Кроација Ерлајнс Archives - Република https://republika.mk/tema/kroacija-erlajns/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 18:07:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кроација Ерлајнс Archives - Република https://republika.mk/tema/kroacija-erlajns/ 32 32 Куче го оштетило авионот на Кроација ерлајнс, патниците се симнале и превезени биле со друг авион https://republika.mk/vesti/balkan/kuche-go-oshtetilo-avionot-na-kroatsija-erlajns-patnitsite-se-simnale-i-prevezeni-bile-so-drug-avion/ Fri, 11 Oct 2024 18:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=825700

На редовниот лет на „Кроација Ерлајнс“ од Загреб за Стокхолм на 30 септември, куче го оштетило багажниот простор на Ербас А319, пишува „Avioradar.net“.

Имено, кучето се превезувало во багажниот простор и недолго по качувањето било пуштено од кафезот. Екипажот слушнал бучава од кучето кое трчало во багажниот простор, па полетувањето било откажано, а патниците биле симнати и префрлени во друг авион.

Порталот пишува дека превозникот одлучил превентивно да го извади леталото од употреба и да го испрати на технички преглед за да ги замени оштетените делови.

– Во тек е утврдување на деталите и околностите кои довеле до инцидентот со кучето во багажниот простор на авионот пред редовниот лет ОУ486 Загреб – Стокхолм на 30 септември годинава. Засега може да се потврди дека компанијата ги почитувала хрватските и меѓународните законски прописи и соодветната внатрешна процедура за транспорт на животни во авионот како подготовка за превоз на кучето на летот OU486 Загреб – Стокхолм.

– Поради одредени оштетувања во багажниот простор на воздухопловот планиран за летот ОУ486, донесена е одлука авионот превентивно да се повлече од употреба и да се испрати на технички преглед, а патниците од споменатиот лет се превезени до нивната крајна дестинација истата вечер со наш заменет авион – велат од „Кроација Ерлајнс“.

The post Куче го оштетило авионот на Кроација ерлајнс, патниците се симнале и превезени биле со друг авион appeared first on Република.

]]>

На редовниот лет на „Кроација Ерлајнс“ од Загреб за Стокхолм на 30 септември, куче го оштетило багажниот простор на Ербас А319, пишува „Avioradar.net“. Имено, кучето се превезувало во багажниот простор и недолго по качувањето било пуштено од кафезот. Екипажот слушнал бучава од кучето кое трчало во багажниот простор, па полетувањето било откажано, а патниците биле симнати и префрлени во друг авион. Порталот пишува дека превозникот одлучил превентивно да го извади леталото од употреба и да го испрати на технички преглед за да ги замени оштетените делови.
– Во тек е утврдување на деталите и околностите кои довеле до инцидентот со кучето во багажниот простор на авионот пред редовниот лет ОУ486 Загреб – Стокхолм на 30 септември годинава. Засега може да се потврди дека компанијата ги почитувала хрватските и меѓународните законски прописи и соодветната внатрешна процедура за транспорт на животни во авионот како подготовка за превоз на кучето на летот OU486 Загреб – Стокхолм. – Поради одредени оштетувања во багажниот простор на воздухопловот планиран за летот ОУ486, донесена е одлука авионот превентивно да се повлече од употреба и да се испрати на технички преглед, а патниците од споменатиот лет се превезени до нивната крајна дестинација истата вечер со наш заменет авион – велат од „Кроација Ерлајнс“.

The post Куче го оштетило авионот на Кроација ерлајнс, патниците се симнале и превезени биле со друг авион appeared first on Република.

]]>
Од 12 мај со авион ќе може да се оди на утринско кафе и ручек во Сплит https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-12-maj-so-avion-ke-mozhe-da-se-odi-na-utrinsko-kafe-i-ruchek-vo-split/ Fri, 28 Apr 2023 13:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=635045

ТАВ Македонија, со своите претставници од Меѓународниот Аеродром Скопје, како коорганизатор, заедно со „Корација ерјанс“ и Туристичката заедница на Сплитско-Далматинската жупанија, заеднички ја презентираа најавената нова сезонска линија Скопје – Сплит на македонските туристички агенции

Она што беше истакнато на презентацијата беше воведувањето на сезонски летови на новата авиолинија Скопје-Сплит, со која хрватскиот национален авиопревозник „Корација ерјанс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на годинашната туристичка сезона.

Како што ТАВ Македонија и „Корација ерјанс“ заедно најави претходно годинава, првиот лет на оваа нова авиолинија ќе биде на 12 мај и истата ќе сообраќа до средината на октомври 2023 година. „Корација ерјанс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит, туристичкиот центар на Далмација.

