КРИК фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/krik-festival/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 07:29:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КРИК фестивал Archives - Република https://republika.mk/tema/krik-festival/ 32 32 Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов: Филозофија и литература против неолиберализмот на фестивалот КРИК https://republika.mk/vesti/proektsija-na-filmot-ekzitus-i-predavane-za-krumov-filozofija-i-literatura-protiv-neoliberalizmot-na-festivalot-krik/ Thu, 04 Jul 2024 07:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=793248

КРИК фестивал на критичка култура, годинава насловен „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, во организација на Контрапункт, ве кани на проекција на филмот „Екзитус“ (1989) на Красимир Крумов и предавањето на бугарскиот филозоф и теоретичар Станимир Панајотов.
Проекцијата и предавањето ќе се одржат во КСП Центар - Јадро на 5 јули (петок), со почеток во 18:30 часот.

Во 1989 година, режисерот Красимир Крумов (1955-2015) го издал својот прв долгометражен филм „Екзитус“, адаптирајќи ја епоничната новела на Златомир Златанов како критика на застојот на доцното социјалистичко бугарско општество. Истата таа година перестројката ја променува земјата засекогаш, и иако без да биде запознаен со тоа, тој успешно ја прикажува филозофската и будистичка проза на Златанов, која влијаела на неговиот прв роман „Удавените“, објавен во 1989 година, одразувајќи естетски и идеолошки протест против задушливата атмосфера на пропаднатиот комунистички проект. Дотолку помалку очекувано, набргу по промените, „Егзитус“ прераснува во трансидеолошко дело, кое истотака, го дијагностицира преминот кон либералниот капитализам и неговите последици.

Предавањето на Станимир Панајотов ќе ја претстави филозофската позадина на Златанов во „Егзитус“ и нејзината поставеност во истоимениот филм; иако накратко ќе претстави како Крумов ги интегрира и литературата и филозофијата во неговото кино, и специфичното вооружување на источната филозофија за време на доцниот социјализам. Предавањето, исто така, ќе се фокусира на улогата на 1990-тите и раниот неолиберализам како и дефинирањето на подоцнежните филозофски дела на Крумов - неговата филозофска проза во „Непознати патишта“, том I и II (2002, 2004) и „Новиот конформизам“ (2015). Крумов ја претставува кинематографијата водена од филозофија, единствена за источно-европската естетика со нејзиниот речиси непосреден одговор на неолиберализмот, рефлектирана и во неговите филмови од 1990-тите и во неговите дела од 2000-тите години. Наследството на Крумов треба да се сфати како осамена и неочекувана критика на доцниот социјализам и раниот капитализам, речиси целосна туѓа и во бугарската, и во источноевропската реалност на раните 1990-ти години, критика која останува трансидеолошка, и взаемно напуштена.

Станимир Панајотов е истражувач на Катедрата за теорија на книжевност, на Институтот за литература, при Бугарската академија на науките. Докторирал на компаративни родови студии на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, а исто така е и постдокторски соработник на Катедрата за логика, етика и естетика на Универзитетот во Софија, работејќи на неговиот проект Немополитика (2023-2026). Претходно, тој бил доцент по филозофија и културни студии (Тјумен, 2021-2023), постдокторски соработник во Центарот за напредни студии во Софија (Бугарија, 2020-2021), а предавал на различни курсеви по хуманистички науки во Будимпешта, Ерусалим и Софија. Тој работи на раскрсниците/интерсекционално на континенталната и феминистичката филозофија, нефилозофијата и доцноантичката филозофија и има објавувано во Minnesota Review, Aspasia, Heathen Harvest, и Metal Music Studies.

The post Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов: Филозофија и литература против неолиберализмот на фестивалот КРИК appeared first on Република.

]]>

КРИК фестивал на критичка култура, годинава насловен „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, во организација на Контрапункт, ве кани на проекција на филмот „Екзитус“ (1989) на Красимир Крумов и предавањето на бугарскиот филозоф и теоретичар Станимир Панајотов. Проекцијата и предавањето ќе се одржат во КСП Центар - Јадро на 5 јули (петок), со почеток во 18:30 часот. Во 1989 година, режисерот Красимир Крумов (1955-2015) го издал својот прв долгометражен филм „Екзитус“, адаптирајќи ја епоничната новела на Златомир Златанов како критика на застојот на доцното социјалистичко бугарско општество. Истата таа година перестројката ја променува земјата засекогаш, и иако без да биде запознаен со тоа, тој успешно ја прикажува филозофската и будистичка проза на Златанов, која влијаела на неговиот прв роман „Удавените“, објавен во 1989 година, одразувајќи естетски и идеолошки протест против задушливата атмосфера на пропаднатиот комунистички проект. Дотолку помалку очекувано, набргу по промените, „Егзитус“ прераснува во трансидеолошко дело, кое истотака, го дијагностицира преминот кон либералниот капитализам и неговите последици. Предавањето на Станимир Панајотов ќе ја претстави филозофската позадина на Златанов во „Егзитус“ и нејзината поставеност во истоимениот филм; иако накратко ќе претстави како Крумов ги интегрира и литературата и филозофијата во неговото кино, и специфичното вооружување на источната филозофија за време на доцниот социјализам. Предавањето, исто така, ќе се фокусира на улогата на 1990-тите и раниот неолиберализам како и дефинирањето на подоцнежните филозофски дела на Крумов - неговата филозофска проза во „Непознати патишта“, том I и II (2002, 2004) и „Новиот конформизам“ (2015). Крумов ја претставува кинематографијата водена од филозофија, единствена за источно-европската естетика со нејзиниот речиси непосреден одговор на неолиберализмот, рефлектирана и во неговите филмови од 1990-тите и во неговите дела од 2000-тите години. Наследството на Крумов треба да се сфати како осамена и неочекувана критика на доцниот социјализам и раниот капитализам, речиси целосна туѓа и во бугарската, и во источноевропската реалност на раните 1990-ти години, критика која останува трансидеолошка, и взаемно напуштена. Станимир Панајотов е истражувач на Катедрата за теорија на книжевност, на Институтот за литература, при Бугарската академија на науките. Докторирал на компаративни родови студии на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта, а исто така е и постдокторски соработник на Катедрата за логика, етика и естетика на Универзитетот во Софија, работејќи на неговиот проект Немополитика (2023-2026). Претходно, тој бил доцент по филозофија и културни студии (Тјумен, 2021-2023), постдокторски соработник во Центарот за напредни студии во Софија (Бугарија, 2020-2021), а предавал на различни курсеви по хуманистички науки во Будимпешта, Ерусалим и Софија. Тој работи на раскрсниците/интерсекционално на континенталната и феминистичката филозофија, нефилозофијата и доцноантичката филозофија и има објавувано во Minnesota Review, Aspasia, Heathen Harvest, и Metal Music Studies.

The post Проекција на филмот „Екзитус“ и предавање за Крумов: Филозофија и литература против неолиберализмот на фестивалот КРИК appeared first on Република.

]]>
Промоција и разговор за култната книга „Уметност и револуција“ од Гералд Рауниг на КРИК фестивалот https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-i-razgovor-za-kultnata-kniga-umetnost-i-revolutsija-od-gerald-raunig-na-krik-festivalot/ Tue, 02 Jul 2024 08:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=792606

Во рамки на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура насловено „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, годинава Контрапункт во својата едиција „Пунктум“ посветена на новите критичко-теориски правци на мислата и дејствувањето, објавува три книги од еден од најзначајните и најпредизвикувачките теоретичари на уметноста и филозофи, Гералд Рауниг. На македонски јазик ќе ги имаме трите најзначајни книги на Рауниг: „Уметност и револуција“ во превод на Катерина Шекутковска, „Дивидуа“ и Дисeмблажа“, во превод на Жарко Трајаноски, кои наскоро, според copy left принципот, за кој Рауниг, исто како и Контрапункт се големи застапувачи, ќе бидат објавени и online, во PDF формат.

