краток филм Archives - Република https://republika.mk/tema/kratok-film/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 19:09:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png краток филм Archives - Република https://republika.mk/tema/kratok-film/ 32 32 Актерката Сара Климоска го заврши снимањето на дебитанскиот краток филм „Нова енергија“ https://republika.mk/scena/film/akterkata-sara-klimoska-go-zavrshi-snimaneto-na-debitanskiot-kratok-film-nova-energija/ Fri, 23 Aug 2024 18:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=809577

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Нова енергија", кој е во режија и по сценарио на актерката Сара Климоска и ко-режисер Радован Петровиќ, а во продукција на NEST Продукција на продуцентот Јорданчо Петковски.

„Нова енергија" ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ взаемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери.

Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми.

Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тамара Ристоска, а во филмот играат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска.

Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО.

Во филмската екипа се и Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф).

По завршувањето на постпродукцијата, филмот ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика.

 

The post Актерката Сара Климоска го заврши снимањето на дебитанскиот краток филм „Нова енергија“ appeared first on Република.

]]>

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Нова енергија", кој е во режија и по сценарио на актерката Сара Климоска и ко-режисер Радован Петровиќ, а во продукција на NEST Продукција на продуцентот Јорданчо Петковски. „Нова енергија" ја следи приказната на две најдобри другарки кои низ взаемна емотивна и практична поддршка успеваат да создадат нов заеднички живот бегајќи од токсичноста на нивните партнери. Ова е филм кои создава две хероини и преку нив ја слави женската исклучителна и некршлива конекција и нуди свежа перспектива за женските односи која ретко се видени во секојдневните медиуми. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска и Тамара Ристоска, а во филмот играат и Зоран Љутков, Александар Стоименовски, Мирјана Трпковска Костовска и Елена Сековска. Директорката на фотографија, Бојана Андриќ е една од најзначајните личности во Србија во областа на кинематографијата, позната по својата работа на многу успешни филмови како и потпретседателка на светската асоцијација на сниматели ИМАГО. Во филмската екипа се и Горан Игњатовски (маскер), Михаил Панев (сценограф), Розе Трајчевска (костимограф). По завршувањето на постпродукцијата, филмот ќе започне со прикажувања на домашни и меѓународни филмски фестивали, а подоцна ќе биде достапен и за пошироката публика.  

The post Актерката Сара Климоска го заврши снимањето на дебитанскиот краток филм „Нова енергија“ appeared first on Република.

]]>
„Слобода“, новиот краток игран филм на Златко Ѓелески премиерно во киното „Фросина“ https://republika.mk/scena/film/sloboda-noviot-kratok-igran-film-na-zlatko-geleski-premierno-vo-kinoto-frosina/ Wed, 11 Oct 2023 18:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=690284

Новиот краток игран филм на Златко Ѓелески, „Слобода“ премиерно ќе биде прикажан во четврток (12 октомври) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

„Станува збор за краткометражен омнибус, односно спој на неколку приказни кои се одвиваат една зимска вечер во кафулето ‘Слобода’. Таму се пресретнуваат тројца пријатели, кои неуспешно се обидуваат да се договорат помеѓу себе, додека на шанкот се наоѓаат две долгогодишни пријателки, кои истата вечер одлучуваат да споделат тајни, кои ги криеле една од друга, а на оддалечена маса од нив во тек е зделка за продажба на артефакт од Крушевската република“, се вели во краткиот синопсис.

Филмот е по сценарио и режија на Златко Ѓелески, а во продукција на Бранко Стојаноски од „Блу Медија Моушен“.

Во него играат Михајло Петревски, Ристе Ѓорѓиевски, Станко Стевановиќ, Тамара Ристоска, Весна Гаврилоска, Ивица Димитријевиќ, Игор Бошкоски, Дарко Мече Костески, Андреј Дукоски, Тале Никодиновски, Ренато Јеремоски и Марија Петреска.

Директор на фотографија е Владимир Димоски, монтажа и визуелни ефекти Љупчо Темелковски. Музиката е на Љупчо Стефаноски, звукот на Горазд Радески. Шминката е на Хума Садику и Ели Илиоска и клапер е Марија Петреска.

The post „Слобода“, новиот краток игран филм на Златко Ѓелески премиерно во киното „Фросина“ appeared first on Република.

]]>

Новиот краток игран филм на Златко Ѓелески, „Слобода“ премиерно ќе биде прикажан во четврток (12 октомври) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. „Станува збор за краткометражен омнибус, односно спој на неколку приказни кои се одвиваат една зимска вечер во кафулето ‘Слобода’. Таму се пресретнуваат тројца пријатели, кои неуспешно се обидуваат да се договорат помеѓу себе, додека на шанкот се наоѓаат две долгогодишни пријателки, кои истата вечер одлучуваат да споделат тајни, кои ги криеле една од друга, а на оддалечена маса од нив во тек е зделка за продажба на артефакт од Крушевската република“, се вели во краткиот синопсис. Филмот е по сценарио и режија на Златко Ѓелески, а во продукција на Бранко Стојаноски од „Блу Медија Моушен“. Во него играат Михајло Петревски, Ристе Ѓорѓиевски, Станко Стевановиќ, Тамара Ристоска, Весна Гаврилоска, Ивица Димитријевиќ, Игор Бошкоски, Дарко Мече Костески, Андреј Дукоски, Тале Никодиновски, Ренато Јеремоски и Марија Петреска. Директор на фотографија е Владимир Димоски, монтажа и визуелни ефекти Љупчо Темелковски. Музиката е на Љупчо Стефаноски, звукот на Горазд Радески. Шминката е на Хума Садику и Ели Илиоска и клапер е Марија Петреска.

