крсте петков мисирков Archives - Република https://republika.mk/tema/krste-petkov-misirkov/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 07:36:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крсте петков мисирков Archives - Република https://republika.mk/tema/krste-petkov-misirkov/ 32 32 Крсте Петков Мисирков и централното македонско наречје во фокусот на седмиот студиски ден на ИНИ https://republika.mk/vesti/makedonija/krste-petkov-misirkov-i-tsentralnoto-makedonsko-narechje-vo-fokusot-na-sedmiot-studiski-den-na-ini/ Thu, 12 Sep 2024 07:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=815550

Седмиот студиски ден на Институтот за национална историја на тема „Централното македонцко наречје за мене от сега на тамо имат да бидит литературен македонцки јазик“, по повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков ќе биде презентиран денеска од 12 часот во Големата сала на Институтот.

Како што информираат од ИНИ, предавач ќе биде проф. д-р Лилјана Гушевска, а на настанот ќе присуствуваат и средношколски ученици и гости од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.

Идејата за возобновување на Студиските денови на Институтот за национална историја започна кон крајот на 2022 година, а реализацијата започна во мај 2023 година. Оваа иницијатива, предложена од проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и усвоена од Советот на ИНИ, има за цел да поттикне размена на научни знаења и искуства, како и презентација на најновите истражувања и резултати.

The post Крсте Петков Мисирков и централното македонско наречје во фокусот на седмиот студиски ден на ИНИ appeared first on Република.

]]>

Седмиот студиски ден на Институтот за национална историја на тема „Централното македонцко наречје за мене от сега на тамо имат да бидит литературен македонцки јазик“, по повод 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков ќе биде презентиран денеска од 12 часот во Големата сала на Институтот. Како што информираат од ИНИ, предавач ќе биде проф. д-р Лилјана Гушевска, а на настанот ќе присуствуваат и средношколски ученици и гости од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Идејата за возобновување на Студиските денови на Институтот за национална историја започна кон крајот на 2022 година, а реализацијата започна во мај 2023 година. Оваа иницијатива, предложена од проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и усвоена од Советот на ИНИ, има за цел да поттикне размена на научни знаења и искуства, како и презентација на најновите истражувања и резултати.  

The post Крсте Петков Мисирков и централното македонско наречје во фокусот на седмиот студиски ден на ИНИ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Аманетот на Мисирков е испочитуван, успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со другите официјални јазици во Европа https://republika.mk/vesti/kultura/kovachevski-amanetot-na-misirkov-e-ispochituvan-uspeavme-da-go-postavime-makedonskiot-jazik-na-ednakvo-ramnishte-so-drugite-ofitsijalni-jazitsi-vo-evropa/ Tue, 20 Jun 2023 12:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=653367

Зборовите на Мисирков денес се реалност, неговиот аманет е испочитуван. Успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со сите други официјални јазици во Европа, со ланското отворање на преговорите со Европската Унија, а со тоа и македонскиот народ и идентитет на исто рамниште со другите народи кои ја сочинуваат ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски на свечена академија по повод 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков по кого Институтот е именуван.

Како што рече, факт е дека македонскиот јазик беше оспоруван во општествено-политичкиот свет, во и меѓу државите кои функционираат низ политички одлуки и дека и самиот Мисирков во својата книга од 1903 година, покрај за создавањето на современиот македонски стандарден јазик, зборува и за политичките, економските, културните и јазичните предуслови за формирањето на современата македонска нација.

Но, конечно минатата година, рече Ковачевски, „со стратешкото лидерство и со храбрите одлуки со коишто ги почнавме преговорите со Европската Унија, ставивме крај на внимателните политички формулации дека говориме јазик на Блаже Конески, на Ацо Шопов или на Матеја Матевски“.