На 3 јуни (среда), со почеток во 19:30 часот во Националната галерија „Чифте амам“, низ дијалог помеѓу Рауниг и Ивана Драгшиќ ќе биде промовирана култната „Уметност и револуција“, во превод од германски јазик на Катерина Шекутковска.

„Уметност и револуција“ е своевидна алтернативна историја на уметноста на „долгиот дваесетти век“ која го покрива периодот од Париската комуна, од 1871 година до турбулентните протести против глобализацијата во Џенова во 2001 година. Правејќи детален, прецизен и теориско-креативен премин од ситуационистите и Сергеј Ејзенштајн кон виенскиот акционизам и Publixtheatre Caravan како проект на Volxtheater Favoriten, меѓународна театарска трупа која работи во Виена, која е со уметнички и длабоко политички предзнак и која развива критички перформанси, „Уметност и револуција“ се осврнува на револуционерните исчекори во уметноста и во општеството и оптимистички го исцртува излегувањето од приказните за трагичен неуспех и недвосмислена катастрофа.

Со елоквентна примена на идеите и постулатите на Делез и Гатари за „машината“, Рауниг ја проширува постструктуралистичката теорија на револуцијата до експлозивната врска меѓу уметноста и активизмот.

„Уметност и револуција“ ги охрабрува новите генерации уметници и мислители да одбијат да учествуваат во истрошените рецепти диктирани од пазарот и авторитетите и наместо тоа да создаваат радикални нови методи на социо-културно ангажирање. Рауниг развива неопходна, современа концепција за политичката промена што ги надминува застарените формулации на востание и отпор. Според Рауниг, се пролеа премногу крв и мастило за уметничките машини да смеат да си дозволат да останат одвоени од револуционерните машини.

Во предговорот од изданието од 2017 година, Гералд Рауниг пишува:

„Уметничката историографија, критиката на уметноста и естетиката со задоволство молчат за политичката уметност и за политичкото во специфичните уметнички практики, а ова уште поизразено го прават во поглед на преплетувањето на уметноста и револуцијата. Толку многу големи имиња во историјата на уметност биле инволвирани и во револуциите, а опасните вкрстувања на уметничкиот и политичкиот активизам постојано се минимизираат, се претставуваат како безопасни или ненамерни. Тука преплетувањето не смее да се случи, уметноста како и револуцијата го губат својот машински квалитет преку историзацијата и разложувањето на науките за уметноста.“

Книгата е издадена со поддршка на Гете институт – Скопје.

Гералд Рауниг е филозоф и теоретичар на уметноста. Работи во eipcp (European Institute for Progressive Cultural Policies/Европски институт за прогресивни културни политики) како еден од уредниците на мултијазичната издавачка платформа и е професор по филозофија на Zürcher Hochschule der Künste.

Неговите книги се преведени на англиски, српски, шпански, словенечки, руски, италијански, холандски, турски, а сега, во издание на Контрапункт, во едицијата Пунктум, која е дел од платформата КРИК – фестивал за критичка култура, и на македонски јазик. Меѓу позначајните книги преведени на англиски се: Art and Revolution. Transversal Activism in the Long Twentieth Century, превод на Aileen Derieg, New York/Los Angeles: Semiotext(e)/MIT Press 2007; Art and Contemporary Critical Practice. Reinventing Institutional Critique, London: mayflybooks 2009 (Ed., with Gene Ray); A Thousand Machines , превод на Aileen Derieg, New York/Los Angeles: Semiotext(e)/MIT Press 2010; Critique of Creativity, London: mayflybooks 2011 (Ed., with Gene Ray and Ulf Wuggenig); Factories of Knowledge, Industries of Creativity , превод на Aileen Derieg, New York/Los Angeles: Semiotext(e)/MIT Press 2013; DIVIDUUM. Machinic Capitalism and Molecular Revolution, Vol.1, превод на Aileen Derieg, New York/Los Angeles: Semiotext(e)/MIT Press 2016; Dissemblage. Machinic Capitalism and Molecular Revolution, Vol. 2, Minor Compositions 2022. Во најава е Making Multiplicity, Polity Press 2024.

Во последните години, значаен дел од времето Рауниг работи и живее во Малага, Андалузија, каде што ги истражува и работи со автономните колективи и алтернативните форми на самоорганизација.

Ивана Драгшиќ е социолог и граѓанска операторка со интерес за контракултурни практики, институционални иновации и слободно време. Таа е активна истражувачка, авторка и уредничка на теми за заедништво и екофеминизам, со изразен интерес кон следните испреплетени концепти: јавен простор, урбано зеленило, учество на граѓаните, управување со ресурси, основен универзален приход, грижа и удобност/конвивијалност. Драгшиќ е уметница, аматерска изведувачка, пушта музика на радио и во клубови.

КРИК - Фестивалот за критичка култура, финансиски е поддржан од Гете Институт, Министерството за култура на Република Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив. Како и Agenzia Italiana per la Cooperazione allo Sviluppo (AICS), Tirana во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Промоција и разговор за култната книга „Уметност и револуција“ од Гералд Рауниг на КРИК фестивалот appeared first on Република.

]]>

Во рамки на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура насловено „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, годинава Контрапункт во својата едиција „Пунктум“ посветена на новите критичко-теориски правци на мислата и дејствувањето, објавува три книги од еден од најзначајните и најпредизвикувачките теоретичари на уметноста и филозофи, Гералд Рауниг. На македонски јазик ќе ги имаме трите најзначајни книги на Рауниг: „Уметност и револуција“ во превод на Катерина Шекутковска, „Дивидуа“ и Дисeмблажа“, во превод на Жарко Трајаноски, кои наскоро, според copy left принципот, за кој Рауниг, исто како и Контрапункт се големи застапувачи, ќе бидат објавени и online, во PDF формат. На 3 јуни (среда), со почеток во 19:30 часот во Националната галерија „Чифте амам“, низ дијалог помеѓу Рауниг и Ивана Драгшиќ ќе биде промовирана култната „Уметност и револуција“, во превод од германски јазик на Катерина Шекутковска. „Уметност и револуција“ е своевидна алтернативна историја на уметноста на „долгиот дваесетти век“ која го покрива периодот од Париската комуна, од 1871 година до турбулентните протести против глобализацијата во Џенова во 2001 година. Правејќи детален, прецизен и теориско-креативен премин од ситуационистите и Сергеј Ејзенштајн кон виенскиот акционизам и Publixtheatre Caravan како проект на Volxtheater Favoriten, меѓународна театарска трупа која работи во Виена, која е со уметнички и длабоко политички предзнак и која развива критички перформанси, „Уметност и револуција“ се осврнува на револуционерните исчекори во уметноста и во општеството и оптимистички го исцртува излегувањето од приказните за трагичен неуспех и недвосмислена катастрофа. Со елоквентна примена на идеите и постулатите на Делез и Гатари за „машината“, Рауниг ја проширува постструктуралистичката теорија на револуцијата до експлозивната врска меѓу уметноста и активизмот. „Уметност и револуција“ ги охрабрува новите генерации уметници и мислители да одбијат да учествуваат во истрошените рецепти диктирани од пазарот и авторитетите и наместо тоа да создаваат радикални нови методи на социо-културно ангажирање. Рауниг развива неопходна, современа концепција за политичката промена што ги надминува застарените формулации на востание и отпор. Според Рауниг, се пролеа премногу крв и мастило за уметничките машини да смеат да си дозволат да останат одвоени од револуционерните машини. Во предговорот од изданието од 2017 година, Гералд Рауниг пишува: „Уметничката историографија, критиката на уметноста и естетиката со задоволство молчат за политичката уметност и за политичкото во специфичните уметнички практики, а ова уште поизразено го прават во поглед на преплетувањето на уметноста и револуцијата. Толку многу големи имиња во историјата на уметност биле инволвирани и во револуциите, а опасните вкрстувања на уметничкиот и политичкиот активизам постојано се минимизираат, се претставуваат како безопасни или ненамерни. Тука преплетувањето не смее да се случи, уметноста како и револуцијата го губат својот машински квалитет преку историзацијата и разложувањето на науките за уметноста.“ Книгата е издадена со поддршка на Гете институт – Скопје. Гералд Рауниг е филозоф и теоретичар на уметноста. Работи во eipcp (European Institute for Progressive Cultural Policies/Европски институт за прогресивни културни политики) како еден од уредниците на мултијазичната издавачка платформа и е професор по филозофија на Zürcher Hochschule der Künste. Неговите книги се преведени на англиски, српски, шпански, словенечки, руски, италијански, холандски, турски, а сега, во издание на Контрапункт, во едицијата Пунктум, која е дел од платформата КРИК – фестивал за критичка култура, и на македонски јазик. Меѓу позначајните книги преведени на англиски се: Art and Revolution. Transversal Activism in the Long Twentieth Century, превод на Aileen Derieg, New York/Los Angeles: Semiotext(e)/MIT Press 2007; Art and Contemporary Critical Practice. Reinventing Institutional Critique, London: mayflybooks 2009 (Ed., with Gene Ray); A Thousand Machines , превод на Aileen Derieg, New York/Los Angeles: Semiotext(e)/MIT Press 2010; Critique of Creativity, London: mayflybooks 2011 (Ed., with Gene Ray and Ulf Wuggenig); Factories of Knowledge, Industries of Creativity , превод на Aileen Derieg, New York/Los Angeles: Semiotext(e)/MIT Press 2013; DIVIDUUM. Machinic Capitalism and Molecular Revolution, Vol.1, превод на Aileen Derieg, New York/Los Angeles: Semiotext(e)/MIT Press 2016; Dissemblage. Machinic Capitalism and Molecular Revolution, Vol. 2, Minor Compositions 2022. Во најава е Making Multiplicity, Polity Press 2024. Во последните години, значаен дел од времето Рауниг работи и живее во Малага, Андалузија, каде што ги истражува и работи со автономните колективи и алтернативните форми на самоорганизација. Ивана Драгшиќ е социолог и граѓанска операторка со интерес за контракултурни практики, институционални иновации и слободно време. Таа е активна истражувачка, авторка и уредничка на теми за заедништво и екофеминизам, со изразен интерес кон следните испреплетени концепти: јавен простор, урбано зеленило, учество на граѓаните, управување со ресурси, основен универзален приход, грижа и удобност/конвивијалност. Драгшиќ е уметница, аматерска изведувачка, пушта музика на радио и во клубови. КРИК - Фестивалот за критичка култура, финансиски е поддржан од Гете Институт, Министерството за култура на Република Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив. Како и Agenzia Italiana per la Cooperazione allo Sviluppo (AICS), Tirana во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), проект финансиран од Европската Унија кој има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Промоција и разговор за култната книга „Уметност и револуција“ од Гералд Рауниг на КРИК фестивалот appeared first on Република.