The post „Слобода“, новиот краток игран филм на Златко Ѓелески премиерно во киното „Фросина“ appeared first on Република.

]]>
Три награди за краткиот филм „Центроид“ на фестивал во Индија https://republika.mk/scena/film/tri-nagradi-za-kratkiot-film-centroid-na-festival-vo-indija/ Thu, 17 Nov 2022 11:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=574874

Краткиот филм „Центроид“, кој премиерно беше прикажан пред еден месец во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ниже награди по светските фестивали. Последно, од филмски фестивал од Њу Делхи се врати со три награди, за најдобро сценарио, најдобра камера и најдобра монтажа.

Режија и сценарио на Бранко Стојаноски

Камера: Дино Нечевски

Монтажа: Виктор Гаврилоски

Продукција: Мистер Кет Ентертејнмент

Центроид означува средна точка на триаголник, а филмот прикажува три приказни кои се вкрстуваат на едно планинско место кое ги променува нивните животи, засекогаш.

Идејата за краткиот филм ,,Центроид" е од пред неколку години, а додека инспирација е сонот како секојдевна појава.

Филмот започна со снимање март 2022 година, а целосно со постпродукција се завши во август.

Вториот проект на продукцијата "Мистер кет Ентертаинмент", по документарниот филм "Прикаска за Кичево" од 2016 година, има 5 селекции и 3 награди на филмски фестивали во Лондон, Лос Анџелес, Боден (Шведска), Каиро и Њу Делхи.

The post Три награди за краткиот филм „Центроид“ на фестивал во Индија appeared first on Република.

]]>

Краткиот филм „Центроид“, кој премиерно беше прикажан пред еден месец во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ниже награди по светските фестивали. Последно, од филмски фестивал од Њу Делхи се врати со три награди, за најдобро сценарио, најдобра камера и најдобра монтажа. Режија и сценарио на Бранко Стојаноски Камера: Дино Нечевски Монтажа: Виктор Гаврилоски Продукција: Мистер Кет Ентертејнмент Центроид означува средна точка на триаголник, а филмот прикажува три приказни кои се вкрстуваат на едно планинско место кое ги променува нивните животи, засекогаш. Идејата за краткиот филм ,,Центроид" е од пред неколку години, а додека инспирација е сонот како секојдевна појава. Филмот започна со снимање март 2022 година, а целосно со постпродукција се завши во август. Вториот проект на продукцијата "Мистер кет Ентертаинмент", по документарниот филм "Прикаска за Кичево" од 2016 година, има 5 селекции и 3 награди на филмски фестивали во Лондон, Лос Анџелес, Боден (Шведска), Каиро и Њу Делхи.

The post Три награди за краткиот филм „Центроид“ на фестивал во Индија appeared first on Република.

]]>
Македонска премиера на краткиот игран филм „Еко-скоп“ на режисерот и сликар Коле Манев во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/makedonska-premiera-na-kratkiot-igran-film-eko-skop-na-reziserot-i-slikar-kole-manev-vo-kinoteka/ Mon, 04 Apr 2022 12:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=483121

Во вторник (5 април) со почеток во 12 часот ќе се одржи македонска премиера на краткиот игран филм „ЕКО-СКОП“ на режисерот и сликар, Коле Манев.

Краток игран филм, Македонија

2021, 15 мин., колор, ХДД

Режија: Коле Манев

Сценарио: Коле Манев

Улога: Александар Шехтански

Македонска премиера на краткиот игран филм на режисерот и сликар Коле Манев нé воведува во светот на собирачот на картонски отпад. Секојдневието, дневниот ритам на овој собирач,  авторот на филмот го доживува како мултиуметничко дело, како колаж од слики раздвижени од звуците на окарината на Драган Даутовски.

The post Македонска премиера на краткиот игран филм „Еко-скоп“ на режисерот и сликар Коле Манев во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Во вторник (5 април) со почеток во 12 часот ќе се одржи македонска премиера на краткиот игран филм „ЕКО-СКОП“ на режисерот и сликар, Коле Манев. Краток игран филм, Македонија 2021, 15 мин., колор, ХДД Режија: Коле Манев Сценарио: Коле Манев Улога: Александар Шехтански Македонска премиера на краткиот игран филм на режисерот и сликар Коле Манев нé воведува во светот на собирачот на картонски отпад. Секојдневието, дневниот ритам на овој собирач,  авторот на филмот го доживува како мултиуметничко дело, како колаж од слики раздвижени од звуците на окарината на Драган Даутовски.

The post Македонска премиера на краткиот игран филм „Еко-скоп“ на режисерот и сликар Коле Манев во Кинотека appeared first on Република.

]]>