Политичките лидери и државни раководства на земјите во светот, од ланскиот јули ја сменија реториката. И без задршка денес зборуваат за македонски јазик и за нас како Македонци. Денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во Европската Унија. Првиот договор помеѓу Европската Унија и Република Македонија, Договорот за гранично управување со ЕУ, е веќе потпишан на чист македонски јазик. Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик. Дури и нашите европски пријатели, како што се нашите пријатели од германскиот Бундестаг, со Резолуција ги признаа постоењето на нашиот засебен македонски јазик, засебна македонска култура и засебен македонски идентитет и како такви не очекуваат и даваат поддршка за да станеме дел од ЕУ, истакна претседателот на Владата.

Меѓутоа постои и фактот, рече Ковачевски, дека во актуелниот контекст и околности „некои сили внатре во нашата држава и надвор од нашата држава, веројатно со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и на европската иднина на нашите деца“.

Тоа го прават со лаги, дезинформации и злоупотреби, за најчувствителната точка, за нашиот македонски идентитет. И нанесуваат огромна штета токму на нашите идентитетски определби, со тоа што ги доведуваат во прашање. Затоа добро е и неопходно е да посочуваме и ќе посочуваме на успесите што не потврдуваат како македонски народ кој говори свој македонски јазик во европското семејство а народи и јазици, рече Ковачевски.

Тој порача дека Владата ќе направи сѐ што е во нејзина моќ државата да стане и формално дел од Европа и да обезбеди европски квалитет на живот, затоа што, како што рече, „сè додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои, а со тоа и ние Македонците, а и нашата татковина, Македонија“.

Во таа насока, според него, е од огромно значење соработката со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Тој посочи дека Владата ги поддржува сите проекти на Институтот, меѓу кои беше и дигитализацијата на лексичкиот материјал во картотеките, по 24 години, лани се одобрени 16 вработувања во Институтот, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки.

Верувам дека сум премиер кој во една година најмногу пати дошол во овој Институт. И сум единствен премиер во последните 20 години којшто со лична заложба од министерот за финансии и за образование, обезбедивме минатата година да има 16 нови доктори и магистри кои ќе работат во Институтот. Тоа е една од работите на кои сум лично многу горд, истакна Ковачевски.

Премиерот кажа и дека Владата го утврди и текстот за новиот закон за употребата на македонскиот јазик што предвидува и формирање инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, а Министерството за образование и наука ќе објави конкурси за стипендирање кадар што ќе го изучува македонскиот јазик. Старото училиште „Димитар Влахов" во село Љубојно, пак, на предлог на Владата се адаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Директорката на Институтот „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска се осврна на мисијата на Институтот во изминатите 70 години, од неговите почетоци во 1953 година, на дејноста на научниците кои придонеле во изградбата на оваа установа.

Таа им се заблагодари на основоположниците на Институтот и на кадарот во пензија за, како што рече, „визионерската моќ и пожртвуваноста во развојот и растежот на оваа институција“, меѓу кои на првиот директор Крум Тошев и на долгогодишниот прв човек д-р Трајко Стаматоски.

Институтот за македонски јазик израсна во реномиран центар за изучување на македонскиот јазик, а преку трудовите што се појавуваат минатиот период – во еминентен славистички центар... Резултатите од научната дејност на Институтот се вреднувани со највисоките општествени признанија, рече Јованова-Грујовска, која во оваа пригода ги наведе сите позначјани научни трудови и наслови од богатата издавачка продукција на Институтот.

Патот на институцијата е трасиран, рече директорката, но има нови предизвици – поддршка од премиерот Ковачевски и од Владата побара за два следни проекта - Правописен речник и Корпус на македонскиот јазик. Укажа и дека имаат потреба од повисоки плати и повика: време е за зголемување на платите на Институтот за македонски јазик.

Ние сме во рагзовори со премиерот Ковачевски и министерот Шаќири за зголемување на платите. Пред пет години добивме зголемување по цели 13 години и се изедначивме со нашите колеги од УКИМ. Сега повторно се наоѓаме во незавидна ситуација. Со двете зголемувања во основното и средното образование, средношколските професори ќе земаат плати колку нашите вонредни професори или виши научни соработници, додаде Јованова-Грујовска.

