криминална група Archives - Република https://republika.mk/tema/kriminalna-grupa/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 07:36:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png криминална група Archives - Република https://republika.mk/tema/kriminalna-grupa/ 32 32 Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи https://republika.mk/vesti/toshkovski-za-dva-dena-razbieni-dve-golemi-kriminalni-grupi/ Fri, 18 Oct 2024 07:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=828309

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и корупција е еден од главните приоритети на министерството а криминалот нема никаква етничка, национална или било каква припадност освен криминална.

Во текот на вчерашниот ден се апсеа група од 15 цариници и еден полицаец за коишто во рамки на една оперативна акција спроведена по насока на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција во кој има силни докази за поткуп и злоупотреба на службена положба и овластување. Денес имавме друга опсежна акција во неколку градови во западниот дел на државата на разбивање на криминална група која 20 години оперирала и никој не ја пипнал. Делата на таа група се бројни од трговија со дрога, трговија со луѓе, злоупотреба на службена положба и овластување. Ние мора да покажеме јасна цврста и силна волја против организираниот криминал и корупцијата. И тоа го покажуваме. Вчера со акција против корупција денес со акција против организиран криминал од највисоки размери. И така и ќе продолжиме, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека и борбата против криминалот нема да биде ефективна не се расчисти ефикасно и со криминалците во институциите и дека МВР интензивно работи и на пронаоѓање и факање на криминалците и во своите редови за што досега има значителен број реализирани дела.

The post Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и корупција е еден од главните приоритети на министерството а криминалот нема никаква етничка, национална или било каква припадност освен криминална.
Во текот на вчерашниот ден се апсеа група од 15 цариници и еден полицаец за коишто во рамки на една оперативна акција спроведена по насока на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција во кој има силни докази за поткуп и злоупотреба на службена положба и овластување. Денес имавме друга опсежна акција во неколку градови во западниот дел на државата на разбивање на криминална група која 20 години оперирала и никој не ја пипнал. Делата на таа група се бројни од трговија со дрога, трговија со луѓе, злоупотреба на службена положба и овластување. Ние мора да покажеме јасна цврста и силна волја против организираниот криминал и корупцијата. И тоа го покажуваме. Вчера со акција против корупција денес со акција против организиран криминал од највисоки размери. И така и ќе продолжиме, потенцираше министерот Тошковски.
Тошковски нагласи дека и борбата против криминалот нема да биде ефективна не се расчисти ефикасно и со криминалците во институциите и дека МВР интензивно работи и на пронаоѓање и факање на криминалците и во своите редови за што досега има значителен број реализирани дела.

The post Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи appeared first on Република.

]]>
Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubivale-za-odmazda-i-po-porachka-obvinenie-za-del-od-klanot-grchets/ Tue, 16 Jul 2024 11:28:48 +0000 https://republika.mk/?p=797343

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година во предметот „Грчец“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица.

Како што наведува Обвинителството, според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-poternitsa-za-muaremi-popoznat-kako-sheval-od-grchets/

Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија.

На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2020 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него.

https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/

Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото.

Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

The post Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ appeared first on Република.

