крис марфи Archives - Република https://republika.mk/tema/kris-marfi/ За подобро да се разбереме Mon, 29 May 2023 17:36:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крис марфи Archives - Република https://republika.mk/tema/kris-marfi/ 32 32 Пендаровски нагаѓа, ама сигурен e дека сенаторот Марфи е загрижен од ставот на опозицијата за уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nagaga-ama-siguren-e-deka-senatorot-marfi-e-zagrizhen-od-stavot-na-opozitsijata-za-ustavnite-izmeni/ Mon, 29 May 2023 17:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=645869

Ставот на опозицијата за уставните измени значи дека ние сами себе ќе се блокираме на 1 декември за евроинтеграциите, а тоа е причина за загриженост кај нашиот стратешки партнер САД, вели претседателот Стево Пендаровски.

На денешната прес - конференција во Вила Водно на новинарско прашање дали на средбата минатата недела со сенаторот Крис Марфи, му било кажано дека НАТО ќе биде загрижен и земјите членки ќе бидат загрижени доколку не се донесат уставните измени, Пендаровски посочи дека прашањето воопшто не било спомнато на нивната средба, која била во девет часот сабајлето, и била прва од серијата средби кои Марфи ги имаше во земјава.

-Мојата претпоставка е дека сенаторот Марфи знаеше со кого разговара од другата страна, го знае мојот став, го знае ставот на Владата дека ние немаме проблем со тој тип на уставни измени. Јас го тврдам тоа многупати, го повторувам и денеска дека внесот и на други делови на народи кои живеат тука нема да ја загрози безбедноста на Македонија, ниту нејзината иднина, спротивното може да биде точно. Како што не ја загрозија стабилноста и иднината на Македонија наназад дваесет и кусур години овие седум народи односно делови од народи кои се веќе дел од преамбулата и од нормативниот дел. Можам само да нагаѓам, меѓутоа претпоставувам дека сенаторот Марфи мислел на луѓето од опозицијата со кои исто така имаше средба, а нивниот став е познат. Под ниедни околности овој временски период барем додека не заврши мандатот на овој пратенички состав, тие не сакаат воопшто да размислуваат за уставни промени. Тоа значи само едно, дека на 1 декември самите себе ќе се блокираме, и тоа секако е причина за загриженост на нашиот најголем стратешки партнер со кој од 2008-ма имаме договор за стратешко партнерство, вели претседателот Пендаровски.

Тој потврди дека е запознат со содржината на уставните амандмани кои Владата утре треба да ги усвои и да ги предложи во Собранието, и дека тие се формирани според договореното со ЕУ.

-Според договореното е, повторувам уште еднаш. Изворот на легитимитетот или основа да се формира ваква експертска комисија во која има и претставници, се разбира, експерти и правници и политиколози предложени од институциите, беше токму тоа да предложи текст на амандмани, предлог се разбира Владата тоа ќе го оформи пред да влезе во Парламентот кои нема да отстапуваат од она што беше заклучок на Собранието минатото лето. Ги знам амандманите односно текстот на тие предлог амандмани, што утре ќе бидат поднесени од Владата до Собранието, затоа што имам свој претставник во телото, мојот советник за правни работи професор Александар Спасов, и мислам дека од првата до последната алинеја или од првиот до последниот збор или буква на таа иницијатива, мислам дека остануваме целосно во рамките на она што Собранието го побара од нас пред година, година и пол, рече Пендаровски.

На прашањето дали се уште смета дека не треба да започне процедурата за уставни измени ако нема политички консензус, шефот на државата вели дека дури и да не е обезбедно потебното мнозинство, постапката во Парламентот треба да почне.