На свечената академија за седум децении од Институтот за македонски јазик солистички настап имаше гитаристот Влатко Стефановски.

The post Ковачевски: Аманетот на Мисирков е испочитуван, успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со другите официјални јазици во Европа appeared first on Република.

]]>

Зборовите на Мисирков денес се реалност, неговиот аманет е испочитуван. Успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со сите други официјални јазици во Европа, со ланското отворање на преговорите со Европската Унија, а со тоа и македонскиот народ и идентитет на исто рамниште со другите народи кои ја сочинуваат ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски на свечена академија по повод 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков по кого Институтот е именуван. Како што рече, факт е дека македонскиот јазик беше оспоруван во општествено-политичкиот свет, во и меѓу државите кои функционираат низ политички одлуки и дека и самиот Мисирков во својата книга од 1903 година, покрај за создавањето на современиот македонски стандарден јазик, зборува и за политичките, економските, културните и јазичните предуслови за формирањето на современата македонска нација. Но, конечно минатата година, рече Ковачевски, „со стратешкото лидерство и со храбрите одлуки со коишто ги почнавме преговорите со Европската Унија, ставивме крај на внимателните политички формулации дека говориме јазик на Блаже Конески, на Ацо Шопов или на Матеја Матевски“.
Политичките лидери и државни раководства на земјите во светот, од ланскиот јули ја сменија реториката. И без задршка денес зборуваат за македонски јазик и за нас како Македонци. Денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во Европската Унија. Првиот договор помеѓу Европската Унија и Република Македонија, Договорот за гранично управување со ЕУ, е веќе потпишан на чист македонски јазик. Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик. Дури и нашите европски пријатели, како што се нашите пријатели од германскиот Бундестаг, со Резолуција ги признаа постоењето на нашиот засебен македонски јазик, засебна македонска култура и засебен македонски идентитет и како такви не очекуваат и даваат поддршка за да станеме дел од ЕУ, истакна претседателот на Владата.
Меѓутоа постои и фактот, рече Ковачевски, дека во актуелниот контекст и околности „некои сили внатре во нашата држава и надвор од нашата држава, веројатно со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и на европската иднина на нашите деца“.
Тоа го прават со лаги, дезинформации и злоупотреби, за најчувствителната точка, за нашиот македонски идентитет. И нанесуваат огромна штета токму на нашите идентитетски определби, со тоа што ги доведуваат во прашање. Затоа добро е и неопходно е да посочуваме и ќе посочуваме на успесите што не потврдуваат како македонски народ кој говори свој македонски јазик во европското семејство а народи и јазици, рече Ковачевски.
Тој порача дека Владата ќе направи сѐ што е во нејзина моќ државата да стане и формално дел од Европа и да обезбеди европски квалитет на живот, затоа што, како што рече, „сè додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои, а со тоа и ние Македонците, а и нашата татковина, Македонија“. Во таа насока, според него, е од огромно значење соработката со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Тој посочи дека Владата ги поддржува сите проекти на Институтот, меѓу кои беше и дигитализацијата на лексичкиот материјал во картотеките, по 24 години, лани се одобрени 16 вработувања во Институтот, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки.
Верувам дека сум премиер кој во една година најмногу пати дошол во овој Институт. И сум единствен премиер во последните 20 години којшто со лична заложба од министерот за финансии и за образование, обезбедивме минатата година да има 16 нови доктори и магистри кои ќе работат во Институтот. Тоа е една од работите на кои сум лично многу горд, истакна Ковачевски.
Премиерот кажа и дека Владата го утврди и текстот за новиот закон за употребата на македонскиот јазик што предвидува и формирање инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, а Министерството за образование и наука ќе објави конкурси за стипендирање кадар што ќе го изучува македонскиот јазик. Старото училиште „Димитар Влахов" во село Љубојно, пак, на предлог на Владата се адаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик. Директорката на Институтот „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска се осврна на мисијата на Институтот во изминатите 70 години, од неговите почетоци во 1953 година, на дејноста на научниците кои придонеле во изградбата на оваа установа. Таа им се заблагодари на основоположниците на Институтот и на кадарот во пензија за, како што рече, „визионерската моќ и пожртвуваноста во развојот и растежот на оваа институција“, меѓу кои на првиот директор Крум Тошев и на долгогодишниот прв човек д-р Трајко Стаматоски. Институтот за македонски јазик израсна во реномиран центар за изучување на македонскиот јазик, а преку трудовите што се појавуваат минатиот период – во еминентен славистички центар... Резултатите од научната дејност на Институтот се вреднувани со највисоките општествени признанија, рече Јованова-Грујовска, која во оваа пригода ги наведе сите позначјани научни трудови и наслови од богатата издавачка продукција на Институтот. Патот на институцијата е трасиран, рече директорката, но има нови предизвици – поддршка од премиерот Ковачевски и од Владата побара за два следни проекта - Правописен речник и Корпус на македонскиот јазик. Укажа и дека имаат потреба од повисоки плати и повика: време е за зголемување на платите на Институтот за македонски јазик.
Ние сме во рагзовори со премиерот Ковачевски и министерот Шаќири за зголемување на платите. Пред пет години добивме зголемување по цели 13 години и се изедначивме со нашите колеги од УКИМ. Сега повторно се наоѓаме во незавидна ситуација. Со двете зголемувања во основното и средното образование, средношколските професори ќе земаат плати колку нашите вонредни професори или виши научни соработници, додаде Јованова-Грујовска.
На свечената академија за седум децении од Институтот за македонски јазик солистички настап имаше гитаристот Влатко Стефановски.  

