кратки филмови Archives - Република https://republika.mk/tema/kratki-filmovi/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 08:22:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кратки филмови Archives - Република https://republika.mk/tema/kratki-filmovi/ 32 32 Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ https://republika.mk/scena/film/pod-mototo-beskonechna-sloboda-vecherva-pochnuva-festivalot-za-kratok-film-drim-short-2024/ Thu, 08 Aug 2024 08:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=804466

8. издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга.

Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“.

 

Затоа осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата.

Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.

 

Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, додека фестивалот ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината.

The post Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ appeared first on Република.

]]>

8. издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга. Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“.   Затоа осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата. Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.   Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, додека фестивалот ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината.

The post Под мотото „Бесконечна слобода“ вечерва почнува Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“ appeared first on Република.

]]>
Денеска на „Синедејс“: Пет кратки филмови на Вим Вендерс во Кинотека https://republika.mk/scena/film/deneska-na-sinedejs-pet-kratki-filmovi-na-vim-venders-vo-kinoteka/ Sat, 13 Jul 2024 08:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=796312

На третиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:

„Dolomite and Ash“ режија на Тома Селиванова (OC) во кино Фросина
Филм за сталинистичките репресии и огромната меѓугенерациска траума што тие ја предизвикале, и за евентуалните системски остатоци во денешна Русија.

5 кратки филмови на Wim Wenders во Кинотека внатре
„Same player shoots again“
„Silver city revisited“
„Room 666“
„Reverse angle/ Ein Brief Aus New York“

„Shattered Chains“ - Returning from ISIS режија Сибел Абдиу (MK Short) во МКЦ парк
„Скршени синџири“ е доку-драма која ја обработува трагичната приказна на две жени од Македонија, кои по игра на судбината се нашле во Сирија како дел од ИСИС - не по своја желба.
„Supermarket“ режија Немања Бечанович (SEE)
„Каде да се сними филм за Робинзон Крусо во 21 век? Најголемата иронија од сѐ е што тоа не е пуст остров, туку супермаркет во срцето на градот“ - вели режисерот Бечановиќ за оваа мрачна, но комична приказна.

„Brando with glass eye“ режија Антонис Цонис (SEE) во Кинотека
Еден актер се подготвува за студии на престижна актерска школа во Њујорк. По една неочекувана несреќа, ќе се најде во најдобрата животна ситуација за метод-глума: соочен со својата 'жртва' ќе мора да се внесе во улогата што случајно си ја наметнува.

„Only when i laugh“ режија Вања Јуранич (SEE) во кино Фросина
Тихана Лазовиќ и Славко Собин се апсолутно одлични во своите изведби, а филмот ве принудува да не ја свртите главата од еден од најголемите проблеми во земјава – семејното насилство.

„Bug“ режија Филип Момировски (MK Short) во МКЦ парк
Тања, невработена челистка ангажирана како тестер на софтвер за музички старт-ап, испробува паметен звучник, кој генерира музика врз основа на чувствата на слушателот. Работите тргнуваат во ужасен правец кога паметниот звучник одекнува со застрашувачки звуци среде ноќта.

„The city“ режија Амит Улман (OC)
Филмот го користи целиот пакет ноар/рап за да ја создаде и критикува сликата на израелското општество.

TURBO TRANS TURISTI (концерт) во МКЦ парк
Турбо Транс Туристи е експериментален панк бенд од Белград. „Ништа није страшно“ е втор албум на дуото ТТТ, објавен кон крајот на 2023 година. Нумерите имаат порадикален звук во однос на нивниот прв албум, „Лево или десно“, оправдувајќи го преминот од Туристи во Турбо Транс Туристи. Настапот во живо е нова димензија, каде што публиката ќе има можност да доживее сирова енергија, електронски звук, психоделични гитари, врескање и хорско пеење, придружени со нескротливите тапани на Игор Кузмановиќ (Невен, Набод).

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Денеска на „Синедејс“: Пет кратки филмови на Вим Вендерс во Кинотека appeared first on Република.