-Знаете тоа е голема една политичка дилема, политичка не е правна, дали да влегувате во уставни промени ако немате обезбедено две третини претходно. Она што го знаеме, во тие рамки се движеше и моето размислување. Денеска сум повеќе склон да верувам дека е потребно да се влезе во Парламент, дури под претпоставка да немате сигурни 80 претходно, со тоа што јасно на таков начин и со првото гласање кое бара две третини, би се идентификувале двата главни блока во државата - проевропски антиевропски блок. Да потсетам, 2015-та пред да влеземе во првата процедура и првото гласање за Преспанскиот договор, тогашната владина конструкција и структура, немаше обезбедено 80 гласа во тој момент. Тоа беа драматични моменти кога до последен момент не се знаеше дали ќе биде постигнато квалификувано мнозинство за отворање за процедура за менување на Уставот, истакна Пендаровски.

За тоа дали би се појавил во улога на домаќин на лидерска средба, тој е дециден дека логиката налага тоа да е Владата.

-Пред два дена премиерот ја понуди таа опција до опозицијата. Бидејќи Владата во овој случај е формален носител на иницијативата за уставни промени, мислам дека е логично да се дозволи евентуално опозицијата да се приклучи на тој повик на Владата. Нема проблем да биде и кај мене, меѓутоа, бидејќи Владата формално сега треба да иницира уставни промени, логиката е таму да се одржуваат тие средби. Иако познавајќи го ставот на опозицијата, стварно не знам што тие би понуделе друго на таа евентуална средба во Владата, на оваа тема, бидејќи нивниот став по тоа прашање е познат. Тие сакаат прво да дојдат на власт па потоа да разговараат за уставни промени, нагласува претседателот Стево Пендаровски, кој денеска на прес-конференција соопшти дека ќе ги потпишал измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10 д, кои минатата недела беа усвоени од Собранието по скратена постапка.

