Кристина Краличин Archives - Република https://republika.mk/tema/kristina-kralichin/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 11:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристина Краличин Archives - Република https://republika.mk/tema/kristina-kralichin/ 32 32 Промоција на два нови романи на Кристина Краличин https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-dva-novi-romani-na-kristina-kralichin/ Wed, 14 Feb 2024 11:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=744048

Писателката Кристина Краличин ќе промовира два нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ во издание на ИД-Концепт / Чудна шума.

Промоцијата ќе се одржи во рамки на деновите на литература, на 15 февруари (четврток), во 19 часот во Литература.мк во Дајмонд мол. Промотори ќе бидат проф. д-р Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска.

Романот „Денот пред да се стемни“ е преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа.

Романот „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ е психолошки роман со хорор-секвенции, кој го пренесува најдлабокото скриено искуство на сценаристот Тери Милер, кој живее и работи во градот Остин во Тексас, Америка. При едно патување во градот Далас за снимање сцени за филмот на кој работи, доживува сообраќајна несреќа што комплетно ќе му го измести неговиот поглед на светот и на животот, а особено затоа што има жртва за која тој се обвинува себеси. Ова е експлицитен психолошки роман со индоктринирани испреплетени сегменти на научнофантастичен жанр.

Кристина Краличин е книжевен глас кој ѝ припаѓа на најновата македонска генерација на писатели, со богата, стилски облагородена и автентична писателска нарација. Нејзините дела претставуваат многуслојна ризница на силни филозофски, психолошки и културолошки аспекти на животот, интерпретирани во повеќезначајна јазична структура.

Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за италијански јазик и книжевност и американски студии, прочувајќи ги италијанската и американската култура и книжевност.

Автор е на две стихозбирки „Патот на душата по зборот што гори“ и „Poetry as a Perfect Entity: The Ethical Dimension of Life: Verses of the Essence“ на англиски јазик, една збирка раскази и поезија „Collection of Poems and Stories: Love the Differences“ на англиски јазик која е преведена и објавена на италијански јазик „Raccolta di Poesie e Racconti: Ama Le Differenze“, на три романи „Дното на моето небо“, „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа“. Добитник е на меѓународни награди, меѓу кои и интернационалната „Concorso Internazionale “Il Parnaso” – Premio “Angelo La Vecchia” VIII Edizione 2022/23“. Дел од нејзините песни се влезени во две антологии издадени во Италија.

Има објавено повеќе статии и колумни во италијански портал, како и серија мотивациски текстови.

The post Промоција на два нови романи на Кристина Краличин appeared first on Република.

]]>

Писателката Кристина Краличин ќе промовира два нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ во издание на ИД-Концепт / Чудна шума. Промоцијата ќе се одржи во рамки на деновите на литература, на 15 февруари (четврток), во 19 часот во Литература.мк во Дајмонд мол. Промотори ќе бидат проф. д-р Ермис Лафазановски и Билјана Црвенковска. Романот „Денот пред да се стемни“ е преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа. Романот „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ е психолошки роман со хорор-секвенции, кој го пренесува најдлабокото скриено искуство на сценаристот Тери Милер, кој живее и работи во градот Остин во Тексас, Америка. При едно патување во градот Далас за снимање сцени за филмот на кој работи, доживува сообраќајна несреќа што комплетно ќе му го измести неговиот поглед на светот и на животот, а особено затоа што има жртва за која тој се обвинува себеси. Ова е експлицитен психолошки роман со индоктринирани испреплетени сегменти на научнофантастичен жанр. Кристина Краличин е книжевен глас кој ѝ припаѓа на најновата македонска генерација на писатели, со богата, стилски облагородена и автентична писателска нарација. Нејзините дела претставуваат многуслојна ризница на силни филозофски, психолошки и културолошки аспекти на животот, интерпретирани во повеќезначајна јазична структура. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за италијански јазик и книжевност и американски студии, прочувајќи ги италијанската и американската култура и книжевност. Автор е на две стихозбирки „Патот на душата по зборот што гори“ и „Poetry as a Perfect Entity: The Ethical Dimension of Life: Verses of the Essence“ на англиски јазик, една збирка раскази и поезија „Collection of Poems and Stories: Love the Differences“ на англиски јазик која е преведена и објавена на италијански јазик „Raccolta di Poesie e Racconti: Ama Le Differenze“, на три романи „Дното на моето небо“, „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа“. Добитник е на меѓународни награди, меѓу кои и интернационалната „Concorso Internazionale “Il Parnaso” – Premio “Angelo La Vecchia” VIII Edizione 2022/23“. Дел од нејзините песни се влезени во две антологии издадени во Италија. Има објавено повеќе статии и колумни во италијански портал, како и серија мотивациски текстови.

