кредитен рејтинг Archives - Република https://republika.mk/tema/krediten-rejting/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 13:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кредитен рејтинг Archives - Република https://republika.mk/tema/krediten-rejting/ 32 32 „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација https://republika.mk/vesti/ekonomija/standard-i-purs-ochekuva-zabrzuvane-na-ekonomijata-stabilizirane-na-javniot-dolg-i-zajaknata-fiskalna-konsolidatsija-2/ Wed, 31 Jul 2024 13:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=802009

Македонската економија во 2024 година се очекува да забрза до ниво од 2,5% и да достигне 3 % до 2027 година, јавниот долг да остане умерен и да се стабилизира на 57% од БДП до 2027 година, а буџетскиот дефицит за годинава е ревидиран на 4,9 % и се очекува од 2025 година да се зајакнат напорите за фискална консолидација согласно Законот за буџети. Ова го констатира Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандар и пурс“ во најновиот извештај со кој земјата го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи.

„Стандард и пурс“ во извештајот наведува дека земјата забележа стапка на раст од 1,3% во 2023 година, продолжувајќи го ваквиот тренд од последните две години, поради слабата надворешна побарувачка и инвестиции. Поконкретно, во извештајот се констатира дека „во првиот квартал од 2024 година, економијата забележа раст од 1,3% на годишно ниво, што е доминантно поттикнат од инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти“, кои според Агенцијата и во наредниот период ќе бидат двигатели на економскиот раст. Ризиците кои може да влијаат на намалување на растот се поврзани со неизвесното економско окружување во ЕУ и потенцијалот за зголемување на цените на суровините поттикнати од глобалните геополитички тензии. Сепак, очекувањата на Aгенцијата се растот да закрепне и да достигне 3% до 2027 година поттикнат од очекуваното зголемување на надворешната побарувачка и зајакнување на кредитната активност.

И покрај слабиот економски раст, „Стандард и пурс“ нотира дека постигнато е значително намалување на стапката на невработеност, која е намалена на ниво од 12,9% во првиот квартал од 2024 година и дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина поддржан од приливот на странски директни инвестиции. Ризик на кој се посочува е високото ниво на емиграција, значителниот неформален сектор и недостигот на квалификувана работна сила.

Исто така, во извештајот се нотира дека послабите изгледи за економскиот раст за оваа година се пресликуваат и во ревидираниот буџет кој се фокусира на пораст на пензиите, платите и сервисирање на долговите, и намалување на другите расходи, а воедно буџетскиот дефицит за 2024 година е ревидиран на ниво од 4,9%. Значајно, според „Стандард и пурс“ е почитување на Законот за буџети и понатамошна фискална консолидација. Во периодот 2024-2027 буџетскиот дефицит во просек е проектиран на 3,5% од БДП. При тоа клучни предизвици на кои се упатува во извештајот се неформалниот сектор и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти.

Клучно според „Стандард и пурс“ е да се продолжи со обезбедување силен економски раст и спроведување на структурните реформи. Примарна агенда на Владата, нотира Агенцијата, се сеопфатни реформи насочени кон ревитализација на институциите, борба со корупцијата и почитување на владеењето на правото. Клучна цел е економскиот раст, поставен на 5%, поттикнат од големите инфраструктурни проекти, привлекување нови инвестиции, зајканување на наплатата на даноците и зголемување на приходите, зголемување на пензиите и платите.

Кредитниот рејтинг, кој го изготвуваат Агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Кредитниот рејтинг на земјата го оценуваат „Стандард и пурс“ и „Фич“ двапати во годината.

The post „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација appeared first on Република.