]]>
Со изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ почна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура https://republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhbata-tsrvenoto-uchilishte-na-pisatelkata-dubravka-ugreshik-pochna-devettoto-izdanie-na-krik-festival-za-kritichka-kultura/ Mon, 29 Apr 2024 11:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=772176

Со отворањето на изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ започна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во КСП Јадро, годинава со тематска рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба.

Клучното прашање за Дубравка Угрешиќ во изложбата „Црвеното училиште“ е како и на кој начин како интелектуалец треба да се реагира во време во кое ни изгледа како повеќе да немаме иднина. И како што самата вели во својата последна книга „Нарилник за вештици“ дека местото на литературата и прогресивната култура според неа не се содржи во канонизирањето, во монументалноста, туку дека вистинското места на културата, на литературата е во илегала, во андерграундот. И особено е ова важно, сега кога повеќе ја нема Дубравка Угрешиќ, забележа Петар Милат.

Главниот аспект на изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ како што кажува и самата таа е една археологија на нашето минато. Е сега тоа не е носталгична археологија, тоа не е едно подобро минато, туку археологија која се обидува да го еманципира минатото. Зошто е тоа така? – За повторно да ја создадеме иднината, да ја креираме иднината. Дубравка Угрешиќ која е родена во 1949 во Кутина, во Хрватска, во поранешна Југославија, која растеше во 50-те години во социјализмот и тоа е во еден дел и наслов на оваа изложба „Црвеното училиште“, училиште на социјалистичкото растење Дубравка вели „Кога јас растев, мојата генерација, сè уште верувавме дека постои иднина, а денес повеќе никој не верува во тоа“, изјави Петар Милат од Мултимедијален институт Загреб.

Потфатот на Дубравка Угрешиќ е прустовски и ако Пруст успеа загубеното време да го дофати преку шолјата чај и целиот универзум и таа успеа да го свитка времето од неговата ужасна линеарност. Низ изложбата ќе видиме како девојчето стана уметница и го оствари својот просветителски сон, забележа професор Бојаџиевска.

За Угрешиќ беше важно во рамките на оваа изложба КСП Центар – Јадро во Скопје да бидат интегрален дел и македонските изданија на нејзините четири книги: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Каталог од изложбата Црвеното училиште, фотографските есеи под наслов „Тука нема ништо“ и последната книга која на некој начин е нејзин своевиден тестамент „Нарилник за вештерки“ кои воедно ќе бидат промовирани на 9 мај, а чии преведувачи се Владимр Јанковски и Алек Кузмановски.

фото: фејсбук

The post Со изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ почна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура appeared first on Република.

]]>

Со отворањето на изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ започна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во КСП Јадро, годинава со тематска рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. На почетокот на војната во Југославија, во рацете на Дубравка Угрешиќ случајно се нашол еден учебник, која според годината на издавање лесно би можел да биде и нејзин. Таа епизода ја поттикнала Дубравка Угрешиќ на собирање на учебници, а резултира со низа дела и текстови кои се претставени на оваа изложба. Клучното прашање за Дубравка Угрешиќ во изложбата „Црвеното училиште“ е како и на кој начин како интелектуалец треба да се реагира во време во кое ни изгледа како повеќе да немаме иднина. И како што самата вели во својата последна книга „Нарилник за вештици“ дека местото на литературата и прогресивната култура според неа не се содржи во канонизирањето, во монументалноста, туку дека вистинското места на културата, на литературата е во илегала, во андерграундот. И особено е ова важно, сега кога повеќе ја нема Дубравка Угрешиќ, забележа Петар Милат.
Главниот аспект на изложбата „Црвеното училиште“ на Дубравка Угрешиќ како што кажува и самата таа е една археологија на нашето минато. Е сега тоа не е носталгична археологија, тоа не е едно подобро минато, туку археологија која се обидува да го еманципира минатото. Зошто е тоа така? – За повторно да ја создадеме иднината, да ја креираме иднината. Дубравка Угрешиќ која е родена во 1949 во Кутина, во Хрватска, во поранешна Југославија, која растеше во 50-те години во социјализмот и тоа е во еден дел и наслов на оваа изложба „Црвеното училиште“, училиште на социјалистичкото растење Дубравка вели „Кога јас растев, мојата генерација, сè уште верувавме дека постои иднина, а денес повеќе никој не верува во тоа“, изјави Петар Милат од Мултимедијален институт Загреб.
Потфатот на Дубравка Угрешиќ е прустовски и ако Пруст успеа загубеното време да го дофати преку шолјата чај и целиот универзум и таа успеа да го свитка времето од неговата ужасна линеарност. Низ изложбата ќе видиме како девојчето стана уметница и го оствари својот просветителски сон, забележа професор Бојаџиевска. За Угрешиќ беше важно во рамките на оваа изложба КСП Центар – Јадро во Скопје да бидат интегрален дел и македонските изданија на нејзините четири книги: „Штефица Цвек во челустите на животот“, „Каталог од изложбата Црвеното училиште, фотографските есеи под наслов „Тука нема ништо“ и последната книга која на некој начин е нејзин своевиден тестамент „Нарилник за вештерки“ кои воедно ќе бидат промовирани на 9 мај, а чии преведувачи се Владимр Јанковски и Алек Кузмановски. фото: фејсбук

The post Со изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ почна деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура appeared first on Република.