The post Пендаровски нагаѓа, ама сигурен e дека сенаторот Марфи е загрижен од ставот на опозицијата за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Ставот на опозицијата за уставните измени значи дека ние сами себе ќе се блокираме на 1 декември за евроинтеграциите, а тоа е причина за загриженост кај нашиот стратешки партнер САД, вели претседателот Стево Пендаровски. На денешната прес - конференција во Вила Водно на новинарско прашање дали на средбата минатата недела со сенаторот Крис Марфи, му било кажано дека НАТО ќе биде загрижен и земјите членки ќе бидат загрижени доколку не се донесат уставните измени, Пендаровски посочи дека прашањето воопшто не било спомнато на нивната средба, која била во девет часот сабајлето, и била прва од серијата средби кои Марфи ги имаше во земјава.
-Мојата претпоставка е дека сенаторот Марфи знаеше со кого разговара од другата страна, го знае мојот став, го знае ставот на Владата дека ние немаме проблем со тој тип на уставни измени. Јас го тврдам тоа многупати, го повторувам и денеска дека внесот и на други делови на народи кои живеат тука нема да ја загрози безбедноста на Македонија, ниту нејзината иднина, спротивното може да биде точно. Како што не ја загрозија стабилноста и иднината на Македонија наназад дваесет и кусур години овие седум народи односно делови од народи кои се веќе дел од преамбулата и од нормативниот дел. Можам само да нагаѓам, меѓутоа претпоставувам дека сенаторот Марфи мислел на луѓето од опозицијата со кои исто така имаше средба, а нивниот став е познат. Под ниедни околности овој временски период барем додека не заврши мандатот на овој пратенички состав, тие не сакаат воопшто да размислуваат за уставни промени. Тоа значи само едно, дека на 1 декември самите себе ќе се блокираме, и тоа секако е причина за загриженост на нашиот најголем стратешки партнер со кој од 2008-ма имаме договор за стратешко партнерство, вели претседателот Пендаровски.
Тој потврди дека е запознат со содржината на уставните амандмани кои Владата утре треба да ги усвои и да ги предложи во Собранието, и дека тие се формирани според договореното со ЕУ.
-Според договореното е, повторувам уште еднаш. Изворот на легитимитетот или основа да се формира ваква експертска комисија во која има и претставници, се разбира, експерти и правници и политиколози предложени од институциите, беше токму тоа да предложи текст на амандмани, предлог се разбира Владата тоа ќе го оформи пред да влезе во Парламентот кои нема да отстапуваат од она што беше заклучок на Собранието минатото лето. Ги знам амандманите односно текстот на тие предлог амандмани, што утре ќе бидат поднесени од Владата до Собранието, затоа што имам свој претставник во телото, мојот советник за правни работи професор Александар Спасов, и мислам дека од првата до последната алинеја или од првиот до последниот збор или буква на таа иницијатива, мислам дека остануваме целосно во рамките на она што Собранието го побара од нас пред година, година и пол, рече Пендаровски.
На прашањето дали се уште смета дека не треба да започне процедурата за уставни измени ако нема политички консензус, шефот на државата вели дека дури и да не е обезбедно потебното мнозинство, постапката во Парламентот треба да почне.
-Знаете тоа е голема една политичка дилема, политичка не е правна, дали да влегувате во уставни промени ако немате обезбедено две третини претходно. Она што го знаеме, во тие рамки се движеше и моето размислување. Денеска сум повеќе склон да верувам дека е потребно да се влезе во Парламент, дури под претпоставка да немате сигурни 80 претходно, со тоа што јасно на таков начин и со првото гласање кое бара две третини, би се идентификувале двата главни блока во државата - проевропски антиевропски блок. Да потсетам, 2015-та пред да влеземе во првата процедура и првото гласање за Преспанскиот договор, тогашната владина конструкција и структура, немаше обезбедено 80 гласа во тој момент. Тоа беа драматични моменти кога до последен момент не се знаеше дали ќе биде постигнато квалификувано мнозинство за отворање за процедура за менување на Уставот, истакна Пендаровски.
За тоа дали би се појавил во улога на домаќин на лидерска средба, тој е дециден дека логиката налага тоа да е Владата.
-Пред два дена премиерот ја понуди таа опција до опозицијата. Бидејќи Владата во овој случај е формален носител на иницијативата за уставни промени, мислам дека е логично да се дозволи евентуално опозицијата да се приклучи на тој повик на Владата. Нема проблем да биде и кај мене, меѓутоа, бидејќи Владата формално сега треба да иницира уставни промени, логиката е таму да се одржуваат тие средби. Иако познавајќи го ставот на опозицијата, стварно не знам што тие би понуделе друго на таа евентуална средба во Владата, на оваа тема, бидејќи нивниот став по тоа прашање е познат. Тие сакаат прво да дојдат на власт па потоа да разговараат за уставни промени, нагласува претседателот Стево Пендаровски, кој денеска на прес-конференција соопшти дека ќе ги потпишал измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10 д, кои минатата недела беа усвоени од Собранието по скратена постапка.

The post Пендаровски нагаѓа, ама сигурен e дека сенаторот Марфи е загрижен од ставот на опозицијата за уставните измени appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ на американскиот сенатор му предочи дека уставни измени под овие услови не се можни https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-na-amerikanskiot-senator-mu-predochi-deka-ustavni-izmeni-pod-ovie-uslovi-ne-se-mozhni/ Fri, 26 May 2023 15:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=644995

Денеска пратениците Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Марија Петрушeвска, Бојан Стојаноски и Љупчо Пренџов во својство на претседатели на работни тела и членови на истите остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, и стратешките интереси на Република Македонија.

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ истакнаа дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање.

Беше посочено дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките и укажувањата од страна на опозицијата, што секако создава уште поголема поделба во општеството.

Беше истакнато дека е потребен економски развој и борба против криминалот и високата корупција како еден од најважните проблеми со кој се соочуваат граѓаните.

Заклучивме дека ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да го засилуваме партнерството со Соединетите американски држави во однос на локалните и глобалните предизвици.

The post ВМРО-ДПМНЕ на американскиот сенатор му предочи дека уставни измени под овие услови не се можни appeared first on Република.