]]>

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се водеше од почетокот на оваа година во предметот „Грчец“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против пет лица. Како што наведува Обвинителството, според описот наведен во првиот дел од диспозитивот на Обвинителниот акт тројца од обвинетите како припадници на организираната меѓународна криминална група извршиле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Тие како припадници на организирана меѓународна криминална група, заедно со други лица од кои дел се осомничени во предметот и се недостапни на органите на прогонот, дел се починати, а дел веќе осудени, заеднички делувале, секој во својата улога на неовластена набавка, пренесување, држење, продажба и посредување во купопродажба. Во повеќе наврати во текот на 2020 година овие тројца обвинети биле инволвирани во неовластено купување на 15,005 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-poternitsa-za-muaremi-popoznat-kako-sheval-od-grchets/ Меѓународната криминална група чии припадници се обвинетите, делувала во временскиот период од 14.06.2019 до 09.03.2021 година при што во повеќе наврати спровела неовластено купување на наркотична дрога – кокаин од земјите од Јужна Америка, организирајќи го и нејзиното пренесување преку воден пат до Европските земји. Неовластеното пренесување на наркотичната дрога – кокаин наменета за неовластена продажба во Р.СМакедонија од Кралството Белгија и од Р.Албанија преку Косово го договарал и организирал еден од осомничените во предметот – недостапен на органите на прогонот кој е организатор на групата во РСМакедонија. На останатите двајца обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Имено, во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, осомничениот организатор на погореспоменатата криминална група кој е во бегство, заедно со уште едно лице недостапно на органите на прогонот и двајца починати создале криминална група која имала за цел вршење на кривично дело Убиство од одмазда и по порачка. Припадници на групата покрај двајца починати станале и двајца осомничени во предметот – недостапни на органите на прогонот, како и двајцата обвинети. Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот. Одлуките ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале, а договорите, налозите и упатствата биле пренесувани во непосредни контакти или преку енкриптирани телефони на кои била инсталирана апликацијата “SKY“. Така, организаторите врз основа на претходни сознанија во кои биле цврсто убедени, дека едно лице наводно е учесник и предводник во престрелката во Хотел „Александар Палас“ во Скопје, каде со употреба на огнено оружје било пукано кон дел од членовите на групата, започнале да прават план за лишување од живот на лицето. Откако донеле одлука да го убијат ги ангажирале двајцата обвинети и уште едно сега починато лице, давајќи им налог да го следат неговото движење. По неколку неуспешни обиди на 5.3.2020 година, обвинетите и сега починатиот употребувајќи светлосни сигнални уреди – флешери го запреле возилото во кое се наоѓало лицето кое им било цел со уште три други лица и со употреба на автоматско оружје и пиштол го лишиле од живот , притоа убивајќи уште едно лице кое седело зад него. https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и посебен предлог на обвинетите да им се продолжи мерката притвор заради постоење на можност обвинетите да се дадат во бегство или да го повторат делото. Наредбата за спроведување на истражна постапка беше донесена во јануари против 15 лица. За четири лица кои се недостапни на органите на прогонот, обвинителството преку Министерството за правда ги има преземено сите неопходни активности согласно Законот за меѓународна помош во кривична материја. Така, за две лица се доставени документи за екстрадиција до Обединетите арапски емирати, за едно лице до Р. Хрватска и за едно лице до шпанските власти. Постапките за екстрадиција се водат согласно процесните закони на државите во кои се наоѓаат осомничените лица и за нив истражната постапка ќе продолжи по нивното обезбедување, како и за останатите осомничени.

The post Убивале за одмазда и по порачка – обвинение за дел од кланот „Грчец“ appeared first on Република.

]]>
Во Албанија разбиена криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе https://republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-razbiena-kriminalna-grupa-za-falsifikuvane-amerikanski-vizi-i-trgovija-so-luge/ Thu, 08 Feb 2024 14:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=741912

Албанската полиција, во Тирана разби криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе.

Честитки до Државната полиција за успешната акција денес во соработка со партнерските агенции за спроведување на законот. Во првата фаза од операцијата „The Rogue Son“,е погодена криминална дејност од областа на американска визна измама и шверц со луѓе, приведени се петмина државјани, а по уште еден се трага. Се товарат за сторени кривични дела „измама“, „фалсификување визи, печати и обрасци“ и „помагање за илегално преминување на границите“, објави на Фејсбук, Таулант Бала, министер за внатрешни работи.

Акцијата била реализирана од Одделот за криминалистичка полиција на Албанија и јавното обвинителство на Тирана, во тесна соработка со американските безбедносни служби како и во присуство на Службата за дипломатска безбедност од Амбасадата на САД во Тирана.

На уапсените им е одреден притвор со судско решение. Главниот осомничен Р.Н. наплатувал по 10.000 евра од различни лица, гарантирајќи дека ќе им набави американски визи за илегална имиграција во САД. Исто така, некои од осомничените користеле и доставувале лажни информации и формулари за да се квалификуваат за одредени категории американски визи. Истрагите продолжуваат за други физички и правни лица и други субјекти вклучени во овие шеми за измама, соопшти полицијата.

Реагираше американската амбасада, која поздравувајќи ја акцијата и одличната соработка со албанските институции, апелираше до граѓаните да аплицираат онлајн, а не преку туристички агенции и консултанти.

