крофни Archives - Република https://republika.mk/tema/krofni/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 20:01:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крофни Archives - Република https://republika.mk/tema/krofni/ 32 32 Малата Нина успеа со крофните, собра пари за лекување на татко ѝ https://republika.mk/zivot/semejstvo/malata-nina-uspea-so-krofnite-sobra-pari-za-lekuvane-na-tatko/ Thu, 29 Jun 2023 20:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=656666

Нина Нинковиќ (11) од Нови Сад го воодушеви регионот, откако на социјалните медиуми се прошири веста дека продава крофни за да собере пари за лечење на нејзиниот болен татко.

„Прво, сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнал на татко ми да собере пари што е можно поскоро за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него“, вели малечката Нина, која успеала да продаде дури 500 крофни за едно попладне.

Откако се прошири на социјалните медиуми дтотици луѓе дојдоа во новосадска населба зс да придонесат во борбата на Нина со купување крофна. Вчера колоната се протегаше околу целиот главен градски плоштад.

„Сè отиде предалеку, луѓе доаѓаат од сите страни и им благодарам на сите. Морам да кажам дека ги собравме парите и одиме за Москва, билетот за да стигнеме чини 1.000 евра, а останатите трошоци ќе видиме. Засега имаме доволно пари“, изјави Наташа Нинковиќ, мајката на Нина, за Телеграф.рс

Министерот Синиша Мали, вчера, за ТВ Пинк изјави дека државата ќе ѝ помогне на Нина и нејзиното семејство, а контактирал и со министерката Даница Грујичиќ за да се најде најдоброто можно решение за таткото на Нина.

The post Малата Нина успеа со крофните, собра пари за лекување на татко ѝ appeared first on Република.

]]>

Нина Нинковиќ (11) од Нови Сад го воодушеви регионот, откако на социјалните медиуми се прошири веста дека продава крофни за да собере пари за лечење на нејзиниот болен татко. „Прво, сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнал на татко ми да собере пари што е можно поскоро за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него“, вели малечката Нина, која успеала да продаде дури 500 крофни за едно попладне. Откако се прошири на социјалните медиуми дтотици луѓе дојдоа во новосадска населба зс да придонесат во борбата на Нина со купување крофна. Вчера колоната се протегаше околу целиот главен градски плоштад. „Сè отиде предалеку, луѓе доаѓаат од сите страни и им благодарам на сите. Морам да кажам дека ги собравме парите и одиме за Москва, билетот за да стигнеме чини 1.000 евра, а останатите трошоци ќе видиме. Засега имаме доволно пари“, изјави Наташа Нинковиќ, мајката на Нина, за Телеграф.рс Министерот Синиша Мали, вчера, за ТВ Пинк изјави дека државата ќе ѝ помогне на Нина и нејзиното семејство, а контактирал и со министерката Даница Грујичиќ за да се најде најдоброто можно решение за таткото на Нина.

The post Малата Нина успеа со крофните, собра пари за лекување на татко ѝ appeared first on Република.

]]>
Убава приказна: Нина продава крофни за 50 денари за да собере помош за болниот татко https://republika.mk/zivot/semejstvo/ubava-prikazna-nina-prodava-krofni-za-50-denari-za-da-sobere-pomosh-za-bolniot-tatko/ Fri, 23 Jun 2023 12:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=654433

Приказната за малата Нина, која продава крофни во Нови Сад за да заработи џепарлак, но и за да го помогне лекувањето на нејзиниот татко, ја обиколи Србија. Таа има 11 години и има завршено петто одделение од основно училиште и од почетокот на распустот решила на свој начин да му помогне на семејството.

 

Нејзиниот татко Зоран го загуби едното око поради тешка болест на окото со аблација на ретина, а во голема опасност е и другото око. Освен што може целосно да ослепи и да му биде загрозен животот. Спасот е лекувањето во Москва, кое е многу скапо.

 

- Нина е само мало девојче кое неизмерно го сака својот татко. Покрај неа го имаме и синот Немања и се обидовме да ги поштедиме од тежината на ситуацијата, но децата чувствуваат се. Таа сама забележала дека и е потребна помош за домашниот буџет и решила да работи и да заработува. Баба ми ја даде идејата за крофни, а јас не смеев да ја пуштам сама да продава, туку излегов со неа пред продавница, изјавила за РИНА мајката на Нина, Наташа Нинковиќ.

Идејата за нивната акција ја споделила на социјалните мрежи и тогаш, како што вели Наташа, започнала вистинска емотивна експлозија, особено кај младите, но и кај сите татковци. И покрај сите очекувања, идејата на малата Нина се разви и сега луѓето чекаат на ред за крофни.

-Прво речиси немаше кој да купи крофна од 100 динари (50 денари), а сега луѓето чекаат во редици. Навистина почувствувавме многу емпатија и сфативме дека има многу прекрасни и добри луѓе. Верувајте, 100 крофни дневно не ни се доволни со оглед на побарувачката. Луѓето знаат дека треба долго да чекаат за да купат една крофна бидејќи сите премолчено се согласиле да купат само една бидејќи немаме доволно. Во исто време, сите платија за крофната повеќе отколку што всушност чини, а сега бараат од нас да ги испратиме дури и крофните по пошта. Почна позитивна лавина, изјави Наташа.

 

The post Убава приказна: Нина продава крофни за 50 денари за да собере помош за болниот татко appeared first on Република.