]]>

Денеска пратениците Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска, Марија Петрушeвска, Бојан Стојаноски и Љупчо Пренџов во својство на претседатели на работни тела и членови на истите остварија средба со американскиот сенатор Крис Марфи. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во државата, и стратешките интереси на Република Македонија. Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ истакнаа дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање. Беше посочено дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките и укажувањата од страна на опозицијата, што секако создава уште поголема поделба во општеството. Беше истакнато дека е потребен економски развој и борба против криминалот и високата корупција како еден од најважните проблеми со кој се соочуваат граѓаните. Заклучивме дека ќе продолжиме да го негуваме пријателството и да го засилуваме партнерството со Соединетите американски држави во однос на локалните и глобалните предизвици.

The post ВМРО-ДПМНЕ на американскиот сенатор му предочи дека уставни измени под овие услови не се можни appeared first on Република.

]]>
Марфи: Измените на Уставот се јасна можност за Македонија да се приклучи кон ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/marfi-izmenite-na-ustavot-se-jasna-mozhnost-za-severna-makedonija-da-se-prikluchi-kon-eu/ Fri, 26 May 2023 11:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=644917

Тука сум за да се осигуриме дека САД праќаат навистина силна порака до нашите партнери и до вашите партнери во Собранието, пратениците, како и до луѓето во Македонија. Ние ја поддржуваме вашата одлука да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземате потребните чекори за да го овозможите ова проширување. Ако Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргне од патот кон ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО, оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности.

Ова го истакна сенаторот Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Тој го потврди партнерството на двете земји во НАТО, за што сведочи, вели, обединетоста во врска со бруталната инвазија на Украина за која, како што наведе, Русија ќе плати за нарушувањето на мирот, но и за помошта од земјава „за да не оставиме ниту еден партнер сам во Авганистан заедно со нашите и трупите на НАТО“.

Знам, навистина знам, дека долг беше патот кон ЕУ. Знам и дека за многумина поставуваат легитимни прашања за тоа дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум да ви кажам дека е. Многу луѓе го кажуваа истото и за НАТО. Дека Македонија никогаш нема да добие покана од НАТО. Но вие ги презедовте потребните тешки чекори за да ја овозможите таа покана. Потпишавте историски договор, којшто ја овозможи таа покана, и денес Македонија е членка на НАТО Алијансата. И навистина посакувам тоа да добиеше повеќе внимание, се случи во време на ковид, и можеби не сите тука сфаќаат што значи тоа да се има безбедносна гаранција од САД, рече сенаторот Марфи.

Сега, додаде тој, има слични чекори коишто треба да бидат преземени со цел земјава да се приклучи кон ЕУ, но, потенцира, има и нова можност за ЕУ проширување.

Војната во Украина е криза, но ја разбуди ЕУ. Ја освести за потребата да ги остави вратите отворени. Украина не може да влезе во ЕУ ако не влезат и земјите од Балканот. И затоа ова е нова реална можност за проширување, а Македонија не треба да ја пропушти оваа прилика. Овие уставни измени, технички измени на Уставот, се јасна можност за Македонија да може да се приклучи кон ЕУ. Ова е нова можност која што се укажува за проширување, вели Марфи, кој е добар познавач на регионот.

Приклучувањето кон ЕУ, посочи амариканскиот сенатор, значи брз економски раст, високи плати, повеќе американски компании коишто ќе доаѓаат во Македонија, наведувајќи при тоа што би значело доколу не бидат донесени уставните измени

Сакам да бидам јасен и за влијанието што тоа ќе го има врз односите со САД ако Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргне од патот кон ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО, оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности. Ние сме пријатели, никогаш нема да престанеме да бидеме пријатели и партнери, но луѓето во САД, лидерите во САД ги набљудуваат изборите што ќе бидат направени тука во следниве неколку месеци. И сите тие се надеваат дека вашата одлука ќе биде усогласена со нашите безбедносни мерки преку НАТО, и ќе биде усогласена со слична одлука да се остане на патот на ЕУ, барем во поглед на економските прашања, вели Марфи.