The post Во Албанија разбиена криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција, во Тирана разби криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе. Честитки до Државната полиција за успешната акција денес во соработка со партнерските агенции за спроведување на законот. Во првата фаза од операцијата „The Rogue Son“,е погодена криминална дејност од областа на американска визна измама и шверц со луѓе, приведени се петмина државјани, а по уште еден се трага. Се товарат за сторени кривични дела „измама“, „фалсификување визи, печати и обрасци“ и „помагање за илегално преминување на границите“, објави на Фејсбук, Таулант Бала, министер за внатрешни работи. Акцијата била реализирана од Одделот за криминалистичка полиција на Албанија и јавното обвинителство на Тирана, во тесна соработка со американските безбедносни служби како и во присуство на Службата за дипломатска безбедност од Амбасадата на САД во Тирана. На уапсените им е одреден притвор со судско решение. Главниот осомничен Р.Н. наплатувал по 10.000 евра од различни лица, гарантирајќи дека ќе им набави американски визи за илегална имиграција во САД. Исто така, некои од осомничените користеле и доставувале лажни информации и формулари за да се квалификуваат за одредени категории американски визи. Истрагите продолжуваат за други физички и правни лица и други субјекти вклучени во овие шеми за измама, соопшти полицијата. Реагираше американската амбасада, која поздравувајќи ја акцијата и одличната соработка со албанските институции, апелираше до граѓаните да аплицираат онлајн, а не преку туристички агенции и консултанти.

The post Во Албанија разбиена криминална група за фалсификување американски визи и трговија со луѓе appeared first on Република.

]]>
Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nema-pritvor-za-momcheto-na-pejachkata-toj-e-obvinet-za-vlijanie-vrz-svedok/ Fri, 26 Jan 2024 13:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=737105

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд.

https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/

Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапиле по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец.

Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, се вели во соопштението.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека е разбиена криминална група, а кривични пријави ќе има за сите 16 лица, од кои се уапсени седум. Вкупно 16 лица, кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Седум од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода.

Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

The post Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок appeared first on Република.

]]>

Прифатен е предлогот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и на лицата Ш.Б., Ф.Б., Н.И., Ф.С., и С.А. им е определена мерка притвор во траење од 30 дена. За О.П. е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост, односно Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање живеалиште, односно престојувалиште и Обврска за јавување во суд. https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Како што информира денеска Основен кривичен суд Скопје, судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапиле по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство за шест лица кои во текот на ноќта беа спроведени во судот, а поврзани со полициската акција во скопското село Грчец.
Судот го прифати предлогот и определи мерка притвор за 10 лица кои се опфатени со истрагата, а во моментов не се достапни на органите за прогон и тоа од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, се вели во соопштението.
Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека е разбиена криминална група, а кривични пријави ќе има за сите 16 лица, од кои се уапсени седум. Вкупно 16 лица, кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Седум од нив се веќе уапсени, а и останатите, кои се надвор од земјава, ќе бидат лишени од слобода. Се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

The post Нема притвор за момчето на пејачката, тој е обвинет за „влијание“ врз сведок appeared first on Република.

]]>
Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик https://republika.mk/vesti/makedonija/momche-na-poznata-pejachka-od-makedonskata-stsena-e-megu-uapsenite-vo-grupata-grchets-dukandhik/ Fri, 26 Jan 2024 09:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=737011

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/

Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети.

Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски - Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми.

Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата.

На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

The post Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик appeared first on Република.

]]>

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства, соопшти вчера МВР. https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/ Според информациите на „Телма“, меѓу осомничените од групата Грчец/Дуќанџик се 10 лица, а телевизијата ги открива нивните идентитети. Водач на групата е Шеваљ Муареми, 46-годишен жител на Грчец кој не е достапен на истрагата, а според потврдени сознанија на „Телма“, подолго време е надвор од Македонија. Едно време имаше шпекулации дека е во Шпанија (таму е уапсено едно лице од групата), но според последните податоци тој се крие и е засолнат во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Во Дубаи, минатите денови бил и Раде Трајковски Штекли, скопјанец врз кого имаше два обиди за убиство во Ист гејт Мол. Трајковски - Штекли, според полициски извори на „Телма“, како човек под заштита на ривалската група Беланоца, бил во Дубаи за да се смири непријателствата со избеганиот Муареми. Меѓу уапсените е и скопјанец кој е познат по тоа што е во врска со позната пејачка од македонската поп сцена. Според извори на „Телма“, тој е осомничен дека влијаел врз оштетен да ја промени изјавата. На листата на осомничени на истрагата се Неџати Исени (Н.И. 44 години), Севдал Азири (С.А. 44 години), Мухамед Чајани (М.Ч. 27 години), Фадил Бајрамовски (Ф.Б. 45 години), Оливер Петров (О.П. 43 години), Шуајб Сулејмановски (Ш.С. 40 години), Фати Сулејмановски (Ф.С. 43 години), Шукри Асани (Ш.А. 27 години) и Енсар Исени (Е.И. 25 години).