]]>

Македонската економија во 2024 година се очекува да забрза до ниво од 2,5% и да достигне 3 % до 2027 година, јавниот долг да остане умерен и да се стабилизира на 57% од БДП до 2027 година, а буџетскиот дефицит за годинава е ревидиран на 4,9 % и се очекува од 2025 година да се зајакнат напорите за фискална консолидација согласно Законот за буџети. Ова го констатира Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандар и пурс“ во најновиот извештај со кој земјата го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи. „Стандард и пурс“ во извештајот наведува дека земјата забележа стапка на раст од 1,3% во 2023 година, продолжувајќи го ваквиот тренд од последните две години, поради слабата надворешна побарувачка и инвестиции. Поконкретно, во извештајот се констатира дека „во првиот квартал од 2024 година, економијата забележа раст од 1,3% на годишно ниво, што е доминантно поттикнат од инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти“, кои според Агенцијата и во наредниот период ќе бидат двигатели на економскиот раст. Ризиците кои може да влијаат на намалување на растот се поврзани со неизвесното економско окружување во ЕУ и потенцијалот за зголемување на цените на суровините поттикнати од глобалните геополитички тензии. Сепак, очекувањата на Aгенцијата се растот да закрепне и да достигне 3% до 2027 година поттикнат од очекуваното зголемување на надворешната побарувачка и зајакнување на кредитната активност. И покрај слабиот економски раст, „Стандард и пурс“ нотира дека постигнато е значително намалување на стапката на невработеност, која е намалена на ниво од 12,9% во првиот квартал од 2024 година и дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина поддржан од приливот на странски директни инвестиции. Ризик на кој се посочува е високото ниво на емиграција, значителниот неформален сектор и недостигот на квалификувана работна сила. Исто така, во извештајот се нотира дека послабите изгледи за економскиот раст за оваа година се пресликуваат и во ревидираниот буџет кој се фокусира на пораст на пензиите, платите и сервисирање на долговите, и намалување на другите расходи, а воедно буџетскиот дефицит за 2024 година е ревидиран на ниво од 4,9%. Значајно, според „Стандард и пурс“ е почитување на Законот за буџети и понатамошна фискална консолидација. Во периодот 2024-2027 буџетскиот дефицит во просек е проектиран на 3,5% од БДП. При тоа клучни предизвици на кои се упатува во извештајот се неформалниот сектор и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти. Клучно според „Стандард и пурс“ е да се продолжи со обезбедување силен економски раст и спроведување на структурните реформи. Примарна агенда на Владата, нотира Агенцијата, се сеопфатни реформи насочени кон ревитализација на институциите, борба со корупцијата и почитување на владеењето на правото. Клучна цел е економскиот раст, поставен на 5%, поттикнат од големите инфраструктурни проекти, привлекување нови инвестиции, зајканување на наплатата на даноците и зголемување на приходите, зголемување на пензиите и платите. Кредитниот рејтинг, кој го изготвуваат Агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки. Кредитниот рејтинг на земјата го оценуваат „Стандард и пурс“ и „Фич“ двапати во годината.

The post „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација appeared first on Република.

]]>
МФ: Потврден кредитниот рејтинг на Македонија ББ+ со стабилен изглед од „Фич“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/mf-potvrden-kreditniot-rejting-na-makedonija-bb-so-stabilen-izgled-od-fich/ Sat, 06 Apr 2024 09:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=762988

Република Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управување од земјите со слични економски перформанси и евроинтегративниот процес, кој е основа на реформите на среден рок. Ова се фактори со коишто земјата во најновиот извештај на Кредитната агенција „Фич“, го задржа кредитниот рејтинг позициониран на „ББ+“ со стабилен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии.

Како што наведува во извештајот „Фич“ очекува растот да зајакне во 2024 година, буџетскиот дефицит да се намали, а инфлацијата да се намалува.

Во 2024 година, според „Фич“, растот се очекува да зајакне на 2,9 проценти поттикнат главно од приватната потрошувачка, поткрепена од растот на платите, потоа реализацијата на проектот на автопатите на коридорите 8 и 10д, како и континуираниот прилив на странски директни инвестиции. „Фич“ прогнозира растот дополнително да се зголеми во 2025 година на 3,6%, базиран на подобрените изгледи кај клучните трговски партнери на земјата. Позитивно влијание се очекува и од финансиската поддршка преку новиот европски План за раст на Западен Балкан.

Според „Фич“, како што е наведено во извештајот, во 2024 година се очекува да се намали буџетскиот дефицит на 3,8 проценти од БДП, под влијание на мерките преземени на приходната страна и зголемувањето на економската активност. Заштеди се лоцираат и во делот на енергетските и земјоделските субвенции. Во 2023 година, домашните извори за финансирање беа значителни, но, исто така финансирањето беше поткрепено од меѓународните финансиски институции..