]]>
Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ https://republika.mk/vesti/kultura/festival-krik-promotsija-na-monografsko-izdanie-za-umetnitsata-shejla-kamerik/ Sun, 08 Oct 2023 11:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=689216

По минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и Прво па женско заеднички со уметницата ја организираа во Националната галерија - Чифте Амам, оваа година , повторно во соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – Прво па женско ќе биде промовирана уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите, бидејќи за Камериќ најважно е плетењето на пријателските мрежи и наративи кои создаваат амбиент на закрила и взаемна поддршка.

Промоцијата ќе се одржи на утре, понеделник во Музејот на современа уметност – Скопје, во 19.30 часот, со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката на книгата Жива Клајндинст, како и авторките Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова.

За себноста, меморијата и ... смеата

Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ (р. Сараево 1976 година; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) создаде извонреден број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување.

Тие ја откриваат трајната верност на Камериќ кон темата на автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. „Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности - минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу - теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција - автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви.

Приложените текстови се преплетуваат и проникнуваат, графички и тематски, и се поставени во релација со репродукции на делата на Камериќ, конфронтирајќи теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоистражување и само-експлоатација.

The post Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>

По минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и Прво па женско заеднички со уметницата ја организираа во Националната галерија - Чифте Амам, оваа година , повторно во соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – Прво па женско ќе биде промовирана уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите, бидејќи за Камериќ најважно е плетењето на пријателските мрежи и наративи кои создаваат амбиент на закрила и взаемна поддршка. Промоцијата ќе се одржи на утре, понеделник во Музејот на современа уметност – Скопје, во 19.30 часот, со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката на книгата Жива Клајндинст, како и авторките Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова. За себноста, меморијата и ... смеата Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ (р. Сараево 1976 година; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) создаде извонреден број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување. Тие ја откриваат трајната верност на Камериќ кон темата на автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. „Mother is a Bitch/Мајката е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на повеќеслојната практика на Камериќ, следејќи ги двете главни линии во суштината на нејзиното творештво: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на сопствените искуства, сеќавања и соништа на Камериќ кои нѐ водат во глобалните простори на раселување и дискриминација. Тие се гледаат низ леќите на родот, трудот, миграцијата, класата и грижата, а проткаени се со испреплетени темпоралности - минатото и сегашноста. Инспирирани од écriture feminine, или „женското писмо“ на Хелен Сиксу - теорија на феминистичката филозофија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и постапка на деконструкција - автор(к)ите на книгата ги сметаат актите на пишување како субверзија на патријархалните императиви. Приложените текстови се преплетуваат и проникнуваат, графички и тематски, и се поставени во релација со репродукции на делата на Камериќ, конфронтирајќи теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоистражување и само-експлоатација.

The post Фестивал КРИК – промоција на монографско издание за уметницата Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>
КРИК фестивал: Перформанс и разговор со авторите на „Обука за реанимација“ вечерва во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/krik-festival-performans-i-razgovor-so-avtorite-na-obuka-za-reanimacija-vecherva-vo-msu/ Thu, 22 Sep 2022 09:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=553125

Перформансот и разговорот со авторите на „Обука за реанимација, дел од програмата на КРИК – фестивал за критичка култура, ќе се одржи вечерва, (четврток, 22 септември) со почеток во 18 часот во Музејот на современа уметност – Скопје. Автори се Феликс Фалчик и Јохана Хершел („Deepfake Situations“) од Германија. Во перформансот ќе земат учество и десет луѓе од Скопје кои претходно се пријавија на јавниот повик..
Злоупотребувајќи ја ситуацијата на вообичаен курс за прва помош, изведбата симулира здружување на група луѓе како итен случај. Учесниците се водат низ различни вежби во кои на радикален начин се практикува односот на поединецот и колективот. Помеѓу напнатоста и опуштањето, несвесноста и проширувањето на свеста, одучувањето од позната ситуација станува политичка мерка изведена со уметнички средства.
“Deepfake Situations” се злоупотреби на секојдневните ситуации со цел преиспитување на начините на здружување. За разлика од илузиите создадени од вештачката интелигенција, „Deepfake Situations“ се однесуваат на развојот на човечките капацитети за изградба на нови ситуации. Произведените „Дипфејкс“, меѓу другото, користат методи на готови продукти, интервенции и учење игра. „Deepfake Situations“ е основан во Институтот за применети театарски студии Гисен (Германија) и има реализирано проекти во Франкфурт, Манхајм, Бохум, Берлин, Стокхолм и Скопје.
Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност – Скопје.
Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб
Партнери за 2022 на фестивалот се Киоск од Белград, Центар Мултимедиа од Приштина, ДокуФест од Призрен, Културтрегер од Загреб, Тииит! Инк, од Скопје, Маска, од Љубљана и kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад..
Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн.
Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Allianz Kulturstiftung и од програмата Креативна Европа.

The post КРИК фестивал: Перформанс и разговор со авторите на „Обука за реанимација“ вечерва во МСУ appeared first on Република.

]]>

Перформансот и разговорот со авторите на „Обука за реанимација, дел од програмата на КРИК – фестивал за критичка култура, ќе се одржи вечерва, (четврток, 22 септември) со почеток во 18 часот во Музејот на современа уметност – Скопје. Автори се Феликс Фалчик и Јохана Хершел („Deepfake Situations“) од Германија. Во перформансот ќе земат учество и десет луѓе од Скопје кои претходно се пријавија на јавниот повик.. Злоупотребувајќи ја ситуацијата на вообичаен курс за прва помош, изведбата симулира здружување на група луѓе како итен случај. Учесниците се водат низ различни вежби во кои на радикален начин се практикува односот на поединецот и колективот. Помеѓу напнатоста и опуштањето, несвесноста и проширувањето на свеста, одучувањето од позната ситуација станува политичка мерка изведена со уметнички средства. “Deepfake Situations” се злоупотреби на секојдневните ситуации со цел преиспитување на начините на здружување. За разлика од илузиите создадени од вештачката интелигенција, „Deepfake Situations“ се однесуваат на развојот на човечките капацитети за изградба на нови ситуации. Произведените „Дипфејкс“, меѓу другото, користат методи на готови продукти, интервенции и учење игра. „Deepfake Situations“ е основан во Институтот за применети театарски студии Гисен (Германија) и има реализирано проекти во Франкфурт, Манхајм, Бохум, Берлин, Стокхолм и Скопје. Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност – Скопје. Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб Партнери за 2022 на фестивалот се Киоск од Белград, Центар Мултимедиа од Приштина, ДокуФест од Призрен, Културтрегер од Загреб, Тииит! Инк, од Скопје, Маска, од Љубљана и kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад.. Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн. Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Allianz Kulturstiftung и од програмата Креативна Европа.

The post КРИК фестивал: Перформанс и разговор со авторите на „Обука за реанимација“ вечерва во МСУ appeared first on Република.

]]>
Седмото издание на КРИК фестивал продолжува со перформансот „Обука за реанимација“ https://republika.mk/vesti/kultura/sedmoto-izdanie-na-krik-festival-prodolzuva-so-performansot-obuka-za-reanimacija/ Mon, 19 Sep 2022 12:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=552256

Седмото издание на КРИК -фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, годинава на тема „Во постојан отпор“ продолжува со вториот дел од својата програма.

На 21 септември (среда) со почеток во 18 часот во Музејот на современа уметност – Скопје, ќе се одржи перформансот „Обука за реанимација“ чии автори се Феликс Фалчик и Јохана Хершел („Deepfake Situations“) од Германија. Во перформансот ќе земат учество и десет луѓе од Скопје кои претходно се пријавија на јавниот повик.

Перформансот ќе биде повторно изведен во петок, 23 септември во МСУ, со почеток во 18 часот. Веднаш потоа ќе се одржи и разговор со авторите.