Според него, ни претстои важен избор.

Треба да се направат избори, Русија е сериозна закана на Алијансата, на светските демократии. Ова е моментот за демократиите, демократиите во Европа да се обединат, да ги донесат тешките одлуки, за да возвратат на оваа агресија. Вашата посета на Вашингтон беше од витално значење, и се надевам дека од Скопје ќе слушнеме добри вести набрзо во врска со уставните измени и патот кон ЕУ. Ние остануваме со вас за да се осигуриме како што се приклучивте кон НАТО, така ќе се приклучите и кон ЕУ, порача сенаторот Марфи.

Тој како и премиерот Ковачевски, посочи и на цврстото економско партнерство меѓу двете земји и дека се повеќе американски компании тука работат споредено со минатото, но и дека нашата безбедност не доаѓа само преку војската, туку и преку економијата.

Иднината на овој свет ќе биде во тоа кој ќе произведува клучни и критични технологии. Ние сакаме да се осигуриме дека се нашите партнери тука во Европа. Затоа ја споменавме и инвестицијата за компјутерските чипови. Тоа е навистина е убаво да се слушне затоа што така ние сме побезбедни, подвлече сенаторот Крис Марфи.

The post Марфи: Измените на Уставот се јасна можност за Македонија да се приклучи кон ЕУ appeared first on Република.

]]>

Тука сум за да се осигуриме дека САД праќаат навистина силна порака до нашите партнери и до вашите партнери во Собранието, пратениците, како и до луѓето во Македонија. Ние ја поддржуваме вашата одлука да се приклучите кон ЕУ и ве повикуваме да ги преземате потребните чекори за да го овозможите ова проширување. Ако Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргне од патот кон ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО, оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности. Ова го истакна сенаторот Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Тој го потврди партнерството на двете земји во НАТО, за што сведочи, вели, обединетоста во врска со бруталната инвазија на Украина за која, како што наведе, Русија ќе плати за нарушувањето на мирот, но и за помошта од земјава „за да не оставиме ниту еден партнер сам во Авганистан заедно со нашите и трупите на НАТО“.
Знам, навистина знам, дека долг беше патот кон ЕУ. Знам и дека за многумина поставуваат легитимни прашања за тоа дали ЕУ е вистинската можност. Тука сум да ви кажам дека е. Многу луѓе го кажуваа истото и за НАТО. Дека Македонија никогаш нема да добие покана од НАТО. Но вие ги презедовте потребните тешки чекори за да ја овозможите таа покана. Потпишавте историски договор, којшто ја овозможи таа покана, и денес Македонија е членка на НАТО Алијансата. И навистина посакувам тоа да добиеше повеќе внимание, се случи во време на ковид, и можеби не сите тука сфаќаат што значи тоа да се има безбедносна гаранција од САД, рече сенаторот Марфи.
Сега, додаде тој, има слични чекори коишто треба да бидат преземени со цел земјава да се приклучи кон ЕУ, но, потенцира, има и нова можност за ЕУ проширување.
Војната во Украина е криза, но ја разбуди ЕУ. Ја освести за потребата да ги остави вратите отворени. Украина не може да влезе во ЕУ ако не влезат и земјите од Балканот. И затоа ова е нова реална можност за проширување, а Македонија не треба да ја пропушти оваа прилика. Овие уставни измени, технички измени на Уставот, се јасна можност за Македонија да може да се приклучи кон ЕУ. Ова е нова можност која што се укажува за проширување, вели Марфи, кој е добар познавач на регионот.
Приклучувањето кон ЕУ, посочи амариканскиот сенатор, значи брз економски раст, високи плати, повеќе американски компании коишто ќе доаѓаат во Македонија, наведувајќи при тоа што би значело доколу не бидат донесени уставните измени
Сакам да бидам јасен и за влијанието што тоа ќе го има врз односите со САД ако Македонија тргне по друг пат, ако одлучи против овие уставни измени, тогаш ќе се тргне од патот кон ЕУ, а ќе биде и многу загрижувачки чекор за членките на НАТО, оние кои сакаме да ги браниме врз основа на нашите вредности. Ние сме пријатели, никогаш нема да престанеме да бидеме пријатели и партнери, но луѓето во САД, лидерите во САД ги набљудуваат изборите што ќе бидат направени тука во следниве неколку месеци. И сите тие се надеваат дека вашата одлука ќе биде усогласена со нашите безбедносни мерки преку НАТО, и ќе биде усогласена со слична одлука да се остане на патот на ЕУ, барем во поглед на економските прашања, вели Марфи.
Според него, ни претстои важен избор.
Треба да се направат избори, Русија е сериозна закана на Алијансата, на светските демократии. Ова е моментот за демократиите, демократиите во Европа да се обединат, да ги донесат тешките одлуки, за да возвратат на оваа агресија. Вашата посета на Вашингтон беше од витално значење, и се надевам дека од Скопје ќе слушнеме добри вести набрзо во врска со уставните измени и патот кон ЕУ. Ние остануваме со вас за да се осигуриме како што се приклучивте кон НАТО, така ќе се приклучите и кон ЕУ, порача сенаторот Марфи.
Тој како и премиерот Ковачевски, посочи и на цврстото економско партнерство меѓу двете земји и дека се повеќе американски компании тука работат споредено со минатото, но и дека нашата безбедност не доаѓа само преку војската, туку и преку економијата.
Иднината на овој свет ќе биде во тоа кој ќе произведува клучни и критични технологии. Ние сакаме да се осигуриме дека се нашите партнери тука во Европа. Затоа ја споменавме и инвестицијата за компјутерските чипови. Тоа е навистина е убаво да се слушне затоа што така ние сме побезбедни, подвлече сенаторот Крис Марфи.