The post Ковачевски: Аманетот на Мисирков е испочитуван, успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со другите официјални јазици во Европа appeared first on Република.

]]>
Бугарија и него сака да го присвои: 148 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-i-nego-saka-da-go-prisvoi-148-godini-od-ragjanjeto-na-krste-petkov-misirkov/ Fri, 18 Nov 2022 07:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=575168

На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.

Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ.

Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар“.

Умрел во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.

The post Бугарија и него сака да го присвои: 148 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков appeared first on Република.

]]>

На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар“. Умрел во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.

The post Бугарија и него сака да го присвои: 148 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков appeared first on Република.

]]>
Со договорот и тој ќе е Бугарин – 96 години од смртта на Крсте Петков Мисирков https://republika.mk/vesti/makedonija/so-dogovorot-i-toj-kje-e-bugarin-96-godini-od-smrtta-na-krste-petkov-misirkov/ Tue, 26 Jul 2022 08:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=533282

Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија, 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија, 26 јули 1926) е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање народни творби.

Ги согледал стремежите на соседните земји кон Македонија

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од античката македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање разни стипендии за образување на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.

Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Мисирков сфатил дека српската буржоазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, тој учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија речиси по ништо не се разликувало од Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како Бугари. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или не сакал, се запишал во прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овој пат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија.

Иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма за членовите на дружината Негоіите членоіи да се запознаіат и да си изработат іедна програма, коіа ќе iа осашчествуваат во Македониіа таіно од србцката пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години.

Барал да се признае правото на македонскиот народ за самостојност

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на Медицинскиот факултет во Петродонски Словен. Вклучувајќи се во петроградската студентска средина, Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден блескав реферат под наслов За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред членовите на Императорското руско географско друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“.

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во Македонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.

При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса. Од тоа време датира студијата Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година, Мисирков блескаво го завршил факултетот во Петроград.

Истата година било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“. Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред сè до руската влада, па и до владите на другите европски држави, да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.

