Крсте Мартиноски Archives - Република https://republika.mk/tema/krste-martinoski/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jan 2022 15:05:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Крсте Мартиноски Archives - Република https://republika.mk/tema/krste-martinoski/ 32 32 Почина Крсте Мартиноски, човекот што ги реставрираше Горна Порта, Охридската гимназија, куќата на Робевци, на Прличев, на Уранија… https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-krste-martinoski-chovekot-shto-gi-restavrirashe-gorna-porta-ohridskata-gimnazija-kukjata-na-robevci-na-prlichev-na-uranija/ Wed, 26 Jan 2022 15:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=449878

Крсте Мартиноски, нашиот Крки, уникатна Мешеишко-охридска легенда, замина во вечноста и бесконечноста, но само привидно физички, не духовно, оти во спомените наши ќе остане до крајот на векот и светот, соопштја од Завод и музеј Охрид.

Мартиноски е графичар по вокација, уметник во суштина и заштитар, конзерватор и реставратор на уметничките вредности од минатите времиња со академска титула. Во Завод и Музеј-Охрид беше вработен од 1988 до 1991 година. На Охриѓани им ја остави реставрирана вековната Горна Порта, реставрирана и обновена украсната влезна порта од манастирскиот комплекс Св. Богородица Перивлепта, Охридската гимназија, реставрирана надгробната плоча од поетот и преродбеник Григор Прличев, ентериерните специфичности на охридските архитектонски убавици Робевци и Уранија, на ентериерните вредности на обновената Прличевата родна куќа... Незаборавен беше нашиот престој во Херне, Германија, каде што го презентиравме Охрид со најзначајните археолошки вредности и со охридско иконописно наследство, а каде што нашиот Мартиновски, таму симпатично наречен Зигмунд, беше главниот оперативец на изложбата.
Од 1991 година до денес Крсте Мартиноски беше слободен уметник и член на ДЛУМ. Презентираше уметнички вредности по скопските галерии и музеи во самостојни и групни изложби. Крај Вардар со сопствени раце си изгради дом со Еденска градина околу него.
Незаборавно е неговото учество во конзерваторско-реставраторските работи на Плаошник каде што неговите „златни раце“ од керамички фрагменти обновуваа цели питоси и спојуваа фрагменти од столбови и други камени и мермерни предмети. Праисториската дрвена капија на влезот во реконструираната наколна населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро е негово дело како негов влез во предворјето на праисторијата, таму каде што во длабокото минато ќе се сретне со длабоката иднина и ќе продолжи да живее во вечноста како гласник на нашата цивилизација. И уште нешто, со библиска конотација: Крсте Мартиноски беше заљубен во Адамовата Ева и поради тоа тивко и осамено замина од животот не обвинувајќи никого и добрувајќи со секого.
Засекогаш ќе живее во нашите светови, а ние сме многу, велат неговите колеги и соработници од НУ Завод и Музеј - Охрид.

The post Почина Крсте Мартиноски, човекот што ги реставрираше Горна Порта, Охридската гимназија, куќата на Робевци, на Прличев, на Уранија… appeared first on Република.

]]>

Крсте Мартиноски, нашиот Крки, уникатна Мешеишко-охридска легенда, замина во вечноста и бесконечноста, но само привидно физички, не духовно, оти во спомените наши ќе остане до крајот на векот и светот, соопштја од Завод и музеј Охрид.
Мартиноски е графичар по вокација, уметник во суштина и заштитар, конзерватор и реставратор на уметничките вредности од минатите времиња со академска титула. Во Завод и Музеј-Охрид беше вработен од 1988 до 1991 година. На Охриѓани им ја остави реставрирана вековната Горна Порта, реставрирана и обновена украсната влезна порта од манастирскиот комплекс Св. Богородица Перивлепта, Охридската гимназија, реставрирана надгробната плоча од поетот и преродбеник Григор Прличев, ентериерните специфичности на охридските архитектонски убавици Робевци и Уранија, на ентериерните вредности на обновената Прличевата родна куќа... Незаборавен беше нашиот престој во Херне, Германија, каде што го презентиравме Охрид со најзначајните археолошки вредности и со охридско иконописно наследство, а каде што нашиот Мартиновски, таму симпатично наречен Зигмунд, беше главниот оперативец на изложбата. Од 1991 година до денес Крсте Мартиноски беше слободен уметник и член на ДЛУМ. Презентираше уметнички вредности по скопските галерии и музеи во самостојни и групни изложби. Крај Вардар со сопствени раце си изгради дом со Еденска градина околу него. Незаборавно е неговото учество во конзерваторско-реставраторските работи на Плаошник каде што неговите „златни раце“ од керамички фрагменти обновуваа цели питоси и спојуваа фрагменти од столбови и други камени и мермерни предмети. Праисториската дрвена капија на влезот во реконструираната наколна населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро е негово дело како негов влез во предворјето на праисторијата, таму каде што во длабокото минато ќе се сретне со длабоката иднина и ќе продолжи да живее во вечноста како гласник на нашата цивилизација. И уште нешто, со библиска конотација: Крсте Мартиноски беше заљубен во Адамовата Ева и поради тоа тивко и осамено замина од животот не обвинувајќи никого и добрувајќи со секого. Засекогаш ќе живее во нашите светови, а ние сме многу, велат неговите колеги и соработници од НУ Завод и Музеј - Охрид.

The post Почина Крсте Мартиноски, човекот што ги реставрираше Горна Порта, Охридската гимназија, куќата на Робевци, на Прличев, на Уранија… appeared first on Република.

]]>