Авионот на „Корација ерјанс“ ќе полетува од Меѓународниот Аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром кон Меѓународниот Аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите на рутата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта.

Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на „Корација ерјанс“ (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација.

Јадранското Море и хрватското крајбрежје отсекогаш биле атрактивни дестинации за одмор за македонските граѓани, кои и покрај долгото патување (повеќе од 12 часа со автомобил), избирале таму да летуваат, па затоа, од ТАВ Македонија сметаат дека со воведувањето на оваа нова авиолинија, не само што патувањето ќе се скрати на само еден час и ќе го направи хрватското крајбрежје многу подостапно за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје, туку ќе овозможи и хрватските граѓани од Сплитскиот регион да ја посетат нашата земја.

Дополнително, од ТАВ изјавуваат дека се среќни што авиокомпанијата Croatia Airlines го препознала потенцијалот и донела одлука да ја воведе оваа директна воздушна конекција меѓу Скопје и Сплит, која што се надеваат дека следните години ќе стане редовна, традиционална дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје.

Во текот на овогодинешната туристичка сезона, Croatia Airlines планира да ја поврзе Хрватска со 24 меѓународни дестинации (односно, 25 европски аеродроми) со летови на 47 меѓународни авиолинии. Поточно, 17.000 летови и преку 1.820.000 седишта планирани од страна на „Корација ерјанс“.

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, го заврши првиот квартал од 2023 година, јануари – март, со речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41% во однос на истиот период во 2022 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39%.

The post Од 12 мај со авион ќе може да се оди на утринско кафе и ручек во Сплит appeared first on Република.

]]>

ТАВ Македонија, со своите претставници од Меѓународниот Аеродром Скопје, како коорганизатор, заедно со „Корација ерјанс“ и Туристичката заедница на Сплитско-Далматинската жупанија, заеднички ја презентираа најавената нова сезонска линија Скопје – Сплит на македонските туристички агенции Она што беше истакнато на презентацијата беше воведувањето на сезонски летови на новата авиолинија Скопје-Сплит, со која хрватскиот национален авиопревозник „Корација ерјанс“ директно ќе го поврзува македонскиот главен град со хрватското крајбрежје во текот на годинашната туристичка сезона. Како што ТАВ Македонија и „Корација ерјанс“ заедно најави претходно годинава, првиот лет на оваа нова авиолинија ќе биде на 12 мај и истата ќе сообраќа до средината на октомври 2023 година. „Корација ерјанс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит, туристичкиот центар на Далмација. Авионот на „Корација ерјанс“ ќе полетува од Меѓународниот Аеродром Скопје секоја среда и сабота во 5:45 часот наутро, а ќе пристигнува на аеродромот во Сплит во 7:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром кон Меѓународниот Аеродром Скопје ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот). Летовите на рутата Скопје – Сплит ќе сообраќаат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта. Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на „Корација ерјанс“ (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација. Јадранското Море и хрватското крајбрежје отсекогаш биле атрактивни дестинации за одмор за македонските граѓани, кои и покрај долгото патување (повеќе од 12 часа со автомобил), избирале таму да летуваат, па затоа, од ТАВ Македонија сметаат дека со воведувањето на оваа нова авиолинија, не само што патувањето ќе се скрати на само еден час и ќе го направи хрватското крајбрежје многу подостапно за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје, туку ќе овозможи и хрватските граѓани од Сплитскиот регион да ја посетат нашата земја. Дополнително, од ТАВ изјавуваат дека се среќни што авиокомпанијата Croatia Airlines го препознала потенцијалот и донела одлука да ја воведе оваа директна воздушна конекција меѓу Скопје и Сплит, која што се надеваат дека следните години ќе стане редовна, традиционална дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје. Во текот на овогодинешната туристичка сезона, Croatia Airlines планира да ја поврзе Хрватска со 24 меѓународни дестинации (односно, 25 европски аеродроми) со летови на 47 меѓународни авиолинии. Поточно, 17.000 летови и преку 1.820.000 седишта планирани од страна на „Корација ерјанс“. ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, го заврши првиот квартал од 2023 година, јануари – март, со речиси 500.000 патници на двата македонски аеродрома, што е зголемување за 41% во однос на истиот период во 2022 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома изнесува 4.169, со годишен пораст од 39%.

The post Од 12 мај со авион ќе може да се оди на утринско кафе и ручек во Сплит appeared first on Република.

