е? Со васер-вага? Да, ја наместив. Ама не со васервага. Па како ја намести, го прашувам? Ја оставив тука, колку дома да гледаат дека има васер-вага. Дома моите забораваат дека јас сум архитект и дека има уште 15 други начини да измерам. Ова го раскажувам насекаде. Џиби, нема да те заборавиме ни како архитект, ниту како сценограф, рече Идризи.

Крсте С. Џидров е роден на 22 декември 1950 во Скопје и започнувајќи од 1970 година до денес работи во областа на театарот. Џиби има изработено над 90 сценографии за драмски претстави во професионалните театри во Македонија и на просториите на некогашна Југославија, од кои над 15 од нив се наградени на фестивали, театарски манифестации и слично. Освен театарска сценографија, тој работи и сценографии за филм – досега има работено на пет реализирани целовечерни играни филмови, како и за повеќе кратки филмови и комерцијални спотови. Џидров има работено и сценографии за приредби од државен карактер, конгреси, културни манифестации, модни ревии и слично. Освен со сценографија, тој се занимава и со графички дизајн, при што има дизајнирано поголем број на каталози и плакати за потребите на повеќе театарски претстави, комерцијални проспекти како и плакати за некои фестивали.

За својата сценографска и графичка дејност, Крсте С. Џидров е добитник на повеќе значајни награди. Од наградите за сценографија кои ги има добиено се оние на: Аматерските театарски смотри во Кочани, во 1981 година, за претставата Како трупата „Сина блуза“ ќе ја прикажеше „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел; потоа на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп во 1984 година (за Натемаго на филозофскиот факултет и Пахантика во сон), 1987 година (за Калуѓерички тишини), 1989 (за Спиро Црне), во 1993 (за Женски прилог во ноќта) и во 2003 година за претставата Колку пати ќе умираме. Исто така е добитник на наградата на фестивалот Стериино позорје, во Нови Сад, во 1987 година, каде ја има добиено наградата УЛУПУДС за претставата Дервишот и смртта на Покраинското позориште од Приштина; на Позоришни сусрети Јоаким Вујиќ во Приштина, 1988 година, за претставата Брегот на жалоста; на БИМАС 85 за претставата Бакхи на Дубровачките летни игри во 1985 година, и на фестивалот на Албански театри во Дебар за претставата Дервишот и смртта Албанска драма Скопје, во 2004 година. Од наградите за театарски плакати значајни се оние на Триеналето на театарски плакат – Стериино позорје, Нови Сад за претставата Баал, во 1990 година, и наградата на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп, за претставата Грев или шприцер (1993 година).

Во својата долгогодишна работа прилично голем дел од сценографиите ги има направено за претставите на режисерот Владимир Милчин.

Во бројката од 41 режисер со кои соработувал Џидров се најголемиот број на македонски режисери од сите генерации: Амет Јакупи, Коле Ангеловски, Илија Милчин, Владо Цветановски, Љупчо Тозија, Владо Денчов, Срѓан Јанаќијевиќ, Димитар Христов, Кирил Петрески, Куштрим Бектеши, Мартин Кочовски, Софија Ристеска, Зоја Бузалковска, Александар Ивановски, Рефет Абази, Бесфорт Идризи, Нехат Мемети… Во својата сценографска кариера Џидров соработува и со гостувачки режисери од странство како што се Ајрин Луис (САД), Владимир Шмигашиевич (Полска), Златко Свибен (Хрватска), Георги Михалков (Бугарија), Александра Ковачевиќ, Златко Паковиќ (Србија), Иван Поповски (Русија), Џејмс Амар (Франција), Тања Милетиќ-Оручевиќ, Дино Мустафиќ (Б и Х), Примож Беблер (Словенија), Фадиљ Хисај, Илиријана Арифи, Агон Мифтари, Агим Сопи, Есад Брајшори (Косово), Гјерг Превази (Албанија), Метју Лентон (Шкотска).

The post Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин appeared first on Република.

