крематориум Archives - Република https://republika.mk/tema/krematorium/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 12:12:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крематориум Archives - Република https://republika.mk/tema/krematorium/ 32 32 Место кремирање си ги собирале телата, на роднините им давале лажна пепел https://republika.mk/vesti/svet/mesto-kremirane-si-gi-sobirale-telata-na-rodninite-im-davale-lazhna-pepel/ Tue, 06 Aug 2024 14:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=803895

Американскиот погребален дом „Пенроус“ од Колорадо е казнет со 950 милиони долари на суд, пари што мора да им ги плати на семејствата на починатите затоа што земале пари за кремирање и им дале на семејствата лажна пепел наместо останки.

Би-Би-Си пренесува дека измамата на погребалната фирма била откриена кога биле пронајдени 190 тела во фаза на распаѓање, откако на нивниот имот било пријавена непријатна миризба, што довела до истрага.

Судијата нареди погребалната фирма „Пенроус“ да им плати надомест на семејствата на починатите, но малку е веројатно дека ќе дојде до исплата на сумата бидејќи компанијата е во сериозни финансиски проблеми.

На изрекувањето на пресудата не присуствуваа сопствениците на поребалната форма, а против нив тужба поднесоа повеќе од 100 членови на семејствата на починати.

Сопственикот на бизнисот Џон Холфорд е во притвор, додека неговата сопруга е пуштена со кауција.

The post Место кремирање си ги собирале телата, на роднините им давале лажна пепел appeared first on Република.

]]>

Американскиот погребален дом „Пенроус“ од Колорадо е казнет со 950 милиони долари на суд, пари што мора да им ги плати на семејствата на починатите затоа што земале пари за кремирање и им дале на семејствата лажна пепел наместо останки. Би-Би-Си пренесува дека измамата на погребалната фирма била откриена кога биле пронајдени 190 тела во фаза на распаѓање, откако на нивниот имот било пријавена непријатна миризба, што довела до истрага. Судијата нареди погребалната фирма „Пенроус“ да им плати надомест на семејствата на починатите, но малку е веројатно дека ќе дојде до исплата на сумата бидејќи компанијата е во сериозни финансиски проблеми. На изрекувањето на пресудата не присуствуваа сопствениците на поребалната форма, а против нив тужба поднесоа повеќе од 100 членови на семејствата на починати. Сопственикот на бизнисот Џон Холфорд е во притвор, додека неговата сопруга е пуштена со кауција.

The post Место кремирање си ги собирале телата, на роднините им давале лажна пепел appeared first on Република.

]]>
Eнергетската криза во Германија удри и по умирачката: Нема доволно гас за кремирање на мртовците https://republika.mk/vesti/svet/energetskat-kriza-vo-germanija-udri-i-po-umirachkata-nema-dovolno-gas-za-kremiranje-na-mrtovcite/ Thu, 04 Aug 2022 13:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=536791

Енергетската криза ги принуди погребниците во Германија да исклучат голем број печки во крематориумите за да заштедат гас.

Претставниците на здружението на гробари предупредуваат дека бројот на печки со кои работат можеби не е доволен за нешто помалку од милион починати лица годишно, чии семејства одлучуваат да ги кремираат нивните тела и бараат државата да ги изземе од најавените ограничувања. .

Претседателот на германскиот конзорциум за кремирање Свенд-Јерк Соболевски објасни дека крематориумите биле принудени да исклучат речиси половина од печките што ги имаат.

„Некои печки се исклучени, а други мора постојано да работат за да не се изладат, бидејќи за нивно загревање е потребно многу поголемо количество гас“, објасни Соболевски.

Тој додаде дека крематориумите на овој начин штедат гас и се усогласени со препораките на Европската комисија за намалување на потрошувачката на оваа енергија за 15 проценти. Сепак, според него, не можат сите крематориуми да се префрлат на тој систем.

„Не секој има толку клиенти. Некои имаат само една или две печки. Тоа значи дека во случај на ограничувања, тие крематориуми ќе треба да се затворат“, рече Соболевски.

Според првиот човек на Здружението на гробари на Германија, Стефан Нојзер, постои уште една опција за заштеда, а тоа е намалување на температурата во рерните.

„Температурата во печките сега е 850 степени Целзиусови. Постои можност да се намали на 750 степени. Така би заштедиле десет до 20 отсто од гасот. Сепак, законите за кремирање се многу прецизни и строги, па затоа би треба да ја одобрат таа опција прво властите“, рече Нојзер.

 

The post Eнергетската криза во Германија удри и по умирачката: Нема доволно гас за кремирање на мртовците appeared first on Република.