The post Промоција на два нови романи на Кристина Краличин appeared first on Република.

]]>
Прва награда за Кристина Краличин на Меѓународниот конкурс “Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia https://republika.mk/vesti/kultura/prva-nagrada-za-kristina-kralichin-na-megunarodniot-konkurs-il-parnaso-premio-angelo-la-vecchia/ Thu, 21 Sep 2023 15:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=683848

На престижното VIII издание на Меѓународниот конкурс "Il Parnaso - Premio Angelo La Vecchia" 2022/2023, Кристина Краличин ја освои ПРВАТА награда со поемата „На работ на хоризонтот" преведена на италијански јазик ("Ai Confini dell'Orizzonte") во Категоријата: International, во конкуренција од стотици испратени поеми од целиот свет.

За изборот ангажирани беа две нивоа на жири-комисии со лингвисти и поети од повеќе земји во светот.
Второто место припаѓа на поетеса од Украина, а третото на поет од Белорусија. Меѓу пофалените во оваа категорија на учесници од целиот свет има дела од поети и поетеси од: Бразил, Јужна Кореа, Полска, Албанија, Украина, Зимбабве и Филипини.

Конкурсот е организиран под покровителство на Министерот за култура на Италија. Наградите ќе бидат свечено врачени на пролет во 2024 година во Каникати, Сицилија.

За ваков голем успех што ја издига нашата земја над многу други поголеми земји од неа ѝ посакуваме на Кристина Краличин среќен пат и достојно претставување на нашата земја кога ќе ја подигне наградата за освоеното прво место.

Со неа ќе патува и нашата среќа што умеевме и овој пат да покажеме дека Македонија поседува квалитетни луѓе кои имаат што да покажат пред светот и да ја изнесат својата мудрост во светската литература.

 

Поетскиот конкурс "Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia" е започнат во 2016 година на иницијатива на порталот Accademia del Parnaso Canicattinese, претставен од Алфонсо Месина, од семејството Ла Векија и во организација на здружението за култура Мета, чиј претседател е проф. Калоџеро Ла Векија.

Основната цел на конкурсот е да се запамети и да се прослави вклучувањето на познатите книжевници и писатели во редовите на своите членови, како што се: Луиџи Пирандело, Марта Аба, Леонардо Шаша, Бен Газара и други, како и да се потсети на ликот и делото на Анџело Ла Векија (1920-1998), писател, есеист, драматург од Каникати, Сицилија кој напишал над 70 драми, раскази за деца, критички есеи и историски монографии.

Другата цел за постоењето на овој конкурс е да се шири културата на поезијата која претставува универзален јазик кој не познава бариери и граници.

 

The post Прва награда за Кристина Краличин на Меѓународниот конкурс “Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia appeared first on Република.

]]>

На престижното VIII издание на Меѓународниот конкурс "Il Parnaso - Premio Angelo La Vecchia" 2022/2023, Кристина Краличин ја освои ПРВАТА награда со поемата „На работ на хоризонтот" преведена на италијански јазик ("Ai Confini dell'Orizzonte") во Категоријата: International, во конкуренција од стотици испратени поеми од целиот свет. За изборот ангажирани беа две нивоа на жири-комисии со лингвисти и поети од повеќе земји во светот. Второто место припаѓа на поетеса од Украина, а третото на поет од Белорусија. Меѓу пофалените во оваа категорија на учесници од целиот свет има дела од поети и поетеси од: Бразил, Јужна Кореа, Полска, Албанија, Украина, Зимбабве и Филипини. Конкурсот е организиран под покровителство на Министерот за култура на Италија. Наградите ќе бидат свечено врачени на пролет во 2024 година во Каникати, Сицилија. За ваков голем успех што ја издига нашата земја над многу други поголеми земји од неа ѝ посакуваме на Кристина Краличин среќен пат и достојно претставување на нашата земја кога ќе ја подигне наградата за освоеното прво место. Со неа ќе патува и нашата среќа што умеевме и овој пат да покажеме дека Македонија поседува квалитетни луѓе кои имаат што да покажат пред светот и да ја изнесат својата мудрост во светската литература.   Поетскиот конкурс "Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia" е започнат во 2016 година на иницијатива на порталот Accademia del Parnaso Canicattinese, претставен од Алфонсо Месина, од семејството Ла Векија и во организација на здружението за култура Мета, чиј претседател е проф. Калоџеро Ла Векија. Основната цел на конкурсот е да се запамети и да се прослави вклучувањето на познатите книжевници и писатели во редовите на своите членови, како што се: Луиџи Пирандело, Марта Аба, Леонардо Шаша, Бен Газара и други, како и да се потсети на ликот и делото на Анџело Ла Векија (1920-1998), писател, есеист, драматург од Каникати, Сицилија кој напишал над 70 драми, раскази за деца, критички есеи и историски монографии. Другата цел за постоењето на овој конкурс е да се шири културата на поезијата која претставува универзален јазик кој не познава бариери и граници.  