The post Момче на позната пејачка од македонската сцена е меѓу уапсените во групата Грчец/Дуќанџик appeared first on Република.

]]>
Лица од МВР, судови, јавни обивнителства, министерства,… биле соработници на криминалната нарко-група https://republika.mk/vesti/makedonija/litsa-od-mvr-sudovi-javni-obivnitelstva-ministerstva-bile-sorabotnitsi-na-kriminalnata-narko-grupa/ Thu, 25 Jan 2024 19:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=736908

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства.

Aктивностите на полициските службеници од Бирото за јавна безбедност се резултат на повеќемесечна истрага раководена од Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во рамките на која беа обезбедени доволен број на докази дека во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, на територијата на Република Македонија, пријавениот Ш.М. (46) од с.Грчец, заедно уште две лица, сега починатите О.Б. и Ј.К., организирале криминална група, чии припадници станале повеќе лица, информира МВР.

Организираната криминална група била формирана со цел вршење на кривични дела убиство од безобзирна одмазда и по порачка од користољубие, при што лицата организатори на истата донесувале одлуки и создавале планови за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот, а своите одлуки и планови ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале.

Исто така, оваа организирана криминална група која делувала на меѓународно ниво организирала набавка на наркотична дрога кокаин од земјите на Јужна Америка, пред сè Колумбија, Еквадор, Бразил, Перу и Боливија, нејзино пренесување до земјите на Европската унија, а дел бил наменет за наркопазарот во Република Македонија.

Оваа криминална група плановите и договорите, за извршување на кривичните дела ги правела преку непосредни контакти или со користење на енкриптирани телефони во кои била инсталирана апликацијата „SKY“, а која ја користеле членовите на организираната криминална група.

Од досега спроведените мерки е утврдено и документирано дека оваа организирана криминална група, во горенаведениот временски период, организирала две набавки и транспорти на кокаин од латиноамериканските држави до земјите од Европска унија и Република Македонија, и тоа

-Транспорт на 435 килограми наркотична дрога кокаин набавен од групата во Бразил, Јужна Америка, и транспортиран по воден пат до пристаништето до Антверпен, Кралството Белгија, која количина е запленета од страна на царинските службеници во Антверпен, при што дел од наведената количина требало да заврши на нелегалниот пазар во Република Македонија.

-Транспорт на 106 килограми наркотична дрога кокаин кој пристигнал од Перу до Ротердам, Холандија, а по пристигнувањето во пристаништето во Ротердам дел требало да биде пренесен во Република Македонија.

Организираната криминална група организирала и неколку транспорти на кокаин од Белгија во РСМ, како и од Албанија во Република Македонија. Во еден случај било организирано пренесување на шест килограми наркотична дрога кокаин од Белгија во РСМ, во два случаи било организирани пренесувања по четири килограми кокаин и во еден случај бил организиран транспорт на еден килограм наркотична дрога кокаин од Република Албанија во Република Македонија.

Припадниците на оваа организирана криминална група која дејствувала не само на национално ниво, туку и на меѓународно ниво, и како резултат на нивните криминални активности поврзани со недозволена трговија со наркотична дрога се стекнале со значителни финансиски средства кои ги инвестирале во изградба на луксузни куќи, купување на недвижности и изградба на луксузни угостителски објекти, кои ќе бидат предмет на финансиски истраги со цел нивна конфискација.

Како резултат на истрагата и податоците кои беа добиени, обезбедени се докази дека организаторот на криминалната група Ш.М., заедно со членовите на групата организирале и извршиле обид за убиство на лице од с.Бардовци, убиство на албански државјанин чие тело беше пронајдено на 15 мај 2020 година во с.Горна Матка, Скопје и двојното убиство случено на 05 март 2021 година, кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В..

 

На овој начин лицата организатори и членови на групата извршиле повеќе кривични дела предвидени и казниви согласно Кривичниот Законик, а се работи за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, убиства и обид за убиство, за што во текот на денешниот ден до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица и тоа Ш.М. (46), Д.И.(50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б. (20), Н.И. (44), Е.И.(25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43).

 

Како резултат на денешните активности и извршени претреси на 20 локации во Скопје, с. Грчец и други места, шестмина од пријавените лица се лишени од слобода, дел од пријавените лица подолг период престојуваат надвор од РСМ, додека едно лице Р.С. (42) е веќе лишено од слобода во Шпанија. При претресите запленети се голема сума на пари, луксузни автомобили итн., информира МВР.