]]>

На третиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови: „Dolomite and Ash“ режија на Тома Селиванова (OC) во кино Фросина Филм за сталинистичките репресии и огромната меѓугенерациска траума што тие ја предизвикале, и за евентуалните системски остатоци во денешна Русија. 5 кратки филмови на Wim Wenders во Кинотека внатре „Same player shoots again“ „Silver city revisited“ „Room 666“ „Reverse angle/ Ein Brief Aus New York“ „Shattered Chains“ - Returning from ISIS режија Сибел Абдиу (MK Short) во МКЦ парк „Скршени синџири“ е доку-драма која ја обработува трагичната приказна на две жени од Македонија, кои по игра на судбината се нашле во Сирија како дел од ИСИС - не по своја желба. „Supermarket“ режија Немања Бечанович (SEE) „Каде да се сними филм за Робинзон Крусо во 21 век? Најголемата иронија од сѐ е што тоа не е пуст остров, туку супермаркет во срцето на градот“ - вели режисерот Бечановиќ за оваа мрачна, но комична приказна. „Brando with glass eye“ режија Антонис Цонис (SEE) во Кинотека Еден актер се подготвува за студии на престижна актерска школа во Њујорк. По една неочекувана несреќа, ќе се најде во најдобрата животна ситуација за метод-глума: соочен со својата 'жртва' ќе мора да се внесе во улогата што случајно си ја наметнува. „Only when i laugh“ режија Вања Јуранич (SEE) во кино Фросина Тихана Лазовиќ и Славко Собин се апсолутно одлични во своите изведби, а филмот ве принудува да не ја свртите главата од еден од најголемите проблеми во земјава – семејното насилство. „Bug“ режија Филип Момировски (MK Short) во МКЦ парк Тања, невработена челистка ангажирана како тестер на софтвер за музички старт-ап, испробува паметен звучник, кој генерира музика врз основа на чувствата на слушателот. Работите тргнуваат во ужасен правец кога паметниот звучник одекнува со застрашувачки звуци среде ноќта. „The city“ режија Амит Улман (OC) Филмот го користи целиот пакет ноар/рап за да ја создаде и критикува сликата на израелското општество. TURBO TRANS TURISTI (концерт) во МКЦ парк Турбо Транс Туристи е експериментален панк бенд од Белград. „Ништа није страшно“ е втор албум на дуото ТТТ, објавен кон крајот на 2023 година. Нумерите имаат порадикален звук во однос на нивниот прв албум, „Лево или десно“, оправдувајќи го преминот од Туристи во Турбо Транс Туристи. Настапот во живо е нова димензија, каде што публиката ќе има можност да доживее сирова енергија, електронски звук, психоделични гитари, врескање и хорско пеење, придружени со нескротливите тапани на Игор Кузмановиќ (Невен, Набод). Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Денеска на „Синедејс“: Пет кратки филмови на Вим Вендерс во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Кратките филмови на Вим Вендерс во фокусот на „Синедејс“ https://republika.mk/scena/film/kratkite-filmovi-na-vim-venders-vo-fokusot-na-sinedejs/ Mon, 08 Jul 2024 09:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=794486

Оваа година во фокус на програмата на Cinedays Festival од 11 до 17 јули, се кратките остварувања на големиот европски режисер Вим Вендерс.

Same Player Shoots Again (1968)- Серија од пет снимки, секоја со различен третман на боја, каде што човек трча со митралез во рацете. На почетокот се движи брзо, но како што се ближи крајот, почнува да оди во цик-цак. Дали е повреден?

Silver City Revisited (1969)-Серија од десет снимки, во должина од три минути, на различни места во Минхен.

Room 666 (1982)- а време на 35. Кански филмски фестивал во 1982 година, Вим Вендерс поканил петнаесет колеги да разговараат за иднината на кинематографијата. Собата бр. 666 во хотелот „Мартинез“. Внатре камера, магнетофон и ливче со прашање: Дали филмот е јазик што е во опасност да исчезне, уметност што умира? Секој од нив бил сам во собата и имал единаесетина минути да одговори на прашањето.

Reverse Angle: Ein Brief aus New York (1982)-Носталгично сведоштво на Вим Вендерс за проблемите со кои се соочил додека работел на филмот „Хамет“ (1982) со Френсис Форд Копола и разликите меѓу процесот на снимање филмови во Европа и САД.

Оваа програма на екстремно ретки кратки филмови на Вендерс прикажува нов талент, кој веќе е исполнет со теми и расположенија што би одекнувале низ кариерата. Фасцинација од американската култура, сеприсутноста на поп музиката и окото за незадоволството од современиот живот во повоена Западна Германија: тука е Вендерс на неговите почетоци.