The post Марфи: Измените на Уставот се јасна можност за Македонија да се приклучи кон ЕУ appeared first on Република.

]]>
Расте американскиот притисок врз Петков Бугарија да ѝ го одблокира патот на Македонија кон Унијата https://republika.mk/vesti/makedonija/senatorot-marfi-do-petkov-sad-so-poddrshka-za-evropskiot-pat-na-makedonija/ Wed, 11 May 2022 19:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=501174

Американскиот сенатор Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, во вторникот се сретнал со премиерот на Бугарија Кирил Петков, при што разговарале за енергетската безбедност во Бугарија и напредокот на билатералните разговори со Македонија, стои во соопштението од Канцеларијата на сенаторот.

Ми беше драго што се сретнав со премиерот Петков за да разговараме за поддршката на Бугарија за Украина и за тоа како САД можат да помогнат во обезбедувањето алтернативни извори на енергија по суспензијата на Русија на испораките на Гаспром во земјата. Од клучно значење е да инвестираме во енергетска безбедносна помош во следната дополнителна Украина за да им помогнеме на земјите како Бугарија да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас и да го отсечат Путин од неговиот најголем извор на приходи, рекол Марфи.

Разговаравме и за важноста на напредокот на билатералните разговори со Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската унија. Членството на Македонија на крајот е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред, потенцирал Марфи, стои во соопштението, од Канцеларијата на сенаторот.

Петков информираше само за енергетската поддршка, ниту збор за политиката кон Македонија. Но, предходно во интервју за романска национална телевизија рече дека ако опстане неговата влада тие се решени дека иднината на Македонија и Албанија е во ЕУ, бидејќи тоа е добро за регионот, но проблемите треба да се решат.

Не можам да бидам одговорен за ништо ако мојата влада „исчезне“. Ако мојата влада опстане, а на тоа работам секојдневно, решени сме дека ЕУ-иднината на Македонија и на Албанија е таму, треба да биде таму. Тоа е добро за регионот. Секако, има работи кои сè уште треба да се направат и треба да работиме напорно за да го постигнеме. Ги знаеме пречките и проблемите што треба да се решат, сега само треба да се решат. Освен за тоа, јас не можам да бидам одговорен за друго во иднина, рече Кирил Петков.