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК по издавањето на потерници за лицата кои се наоѓаат надвор од Република Македонија ќе преземе координирани мерки со поддршка на ЕВРОПОЛ со цел нивно лишување од слобода.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со активности со цел докажување и на други кривични дела извршени од оваа криминална група, но и на други криминални соработници.

https://www.youtube.com/watch?v=yabGAbpZ64k

The post Лица од МВР, судови, јавни обивнителства, министерства,… биле соработници на криминалната нарко-група appeared first on Република.

]]>

Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи и АНБ, под раководство на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, а со поддршка на Европол и Заедничкиот истражен тим LIMIT од земјите членки, Франција, Белгија и Холандија, презеде координирани мерки и активности со цел лишување од слобода на лица за кои постојат сомненија дека како членови на меѓународна организирана криминална група биле инволвирани во организирање на набавка на наркотична дрога кокаин и вршење на тешки кривични дела убиства.
Aктивностите на полициските службеници од Бирото за јавна безбедност се резултат на повеќемесечна истрага раководена од Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во рамките на која беа обезбедени доволен број на докази дека во временскиот период од декември 2019 до март 2021 година, на територијата на Република Македонија, пријавениот Ш.М. (46) од с.Грчец, заедно уште две лица, сега починатите О.Б. и Ј.К., организирале криминална група, чии припадници станале повеќе лица, информира МВР.
Организираната криминална група била формирана со цел вршење на кривични дела убиство од безобзирна одмазда и по порачка од користољубие, при што лицата организатори на истата донесувале одлуки и создавале планови за тоа кој, кога, каде и на кој начин да биде лишен од живот, а своите одлуки и планови ги спроведувале лично или преку припадниците на организираната криминална група, кои ги прифаќале и спроведувале. Исто така, оваа организирана криминална група која делувала на меѓународно ниво организирала набавка на наркотична дрога кокаин од земјите на Јужна Америка, пред сè Колумбија, Еквадор, Бразил, Перу и Боливија, нејзино пренесување до земјите на Европската унија, а дел бил наменет за наркопазарот во Република Македонија. Оваа криминална група плановите и договорите, за извршување на кривичните дела ги правела преку непосредни контакти или со користење на енкриптирани телефони во кои била инсталирана апликацијата „SKY“, а која ја користеле членовите на организираната криминална група. Од досега спроведените мерки е утврдено и документирано дека оваа организирана криминална група, во горенаведениот временски период, организирала две набавки и транспорти на кокаин од латиноамериканските држави до земјите од Европска унија и Република Македонија, и тоа -Транспорт на 435 килограми наркотична дрога кокаин набавен од групата во Бразил, Јужна Америка, и транспортиран по воден пат до пристаништето до Антверпен, Кралството Белгија, која количина е запленета од страна на царинските службеници во Антверпен, при што дел од наведената количина требало да заврши на нелегалниот пазар во Република Македонија. -Транспорт на 106 килограми наркотична дрога кокаин кој пристигнал од Перу до Ротердам, Холандија, а по пристигнувањето во пристаништето во Ротердам дел требало да биде пренесен во Република Македонија. Организираната криминална група организирала и неколку транспорти на кокаин од Белгија во РСМ, како и од Албанија во Република Македонија. Во еден случај било организирано пренесување на шест килограми наркотична дрога кокаин од Белгија во РСМ, во два случаи било организирани пренесувања по четири килограми кокаин и во еден случај бил организиран транспорт на еден килограм наркотична дрога кокаин од Република Албанија во Република Македонија. Припадниците на оваа организирана криминална група која дејствувала не само на национално ниво, туку и на меѓународно ниво, и како резултат на нивните криминални активности поврзани со недозволена трговија со наркотична дрога се стекнале со значителни финансиски средства кои ги инвестирале во изградба на луксузни куќи, купување на недвижности и изградба на луксузни угостителски објекти, кои ќе бидат предмет на финансиски истраги со цел нивна конфискација.
Како резултат на истрагата и податоците кои беа добиени, обезбедени се докази дека организаторот на криминалната група Ш.М., заедно со членовите на групата организирале и извршиле обид за убиство на лице од с.Бардовци, убиство на албански државјанин чие тело беше пронајдено на 15 мај 2020 година во с.Горна Матка, Скопје и двојното убиство случено на 05 март 2021 година, кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В..   На овој начин лицата организатори и членови на групата извршиле повеќе кривични дела предвидени и казниви согласно Кривичниот Законик, а се работи за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, убиства и обид за убиство, за што во текот на денешниот ден до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица и тоа Ш.М. (46), Д.И.(50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б. (20), Н.И. (44), Е.И.(25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43).   Како резултат на денешните активности и извршени претреси на 20 локации во Скопје, с. Грчец и други места, шестмина од пријавените лица се лишени од слобода, дел од пријавените лица подолг период престојуваат надвор од РСМ, додека едно лице Р.С. (42) е веќе лишено од слобода во Шпанија. При претресите запленети се голема сума на пари, луксузни автомобили итн., информира МВР.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК по издавањето на потерници за лицата кои се наоѓаат надвор од Република Македонија ќе преземе координирани мерки со поддршка на ЕВРОПОЛ со цел нивно лишување од слобода. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со активности со цел докажување и на други кривични дела извршени од оваа криминална група, но и на други криминални соработници. https://www.youtube.com/watch?v=yabGAbpZ64k