-Инфлацијата, согласно извештајот на „Фич“ се нормализира и во февруари изнесува три проценти и се очекува просечно во 2024 таа да изнесува 3,7 проценти, додека во 2025 година да се спушти на 2,8 проценти. Според „Фич“, позитивно влијание се очекува од напредокот во евроинтеграцискиот процес и спроведување на реформите, посочува Министерството за финансии.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа и претставува еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки. Кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед РС Македонија го одржува од 2019 годинa.

Кредитната агенција „Стандард и пурс“ која исто така ги оценува кредитниот рејтинг на земјата, а воедно и политиките што ги спроведува на почетокот на годината даде оценка за конзистентност на политиките и напорите за фискална консолидација и економски раст.

The post МФ: Потврден кредитниот рејтинг на Македонија ББ+ со стабилен изглед од „Фич“ appeared first on Република.

]]>

Република Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управување од земјите со слични економски перформанси и евроинтегративниот процес, кој е основа на реформите на среден рок. Ова се фактори со коишто земјата во најновиот извештај на Кредитната агенција „Фич“, го задржа кредитниот рејтинг позициониран на „ББ+“ со стабилен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии.
Како што наведува во извештајот „Фич“ очекува растот да зајакне во 2024 година, буџетскиот дефицит да се намали, а инфлацијата да се намалува. Во 2024 година, според „Фич“, растот се очекува да зајакне на 2,9 проценти поттикнат главно од приватната потрошувачка, поткрепена од растот на платите, потоа реализацијата на проектот на автопатите на коридорите 8 и 10д, како и континуираниот прилив на странски директни инвестиции. „Фич“ прогнозира растот дополнително да се зголеми во 2025 година на 3,6%, базиран на подобрените изгледи кај клучните трговски партнери на земјата. Позитивно влијание се очекува и од финансиската поддршка преку новиот европски План за раст на Западен Балкан. Според „Фич“, како што е наведено во извештајот, во 2024 година се очекува да се намали буџетскиот дефицит на 3,8 проценти од БДП, под влијание на мерките преземени на приходната страна и зголемувањето на економската активност. Заштеди се лоцираат и во делот на енергетските и земјоделските субвенции. Во 2023 година, домашните извори за финансирање беа значителни, но, исто така финансирањето беше поткрепено од меѓународните финансиски институции..
-Инфлацијата, согласно извештајот на „Фич“ се нормализира и во февруари изнесува три проценти и се очекува просечно во 2024 таа да изнесува 3,7 проценти, додека во 2025 година да се спушти на 2,8 проценти. Според „Фич“, позитивно влијание се очекува од напредокот во евроинтеграцискиот процес и спроведување на реформите, посочува Министерството за финансии.
Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа и претставува еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки. Кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед РС Македонија го одржува од 2019 годинa. Кредитната агенција „Стандард и пурс“ која исто така ги оценува кредитниот рејтинг на земјата, а воедно и политиките што ги спроведува на почетокот на годината даде оценка за конзистентност на политиките и напорите за фискална консолидација и економски раст.

The post МФ: Потврден кредитниот рејтинг на Македонија ББ+ со стабилен изглед од „Фич“ appeared first on Република.

]]>
„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/standard-i-purs-go-potvrdi-kreditniot-rejting-na-makedonija/ Sat, 29 Jul 2023 08:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=666545

Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокот во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети, е нотирано во најновиот извештај на Агенцијата „Стандард и Пурс“ која го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ со стабилен изглед.

Во извештајот се наведува дека Македонија ќе продолжи со фискалната консолдација, намалувањето на инфлацијата и заштитата на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво.

Кредитниот рејтинг ББ - со стабилен изглед, како што посочува Министерството за финансии, земјава го има во континуитет од 2013 година и е задржан и покрај здравствено-економската криза и ценовната и енергетската криза.