Заминал во Русија со мртвото тело на рускиот конзул

Крсте Мисирков му станал соработник на научникот Петар Лавров. Но тој ја жртвувал својата универзитетска кариера. Го напуштил Петроград, добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски професор. Во Битола се сретнувал со рускиот конзул Александар Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата. Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. Турските власти во август 1903 година исценирале убиство над него и Мисирков повторно морал да замине во Русија. Тој заминал со мртвото тело на конзулот.

Соработувал со Војдан Чернодрински

Крсте Мисирков во Битола работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и Илинденското востание, во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од Илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието. Во Русија развил широка активност, пред сè публицистичка, работејќи над текстовите од својата книга на која ѝ дал наслов „За македонцките работи, како и над некои ракописи за учебници. Со цел да ја публикува својата книга, Мисирков заминал во Софија. Во тоа време доаѓа периодот кога Бугарија и Србија се договараат за поделба на сферите за дејство на своите пропаганди во Македонија.

Мисирков ѝ се придружил на театарската група на Војдан Чернодрински, која имала намера да даде неколку претстави на пиесата „Македонска крвава свадба“ во неколку градови во Србија. Во Белград Мисирков одржал предавање за македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување. Дел од белградскиот печат жестоко го нападнал Мисирков за тоа предавање што го одржал во салата на Велика Школа. Меѓутоа, забележана е реакција на Андра Гавриловиќ, кој во списанието Бранково коло, а под наслов „Пред четвртата јужнословенска литература, пишува дека претставите на Војдан Чернодрински не се изведени во никаков јазичен жаргон, туку тоа е проба на една нова култура, почетоци на една нова јужнословенска литература. Во таа смисла тој, го имал и предавањето на Мисирков.

Власта му ја откупила и му ја изгорела книгата во Софија

Мисирков се вратил во Софија со надеж да ја подигне од печатницата својата нова книга, но сепак не одело сѐ така лесно. Имено, книгата му била откупена од тамошните власти и изгорена. Од изданието се зачувале само мал број примероци. По таквиот настан организиран од бугарската пропагандистичка машинерија, следел организиран напад врз Мисирков.

Тој бил присилен да ја напушти Бугарија. Мисирков повторно се нашол во Русија, активирајќи се повторно во друштвото „Свети Климент“ и набргу го прифатил професорското место во Берѓанската гимназија, каде започнал со размислување за издавање на една македонска публикација именувана како „Вардар“. Така, Мисирков го напуштил Берѓанск и обезбедил престој во Одеса. Тој го подготвил првиот број на своето списание за печат и го предал во печатница. Меѓутоа, немал доволно финансиски средства за да го подигне отпечатениот материјал. Со тоа завршило неговото одушевување. Но првиот а воедно и единствен број на списанието содржи драгоцени материјали напишани на македонски јазик. Тие, речиси, во сè го потврдуваат Мисирков околу книгата „За македонцките работи“ и за погледите кон македонскиот јазик и македонската нација.

Неговиот престој во Одеса бил исполнет со нови активности. Покрај подготовката на списанието „Вардар“ што се отпечатило во септември 1905 година (но не и во продажба), Мисирков бил вклучен во работата на Историско-филолошкото друштво.

Во текот на Првата балканска војна тој бил воен дописник од фронтот во јужна Македонија. за време на Втората балканска војна веќе бил назад, во Кишињев на професорска должност. Во 1913 година Македонската колонија од Петроград започнала да го издава списанието „Македонский голос“. Мисирков веднаш воспоставил контакти со Колонијата, соработувајќи со останатите луѓе што го издавале списанието. Мисирков објавувал под свое име, но и под псевдонимот К.Пелски.

Сопругата немала пари да го погребе

Понатаму, Мисирков ги дочекал револуционерните настани од 1917 година. Во ноември 1917 година бил избран за пратеник во Земскиот собор на Бесарабија. На 9 април 1918 година, при гласањето за воспоставување унија на Бесарабија и Романија, Мисирков гласал воздржано. Како противник на присоединувањето на Бесарабија кон кралството Романија, па поради тоа и го протерале од Кишињев во Одеса.