The post Лица од МВР, судови, јавни обивнителства, министерства,… биле соработници на криминалната нарко-група appeared first on Република.

]]>
Разбиена криминална група која вршеле убиства и продавала дрога низ Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/razbiena-kriminalna-grupa-koja-vrshele-ubistva-i-prodavala-droga-niz-makedonija/ Thu, 25 Jan 2024 18:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=736890

До Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства.

Како што соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43).

Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил.

Според Спасовски, организираната крмининална група била формирана за вршење убиства од одмазда и по порачка од користољубие. Организаторите создавале планови и одлучувале кој, кога и како да биде лишен од живот, а плановите ги спроведувале лично или преку организираната криминала група. Организираната криминална група делувала на меѓународно ниво, оранизирала набавка на кокаин од јужноамерикански земји, пренесување до земјите на ЕУ, а дел бил наменет и за наркопазарот во земјава.

-Како резултат на денешните активности и извршените претреси на 20 локации во Скопје, во село Грчец и други места, шестмина од пријавените се лишени од слобода, дел подолго време престојуваат надвор од земјава, а едно лице, Р.С., е веќе лишено од слобода во Шпанија, истакна Спасовски.

Според него, при претресите се запленети голема сума пари, луксузни автомобили и други вредни предмети.

МВР во координација со Основното јавно обвинителство за организиран криминал по издавањето потерници за лицата кои се надвор од земјава ќе преземе координативни мерки со поддршка на ЕУРОПОЛ за нивно лишување од слобода.

-Знаеме каде се лицата кои подолго време престојуваат надвор од земјава. Имаме детална соработка со ЕУРОПОЛ, продолжуваме понатаму со активностите, рече Спасовски и додаде дека ова е една од можеби најзначјаните истраги со која, потенцира, финишира целосното разбивање на криминалните групи кои делувале повеќе од 30 години на тероторијата на Град Скопје.

The post Разбиена криминална група која вршеле убиства и продавала дрога низ Македонија appeared first on Република.

]]>

До Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Како што соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43). Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, а ги предводел Ш.М. од село Грчец, заедно со веќе починатите О.Б. и Ј.К., од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази. Во овој период, групата организирала транспорт на 435 килограми кокаин во земјава од Бразил. Според Спасовски, организираната крмининална група била формирана за вршење убиства од одмазда и по порачка од користољубие. Организаторите создавале планови и одлучувале кој, кога и како да биде лишен од живот, а плановите ги спроведувале лично или преку организираната криминала група. Организираната криминална група делувала на меѓународно ниво, оранизирала набавка на кокаин од јужноамерикански земји, пренесување до земјите на ЕУ, а дел бил наменет и за наркопазарот во земјава.
-Како резултат на денешните активности и извршените претреси на 20 локации во Скопје, во село Грчец и други места, шестмина од пријавените се лишени од слобода, дел подолго време престојуваат надвор од земјава, а едно лице, Р.С., е веќе лишено од слобода во Шпанија, истакна Спасовски.
Според него, при претресите се запленети голема сума пари, луксузни автомобили и други вредни предмети. МВР во координација со Основното јавно обвинителство за организиран криминал по издавањето потерници за лицата кои се надвор од земјава ќе преземе координативни мерки со поддршка на ЕУРОПОЛ за нивно лишување од слобода.
-Знаеме каде се лицата кои подолго време престојуваат надвор од земјава. Имаме детална соработка со ЕУРОПОЛ, продолжуваме понатаму со активностите, рече Спасовски и додаде дека ова е една од можеби најзначјаните истраги со која, потенцира, финишира целосното разбивање на криминалните групи кои делувале повеќе од 30 години на тероторијата на Град Скопје.