The post Кратките филмови на Вим Вендерс во фокусот на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Оваа година во фокус на програмата на Cinedays Festival од 11 до 17 јули, се кратките остварувања на големиот европски режисер Вим Вендерс. Same Player Shoots Again (1968)- Серија од пет снимки, секоја со различен третман на боја, каде што човек трча со митралез во рацете. На почетокот се движи брзо, но како што се ближи крајот, почнува да оди во цик-цак. Дали е повреден? Silver City Revisited (1969)-Серија од десет снимки, во должина од три минути, на различни места во Минхен. Room 666 (1982)- а време на 35. Кански филмски фестивал во 1982 година, Вим Вендерс поканил петнаесет колеги да разговараат за иднината на кинематографијата. Собата бр. 666 во хотелот „Мартинез“. Внатре камера, магнетофон и ливче со прашање: Дали филмот е јазик што е во опасност да исчезне, уметност што умира? Секој од нив бил сам во собата и имал единаесетина минути да одговори на прашањето. Reverse Angle: Ein Brief aus New York (1982)-Носталгично сведоштво на Вим Вендерс за проблемите со кои се соочил додека работел на филмот „Хамет“ (1982) со Френсис Форд Копола и разликите меѓу процесот на снимање филмови во Европа и САД. Оваа програма на екстремно ретки кратки филмови на Вендерс прикажува нов талент, кој веќе е исполнет со теми и расположенија што би одекнувале низ кариерата. Фасцинација од американската култура, сеприсутноста на поп музиката и окото за незадоволството од современиот живот во повоена Западна Германија: тука е Вендерс на неговите почетоци.

The post Кратките филмови на Вим Вендерс во фокусот на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Македонски кратки филмови потпишани од етаблираните дејци Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова денеска во Кинотека https://republika.mk/scena/film/makedonski-kratki-filmovi-potpishani-od-etabliranite-dejtsi-kocho-nedkov-darko-markovik-i-eleonora-veninova-deneska-vo-kinoteka/ Tue, 14 May 2024 12:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=777996

Домашната кино-сцена во рамките на програмата на Кинотека за месец мај е претставена и преку ретроспективна проекција на кратки форми. Филмофилите ќе бидат во можност повторно да ги видат филмовите потпишани од етаблираните дејци Кочо Недков, Дарко Марковиќ, а ќе биде прикажан и краткиот филм ВЛАКНА, по сценарио и во режија на Елеонора Венинова.

14 МАЈ (ВТОРНИК) 18:00 ч.
МАКЕДОНСКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ

ДУПЧАЧИ
(Miners)
Краток игран филм, Македонија
1978, 11 мин, 35мм
Режија: Недков Кочо (Koco Nedkov)
Сценарио: Недков Кочо (Koco Nedkov)

Во постојаната и сурова борба на човекот да ја совлада природата, тој ќе започне со уништување на својот најголем сојузник. Автентична приказна за една помалку позната професија која започнува онаму каде што завршува асфалтот. Во планински амбиент, кој го украсуваат разновидни растенија и каде што живеат многубројни инсекти, птици и животни, доаѓа човекот, за да внесе немир и од дамнина скротената утроба на земјата и исконскиот мир во природата го нарушува со татнежот на експлозивот и ревот на машините.

КОЈ Е ВИНОВЕН?
(Who is guilty?)
Краток документарен филм, Македонија
1962, 8 мин, 35мм
Режија: Недков Кочо (Koco Nedkov)
Сценарио: Билбиловски Киро, Недков Кочо (Kiro Bilbilovski, Koco Nedkov)

КОЈ Е ВИНОВЕН, во режија на домашниот филмски работник Кочо Недков, е во самата своја суштина пропаганден филм. Своевиден обид да се евидентираат причините што доведуваат до сообраќајни несреќи во условите на сè погустиот сообраќај

ЛИФТ ГОРЕ, ЛИФТ ДОЛУ
(Elevator up, elevator down)
Краток игран филм, Македонија
1967, 14 мин, 35мм
Режија: Наумовски Душан (Dusan Naumovski)
Сценарио: Георгиевски Ташко (Tasko Georgievski)
Главна улога: Дамески Дарко (Darko Dameski)

Група деца наоѓаат простор за игра помеѓу недоизградени станбени куќи и цигланата, градејќи свој свет во неисцрпните можности што ги нуди нивната фантазија. Нивната игра, радоста и смеата, му пречат на чуварот на градилиштето, а тоа значи и крај на играта.

РАКА
(Hand)
Краток Анимиран филм, Македонија
1980, 11 мин, 35мм
Режија: Марковиќ Дарко (Darko Markovic)
Сценарио: Марковиќ Дарко (Darko Markovic)

Преку дланката метафорично е претставена судбинската животна енергија, која низ животот го води човекот. Со згаснувањето на животот на раката, престанува и човековото битисување. За да не дојде до тоа, потребни се извонредна храброст, самостојност и животен полет.

Награди: 1980 ФЈДКФ, Белград, „Голем златен медал Белград“ за режија на анимиран филм

ВЛАКНА
(Vlakna)
Краток игран филм, Македонија
2013, 26 мин, ДЦП
Режија: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova)
Сценарио: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova)
Улоги: Ирена Ристиќ, Бојан Зировиќ, Марија Арсенкова (Irena Ristic Bojan Zirovic Marija Arsenkova)

Детективката Вели го истражува убиството на малото девојче со едно влакно како клучен доказ и место на злосторство што ја тера да го преиспита сопствениот разум и начин на живот.