]]>
Од 12 мај се воведува сезонска авиолинија Скопје – Сплит https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-12-maj-se-voveduva-sezonska-aviolinija-skopje-split/ Fri, 10 Mar 2023 18:14:10 +0000 https://republika.mk/?p=618272

Хрватскиот национален превозник „Кроација ерлајнс“ ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје – Сплит, од 12 мај годинава, информира „ТАВ Македонија“, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот во Сплит.

Авиокомпанијата ќе лета меѓу македонскиот главен град и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година.

Во овој период, „Кроација ерлајнс“ ќе сообраќа со воздухоплов Даш 8-Кју-400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник и во 23:00 часот во петок, додека времето на полетување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути, известуваат од ТАВ Македонија.

За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје - Сплит, „Кроација ерлајнс“ ќе им понуди на патниците 15 отсто попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15 и 21 март и за билетите во една насока и за повратните билети.

Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на „Кроација ерлајнс“, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на компанијата (www.croatiaairlines.com) и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на авиокомпанијата на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопштуваат од „ТАВ Македонија“.

Оттаму појаснуваат дека попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост.

Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која ќе биде поврзан Меѓународниот аеродром „Скопје“. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје - Загреб секој ден.

The post Од 12 мај се воведува сезонска авиолинија Скопје – Сплит appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот национален превозник „Кроација ерлајнс“ ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје – Сплит, од 12 мај годинава, информира „ТАВ Македонија“, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот во Сплит. Авиокомпанијата ќе лета меѓу македонскиот главен град и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година.
Во овој период, „Кроација ерлајнс“ ќе сообраќа со воздухоплов Даш 8-Кју-400, со капацитет од 76 седишта, два пати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник и во 23:00 часот во петок, додека времето на полетување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути, известуваат од ТАВ Македонија.
За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје - Сплит, „Кроација ерлајнс“ ќе им понуди на патниците 15 отсто попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15 и 21 март и за билетите во една насока и за повратните билети.
Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на „Кроација ерлајнс“, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на компанијата (www.croatiaairlines.com) и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на авиокомпанијата на Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопштуваат од „ТАВ Македонија“.
Оттаму појаснуваат дека попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост. Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која ќе биде поврзан Меѓународниот аеродром „Скопје“. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје - Загреб секој ден.

The post Од 12 мај се воведува сезонска авиолинија Скопје – Сплит appeared first on Република.

]]>
Пукано во хрватски авион?! Пилотот морал принудно да слета во Сараево https://republika.mk/vesti/balkan/pukano-vo-hrvatski-avion-pilotot-moral-prinudno-da-sleta-vo-saraevo/ Thu, 23 Jun 2022 10:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=518821

Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, дознава Klix.ba, пренесува Нова. Порталот Јутарни Лист од друга страна, пишува дека истрагата не нашла траги од барутни честици на телото, што значи дека можеби на авионот не било пукано. Истрагата е во тек, а се очекуваат изјави од хрватските власти.

Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје.

За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.

„Сигурноста на патниците и екипажот во ниту еден момент не биле загрозени“, велат од „Кроација Ерлајнс“ за Јутарни.

„По добиената информација дека редовната контрола на авионот на аеродромот во Сараево, кој допатувал со лет од Загреб, покажала оштетување на трупот на леталото, кое можеби е предизвикано од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истрага од тимот, во присуство на претставници на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ“, беше соопштено.

Обвинителството соопшти дека при летот не била загрозена безбедноста на патниците, а со детален преглед ќе се утврди начинот на оштетување, како и безбедноста на авионот за понатамошна воздушна пловидба.

Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до овој инцидент, пренесува Klix.ba.

The post Пукано во хрватски авион?! Пилотот морал принудно да слета во Сараево appeared first on Република.

]]>

Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, дознава Klix.ba, пренесува Нова. Порталот Јутарни Лист од друга страна, пишува дека истрагата не нашла траги од барутни честици на телото, што значи дека можеби на авионот не било пукано. Истрагата е во тек, а се очекуваат изјави од хрватските власти. Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје. За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек. „Сигурноста на патниците и екипажот во ниту еден момент не биле загрозени“, велат од „Кроација Ерлајнс“ за Јутарни.
„По добиената информација дека редовната контрола на авионот на аеродромот во Сараево, кој допатувал со лет од Загреб, покажала оштетување на трупот на леталото, кое можеби е предизвикано од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истрага од тимот, во присуство на претставници на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ“, беше соопштено.
Обвинителството соопшти дека при летот не била загрозена безбедноста на патниците, а со детален преглед ќе се утврди начинот на оштетување, како и безбедноста на авионот за понатамошна воздушна пловидба. Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до овој инцидент, пренесува Klix.ba.

The post Пукано во хрватски авион?! Пилотот морал принудно да слета во Сараево appeared first on Република.

]]>