The post Разбиена криминална група која вршеле убиства и продавала дрога низ Македонија appeared first on Република.

]]>
Фатени 12 криминалци што продавале археолошки добра од Македонија по светот https://republika.mk/vesti/makedonija/fateni-12-kriminalci-shto-prodavale-arheoloshki-dobra-od-makedonija-po-svetot/ Tue, 13 Dec 2022 14:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=585214

Сузбиена е дванаесетчлена организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости. Единаесет лица се лишени од слобода, а по едно се трага, информира МВР. За седуммина од осомничените, од јавниот обвинител предложена е мерка притвор, за што треба да одлучи судијата на претходна постапка.

МВР информира дека вчера Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, била спроведена координирана полициска акција при што била сузбиена 12-члена организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости.

Групата подолг временски период  делувала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани.

Вчера со судски наредби извршени се претреси на вкупно 27 локации кај 23 лица, при што пронајдени и привремено се одземени разни археолошки предмети, монети, метални предмети, фигури, метал детектори и опрема за метал детектори, скици, оружје, муниција, дрога, ваги и природни реткости, по што 11 лица се лишени од слобода, а по едно се трага, известуваат од МВР.

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство по спроведените претреси и пронајдени предмети како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази на 12.12.2022 против 12 лица: С.Џ.(47) од с.Канатларци, прилепско, З.А.(39) од с.Зубово, Ново Село, Т.А.(58) од Пробиштип, Н.М.(48) од Струмица, Д.Р.(36) од Василево, Р.З.(27) од с.Банско, М.А.(31) с.Мокрино, Ново Село, Д.П.(37) од Ново Село, М.Џ.(37) од с.Канатларци, Г.К.(44) од Ваташа, М.С.(42) од с.Банско и И.С.(47) од с.Коњух, кратовско, поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 264, „прикривање“ по член 261 став 3, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи  по член чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

Пријавените С.Џ. и З.А., во периодот од декември 2021 до декември 2022 година, со цел стекнување на противправна имотна корист создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавените лица. Целта на формирањето на оваа добро организирана и строго контролирана криминална група била стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, присвојување и изнесување во странство на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, известуваат од МВР.

Пријавените организатори и членови на злосторничкото здружување, во наведениот период континуирано разменувале информации за локалитети, метал детектори и други апарати и алати, нуделе на продажба пронајдени предмети, вршеле истражувања на различни локации со цел пронаоѓање и ископување на археолошки предмети на повеќе локации низ државата кои ги продавале на заинтересирани лица во државата и во странство.Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, дополнително, при извршените претреси, кај две лица, кои не се дел од организираната криминална група, констатирани се две кривични дела, за кои против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Имено, кај С.Р.(78) од с.Обедник, демирхисарско, пронајдени се ловна пушка и муниција кои ги поседувал без дозвола и против него ќе биде поднесена пријава по чл.396 ст.1, додека кај В.С.(61) од Куманово пронајдени се марихуана, вага и природни реткости и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 став 1,  „прикривање“ по член 261 став 3 и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, сите од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство известуваат дека пронајдените археолошки предмети, иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале во нивите домови или на непознати локации. Откако ќе пронашле заинтересирани купувачи од земјата и странство предметите ги продавале, односно посредувале при продажба со непознати припадници на групата по потекло од соседните земји и САД. Овие непознати лица биле купувачи или посредници во име на заинтересирани купувачи на добра со археолошко односно историско значење и добрата ги нуделе и ги продавале за договорен износ што прво и второосомничениот го определувале. По постигнување на договор околу цената, прво и второосомничениот дозволувале доброто неовластено да се продаде и без дозвола од надлежен орган да се изнесе надвор од границите на Македонија.

Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Р. Македонија, со исклучителна вредност. Со преземените дејствија при што добра со исклучителна вредност трајно ги отуѓиле на штета на Р. Македонија, осомничените и непознатите припадници на групата сториле трајна штета за археолошкото, историско, музејско и уметничко истражување на надлежните државни и научни институции.