]]>

Има една пиеса од Бертолт Брехт, „Добриот човек од Сечуан“. И ние имавме добар човек и го имаме сè уште во нашите сеќавања, во убавите, во неубавите моменти. Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече денеска на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин. Крсте С. Џидров беше еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, познат по прекарот Џиби. Почина на 3 септември. Имаше 73 години.
Џиби го имаше ширум Југославија. Мислам дека нема театар во Макеоднија во кој Џиби не направил претстава. Тоа е таков голем опус пред кој човек може само да се обиде да замисли, колкав влог, колкава енергија, колкава љубов и трпение имаше Џиби за оние кои работеа во театарите каде тој доаѓаше еднаш два пати, пет пати, зборуваше со љубов кон својот пријател Милчин.
Тој раскажа дека Џиби го запознал пред скопскиот земјотрес во 1963 година. Се присети на дружењето во училишните денови, за формирањето на Поречанско извидничка чета, првото логорување на остров на Вардар, кај мостот во Нерези.
Се разбира, тука не завршува приказната, се случуваат Глодарите, како може без Џиби. Не може. Мора некој да ја држи температурата, мора некој да се грижи за расположението, за оптимизот и тогаш кога не изгледа дека е тоа баш соодветно. Следеше театарската работлница ФФ, Џиби пак е тука. Џиби го создаде тој еден огромен опус, би рекол беше силна поткрепа кога изгледаше дека претстава не оди добро, дека нешто не штима, Џиби не попушташе, рече Милчин во говорот.
Според режисерот, двете битни страни на Џиби се насмеан, ама и загрижен, но прави сè за загриженоста да не се прошири како епидемија во ансамблот. Беше мотор.
Просто, ми се плаче а срамота е да плачам, прв Џиби би ме искарал ако се расплачам. Џиби беше некој кој секогаш се обидуваше да ја најде убавата страна, и тогаш ако одеше настрана, тој ја враќаше каде треба да биде за може да се игра, да се црта, да се режира. Џиби сакаше да живее, ама така што ќе живее со другите, а не сам, не само со смејетсвото, не само со тесната околина и тоа беше многу природно. Беше чисто, отворено, искрено и тоа се особини кои не многу често се собираат во една личност. Џиби е доказ дека театрарот е нешто што ни е неопходно. Ни требаат нови личности, нови уметници, нови театарски уметници како Џиби,. не знам јас дали ќе го дочекам тоа, рече Милчин, додавајќи дека со Џиби последната престава ја работеле во мај, во Прилел, кога тој веќе имал здравствени прооблеми.
Еден ден сите ќе заминеме од овој свет, прашањето е што ќе оставиме зад нас, рече деканот на Дакултетот за драмски уметности Бесфорт Идризи. Тој говореше за неговото пријателство со Џиби, за деновите поминати во Детски татарски центар, за гостувањата на кои оделе заедно.
Секојдневно се дружевме, иако според возраста можеше да ми биде родител. Со него имав прилика да патувам на различни места и како двајца непушачи, спиевме во иста соба. На овие патувања успеав да видам што сè Џиби оставил зад себе. Речиси да немаше место каде што тој не проектирал фасада, алуминумска конструкција или да не учествувал на некој саем за градежништво. За голем дел од тие градби раскажуваше за разни случки и анегдоти. Немаше место каде што тој не бил со некоја претстава на некој фестивал или со некоја копродукција. А овие места буквално беа од Русија до Африка и од Њујорк до Монголија. А кај нас тој направи неколку битни нешта што оставаа белег на секој што се бави со театар. Тој ги направи сцената и студијата за работа на студентите на ФДУ, студија, кои како што разбрав ден-денес ги викаме базени како што тој ги крсти, рече Идризи.
Според деканот на ФДУ Џиби остави зад себе сцени каде што долго ќе се создаваат новите театарски дејци и каде што долго време ќе се слуша аплауз од публика.