Пред неформална вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан, шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел повтори дека иднината на Западен Балкан е внатре во ЕУ.

Сакам да нагласам дека е потребно тие да останат обединети. Да се преземат неопходните заеднички чекори за безбедна, стабилна и просперитетна ЕУ. Тоа е во наш заеднички интерес. Тоа е најдобриот начин за градење иднина на Западниот Балкан, бидејќи иднината на Западен Балкан, е внатре во ЕУ, и тоа е многу силна причина за да се одржи оваа средба денеска, истакн високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

И додека САД во секоја прилика повторуваат дека Македонија и Албанија веќе во јуни треба да ги започнат преговорите за члнество во ЕУ, францускиот претседател Макрон повика да се формира европска политичка заедница за соработка со земјите чие членсво во ЕУ не е реално во блиска иднина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/patuvaj-evropo-dali-kovachevski-se-otkazuva-od-eu/

The post Расте американскиот притисок врз Петков Бугарија да ѝ го одблокира патот на Македонија кон Унијата appeared first on Република.

]]>

Американскиот сенатор Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, во вторникот се сретнал со премиерот на Бугарија Кирил Петков, при што разговарале за енергетската безбедност во Бугарија и напредокот на билатералните разговори со Македонија, стои во соопштението од Канцеларијата на сенаторот.
Ми беше драго што се сретнав со премиерот Петков за да разговараме за поддршката на Бугарија за Украина и за тоа како САД можат да помогнат во обезбедувањето алтернативни извори на енергија по суспензијата на Русија на испораките на Гаспром во земјата. Од клучно значење е да инвестираме во енергетска безбедносна помош во следната дополнителна Украина за да им помогнеме на земјите како Бугарија да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас и да го отсечат Путин од неговиот најголем извор на приходи, рекол Марфи.
Разговаравме и за важноста на напредокот на билатералните разговори со Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската унија. Членството на Македонија на крајот е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред, потенцирал Марфи, стои во соопштението, од Канцеларијата на сенаторот. Петков информираше само за енергетската поддршка, ниту збор за политиката кон Македонија. Но, предходно во интервју за романска национална телевизија рече дека ако опстане неговата влада тие се решени дека иднината на Македонија и Албанија е во ЕУ, бидејќи тоа е добро за регионот, но проблемите треба да се решат.
Не можам да бидам одговорен за ништо ако мојата влада „исчезне“. Ако мојата влада опстане, а на тоа работам секојдневно, решени сме дека ЕУ-иднината на Македонија и на Албанија е таму, треба да биде таму. Тоа е добро за регионот. Секако, има работи кои сè уште треба да се направат и треба да работиме напорно за да го постигнеме. Ги знаеме пречките и проблемите што треба да се решат, сега само треба да се решат. Освен за тоа, јас не можам да бидам одговорен за друго во иднина, рече Кирил Петков.
Пред неформална вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан, шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел повтори дека иднината на Западен Балкан е внатре во ЕУ.
Сакам да нагласам дека е потребно тие да останат обединети. Да се преземат неопходните заеднички чекори за безбедна, стабилна и просперитетна ЕУ. Тоа е во наш заеднички интерес. Тоа е најдобриот начин за градење иднина на Западниот Балкан, бидејќи иднината на Западен Балкан, е внатре во ЕУ, и тоа е многу силна причина за да се одржи оваа средба денеска, истакн високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.
И додека САД во секоја прилика повторуваат дека Македонија и Албанија веќе во јуни треба да ги започнат преговорите за члнество во ЕУ, францускиот претседател Макрон повика да се формира европска политичка заедница за соработка со земјите чие членсво во ЕУ не е реално во блиска иднина. https://republika.mk/vesti/makedonija/patuvaj-evropo-dali-kovachevski-se-otkazuva-od-eu/