кривично Archives - Република https://republika.mk/tema/krivichno/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Sep 2022 18:26:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кривично Archives - Република https://republika.mk/tema/krivichno/ 32 32 ДКСК бара Таравари кривично да одговара, антикорупционерите велат дека три години толерирал дивоградба https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-bara-taravari-krivichno-da-odgovara-antikorupcionerite-velat-deka-tri-godini-toleriral-divogradba/ Mon, 05 Sep 2022 18:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=547777

Повеќе од три години откако е утврдено дека во Гостивар на локација близу противпожарната станица се гради објект надвор од ДУП-от, поради непостапување, Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривично гонење на градоначалникот Арбен Таравари и надлежниот градежен инспектор во општината.

Случајот го реферираше членот на ДКСК, Шемши Салаи кој покрај иницијативата за кривично гонење на општинските надлежни лица, до Советот на јавни обвинители упати барање за одговорност на јавниот обвинител Арсим Адеми затоа што „предметот го чувал во фиока“ три години наместо да ја заврши истрагата.

Отстапување од планот било утврдено од надлежниот инспектор во општината и била поднесена кривична пријава до обвинителството. Општината не извршила уривање на нелегалниот дел од објектот правдајќи се дека на тендер не успеале да изберат фирма за уривање на дивоградби. Поради недоставување на информација, надлежните во општината добија и прекршочни казни од ДКСК.

Oбвинителството не ја завршило истрагата, поради што ДКСК од Советот на јавни обвинители бара одговорност за обвинителот . Инаку надлежниот, за овој случај, обвинител Арсим Адеми е познат по спогодбата со Зоран Милески-Кичеец по несреќата со претекнување на полна линија на патот Кичево-Гостивар кај Стража. Загина едно лице, а 7 беа тешко повредени, но обвинителот Адеми се спогоди со Кичеец кој призна вина за 6 месеци затвор. Осомничениот Милески требаше да биде во затворот во Струга, но бил привремено ослободен со лекарско уверение за срцева тахикардија и ја предизвика несреќата.

Гостиварскиот обвинител Адеми конкурираше и на последниот оглас за избор на обвинители за гонење на организиран криминал и корупција, но Советот на јавни обвинители не го избра. Адеми како обвинител не се жалеше на едногодишната затворска казна за возачот кој на автопатот Тетово-Гостивар прегази двајца полицајци во 2019-та година. Тогаш на службена должност за време на увид загина 23-годишниот полицаец Петар Ѓурчиноски, а судот пресуди едногодишна казна за возачот.

 

The post ДКСК бара Таравари кривично да одговара, антикорупционерите велат дека три години толерирал дивоградба appeared first on Република.

]]>

Повеќе од три години откако е утврдено дека во Гостивар на локација близу противпожарната станица се гради објект надвор од ДУП-от, поради непостапување, Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривично гонење на градоначалникот Арбен Таравари и надлежниот градежен инспектор во општината. Случајот го реферираше членот на ДКСК, Шемши Салаи кој покрај иницијативата за кривично гонење на општинските надлежни лица, до Советот на јавни обвинители упати барање за одговорност на јавниот обвинител Арсим Адеми затоа што „предметот го чувал во фиока“ три години наместо да ја заврши истрагата. Отстапување од планот било утврдено од надлежниот инспектор во општината и била поднесена кривична пријава до обвинителството. Општината не извршила уривање на нелегалниот дел од објектот правдајќи се дека на тендер не успеале да изберат фирма за уривање на дивоградби. Поради недоставување на информација, надлежните во општината добија и прекршочни казни од ДКСК. Oбвинителството не ја завршило истрагата, поради што ДКСК од Советот на јавни обвинители бара одговорност за обвинителот . Инаку надлежниот, за овој случај, обвинител Арсим Адеми е познат по спогодбата со Зоран Милески-Кичеец по несреќата со претекнување на полна линија на патот Кичево-Гостивар кај Стража. Загина едно лице, а 7 беа тешко повредени, но обвинителот Адеми се спогоди со Кичеец кој призна вина за 6 месеци затвор. Осомничениот Милески требаше да биде во затворот во Струга, но бил привремено ослободен со лекарско уверение за срцева тахикардија и ја предизвика несреќата. Гостиварскиот обвинител Адеми конкурираше и на последниот оглас за избор на обвинители за гонење на организиран криминал и корупција, но Советот на јавни обвинители не го избра. Адеми како обвинител не се жалеше на едногодишната затворска казна за возачот кој на автопатот Тетово-Гостивар прегази двајца полицајци во 2019-та година. Тогаш на службена должност за време на увид загина 23-годишниот полицаец Петар Ѓурчиноски, а судот пресуди едногодишна казна за возачот.  

The post ДКСК бара Таравари кривично да одговара, антикорупционерите велат дека три години толерирал дивоградба appeared first on Република.

]]>