Но повеќе не можел да остане во таа средина. Бидејќи имал и семејство, тој заминал од Одеса во Софија, каде го пречекале со недоверба. Сепак, добил служба во Етнографскиот музеј, потоа бил испратен во Карлово, но и понатаму му се заканувале поради неговите отворени ставови во однос на македонското прашање.

Побарал да добие служба во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Неговата молба останала без одговор. Оневозможен да се врати во Русија, фрлен на служба во провинциско место Копривштица, Мисирков западнал во криза.

ВМРО го сметала за штетен за делото, но по средбата на Мисирков со претставник на Организацијата, таа решила да не преземе конкретни чекори против него. Мисирков се разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде ликвидиран, па така се нашол во „Александровската болница“ во Софија, каде умрел на 26 јули 1926 година. Неговото семејство (сопруга и син) ги оставил без основни средства за живеење.

Мисирков е закопан во софиските гробишта парцела 89, ред 17, гроб 4 каде се наоѓаат и посмртните останки на Екатерина Михајловна-Мисиркова, Сергеј Мисирков и Борис Мисирков.

Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте е лекуван без точно утврдена дијагноза, односно со претпоставка дека е менингит или енцефалит. По шест недели болки и повремени несвестици, на 26 јули 1926 година Крсте Петков Мисирков умира во Александровата болница. Подоцна е утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Мртов, цел ден лежел во креветот, до него била само сопругата. Немало кој да го пренесе во мртовечницата, а сопругата немала пари за погреб. Свеќите што ги запалила, ѝ ги донеле милосрдни сестри. Болницата понудила да го остават телото за секцирање, но Екатерина и синот Сергеј одбиле. До гробот за сиромашни во софиските гробишта го испратиле само десетина души.

Значењето на книгата „За македонцките работи“

Најзначајно дело напишано од Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“ во кој јасно Мисирков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик заснован врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.

Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Кнежевство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:

  1. Предгоор

  2. Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?

  3. Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?

  4. Нациіоналниот сепаратизм: земишчето, на коіе се имат развиіено и ќе се развиіат за однапред.

  5. Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична іединица?

  6. Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик.

Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле прочитани пред македонското друштво „Свети Климент“ во Русија. Така, втората глава од книгата била прочитана на 21 септември на првата седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората седница и четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото.

Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.

Списанието „Вардар“ излегло само еднаш

Списанието „Вардар“ е првото списание за наука, литература и политички прашања целосно на македонски јазик со уредник Крсте Мисирков што го испечатил во 1905 година во Одеса. Излегло во еден единствен број.

Започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“, пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот објавена е песната „Патник“ од П. Прерадовиќ, што претставува прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст во првиот број е „Извикнуваiн`ето и разбор на бугарцката и србцка теориiи за народноста на мак`едонците“. За жал, Мисирков во првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека српската ја планира за вториот број, па ова негово видување никогаш не е објавено. Потоа, во првиот број на списанието „Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд „Список села од iужна Мак`едониiа (Пазарцко, Гевг`елиiцко и Кукушко)“ што го составил Мисирков како студент во 1900 година.

Направената „Обiаснителна забелешка за тоi список и за Солунцкото равнишче, со планиiн`ето“ авторот најавува дека „к`е бидит дадена во друг`от броi на Вардар“, кој никогаш не е составен и испечатен. Потоа следи рубриката „Народни песни“ со единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два записа на безнасловни песни од Ф. Николов. На крајот е рубриката „Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки, непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.

Што друго напишал?

Други позначајни пишани творби на Мисирков се неколку статии меѓу кои:

– Антируските демонстрации во Софија – oбјавено во угледниот руски дневен весник „С.-Петербургскија Ведомости“ во мај 1901.

– Македонија и славјанството – објавена во „Славјанскија Известија, Петроград, 1.5.1914, 146–147.