Агенцијата нотира дека e значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики, што може да придонесе и за зголемување на рејтингот. Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,4 проценти, кое е пониско од владините проекции (4,6 проценти). Донесениот Закон за буџети, сметаат од Агенцијата, ќе помогне во забрзување на фискалната консолидација. Владата е насочена кон намалување на трошоците, а даночната реформа се очекува да ги зајакне приходите. Државниот долг на среден рок се очекува да се стабилизира, информираат од Министерството за финансии.

Во извештајот се посочува дека Владата е посветена на одржување на атрактивноста на земјата за странски директни инвестиции.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Претходно, земјава доби потврда и од Агенцијата „Фич“ која го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен.

The post „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија appeared first on Република.

]]>

Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен имплус ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокот во ЕУ интергацијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети, е нотирано во најновиот извештај на Агенцијата „Стандард и Пурс“ која го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ со стабилен изглед.
Во извештајот се наведува дека Македонија ќе продолжи со фискалната консолдација, намалувањето на инфлацијата и заштитата на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво. Кредитниот рејтинг ББ - со стабилен изглед, како што посочува Министерството за финансии, земјава го има во континуитет од 2013 година и е задржан и покрај здравствено-економската криза и ценовната и енергетската криза.
Агенцијата нотира дека e значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики, што може да придонесе и за зголемување на рејтингот. Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,4 проценти, кое е пониско од владините проекции (4,6 проценти). Донесениот Закон за буџети, сметаат од Агенцијата, ќе помогне во забрзување на фискалната консолидација. Владата е насочена кон намалување на трошоците, а даночната реформа се очекува да ги зајакне приходите. Државниот долг на среден рок се очекува да се стабилизира, информираат од Министерството за финансии.
Во извештајот се посочува дека Владата е посветена на одржување на атрактивноста на земјата за странски директни инвестиции.
Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки, се вели во соопштението од Министерството за финансии.
Претходно, земјава доби потврда и од Агенцијата „Фич“ која го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен.

The post „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија appeared first on Република.

]]>
Митрополитот на Нубија и Судан: Во православната црква во Картум два дена се заглавени 15 лица https://republika.mk/vesti/svet/podobren-kreditniot-rejting-na-zemjata/ Sun, 16 Apr 2023 17:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=631319

Грци, Суданци, Етиопјани и Руси, вкупно15 лица од саботата се заглавени во православната црква во Картум, според митрополитот на Нубија и Судан, Савас, кој за грчката државна телевизија „ЕРТ“, истакна дека ноќта поминала мирно, но утрово продолжиле судирите и континуирано се слушаат пукотници, јави дописничката на МИА од Атина.

Митрополитот, кој е заедно со верниците рече дека имаат прекини во снабдувањето со вода и струја, но не постои проблем, бидејќи засега имаат резерви.

- Во комуникација сме со Министерството за надворешни работи и постојан контакт со амбасадорот на Грција во Каиро, во моментов е многу тешко да се најде решение поради ситуацијата, но се обидуваме да најдеме решенија, истакна митрополитот Савас, кој додаде дека не можат да излезат од Соборниот храм, ниту да видат што се случува надвор, бидејќи е многу опасно.

Според Министерството за надворешни работи на Грција меѓу повредените во Судан се и двајца грчки државјани, кои се хоспитализирани.

Од грчкото МНР соопштија дека по наредба министерот за надворешни работи Никос Дендиас активирана е Единицата за управување со кризи, која е во комуникација и координација со останатите земји- членки на ЕУ преку системот за конзуларна соработка, како и со митрополитот Савас.

Преку соопштението уште еднаш побараа од сите Грци кои се наоѓаат во Судан да се придржуваат кон безбедносните мерки и да ги избегнуваат непотребните движења.

The post Митрополитот на Нубија и Судан: Во православната црква во Картум два дена се заглавени 15 лица appeared first on Република.

МФ: Задржан кредитниот рејтинг во време на меѓународна криза https://republika.mk/vesti/ekonomija/mf-zadrzan-kreditniot-rejting-vo-vreme-na-megjunarodna-kriza/ Sat, 30 Apr 2022 10:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=495655

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Р Македонија на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотира добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс.

Како што соопшти денеска Министерството за финансии, задржувањето на кредитниот рејтинг е особeно значајно за Р Македонија во услови на глобална криза. Агенцијата нотира дека негативниот изглед ги рефлектира ризиците со кои земјата се соочува по пандемскиот шок и ефектите од настаните во Украина.