Предметниот обвинител ценејќи дека за седуммина од осомничените се исполнети условите за определување на мерката притвор му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им определи мерка притвор.

The post Фатени 12 криминалци што продавале археолошки добра од Македонија по светот appeared first on Република.

]]>

Сузбиена е дванаесетчлена организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости. Единаесет лица се лишени од слобода, а по едно се трага, информира МВР. За седуммина од осомничените, од јавниот обвинител предложена е мерка притвор, за што треба да одлучи судијата на претходна постапка. МВР информира дека вчера Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со секторите за внатрешни работи, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, била спроведена координирана полициска акција при што била сузбиена 12-члена организирана криминална група инволвирана во вршење на кривични дела против културното наследство и природните реткости. Групата подолг временски период  делувала на подрачјата и околината на Прилеп, Струмица, Пробиштип, Неготино, Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Кочани.
Вчера со судски наредби извршени се претреси на вкупно 27 локации кај 23 лица, при што пронајдени и привремено се одземени разни археолошки предмети, монети, метални предмети, фигури, метал детектори и опрема за метал детектори, скици, оружје, муниција, дрога, ваги и природни реткости, по што 11 лица се лишени од слобода, а по едно се трага, известуваат од МВР.
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство по спроведените претреси и пронајдени предмети како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази на 12.12.2022 против 12 лица: С.Џ.(47) од с.Канатларци, прилепско, З.А.(39) од с.Зубово, Ново Село, Т.А.(58) од Пробиштип, Н.М.(48) од Струмица, Д.Р.(36) од Василево, Р.З.(27) од с.Банско, М.А.(31) с.Мокрино, Ново Село, Д.П.(37) од Ново Село, М.Џ.(37) од с.Канатларци, Г.К.(44) од Ваташа, М.С.(42) од с.Банско и И.С.(47) од с.Коњух, кратовско, поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 264, „прикривање“ по член 261 став 3, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи  по член чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.
Пријавените С.Џ. и З.А., во периодот од декември 2021 до декември 2022 година, со цел стекнување на противправна имотна корист создале злосторничко здружение во кое како членови за целиот временски период или повремено партиципирале останатите кривично пријавените лица. Целта на формирањето на оваа добро организирана и строго контролирана криминална група била стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, присвојување и изнесување во странство на добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости, известуваат од МВР.
Пријавените организатори и членови на злосторничкото здружување, во наведениот период континуирано разменувале информации за локалитети, метал детектори и други апарати и алати, нуделе на продажба пронајдени предмети, вршеле истражувања на различни локации со цел пронаоѓање и ископување на археолошки предмети на повеќе локации низ државата кои ги продавале на заинтересирани лица во државата и во странство.Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, дополнително, при извршените претреси, кај две лица, кои не се дел од организираната криминална група, констатирани се две кривични дела, за кои против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Имено, кај С.Р.(78) од с.Обедник, демирхисарско, пронајдени се ловна пушка и муниција кои ги поседувал без дозвола и против него ќе биде поднесена пријава по чл.396 ст.1, додека кај В.С.(61) од Куманово пронајдени се марихуана, вага и природни реткости и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 став 1,  „прикривање“ по член 261 став 3 и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, сите од Кривичниот законик. Од Јавното обвинителство известуваат дека пронајдените археолошки предмети, иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале во нивите домови или на непознати локации. Откако ќе пронашле заинтересирани купувачи од земјата и странство предметите ги продавале, односно посредувале при продажба со непознати припадници на групата по потекло од соседните земји и САД. Овие непознати лица биле купувачи или посредници во име на заинтересирани купувачи на добра со археолошко односно историско значење и добрата ги нуделе и ги продавале за договорен износ што прво и второосомничениот го определувале. По постигнување на договор околу цената, прво и второосомничениот дозволувале доброто неовластено да се продаде и без дозвола од надлежен орган да се изнесе надвор од границите на Македонија. Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Р. Македонија, со исклучителна вредност. Со преземените дејствија при што добра со исклучителна вредност трајно ги отуѓиле на штета на Р. Македонија, осомничените и непознатите припадници на групата сториле трајна штета за археолошкото, историско, музејско и уметничко истражување на надлежните државни и научни институции. Предметниот обвинител ценејќи дека за седуммина од осомничените се исполнети условите за определување на мерката притвор му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да им определи мерка притвор.

The post Фатени 12 криминалци што продавале археолошки добра од Македонија по светот appeared first on Република.

]]>