The post Прва награда за Кристина Краличин на Меѓународниот конкурс “Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-knigata-patot-na-dushata-po-zborot-shto-gori-od-kristina-kralichin/ Thu, 20 Oct 2022 14:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=563634

Стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин ќе биде промовирана денеска во 17.30 часот во Morris Caffe Bar во Дебар маало во Скопје. Изданието е на ИД-Концепт, а промоцијата се реализира во соработка со издавачката куќа „Чудна шума“. Модератор на настанот ќе биде Билјана Црвенковска, делото ќе го промовира Сребра Ѓорѓијевска, а делови од стихозбирката ќе читаат Јована Аврамовска и Благој Чоревски.

Кристина Краличин е родена во Скопје каде се школувала и завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Љубовта кон пишаниот збор ја носи во себе од своето раѓање, и токму во таа насока ги усмерува своите намери во работата што ја исполнува целосно.

Не само што пишува уште од најраното детство - поезија и раскази, туку водена од предизвикот на текстот, информацијата и пишаната мисла, работи како новинар во една од нашите телевизии 3 години, што ѝ дава искуство пред јавност и пред публика, како да го изнесе своето размислување и да ја почувствува моќта на пишаната или изговорената реч.

Откако има насобрано материјали за да издава книги, таа се решава да го направи првиот чекор кон авторството и да ги обелодени пред јавноста сите свои дела, да си ја разголи душата и да ја претстави својата ризница на убаво напишани мисли.

Во поговорот на нејзиното првенче, стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“, авторката Кристина Краличин вели:

Книгата ја извезов со поетска инспирација, ја врзав со говорот на сетилата, ја проткав со небото, реките, планините, калта и земјата по кои транзитира времето. Се роди спонтано и ненаметливо течејќи низ формите на невозможното, каде што се мие и блеска љубовта како кристално чиста есенција на зборот и мислата. Ја давам несебично, топло и даровно на секој што знае да вреднува подарок испишан со мастилото на срцето.

 

 

The post Промоција на книгата „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин appeared first on Република.

]]>

Стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин ќе биде промовирана денеска во 17.30 часот во Morris Caffe Bar во Дебар маало во Скопје. Изданието е на ИД-Концепт, а промоцијата се реализира во соработка со издавачката куќа „Чудна шума“. Модератор на настанот ќе биде Билјана Црвенковска, делото ќе го промовира Сребра Ѓорѓијевска, а делови од стихозбирката ќе читаат Јована Аврамовска и Благој Чоревски. Кристина Краличин е родена во Скопје каде се школувала и завршила на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Љубовта кон пишаниот збор ја носи во себе од своето раѓање, и токму во таа насока ги усмерува своите намери во работата што ја исполнува целосно. Не само што пишува уште од најраното детство - поезија и раскази, туку водена од предизвикот на текстот, информацијата и пишаната мисла, работи како новинар во една од нашите телевизии 3 години, што ѝ дава искуство пред јавност и пред публика, како да го изнесе своето размислување и да ја почувствува моќта на пишаната или изговорената реч. Откако има насобрано материјали за да издава книги, таа се решава да го направи првиот чекор кон авторството и да ги обелодени пред јавноста сите свои дела, да си ја разголи душата и да ја претстави својата ризница на убаво напишани мисли. Во поговорот на нејзиното првенче, стихозбирката „Патот на душата по зборот што гори“, авторката Кристина Краличин вели:
Книгата ја извезов со поетска инспирација, ја врзав со говорот на сетилата, ја проткав со небото, реките, планините, калта и земјата по кои транзитира времето. Се роди спонтано и ненаметливо течејќи низ формите на невозможното, каде што се мие и блеска љубовта како кристално чиста есенција на зборот и мислата. Ја давам несебично, топло и даровно на секој што знае да вреднува подарок испишан со мастилото на срцето.
   

The post Промоција на книгата „Патот на душата по зборот што гори“ од Кристина Краличин appeared first on Република.

]]>