]]>

Приказната за малата Нина, која продава крофни во Нови Сад за да заработи џепарлак, но и за да го помогне лекувањето на нејзиниот татко, ја обиколи Србија. Таа има 11 години и има завршено петто одделение од основно училиште и од почетокот на распустот решила на свој начин да му помогне на семејството.   Нејзиниот татко Зоран го загуби едното око поради тешка болест на окото со аблација на ретина, а во голема опасност е и другото око. Освен што може целосно да ослепи и да му биде загрозен животот. Спасот е лекувањето во Москва, кое е многу скапо.   - Нина е само мало девојче кое неизмерно го сака својот татко. Покрај неа го имаме и синот Немања и се обидовме да ги поштедиме од тежината на ситуацијата, но децата чувствуваат се. Таа сама забележала дека и е потребна помош за домашниот буџет и решила да работи и да заработува. Баба ми ја даде идејата за крофни, а јас не смеев да ја пуштам сама да продава, туку излегов со неа пред продавница, изјавила за РИНА мајката на Нина, Наташа Нинковиќ. Идејата за нивната акција ја споделила на социјалните мрежи и тогаш, како што вели Наташа, започнала вистинска емотивна експлозија, особено кај младите, но и кај сите татковци. И покрај сите очекувања, идејата на малата Нина се разви и сега луѓето чекаат на ред за крофни.
-Прво речиси немаше кој да купи крофна од 100 динари (50 денари), а сега луѓето чекаат во редици. Навистина почувствувавме многу емпатија и сфативме дека има многу прекрасни и добри луѓе. Верувајте, 100 крофни дневно не ни се доволни со оглед на побарувачката. Луѓето знаат дека треба долго да чекаат за да купат една крофна бидејќи сите премолчено се согласиле да купат само една бидејќи немаме доволно. Во исто време, сите платија за крофната повеќе отколку што всушност чини, а сега бараат од нас да ги испратиме дури и крофните по пошта. Почна позитивна лавина, изјави Наташа.
 

The post Убава приказна: Нина продава крофни за 50 денари за да собере помош за болниот татко appeared first on Република.

]]>
Падна „крофна мафија“ во Грција: Пола евро од „локумадес“ оди за продавачот на плажа, а две за мафијата https://republika.mk/zivot/patuvanja/padna-krofna-mafija-vo-grcija-pola-evro-od-lokumades-odi-za-prodavachot-na-plaza-a-dve-za-mafijata/ Fri, 15 Jul 2022 11:38:54 +0000 https://republika.mk/?p=529304

Дали знаевте дека кога ќе ја купите познатата грчка крофна на плажа, парите можат да одат и за мафијата?

Грчката полиција успеа да ги уапси сите членови на криминалната организација позната како „крофна мафија“, која дејствувала на плажите на Халкидики.

Уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, заедно со водачот на групата.Тие се уапсени за кривични дела злосторничка организација, изнуда, трговија со луѓе, кршење на законите поврзани со спречување и сузбивање на перење пари и кршење на Законот за оружје, пренесува Voria.gr.

Оваа група ги принудувала странците да продаваат крофни во нивно име на 19 плажи на Халкидики.

Со закани по живот, телесни казни, а лани застрелаа еден продавач, успеале да растераат и други продавачи на брза храна по плажите, но уценувале и изнудувале барови на плажа и ресторани за брза храна.

Конкретно, утврдено е дека во најмалку седум случаи членовите на криминалната група употребувале закана по животот и телесниот интегритет, нанесување телесни повреди и употреба на огнено оружје против други продавачи на брза храна, сопственици на крајбрежни продавници и вработени во приватни фирми за обезбедување. .

Забележано е дека во еден од горенаведените случаи, од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност Полигирос е уапсен 39-годишен маж за случај на обид за убиство што се случил со помош на негови соучесници, на подрачјето на Халкидики.

Според грчките медиуми, крофните се купуваат од производителот за 50 центи, 50 центи оди кај продавачот, а едно или две евра оди за мафијата. Просечно дневно се продаваат околу 600 крофни, така што дневната заработка на организаторите на продажбата е меѓу 600 и 1.200 евра (во зависност од тоа дали една крофна чини две или три евра).

The post Падна „крофна мафија“ во Грција: Пола евро од „локумадес“ оди за продавачот на плажа, а две за мафијата appeared first on Република.

]]>

Дали знаевте дека кога ќе ја купите познатата грчка крофна на плажа, парите можат да одат и за мафијата? Грчката полиција успеа да ги уапси сите членови на криминалната организација позната како „крофна мафија“, која дејствувала на плажите на Халкидики. Уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, заедно со водачот на групата.Тие се уапсени за кривични дела злосторничка организација, изнуда, трговија со луѓе, кршење на законите поврзани со спречување и сузбивање на перење пари и кршење на Законот за оружје, пренесува Voria.gr. Оваа група ги принудувала странците да продаваат крофни во нивно име на 19 плажи на Халкидики. Со закани по живот, телесни казни, а лани застрелаа еден продавач, успеале да растераат и други продавачи на брза храна по плажите, но уценувале и изнудувале барови на плажа и ресторани за брза храна. Конкретно, утврдено е дека во најмалку седум случаи членовите на криминалната група употребувале закана по животот и телесниот интегритет, нанесување телесни повреди и употреба на огнено оружје против други продавачи на брза храна, сопственици на крајбрежни продавници и вработени во приватни фирми за обезбедување. . Забележано е дека во еден од горенаведените случаи, од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност Полигирос е уапсен 39-годишен маж за случај на обид за убиство што се случил со помош на негови соучесници, на подрачјето на Халкидики. Според грчките медиуми, крофните се купуваат од производителот за 50 центи, 50 центи оди кај продавачот, а едно или две евра оди за мафијата. Просечно дневно се продаваат околу 600 крофни, така што дневната заработка на организаторите на продажбата е меѓу 600 и 1.200 евра (во зависност од тоа дали една крофна чини две или три евра).

The post Падна „крофна мафија“ во Грција: Пола евро од „локумадес“ оди за продавачот на плажа, а две за мафијата appeared first on Република.

]]>