Злоупотребувајќи ја ситуацијата на вообичаен курс за прва помош, изведбата симулира здружување на група луѓе како итен случај. Учесниците се водат низ различни вежби во кои на радикален начин се практикува односот на поединецот и колективот. Помеѓу напнатоста и опуштањето, несвесноста и проширувањето на свеста, одучувањето од позната ситуација станува политичка мерка изведена со уметнички средства.

“Deepfake Situations” се злоупотреби на секојдневните ситуации со цел преиспитување на начините на здружување. За разлика од илузиите создадени од вештачката интелигенција, „Deepfake Situations“ се однесуваат на развојот на човечките капацитети за изградба на нови ситуации. Произведените „Дипфејкс“, меѓу другото, користат методи на готови продукти, интервенции и учење игра. „Deepfake Situations“ е основан во Институтот за применети театарски студии Гисен (Германија) и има реализирано проекти во Франкфурт, Манхајм, Бохум, Берлин, Стокхолм и Скопје.

„Седмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, во својот фокус има широк спектар на формати низ кои ќе се обидеме да ги артикулираме темата и потребата која сметаме дека ни е приоритена особено во овие времиња кога натежнуваат многу од основните прашања забележани како придобивка на современата цивилизација: демократија, солидарност, создавање заедници.

Културните и уметничките практики, втемелени длабоко во едновремениот отпор и во создавањето на алтернативни општествени, политички текстови и јазици, директно ја проникнуваат, анализираат, аргументираат и толкуваат застрашувачката слика која денес ја живееме – еколошката смрт, ресурсната неодговорност, човековото унижување, био-политичките ентрописки слики – обидувајќи се да се обликуваат себеси како политички субјект кој може да интервенира во понатамошните текови и промени поврзани со општественото тело.

Овогодинешниот КРИК 07 го насловивме „Во постојан отпор“, обмислувајќи ги низ различни формати стратегиите на заеднички и индивидуален отпор кои ни се чинат исклучително важни како начин на живеење во времињата кои непрекинато ни приредуваат нови предизвици, велат програмските уредници Искра Гешоска и Артан Садику.

Во вториот дел на програмата на КРИК ќе се одржат: разговор со Сезгин Бојник, промоција на книга на Артан Садику, изложба и разговор со Шејла Камериќ, во соработка со Тииит!Инк., промоција на книга на Александер Гарсија Дутман.

Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност – Скопје.

 

The post Седмото издание на КРИК фестивал продолжува со перформансот „Обука за реанимација“ appeared first on Република.

]]>

Седмото издание на КРИК -фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, годинава на тема „Во постојан отпор“ продолжува со вториот дел од својата програма. На 21 септември (среда) со почеток во 18 часот во Музејот на современа уметност – Скопје, ќе се одржи перформансот „Обука за реанимација“ чии автори се Феликс Фалчик и Јохана Хершел („Deepfake Situations“) од Германија. Во перформансот ќе земат учество и десет луѓе од Скопје кои претходно се пријавија на јавниот повик. Перформансот ќе биде повторно изведен во петок, 23 септември во МСУ, со почеток во 18 часот. Веднаш потоа ќе се одржи и разговор со авторите. Злоупотребувајќи ја ситуацијата на вообичаен курс за прва помош, изведбата симулира здружување на група луѓе како итен случај. Учесниците се водат низ различни вежби во кои на радикален начин се практикува односот на поединецот и колективот. Помеѓу напнатоста и опуштањето, несвесноста и проширувањето на свеста, одучувањето од позната ситуација станува политичка мерка изведена со уметнички средства. “Deepfake Situations” се злоупотреби на секојдневните ситуации со цел преиспитување на начините на здружување. За разлика од илузиите создадени од вештачката интелигенција, „Deepfake Situations“ се однесуваат на развојот на човечките капацитети за изградба на нови ситуации. Произведените „Дипфејкс“, меѓу другото, користат методи на готови продукти, интервенции и учење игра. „Deepfake Situations“ е основан во Институтот за применети театарски студии Гисен (Германија) и има реализирано проекти во Франкфурт, Манхајм, Бохум, Берлин, Стокхолм и Скопје. „Седмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, во својот фокус има широк спектар на формати низ кои ќе се обидеме да ги артикулираме темата и потребата која сметаме дека ни е приоритена особено во овие времиња кога натежнуваат многу од основните прашања забележани како придобивка на современата цивилизација: демократија, солидарност, создавање заедници. Културните и уметничките практики, втемелени длабоко во едновремениот отпор и во создавањето на алтернативни општествени, политички текстови и јазици, директно ја проникнуваат, анализираат, аргументираат и толкуваат застрашувачката слика која денес ја живееме – еколошката смрт, ресурсната неодговорност, човековото унижување, био-политичките ентрописки слики – обидувајќи се да се обликуваат себеси како политички субјект кој може да интервенира во понатамошните текови и промени поврзани со општественото тело.
Овогодинешниот КРИК 07 го насловивме „Во постојан отпор“, обмислувајќи ги низ различни формати стратегиите на заеднички и индивидуален отпор кои ни се чинат исклучително важни како начин на живеење во времињата кои непрекинато ни приредуваат нови предизвици, велат програмските уредници Искра Гешоска и Артан Садику.
Во вториот дел на програмата на КРИК ќе се одржат: разговор со Сезгин Бојник, промоција на книга на Артан Садику, изложба и разговор со Шејла Камериќ, во соработка со Тииит!Инк., промоција на книга на Александер Гарсија Дутман. Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност – Скопје.  

The post Седмото издание на КРИК фестивал продолжува со перформансот „Обука за реанимација“ appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во КСП Центар- Јадро https://republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-senkite-na-zanaetite-instalacija-na-svetlina-senka-zvuk-od-bilal-jilmaz-i-kuratorkata-lidija-hadzioanu-vo-ksp-centar-jadro/ Thu, 30 Jun 2022 20:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=521861

Во рамки на програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, утревевечер (четврток, 30 јуни) во КСП Центар – Јадро, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз, кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција.

Во рамки на програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, утревевечер (четврток, 30 јуни) во КСП Центар – Јадро, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз, кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција.

„Сенки на занаетите - Скопје“ е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура во Скопје, реализирано за време на едномесечениот престој на уметникот Билал Јулмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во рамките на КРИК – фестивал за критичка култура, заедно со учество на локални креативци. Во контекст на нивниот проект Creative - Craft Platform (Креативна платформа за занаети), Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану имаат цел да воспостават мрежи и заедници на занаети и креативци во контекст на предизвиците кои ги носи со себе постиндустриското општество. Проектот нуди алатки за воспоставување колективна архива на занаетчиската култура и активирање на креативците да размислуваат за потенцијалот на занаетчиството, притоа документирајќи и разбирајќи ги аспектите на трансформацијата на занаетчиството во современиот контекст.

Скопје е првиот град кој е мапиран надвор од Турција, по Истанбул и Ајвалик. Партиципативното истражување реализирано во изминатите неколку недели е претставено на интерактивна дигитална мапа. Тоа е првиот чекор кон формирање на локална заедница на креативци и занаети, која ќе стане дел од динамична меѓународна мрежа на мапирани градови. Инсталацијата го визуелизира процесот на мапирање и истражување, преку предмети и звуци кои го претставуваат занаетчискиот пејзаж на градот.

Креативни истражувачи: Билјана Клекачковска, Милена Сливоска, Ники Танурева, Христина Крстеска, Мелита Ивановска, Маја Стојковска, Ненад Трповски, Јана Коцевска, Марија Милошевска

Оригинален звучен пејзаж: Рубар Диндар

Фотографија: Ненад Трповски

Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану работат заедно од 2018 година, како резултат на заедничкиот интерес и погледот на уметноста како алатка за општествени промени и за истражување на различни формати на уметничка продукција, презентација и искуство. Во летото 2020 година, тие беа поканети на резиденцијална програма во Порта 27, Ајвалик (Турција), во контекст на која го мапираа локалното занаетчиство, изработија занаетчиска мапа на градот и создадоа инсталација со светлина-сенка-звук што го визуелизираше нивното истражување. Истовремено започнаа да ја развиваат Creative-Craft Platform, дигитална и физичка алатка за активирање на соработки помеѓу креативците од различни сфери и занаетчиите, со цел да се открие општествениот, културниот и економскиот потенцијал на занаетите во креативната и социо-културната продукција.