„Фич“ во извештајот наведува дека негативните влијанија делумно ќе бидат избалансирани со растот на домашната побарувачка, која е поддржана од владините мерки за раст на платите и јавните инвестиции.

Агенцијата предвидува раст на македонската економија од 2,8 отсто во 2022 година, како резултат на проблемите во глобалните синџири на дистрибуција, последиците од прекините во снабдувањето со енергија и зависноста од увоз на гас од Русија. Со намалувањето на геополитичките ризици и притисоците на цената на енергијата, како и со постепената фискална консолидација со акцент на јавните инвестиции се очекува растот на економијата да достигне 3 отсто од БДП во 2023 година, посочуваат од „Фич“.

Очекувањата на Агенцијата во врска со буџетскиот дефицит за 2022 година се дека истиот ќе биде повисок од оној во 2021 година, како резултат на владиниот одговор на ценовната и енергетската криза, зголемувањето на минималната плата, повисоките пензиски трошоци и поддршката на одредени клучни сектори во економијата. За справување со кризата Владата воведе пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Од „Фич“ предвидуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,8 проценти во 2023 година, со повлекувањето на мерките за поддршка, како што се намалување на стапките на ДДВ и поддршката за енергетскиот сектор, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Според „Фич“ силна поддршка за посветеноста на властите кон фискална консолидација, што би довело до намалување на фискалниот дефицит и стабилизација на долгот би била бараната двегодишната линија за претпазливост и ликвидност со ММФ. Агенцијата очекува државниот долг да достигне 55,2 отсто од БДП до крајот на оваа година и 56 проценти од БДП до 2023 година.

Претходно кредитниот рејтинг на Р Македонија го потврди Агенцијата „Стандард и Пурс“, „ББ-“ со стабилен изглед. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

The post МФ: Задржан кредитниот рејтинг во време на меѓународна криза appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Р Македонија на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотира добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, задржувањето на кредитниот рејтинг е особeно значајно за Р Македонија во услови на глобална криза. Агенцијата нотира дека негативниот изглед ги рефлектира ризиците со кои земјата се соочува по пандемскиот шок и ефектите од настаните во Украина. „Фич“ во извештајот наведува дека негативните влијанија делумно ќе бидат избалансирани со растот на домашната побарувачка, која е поддржана од владините мерки за раст на платите и јавните инвестиции. Агенцијата предвидува раст на македонската економија од 2,8 отсто во 2022 година, како резултат на проблемите во глобалните синџири на дистрибуција, последиците од прекините во снабдувањето со енергија и зависноста од увоз на гас од Русија. Со намалувањето на геополитичките ризици и притисоците на цената на енергијата, како и со постепената фискална консолидација со акцент на јавните инвестиции се очекува растот на економијата да достигне 3 отсто од БДП во 2023 година, посочуваат од „Фич“. Очекувањата на Агенцијата во врска со буџетскиот дефицит за 2022 година се дека истиот ќе биде повисок од оној во 2021 година, како резултат на владиниот одговор на ценовната и енергетската криза, зголемувањето на минималната плата, повисоките пензиски трошоци и поддршката на одредени клучни сектори во економијата. За справување со кризата Владата воведе пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за поддршка на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Од „Фич“ предвидуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,8 проценти во 2023 година, со повлекувањето на мерките за поддршка, како што се намалување на стапките на ДДВ и поддршката за енергетскиот сектор, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. Според „Фич“ силна поддршка за посветеноста на властите кон фискална консолидација, што би довело до намалување на фискалниот дефицит и стабилизација на долгот би била бараната двегодишната линија за претпазливост и ликвидност со ММФ. Агенцијата очекува државниот долг да достигне 55,2 отсто од БДП до крајот на оваа година и 56 проценти од БДП до 2023 година. Претходно кредитниот рејтинг на Р Македонија го потврди Агенцијата „Стандард и Пурс“, „ББ-“ со стабилен изглед. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

The post МФ: Задржан кредитниот рејтинг во време на меѓународна криза appeared first on Република.

]]>