Тој зад себе остави нешто што е многу позначајно, тој остави многу пријатели, насмевки, љубов, прекрасно семејство во кое ќе продолжат да се сеќаваат на неговите дела. А кога сме кај семејствата сакам да споделам една анегдота: Еден ден доаѓа Џиби во Детски театарски центар, нервзен, лут, со тешки чекори се качува по скалите, нешто мрмори, влегува во канцеларијата. Го прашувам: Што е работата, што се случува? Во негов манир, ништо не одговори, потоа пак го прашувам и вели: Дома запнаа некоја кујнска вага треба да наместам, тие што се ставаат на ѕид. Сега со тоа си ја мачам главата. Е па добро, му велам, што има тука лошо? Е па тие ваги мора рамно да бидат наместени и според домашните, тоа мора да биде наместено со васер-вага, вели Џиби, и додава: Па немам таква васер-вага. Па добро Џиби, јас имам, ќе ти дадам. Ме гледа и ме прашува: Навистина имаш таква васер-вага? Да, му велам. Отидовме и му ја дадов. Се среќаваме утредента, ја носи васер-вагата и ми ја враќа. Го прашувам: Ја намести? Право е? Со васер-вага? Да, ја наместив. Ама не со васервага. Па како ја намести, го прашувам? Ја оставив тука, колку дома да гледаат дека има васер-вага. Дома моите забораваат дека јас сум архитект и дека има уште 15 други начини да измерам. Ова го раскажувам насекаде. Џиби, нема да те заборавиме ни како архитект, ниту како сценограф, рече Идризи.
Крсте С. Џидров е роден на 22 декември 1950 во Скопје и започнувајќи од 1970 година до денес работи во областа на театарот. Џиби има изработено над 90 сценографии за драмски претстави во професионалните театри во Македонија и на просториите на некогашна Југославија, од кои над 15 од нив се наградени на фестивали, театарски манифестации и слично. Освен театарска сценографија, тој работи и сценографии за филм – досега има работено на пет реализирани целовечерни играни филмови, како и за повеќе кратки филмови и комерцијални спотови. Џидров има работено и сценографии за приредби од државен карактер, конгреси, културни манифестации, модни ревии и слично. Освен со сценографија, тој се занимава и со графички дизајн, при што има дизајнирано поголем број на каталози и плакати за потребите на повеќе театарски претстави, комерцијални проспекти како и плакати за некои фестивали. За својата сценографска и графичка дејност, Крсте С. Џидров е добитник на повеќе значајни награди. Од наградите за сценографија кои ги има добиено се оние на: Аматерските театарски смотри во Кочани, во 1981 година, за претставата Како трупата „Сина блуза“ ќе ја прикажеше „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел; потоа на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп во 1984 година (за Натемаго на филозофскиот факултет и Пахантика во сон), 1987 година (за Калуѓерички тишини), 1989 (за Спиро Црне), во 1993 (за Женски прилог во ноќта) и во 2003 година за претставата Колку пати ќе умираме. Исто така е добитник на наградата на фестивалот Стериино позорје, во Нови Сад, во 1987 година, каде ја има добиено наградата УЛУПУДС за претставата Дервишот и смртта на Покраинското позориште од Приштина; на Позоришни сусрети Јоаким Вујиќ во Приштина, 1988 година, за претставата Брегот на жалоста; на БИМАС 85 за претставата Бакхи на Дубровачките летни игри во 1985 година, и на фестивалот на Албански театри во Дебар за претставата Дервишот и смртта Албанска драма Скопје, во 2004 година. Од наградите за театарски плакати значајни се оние на Триеналето на театарски плакат – Стериино позорје, Нови Сад за претставата Баал, во 1990 година, и наградата на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп, за претставата Грев или шприцер (1993 година). Во својата долгогодишна работа прилично голем дел од сценографиите ги има направено за претставите на режисерот Владимир Милчин. Во бројката од 41 режисер со кои соработувал Џидров се најголемиот број на македонски режисери од сите генерации: Амет Јакупи, Коле Ангеловски, Илија Милчин, Владо Цветановски, Љупчо Тозија, Владо Денчов, Срѓан Јанаќијевиќ, Димитар Христов, Кирил Петрески, Куштрим Бектеши, Мартин Кочовски, Софија Ристеска, Зоја Бузалковска, Александар Ивановски, Рефет Абази, Бесфорт Идризи, Нехат Мемети… Во својата сценографска кариера Џидров соработува и со гостувачки режисери од странство како што се Ајрин Луис (САД), Владимир Шмигашиевич (Полска), Златко Свибен (Хрватска), Георги Михалков (Бугарија), Александра Ковачевиќ, Златко Паковиќ (Србија), Иван Поповски (Русија), Џејмс Амар (Франција), Тања Милетиќ-Оручевиќ, Дино Мустафиќ (Б и Х), Примож Беблер (Словенија), Фадиљ Хисај, Илиријана Арифи, Агон Мифтари, Агим Сопи, Есад Брајшори (Косово), Гјерг Превази (Албанија), Метју Лентон (Шкотска).

The post Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин appeared first on Република.

]]>