Пред тоа, Билал веќе работел на истражување за потенцијалот на „Занаетчиството во современото општество“ од 2012 година, со неговиот проект Crafted in Istabul, кој е претставен на различни изложби, и прикажан во архивата Arte Util на уметнцата Тања Бругуера како „студија на случај што се базира на уметничка практика да се замисли алтернативна иднина“. Во исто време, Лидија курира проекти кои се насочени кон зајакнување на заедниците и креирање алатки за активирање на партиципативни колективни искуства, базирани меѓу другото на креативната употреба на аналогни и дигитални технологии.

Билал Јилмаз

Билал Јилмаз е интердисциплинарен уметник-дизајнер со седиште во Истанбул. Тој главно користи светлина, звук, движење и интеракција со цел да создаде скулптурни предмети, инсталации и искуства кои ја менуваат перцепцијата на гледачот и носат радост на колективноста. Покрај неговите интердисциплинарни уметнички дела и дизајни, тој развива социјални и колективни проекти создавајќи импакт преку уметност. Билал Јилмаз студирал инженерство за информациски системи на Универзитетот во Истанбул и компјутерски науки на Универзитетот Бингамтон (Њујорк, САД), а магистрирал „Дизајн на индустриски производи“ на Техничкиот универзитет во Истанбул. Неговите интердисциплинарни интереси и образование се рефлектираат на неговата работа, која осцилира помеѓу уметност, дизајн и општествен ангажман. Неговата практика во голема мера се заснова на пронаоѓање и откривање на потенцијалите кои се скриени поради современата општествена, политичка и финансиска реалност, како и на искуствено и колаборативно учење и правење. Многу од она што го прави има за цел да создаде алатки кои ги активираат можностите и заедниците преку замислување и експериментирање со алтернативни системи на ангажирање и колективно производство.

Во 2010 година, Билал Јилмаз основал колаборативно студио на Универзитетот Boğaziçi (Турција) со цел студентите да искусат уметнички и дизајнерски практики, да создаваат заедно и да учат едни од други. Во 2012 година, тој го основал дизајнерскиот колектив Olmaz İşler (Невозможни дела), преку кој стекнал искуство во дизајнирање концептуални внатрешни простори и истражување на интеракцијата на луѓето со нивната околина, предмети и светлина. Неговиот интерес за занаетчиство довел до колективниот проект Crafted In Istanbul (2012), кој има за цел да го открие општествениот, културниот и економскиот потенцијал на занаетчиството во постиндустриската средина, со тоа што ќе донесе видливост на подземните занаетчиски студија во Истанбул, како и отпочнување на соработки помеѓу занаетчии и креативци. Crafted In Istanbul е прикажан во архивата на Arte Útil на уметницата Тања Бругуера како „студија на случај која се потпира на уметничкото размислување за замислување, создавање и спроведување тактики кои го менуваат начинот на кој постапуваме во општеството“.

Билал Јилмаз учествуваше на Истанбулското биенале за современа уметност (2017) и на Истанбулското биенале за дизајн (2014). Бил дел и од повеќе меѓународни фестивали, музеи и галерии. Редовно држи предавања и работилници за различни аспекти од неговата работа во Истанбул и во странство.

Лидија Хаѕиоану

Лидија Хаѕиоану е куратор со седиште во Солун (ГР) и Истанбул (ТР). Од 2004 година, таа е ко-директор на ArtBOX (www.artbox.gr), канцеларија за управување со креативни уметности која конципира, дизајнира и имплементира проекти за современа уметност кои гравитираат околу истражувањето на уметноста како агент на општествени промени, врз основа на долгорочно стратешко планирање. Во овој контекст, таа конципира, курира и координира проекти кои ја потенцираат уметноста како алатка за општествени промени и односот помеѓу уметноста и технологијата, здружувајќи ги заедниците, уметниците и институциите од Грција и од странство.

Во изминатите неколку години, таа била вклучена во проекти кои имаат цел да создадат заедници преку уметност и креативност како средство за охрабрување на учесниците, демократизирање на пристапот до културата и овозможување разбирање на колективноста како алатка за еманципирана акција. Нејзиниот последен проект со ArtBOX, Tale of X Cities, се одвива во 15 различни градови во Северна Грција, обединувајќи ги институциите и граѓаните за да создадат колаборативен онлајн и офлајн фестивал, преку серија онлајн работилници за медиумска писменост и раскажување приказни.

Од 2018 година, таа ги истражува можностите за производство што ги нудат занаетчиството за креативниот сектор, а од 2020 година работи со уметникот Билал Јилмаз, на развивањето на Creative-Craft платформата со цел да се овозможи креативна соработка помеѓу уметниците и занаетчиите.

 

The post Изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во КСП Центар- Јадро appeared first on Република.