– Говор во Одеса на 6 август 1914 – ЦГАОР, Москва, ф. 579, оп. 1, ед. хр. 1728. лл. 1–3.

– Македонски и болгарски национални идеали – „Македонскиј голос (Македонски глас), II, 10, 13.8.1914, 10–14.

– Борбата за автономија – „Македонскиј голос, (Македонски глас), II, II 29.11.1914, 205–207.

– Македонска култура – објавена во „Миръ“, 19 април 1924.

– „Народността на Македонците“ – в-к 20 jили. Македоно-одрински лист, год. I, бр. 5, Софија, 11 май 1924 г.

– Патот на примирението – објавено во „Илинден, V, 5, Софија, 30.1. 1925, 2.

– Македонски национализам – објавена во списанието „Мир“, 12 март 1925.

– Самоопределувањето на Македонците – објавена во „Мир“, 25 март 1925.

Исто така ги напишал и пробугарски дела:

– Белешки за јужнословенската филологија и историја, објавено во Македонско-одрински преглед Софија 1907, кн. 34–401908.

– Колењето и интелигенцијата во Македонија, објавено во Одески листок, бр. 178, Одеса 2 август 1912.

– Нашиот народен епос и Македонија, објавено во Развитие, 1919, кн. 2–3, с. 80–81.

Според статијата „Белешки за јужнословенската филологија и историја“, Мисирков се откажал од книгата „За македонцките работи“ велејќи дека нејзината содржина стои далеку од беспристрасната наука и дека со тоа што во неа истапил како импровизиран политичар по македонското прашање си задал удар на својата научна дејност и интереси.

The post Со договорот и тој ќе е Бугарин – 96 години од смртта на Крсте Петков Мисирков appeared first on Република.

]]>

Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија, 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија, 26 јули 1926) е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање народни творби.

Ги согледал стремежите на соседните земји кон Македонија

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од античката македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање разни стипендии за образување на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.

Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Мисирков сфатил дека српската буржоазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, тој учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија речиси по ништо не се разликувало од Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како Бугари. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или не сакал, се запишал во прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име. Овој пат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија.

Иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма за членовите на дружината Негоіите членоіи да се запознаіат и да си изработат іедна програма, коіа ќе iа осашчествуваат во Македониіа таіно од србцката пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години.

Барал да се признае правото на македонскиот народ за самостојност

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на Медицинскиот факултет во Петродонски Словен. Вклучувајќи се во петроградската студентска средина, Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден блескав реферат под наслов За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред членовите на Императорското руско географско друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“.

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во Македонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.

При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса. Од тоа време датира студијата Кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година, Мисирков блескаво го завршил факултетот во Петроград.

Истата година било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“. Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред сè до руската влада, па и до владите на другите европски држави, да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.

Заминал во Русија со мртвото тело на рускиот конзул

Крсте Мисирков му станал соработник на научникот Петар Лавров. Но тој ја жртвувал својата универзитетска кариера. Го напуштил Петроград, добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски професор. Во Битола се сретнувал со рускиот конзул Александар Ростковски, кој бил познат како заштитник на рајата. Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. Турските власти во август 1903 година исценирале убиство над него и Мисирков повторно морал да замине во Русија. Тој заминал со мртвото тело на конзулот.

Соработувал со Војдан Чернодрински

Крсте Мисирков во Битола работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и Илинденското востание, во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од Илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието. Во Русија развил широка активност, пред сè публицистичка, работејќи над текстовите од својата книга на која ѝ дал наслов „За македонцките работи, како и над некои ракописи за учебници. Со цел да ја публикува својата книга, Мисирков заминал во Софија. Во тоа време доаѓа периодот кога Бугарија и Србија се договараат за поделба на сферите за дејство на своите пропаганди во Македонија.

