кравари Archives - Република https://republika.mk/tema/kravari/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Apr 2023 09:52:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кравари Archives - Република https://republika.mk/tema/kravari/ 32 32 Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-krivichna-za-bitolskata-fabrika-za-maslo-od-kanabis/ Fri, 07 Apr 2023 09:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=628251

Секторот за внатрешни работи - Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во битолското село Кравари и против битолчанецот Д.А. (38), управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Како што соопштија денеска од МВР, на 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во село Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис.

Поднесена е и кривична пријава и против А.Б.(51) од Албанија, со привремен престој во Битола и биточаните А.Ј. (26) и А.Ј.(58), првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со четири килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од МВР.

The post Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи - Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во битолското село Кравари и против битолчанецот Д.А. (38), управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Како што соопштија денеска од МВР, на 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во село Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис. Поднесена е и кривична пријава и против А.Б.(51) од Албанија, со привремен престој во Битола и биточаните А.Ј. (26) и А.Ј.(58), првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со четири килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од МВР.

The post Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис appeared first on Република.

]]>
Бизнисот на Заеви со канабис цвета: Луѓето блиски до Заев се богатат нелегално, државата молчи https://republika.mk/vesti/makedonija/biznisot-na-zaevi-so-kanabis-cveta-lugjeto-bliski-do-zaev-se-bogatat-nelegalno-drzavata-molchi/ Mon, 31 Oct 2022 10:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=567707

Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци предвидува минимум два пати годишно контрола во фирмите кои работат со канабис, а по потреба и повеќе.

Според сознанија на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ оваа година надлежната Комисија не е активна и не е направена контрола во овие фирми ни согласно законскиот минимум. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ има информации дека Минситерството за здравство одредено време веќе нема комисија и не се постапува.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/niza-krivichni-dela-konstatirani-pri-pretresot-vo-fabrikata-za-kanabis-vo-kravari/?fbclid=IwAR2GC06tUzUmc6K-9Gn4pQqLybsUm-zXpNUMXd09DNPKRUR-cWySquSkyxU

Деновиве се бараат луѓе за формирање на оваа Комисија, ама многумина одбиваат да бидат дел од неа. Прашање кои мора да ги одговори владата предводена од СДСМ се зошто Комисијата не фунционира, зошто никој не сака да членува во истата? Владата мора да одговори веднаш, во спротивно ќе се смета за соучесник во криминалните активности во оваа област!!

Надлежните институции одвреме навреме наидуваат на неправилности, но истите немаат завршница. Колку за илустрација, последен случај беше два месеци кога МВР најде стотици килограми марихуана во фирмата „Медицал 420“ во Битола.

Тоа е фирма на која Владата лани ѝ ја одзеде лиценцата, а Зоран Заев поради судир на интереси не гласаше за овој случај.

Во изминатава година имаше неколку случаи на неправилности на фабрики за производство на канабис, блиски до Зоран Заев. Едната е пред неколку во селото Кравари каде во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.

Другата се случи во фирмата „5 летерс“ во селото Алдинци, крушевско.

Сопстевеник на оваа фирма која сега е во стечај е Зоран Јаневски пријател на Заев.

Во „5 летрес“ 108 шишиња масло од канабис и шест кеси со цвет а сторителите се уште не се пронајдени.

 

The post Бизнисот на Заеви со канабис цвета: Луѓето блиски до Заев се богатат нелегално, државата молчи appeared first on Република.

]]>

Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци предвидува минимум два пати годишно контрола во фирмите кои работат со канабис, а по потреба и повеќе. Според сознанија на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ оваа година надлежната Комисија не е активна и не е направена контрола во овие фирми ни согласно законскиот минимум. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ има информации дека Минситерството за здравство одредено време веќе нема комисија и не се постапува. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/niza-krivichni-dela-konstatirani-pri-pretresot-vo-fabrikata-za-kanabis-vo-kravari/?fbclid=IwAR2GC06tUzUmc6K-9Gn4pQqLybsUm-zXpNUMXd09DNPKRUR-cWySquSkyxU Деновиве се бараат луѓе за формирање на оваа Комисија, ама многумина одбиваат да бидат дел од неа. Прашање кои мора да ги одговори владата предводена од СДСМ се зошто Комисијата не фунционира, зошто никој не сака да членува во истата? Владата мора да одговори веднаш, во спротивно ќе се смета за соучесник во криминалните активности во оваа област!! Надлежните институции одвреме навреме наидуваат на неправилности, но истите немаат завршница. Колку за илустрација, последен случај беше два месеци кога МВР најде стотици килограми марихуана во фирмата „Медицал 420“ во Битола. Тоа е фирма на која Владата лани ѝ ја одзеде лиценцата, а Зоран Заев поради судир на интереси не гласаше за овој случај. Во изминатава година имаше неколку случаи на неправилности на фабрики за производство на канабис, блиски до Зоран Заев. Едната е пред неколку во селото Кравари каде во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба. Другата се случи во фирмата „5 летерс“ во селото Алдинци, крушевско. Сопстевеник на оваа фирма која сега е во стечај е Зоран Јаневски пријател на Заев. Во „5 летрес“ 108 шишиња масло од канабис и шест кеси со цвет а сторителите се уште не се пронајдени.  

The post Бизнисот на Заеви со канабис цвета: Луѓето блиски до Заев се богатат нелегално, државата молчи appeared first on Република.

]]>
Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/niza-krivichni-dela-konstatirani-pri-pretresot-vo-fabrikata-za-kanabis-vo-kravari/ Sat, 29 Oct 2022 09:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=567076

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, вчера извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат.

Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон. Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги, соопштија од МВР.

The post Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, вчера извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат. Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон. Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги, соопштија од МВР.

The post Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари appeared first on Република.

]]>