Кристијан пендиков Archives - Република https://republika.mk/tema/kristijan-pendikov/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 12:06:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристијан пендиков Archives - Република https://republika.mk/tema/kristijan-pendikov/ 32 32 Tретпат одложено судењето за тепањето на Пендиков https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tretpat-odlozheno-sudeneto-za-tepaneto-na-pendikov/ Thu, 26 Oct 2023 12:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=695236

Повторно е одложено судското рочиште што пред Основниот суд во Охрид, се води поради физичкиот напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот Културен клуб во Охрид. Причина за одлагањето беше тоа што застапникот на одбраната се уште не го добил обвинителниот акт против второобинветиот во процесот.

Бранителот на првообвинетиот Илија Спасески, Димитрија Цобоски пред судот се изјасни и како адвокат на второобвинетиот Борче Ангелов од Битола.

Обвинителот поднесе обвинение и против вториот обвинет во предметот. Мене не ми е позната содржината на тоа обвинение, не ми се познати доказите, добив покана само за предметот против првообвинетиот, така што потребно е време да се подготвиме и да ги провериме доказите и да ја подготвиме одбраната, рече тој.

Основното јавно обвинителство од Судот побара на второобвинитетиот Ангелов да му се одземат пасошот и личната карта, за да не може да ја напушти државата.

Христијан Пендиков, македонски граѓанин со бугарска самосвест, е и секретар на сега згаснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис“ Според обвинението, Спасески, поради омраза по национална и етничка линија, го натепал Пендиков.

Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.

На 19 јануари во кафе-бар во Охрид обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел оштетениот и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот и се движел кон своето возило, обвинетиот и другото непознато лице почнале да го следат, го нападнале и го удирале со рацете и нозете по главата и телото нанесувајќи му тешки телесни повреди. Во текот на истражната постапка сега обвинетиот се бранеше со молчење, но сите околности беа проверени и потврдени со изјави на сведоци на настанот и со обезбедените снимки од видеонадзорот“, соопшти Обвинителството кога го поднесе обвинителниот акт.

Тепачката се случи на почетокот на јануари.

The post Tретпат одложено судењето за тепањето на Пендиков appeared first on Република.

]]>

Повторно е одложено судското рочиште што пред Основниот суд во Охрид, се води поради физичкиот напад врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот Културен клуб во Охрид. Причина за одлагањето беше тоа што застапникот на одбраната се уште не го добил обвинителниот акт против второобинветиот во процесот. Бранителот на првообвинетиот Илија Спасески, Димитрија Цобоски пред судот се изјасни и како адвокат на второобвинетиот Борче Ангелов од Битола.
Обвинителот поднесе обвинение и против вториот обвинет во предметот. Мене не ми е позната содржината на тоа обвинение, не ми се познати доказите, добив покана само за предметот против првообвинетиот, така што потребно е време да се подготвиме и да ги провериме доказите и да ја подготвиме одбраната, рече тој.
Основното јавно обвинителство од Судот побара на второобвинитетиот Ангелов да му се одземат пасошот и личната карта, за да не може да ја напушти државата. Христијан Пендиков, македонски граѓанин со бугарска самосвест, е и секретар на сега згаснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис“ Според обвинението, Спасески, поради омраза по национална и етничка линија, го натепал Пендиков. Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.