Мисирков ѝ се придружил на театарската група на Војдан Чернодрински, која имала намера да даде неколку претстави на пиесата „Македонска крвава свадба“ во неколку градови во Србија. Во Белград Мисирков одржал предавање за македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување. Дел од белградскиот печат жестоко го нападнал Мисирков за тоа предавање што го одржал во салата на Велика Школа. Меѓутоа, забележана е реакција на Андра Гавриловиќ, кој во списанието Бранково коло, а под наслов „Пред четвртата јужнословенска литература, пишува дека претставите на Војдан Чернодрински не се изведени во никаков јазичен жаргон, туку тоа е проба на една нова култура, почетоци на една нова јужнословенска литература. Во таа смисла тој, го имал и предавањето на Мисирков.

Власта му ја откупила и му ја изгорела книгата во Софија

Мисирков се вратил во Софија со надеж да ја подигне од печатницата својата нова книга, но сепак не одело сѐ така лесно. Имено, книгата му била откупена од тамошните власти и изгорена. Од изданието се зачувале само мал број примероци. По таквиот настан организиран од бугарската пропагандистичка машинерија, следел организиран напад врз Мисирков.

Тој бил присилен да ја напушти Бугарија. Мисирков повторно се нашол во Русија, активирајќи се повторно во друштвото „Свети Климент“ и набргу го прифатил професорското место во Берѓанската гимназија, каде започнал со размислување за издавање на една македонска публикација именувана како „Вардар“. Така, Мисирков го напуштил Берѓанск и обезбедил престој во Одеса. Тој го подготвил првиот број на своето списание за печат и го предал во печатница. Меѓутоа, немал доволно финансиски средства за да го подигне отпечатениот материјал. Со тоа завршило неговото одушевување. Но првиот а воедно и единствен број на списанието содржи драгоцени материјали напишани на македонски јазик. Тие, речиси, во сè го потврдуваат Мисирков околу книгата „За македонцките работи“ и за погледите кон македонскиот јазик и македонската нација. Неговиот престој во Одеса бил исполнет со нови активности. Покрај подготовката на списанието „Вардар“ што се отпечатило во септември 1905 година (но не и во продажба), Мисирков бил вклучен во работата на Историско-филолошкото друштво.

Во текот на Првата балканска војна тој бил воен дописник од фронтот во јужна Македонија. за време на Втората балканска војна веќе бил назад, во Кишињев на професорска должност. Во 1913 година Македонската колонија од Петроград започнала да го издава списанието „Македонский голос“. Мисирков веднаш воспоставил контакти со Колонијата, соработувајќи со останатите луѓе што го издавале списанието. Мисирков објавувал под свое име, но и под псевдонимот К.Пелски.

Сопругата немала пари да го погребе

Понатаму, Мисирков ги дочекал револуционерните настани од 1917 година. Во ноември 1917 година бил избран за пратеник во Земскиот собор на Бесарабија. На 9 април 1918 година, при гласањето за воспоставување унија на Бесарабија и Романија, Мисирков гласал воздржано. Како противник на присоединувањето на Бесарабија кон кралството Романија, па поради тоа и го протерале од Кишињев во Одеса.

Но повеќе не можел да остане во таа средина. Бидејќи имал и семејство, тој заминал од Одеса во Софија, каде го пречекале со недоверба. Сепак, добил служба во Етнографскиот музеј, потоа бил испратен во Карлово, но и понатаму му се заканувале поради неговите отворени ставови во однос на македонското прашање. Побарал да добие служба во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Неговата молба останала без одговор. Оневозможен да се врати во Русија, фрлен на служба во провинциско место Копривштица, Мисирков западнал во криза. ВМРО го сметала за штетен за делото, но по средбата на Мисирков со претставник на Организацијата, таа решила да не преземе конкретни чекори против него. Мисирков се разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде ликвидиран, па така се нашол во „Александровската болница“ во Софија, каде умрел на 26 јули 1926 година. Неговото семејство (сопруга и син) ги оставил без основни средства за живеење.