кристал Archives - Република https://republika.mk/tema/kristal/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 15:05:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кристал Archives - Република https://republika.mk/tema/kristal/ 32 32 Хотелите „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“ во Куманово ставени за продажба на аукција https://republika.mk/vesti/ekonomija/hotelite-kristal-kumanovo-i-ku-ba-vo-kumanovo-staveni-za-prodazhba-na-auktsija/ Tue, 23 Jan 2024 15:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=736039

На електронска аукција ќе се продаваат делови од поранешните хотели „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“, култни објекти за кумановци, дел на поранешната фирма „Бисерка“.

Стечајниот управник на „Бисерка АД“ во стечај објави оглас за втора продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена. Аукцијата ќе се одржи в четврток, на 25 јануари годинава.

Според огласот, се продава дел од хотел „Куманово“ со вкупна површина од 349 метри квадратни, со проценета вредност на недвижниот имот која изнесува 24.335.450,00 денари.

Вториот пакет е продажба на дел од хотел „Кристал“ со вкупна површина од 1.585 метри квадратни лоциран во Куманово со проценета вредност од 60.981.290,00 денари. Ќе се продава и дел од „Ку-ба“ кој има површина од 334 метри квадратни, за овој објект проценетата вредност е 3.158.971,00 денари. Аукциите се закажани едноподруго почнувајќи од 10 часот.

Некогашните репрезентативни објекти по транзицијата се сврталишта на бездомници и руинираните објекти често се мета на вандалски однесувања. Неколку пати беа опожарувани, особено хотелот „Кристал“. Хотелот „Куманово“ беше дел и од проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“, бидејќи е еден од најрепрезентативните објекти во градот

Во поранешните хотели „Кристал“ и во „Ку-ба“, и двете сопственост на АД „Бисерка“, претходно беа сместени внатрешно раселените лица од липковскиот регион од конфликтот во 2001 година.

Од Секторот за урбанизам од општина Куманово укажуваат дека овие објекти мора да останат хотели согално генерален урбанистички план.

The post Хотелите „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“ во Куманово ставени за продажба на аукција appeared first on Република.

]]>

На електронска аукција ќе се продаваат делови од поранешните хотели „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“, култни објекти за кумановци, дел на поранешната фирма „Бисерка“. Стечајниот управник на „Бисерка АД“ во стечај објави оглас за втора продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена. Аукцијата ќе се одржи в четврток, на 25 јануари годинава. Според огласот, се продава дел од хотел „Куманово“ со вкупна површина од 349 метри квадратни, со проценета вредност на недвижниот имот која изнесува 24.335.450,00 денари. Вториот пакет е продажба на дел од хотел „Кристал“ со вкупна површина од 1.585 метри квадратни лоциран во Куманово со проценета вредност од 60.981.290,00 денари. Ќе се продава и дел од „Ку-ба“ кој има површина од 334 метри квадратни, за овој објект проценетата вредност е 3.158.971,00 денари. Аукциите се закажани едноподруго почнувајќи од 10 часот. Некогашните репрезентативни објекти по транзицијата се сврталишта на бездомници и руинираните објекти често се мета на вандалски однесувања. Неколку пати беа опожарувани, особено хотелот „Кристал“. Хотелот „Куманово“ беше дел и од проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“, бидејќи е еден од најрепрезентативните објекти во градот Во поранешните хотели „Кристал“ и во „Ку-ба“, и двете сопственост на АД „Бисерка“, претходно беа сместени внатрешно раселените лица од липковскиот регион од конфликтот во 2001 година. Од Секторот за урбанизам од општина Куманово укажуваат дека овие објекти мора да останат хотели согално генерален урбанистички план.

The post Хотелите „Кристал“, „Куманово“ и „Ку-ба“ во Куманово ставени за продажба на аукција appeared first on Република.

]]>