]]>

Во рамки на програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, утревевечер (четврток, 30 јуни) во КСП Центар – Јадро, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз, кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. Во рамки на програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, утревевечер (четврток, 30 јуни) во КСП Центар – Јадро, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз, кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. „Сенки на занаетите - Скопје“ е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура во Скопје, реализирано за време на едномесечениот престој на уметникот Билал Јулмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во рамките на КРИК – фестивал за критичка култура, заедно со учество на локални креативци. Во контекст на нивниот проект Creative - Craft Platform (Креативна платформа за занаети), Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану имаат цел да воспостават мрежи и заедници на занаети и креативци во контекст на предизвиците кои ги носи со себе постиндустриското општество. Проектот нуди алатки за воспоставување колективна архива на занаетчиската култура и активирање на креативците да размислуваат за потенцијалот на занаетчиството, притоа документирајќи и разбирајќи ги аспектите на трансформацијата на занаетчиството во современиот контекст. Скопје е првиот град кој е мапиран надвор од Турција, по Истанбул и Ајвалик. Партиципативното истражување реализирано во изминатите неколку недели е претставено на интерактивна дигитална мапа. Тоа е првиот чекор кон формирање на локална заедница на креативци и занаети, која ќе стане дел од динамична меѓународна мрежа на мапирани градови. Инсталацијата го визуелизира процесот на мапирање и истражување, преку предмети и звуци кои го претставуваат занаетчискиот пејзаж на градот. Креативни истражувачи: Билјана Клекачковска, Милена Сливоска, Ники Танурева, Христина Крстеска, Мелита Ивановска, Маја Стојковска, Ненад Трповски, Јана Коцевска, Марија Милошевска Оригинален звучен пејзаж: Рубар Диндар Фотографија: Ненад Трповски Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану работат заедно од 2018 година, како резултат на заедничкиот интерес и погледот на уметноста како алатка за општествени промени и за истражување на различни формати на уметничка продукција, презентација и искуство. Во летото 2020 година, тие беа поканети на резиденцијална програма во Порта 27, Ајвалик (Турција), во контекст на која го мапираа локалното занаетчиство, изработија занаетчиска мапа на градот и создадоа инсталација со светлина-сенка-звук што го визуелизираше нивното истражување. Истовремено започнаа да ја развиваат Creative-Craft Platform, дигитална и физичка алатка за активирање на соработки помеѓу креативците од различни сфери и занаетчиите, со цел да се открие општествениот, културниот и економскиот потенцијал на занаетите во креативната и социо-културната продукција. Пред тоа, Билал веќе работел на истражување за потенцијалот на „Занаетчиството во современото општество“ од 2012 година, со неговиот проект Crafted in Istabul, кој е претставен на различни изложби, и прикажан во архивата Arte Util на уметнцата Тања Бругуера како „студија на случај што се базира на уметничка практика да се замисли алтернативна иднина“. Во исто време, Лидија курира проекти кои се насочени кон зајакнување на заедниците и креирање алатки за активирање на партиципативни колективни искуства, базирани меѓу другото на креативната употреба на аналогни и дигитални технологии. Билал Јилмаз Билал Јилмаз е интердисциплинарен уметник-дизајнер со седиште во Истанбул. Тој главно користи светлина, звук, движење и интеракција со цел да создаде скулптурни предмети, инсталации и искуства кои ја менуваат перцепцијата на гледачот и носат радост на колективноста. Покрај неговите интердисциплинарни уметнички дела и дизајни, тој развива социјални и колективни проекти создавајќи импакт преку уметност. Билал Јилмаз студирал инженерство за информациски системи на Универзитетот во Истанбул и компјутерски науки на Универзитетот Бингамтон (Њујорк, САД), а магистрирал „Дизајн на индустриски производи“ на Техничкиот универзитет во Истанбул. Неговите интердисциплинарни интереси и образование се рефлектираат на неговата работа, која осцилира помеѓу уметност, дизајн и општествен ангажман. Неговата практика во голема мера се заснова на пронаоѓање и откривање на потенцијалите кои се скриени поради современата општествена, политичка и финансиска реалност, како и на искуствено и колаборативно учење и правење. Многу од она што го прави има за цел да создаде алатки кои ги активираат можностите и заедниците преку замислување и експериментирање со алтернативни системи на ангажирање и колективно производство. Во 2010 година, Билал Јилмаз основал колаборативно студио на Универзитетот Boğaziçi (Турција) со цел студентите да искусат уметнички и дизајнерски практики, да создаваат заедно и да учат едни од други. Во 2012 година, тој го основал дизајнерскиот колектив Olmaz İşler (Невозможни дела), преку кој стекнал искуство во дизајнирање концептуални внатрешни простори и истражување на интеракцијата на луѓето со нивната околина, предмети и светлина. Неговиот интерес за занаетчиство довел до колективниот проект Crafted In Istanbul (2012), кој има за цел да го открие општествениот, културниот и економскиот потенцијал на занаетчиството во постиндустриската средина, со тоа што ќе донесе видливост на подземните занаетчиски студија во Истанбул, како и отпочнување на соработки помеѓу занаетчии и креативци. Crafted In Istanbul е прикажан во архивата на Arte Útil на уметницата Тања Бругуера како „студија на случај која се потпира на уметничкото размислување за замислување, создавање и спроведување тактики кои го менуваат начинот на кој постапуваме во општеството“. Билал Јилмаз учествуваше на Истанбулското биенале за современа уметност (2017) и на Истанбулското биенале за дизајн (2014). Бил дел и од повеќе меѓународни фестивали, музеи и галерии. Редовно држи предавања и работилници за различни аспекти од неговата работа во Истанбул и во странство. Лидија Хаѕиоану Лидија Хаѕиоану е куратор со седиште во Солун (ГР) и Истанбул (ТР). Од 2004 година, таа е ко-директор на ArtBOX (www.artbox.gr), канцеларија за управување со креативни уметности која конципира, дизајнира и имплементира проекти за современа уметност кои гравитираат околу истражувањето на уметноста како агент на општествени промени, врз основа на долгорочно стратешко планирање. Во овој контекст, таа конципира, курира и координира проекти кои ја потенцираат уметноста како алатка за општествени промени и односот помеѓу уметноста и технологијата, здружувајќи ги заедниците, уметниците и институциите од Грција и од странство. Во изминатите неколку години, таа била вклучена во проекти кои имаат цел да создадат заедници преку уметност и креативност како средство за охрабрување на учесниците, демократизирање на пристапот до културата и овозможување разбирање на колективноста како алатка за еманципирана акција. Нејзиниот последен проект со ArtBOX, Tale of X Cities, се одвива во 15 различни градови во Северна Грција, обединувајќи ги институциите и граѓаните за да создадат колаборативен онлајн и офлајн фестивал, преку серија онлајн работилници за медиумска писменост и раскажување приказни. Од 2018 година, таа ги истражува можностите за производство што ги нудат занаетчиството за креативниот сектор, а од 2020 година работи со уметникот Билал Јилмаз, на развивањето на Creative-Craft платформата со цел да се овозможи креативна соработка помеѓу уметниците и занаетчиите.  

The post Изложбата „Сенките на занаетите : инсталација на светлина-сенка-звук“ од Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во КСП Центар- Јадро appeared first on Република.

]]>
Во постојан отпор: Почнува 7. издание на КРИК фестивалот за критичка култура https://republika.mk/vesti/kultura/vo-postojan-otpor-pochnuva-7-izdanie-na-krik-festivalot-za-kritichka-kultura/ Mon, 20 Jun 2022 11:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=517606

Утре (вторник 21 јуни, 2022) почнува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, годинава на тема „Во постојан отпор“. Јавната програма започнува со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот Конкордија во Монтреал Канада. Во рамки на програмата тој за пријавените учесници го одржа семинарот „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“. Во рамки на резиденцијалната програма се одржа семинар со Синтија Мичел од Канада на тема „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“. А од 16 до 24 јуни се одржува работилницата „Мапирање на занаетите во Скопје“ со уметникот Билал Јилмаз од Турција и кураторката Лидија Хаѕиоану од Грција.

Утрешното предавање на Нејтан Браун е насловено „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, и ќе се одржи во Чифте амам, со почеток од 20 часот.

Во своите истражувања тој ги опфаќа хуманистичките и епистемолошките области: поезија и поетика, модерна и современа филозофија, книжевност на 20 и 21 век, марксистичка теорија, наука и студии на технологијата. Творештвото на Браун се фокусира на современата уметничка и филмска теорија. Неговото исражување се темели врз материјалистичкиот пристап кон уметноста, филозофијата и политиката.

„Седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во својот фокус има широк спектар на формати низ кои ќе се обидеме да ги артикулираме темата и потребата која сметаме дека ни е приоритена особено во овие времиња кога натежнуваат многу од основните прашања забележани како придобивка на современите цивилизациски придобивки: демократија, солидарност, создавање заедници. Овогодинешниот КРИК 07 го насловивме „Во постојан отпор“ истражувајќи ги и промислувајќи ги критичките и автономните стратегии на отпор, низ лепеза на уметнички, мисловни, разговорни, теориски формати. Стратегиите на заеднички и индивидуален отпор ни се чинат исклучително важни како начин на живеење во времињата кои непрекинато ни приредуваат нови предизвици. Со пандемијата навлеговме во нова војна и продлабочување на економската, општествена и политичка криза во која мораме повторно да ја пронајдеме патеката низ која достоинствено и со интегритет ќе се движиме понатаму, индивидуално и колективно“, велат програмските уредници Искра Гешоска и Артан Садику. (Во прилог на соопштението е и целостниот текст „Во постојан отпор“)

КРИК 07 почнува во месец јуни, а својата програма ќе ја продолжи и во есенските месеци.

ПРОГРАМА

јуни – јули

Резиденцијална програма

8 -10.06.2022, КСП Центар – Јадро

18:30 – 20:30 Семнар со Нејтан Браун „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“

15.06.2022, среда, Музеј на современата уметност

18:00-20:00 Семинар со Синтија Мичел „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“

16 – 24.06.2022, Чифте Амам и Скопје

„Мапирање на занаетите во Скопје„ – Работилница со уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану

 

Јавна програма

21.06. 2022, вторник, Чифте Амам

20:00 – 21:00 Нејтан Браун – „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, предавање

23.06. 2022, четврток, Сули Ан, атриум на Факултет за ликовни уметности

20:00 – 22:00 „Гозба или За љубовта” – концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што критичкото мислење за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото се стимулира со храна и пијалак.