]]>

Енергетската криза ги принуди погребниците во Германија да исклучат голем број печки во крематориумите за да заштедат гас. Претставниците на здружението на гробари предупредуваат дека бројот на печки со кои работат можеби не е доволен за нешто помалку од милион починати лица годишно, чии семејства одлучуваат да ги кремираат нивните тела и бараат државата да ги изземе од најавените ограничувања. . Претседателот на германскиот конзорциум за кремирање Свенд-Јерк Соболевски објасни дека крематориумите биле принудени да исклучат речиси половина од печките што ги имаат.
„Некои печки се исклучени, а други мора постојано да работат за да не се изладат, бидејќи за нивно загревање е потребно многу поголемо количество гас“, објасни Соболевски.
Тој додаде дека крематориумите на овој начин штедат гас и се усогласени со препораките на Европската комисија за намалување на потрошувачката на оваа енергија за 15 проценти. Сепак, според него, не можат сите крематориуми да се префрлат на тој систем.
„Не секој има толку клиенти. Некои имаат само една или две печки. Тоа значи дека во случај на ограничувања, тие крематориуми ќе треба да се затворат“, рече Соболевски.
Според првиот човек на Здружението на гробари на Германија, Стефан Нојзер, постои уште една опција за заштеда, а тоа е намалување на температурата во рерните. „Температурата во печките сега е 850 степени Целзиусови. Постои можност да се намали на 750 степени. Така би заштедиле десет до 20 отсто од гасот. Сепак, законите за кремирање се многу прецизни и строги, па затоа би треба да ја одобрат таа опција прво властите“, рече Нојзер.  

The post Eнергетската криза во Германија удри и по умирачката: Нема доволно гас за кремирање на мртовците appeared first on Република.

]]>
Проблемите со испораките на гас во Германија може да го отежнат работењето на крематориумите https://republika.mk/vesti/svet/problemite-so-isporakite-na-gas-vo-germanija-moze-da-go-oteznat-rabotenjeto-na-krematoriumite/ Mon, 01 Aug 2022 21:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=535905

Нарушувањата предизвикани со намалувањето на испораките на рускиот гас во Германија може да создадат проблеми во работата на тамошните крематориуми, пишува агенцијата Reuters.

Агенцијата го цитира шефот на германскиот конзорциум за кремирање, Свен-Јорк Соболевски, кој истакнува дека доколку биде воведено рационализирање на потрошувачката на гасот во Германија, приоритет и изземање од рестрикциите би требало да добијат крематориумите, бидејќи за нивно функционирање е потребен гасот.

Едноставно, не можете да ја оневозможите смртта, додал Соболевски.

Според германското здружение на погребните претпријатија, на кои се повикува агенцијата Reuters, околу три четвртини од останките на починатите Германци се кремираат секоја година.

Соболевски додал дека со текот на времето крематориумите ќе можат да го заменат гасот со електрична енергија, но дека за таквото преминување ќе биде потребно време.

Како краткорочна мерка, се наведува дека можно е намалување на температурите на печките за кремирање од 850 на 750 Целзиусови степени, што ќе заштеди меѓу 10 до 20 отсто од количеството на гас. Меѓутоа, за да се преземат таквите мерки потребни се дозволи од локалните власти.

Покрај тоа, појаснува претставникот на конзорциумот, некои крематориуми ги исклучуваат печките додека другите во индустријата, како и во други сектори, сличните постројки се одржуваат вклучени за да се заштедат пари поради зголемената потрошувачка на гасот при нивно повторно вклучување и загревање. Истакнува дека таквата мерка може да ја намали потрошувачката на гас дури за 80 отсто, но не сите крематориуми се доволно ангажирани за да можат да се префрлат на овој модел на функционирање.

The post Проблемите со испораките на гас во Германија може да го отежнат работењето на крематориумите appeared first on Република.

]]>

Нарушувањата предизвикани со намалувањето на испораките на рускиот гас во Германија може да создадат проблеми во работата на тамошните крематориуми, пишува агенцијата Reuters. Агенцијата го цитира шефот на германскиот конзорциум за кремирање, Свен-Јорк Соболевски, кој истакнува дека доколку биде воведено рационализирање на потрошувачката на гасот во Германија, приоритет и изземање од рестрикциите би требало да добијат крематориумите, бидејќи за нивно функционирање е потребен гасот. Едноставно, не можете да ја оневозможите смртта, додал Соболевски. Според германското здружение на погребните претпријатија, на кои се повикува агенцијата Reuters, околу три четвртини од останките на починатите Германци се кремираат секоја година. Соболевски додал дека со текот на времето крематориумите ќе можат да го заменат гасот со електрична енергија, но дека за таквото преминување ќе биде потребно време. Како краткорочна мерка, се наведува дека можно е намалување на температурите на печките за кремирање од 850 на 750 Целзиусови степени, што ќе заштеди меѓу 10 до 20 отсто од количеството на гас. Меѓутоа, за да се преземат таквите мерки потребни се дозволи од локалните власти. Покрај тоа, појаснува претставникот на конзорциумот, некои крематориуми ги исклучуваат печките додека другите во индустријата, како и во други сектори, сличните постројки се одржуваат вклучени за да се заштедат пари поради зголемената потрошувачка на гасот при нивно повторно вклучување и загревање. Истакнува дека таквата мерка може да ја намали потрошувачката на гас дури за 80 отсто, но не сите крематориуми се доволно ангажирани за да можат да се префрлат на овој модел на функционирање.

The post Проблемите со испораките на гас во Германија може да го отежнат работењето на крематориумите appeared first on Република.

]]>