Учествуваат: Славчо Димитров, Никола Маџиров, Ивана Хаџиевска, Милица Пекиќ, Владимир Јанковски, Петар Милат и Елизабета Шелева. Кормилар: Артан Садику

„Гозбата“ ќе биде придружена и со снимени видео матеројали на дијалози за демократијата, од Србија, Косово и Македонија.

[ „Гозба“ е дел од проектот „Изведување демократија“ које партнерски проект со Киоск (Србија) и Докуфест (Косово)]

24.06. 2022, петок, Даут Пашин Амам

20:00 „Сенката на Бодлер” – промоција на двотомното издание на преводот од француски на англиски на „Цвеќињата на злото“ од Шарл Бодлер, од Нејтан Браун и пропратното изднаие на анализата преведувачот, во разговор со Петар Милат. Книгата е заедничко издание на Мултимедијалниот институт од Загреб и на Контрапункт – Скопје.

06. 2022, четврток, КСП Центар – Јадро
20:00 „Сенката на занаетите – Скопје” – инсталација со светло-сенка-звук на Билал Јилмаз од материјалите собрани преку истражувачкиот процес на мапирање на занаети заедно со Лидија Хаѕиоану.

07, петок, Музеј на современа уметност Скопје
19:00 Презентирање на лејбели од Бугарија Amek Collective & Kontingent Records со Ангел Симитчев, Мартин Луканов, Иван Шентов во разговор со Станимир Панајотов и Ивана Драгшиќ

21:00 Live set Shentov, Simitchiev, Lukanov

 

Најава на програмата за месеците септември и октомври:

Изложба и промоција на книга на Дубравка Угрешиќ, рагворор со Сезгин Бојник, промоција на книга на Артан Садику, изложба и разговор на Шејла Камериќ, во соработка со Тииит!Инк., промоција на книга на Александер Гарсија Дутмман, перформанс и разговор со Феликс Фалцук и Јохана Хершел.

—-

КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси.

Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми.

 

—–

Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Петар Милат, Јана Коцевска, Тијана Ана, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ.

Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност

Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб

Партнери за 2022 на фестивалот се Киоск од Белград, Центар Мултимедиа од Приштина, ДокуФест од Призрен, Културтрегер од Загреб, Тииит! Инк, од Скопје, Маска, од Љубљана и kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад..

Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн.

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура наи Allianz Kulturstiftung, Креативна Европа.

 

The post Во постојан отпор: Почнува 7. издание на КРИК фестивалот за критичка култура appeared first on Република.

]]>

Утре (вторник 21 јуни, 2022) почнува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, годинава на тема „Во постојан отпор“. Јавната програма започнува со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот Конкордија во Монтреал Канада. Во рамки на програмата тој за пријавените учесници го одржа семинарот „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“. Во рамки на резиденцијалната програма се одржа семинар со Синтија Мичел од Канада на тема „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“. А од 16 до 24 јуни се одржува работилницата „Мапирање на занаетите во Скопје“ со уметникот Билал Јилмаз од Турција и кураторката Лидија Хаѕиоану од Грција. Утрешното предавање на Нејтан Браун е насловено „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, и ќе се одржи во Чифте амам, со почеток од 20 часот. Во своите истражувања тој ги опфаќа хуманистичките и епистемолошките области: поезија и поетика, модерна и современа филозофија, книжевност на 20 и 21 век, марксистичка теорија, наука и студии на технологијата. Творештвото на Браун се фокусира на современата уметничка и филмска теорија. Неговото исражување се темели врз материјалистичкиот пристап кон уметноста, филозофијата и политиката. „Седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во својот фокус има широк спектар на формати низ кои ќе се обидеме да ги артикулираме темата и потребата која сметаме дека ни е приоритена особено во овие времиња кога натежнуваат многу од основните прашања забележани како придобивка на современите цивилизациски придобивки: демократија, солидарност, создавање заедници. Овогодинешниот КРИК 07 го насловивме „Во постојан отпор“ истражувајќи ги и промислувајќи ги критичките и автономните стратегии на отпор, низ лепеза на уметнички, мисловни, разговорни, теориски формати. Стратегиите на заеднички и индивидуален отпор ни се чинат исклучително важни како начин на живеење во времињата кои непрекинато ни приредуваат нови предизвици. Со пандемијата навлеговме во нова војна и продлабочување на економската, општествена и политичка криза во која мораме повторно да ја пронајдеме патеката низ која достоинствено и со интегритет ќе се движиме понатаму, индивидуално и колективно“, велат програмските уредници Искра Гешоска и Артан Садику. (Во прилог на соопштението е и целостниот текст „Во постојан отпор“) КРИК 07 почнува во месец јуни, а својата програма ќе ја продолжи и во есенските месеци. ПРОГРАМА јуни – јули Резиденцијална програма 8 -10.06.2022, КСП Центар – Јадро 18:30 – 20:30 Семнар со Нејтан Браун „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“ — 15.06.2022, среда, Музеј на современата уметност 18:00-20:00 Семинар со Синтија Мичел „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“ — 16 – 24.06.2022, Чифте Амам и Скопје „Мапирање на занаетите во Скопје„ – Работилница со уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану   Јавна програма 21.06. 2022, вторник, Чифте Амам 20:00 – 21:00 Нејтан Браун – „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, предавање — 23.06. 2022, четврток, Сули Ан, атриум на Факултет за ликовни уметности 20:00 – 22:00 „Гозба или За љубовта” – концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што критичкото мислење за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото се стимулира со храна и пијалак. Учествуваат: Славчо Димитров, Никола Маџиров, Ивана Хаџиевска, Милица Пекиќ, Владимир Јанковски, Петар Милат и Елизабета Шелева. Кормилар: Артан Садику „Гозбата“ ќе биде придружена и со снимени видео матеројали на дијалози за демократијата, од Србија, Косово и Македонија. [ „Гозба“ е дел од проектот „Изведување демократија“ које партнерски проект со Киоск (Србија) и Докуфест (Косово)] — 24.06. 2022, петок, Даут Пашин Амам 20:00 „Сенката на Бодлер” – промоција на двотомното издание на преводот од француски на англиски на „Цвеќињата на злото“ од Шарл Бодлер, од Нејтан Браун и пропратното изднаие на анализата преведувачот, во разговор со Петар Милат. Книгата е заедничко издание на Мултимедијалниот институт од Загреб и на Контрапункт – Скопје. — 06. 2022, четврток, КСП Центар – Јадро 20:00 „Сенката на занаетите – Скопје” – инсталација со светло-сенка-звук на Билал Јилмаз од материјалите собрани преку истражувачкиот процес на мапирање на занаети заедно со Лидија Хаѕиоану. — 07, петок, Музеј на современа уметност Скопје 19:00 Презентирање на лејбели од Бугарија Amek Collective & Kontingent Records со Ангел Симитчев, Мартин Луканов, Иван Шентов во разговор со Станимир Панајотов и Ивана Драгшиќ 21:00 Live set Shentov, Simitchiev, Lukanov   Најава на програмата за месеците септември и октомври: Изложба и промоција на книга на Дубравка Угрешиќ, рагворор со Сезгин Бојник, промоција на книга на Артан Садику, изложба и разговор на Шејла Камериќ, во соработка со Тииит!Инк., промоција на книга на Александер Гарсија Дутмман, перформанс и разговор со Феликс Фалцук и Јохана Хершел. —- КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси. Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми.   —– Тимот на КРИК – фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Петар Милат, Јана Коцевска, Тијана Ана, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ. Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en/) од Загреб Партнери за 2022 на фестивалот се Киоск од Белград, Центар Мултимедиа од Приштина, ДокуФест од Призрен, Културтрегер од Загреб, Тииит! Инк, од Скопје, Маска, од Љубљана и kuda.org (https://kuda.org/) од Нови Сад.. Особена блгодарност до КОМА (@koma.mk) студио за графички дизајн. Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура наи Allianz Kulturstiftung, Креативна Европа.  

The post Во постојан отпор: Почнува 7. издание на КРИК фестивалот за критичка култура appeared first on Република.

]]>