 

 

The post Македонски кратки филмови потпишани од етаблираните дејци Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Домашната кино-сцена во рамките на програмата на Кинотека за месец мај е претставена и преку ретроспективна проекција на кратки форми. Филмофилите ќе бидат во можност повторно да ги видат филмовите потпишани од етаблираните дејци Кочо Недков, Дарко Марковиќ, а ќе биде прикажан и краткиот филм ВЛАКНА, по сценарио и во режија на Елеонора Венинова. 14 МАЈ (ВТОРНИК) 18:00 ч. МАКЕДОНСКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ ДУПЧАЧИ (Miners) Краток игран филм, Македонија 1978, 11 мин, 35мм Режија: Недков Кочо (Koco Nedkov) Сценарио: Недков Кочо (Koco Nedkov) Во постојаната и сурова борба на човекот да ја совлада природата, тој ќе започне со уништување на својот најголем сојузник. Автентична приказна за една помалку позната професија која започнува онаму каде што завршува асфалтот. Во планински амбиент, кој го украсуваат разновидни растенија и каде што живеат многубројни инсекти, птици и животни, доаѓа човекот, за да внесе немир и од дамнина скротената утроба на земјата и исконскиот мир во природата го нарушува со татнежот на експлозивот и ревот на машините. КОЈ Е ВИНОВЕН? (Who is guilty?) Краток документарен филм, Македонија 1962, 8 мин, 35мм Режија: Недков Кочо (Koco Nedkov) Сценарио: Билбиловски Киро, Недков Кочо (Kiro Bilbilovski, Koco Nedkov) КОЈ Е ВИНОВЕН, во режија на домашниот филмски работник Кочо Недков, е во самата своја суштина пропаганден филм. Своевиден обид да се евидентираат причините што доведуваат до сообраќајни несреќи во условите на сè погустиот сообраќај ЛИФТ ГОРЕ, ЛИФТ ДОЛУ (Elevator up, elevator down) Краток игран филм, Македонија 1967, 14 мин, 35мм Режија: Наумовски Душан (Dusan Naumovski) Сценарио: Георгиевски Ташко (Tasko Georgievski) Главна улога: Дамески Дарко (Darko Dameski) Група деца наоѓаат простор за игра помеѓу недоизградени станбени куќи и цигланата, градејќи свој свет во неисцрпните можности што ги нуди нивната фантазија. Нивната игра, радоста и смеата, му пречат на чуварот на градилиштето, а тоа значи и крај на играта. РАКА (Hand) Краток Анимиран филм, Македонија 1980, 11 мин, 35мм Режија: Марковиќ Дарко (Darko Markovic) Сценарио: Марковиќ Дарко (Darko Markovic) Преку дланката метафорично е претставена судбинската животна енергија, која низ животот го води човекот. Со згаснувањето на животот на раката, престанува и човековото битисување. За да не дојде до тоа, потребни се извонредна храброст, самостојност и животен полет. Награди: 1980 ФЈДКФ, Белград, „Голем златен медал Белград“ за режија на анимиран филм ВЛАКНА (Vlakna) Краток игран филм, Македонија 2013, 26 мин, ДЦП Режија: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova) Сценарио: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova) Улоги: Ирена Ристиќ, Бојан Зировиќ, Марија Арсенкова (Irena Ristic Bojan Zirovic Marija Arsenkova) Детективката Вели го истражува убиството на малото девојче со едно влакно како клучен доказ и место на злосторство што ја тера да го преиспита сопствениот разум и начин на живот.    

The post Македонски кратки филмови потпишани од етаблираните дејци Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ https://republika.mk/scena/film/problemot-na-tina-i-severen-pol-vo-oficijalna-selekcija-na-hollyshorts-film-festival/ Mon, 25 Jul 2022 21:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=533199

Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во официјалната селекција на „HollyShorts Film Festival“ што се одржува во Холивуд, САД, соопштија денеска од продукцијата „Кино Око“.

„Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот ‘TCL Chinese Theatre’ на ‘Hollywood Blvd’, во периодот од 11 до 20 август. ‘HollyShorts Film Festival’ е ‘Academy Awards Qualifying Festival’ и секоја година избира три филма кои се квалификуваат за наградата ‘Oscar’. И оваа година во официјалната селекција има филмови во кои играат актери кои се номинирани или се добитници на наградите ‘Oscar’, ‘Golden Globe’, ‘Grаmmy’, ‘Emmy’, како Џејмс Франко, Брајан Кокс, Росарио Давсон, Виз Калифа, Колман Доминго и други“, посочуваат од „Кино Око“.

Оттаму додаваат дека по освојувањето на наградата „Golden Umbrella“ за најдобар интернационален филм на фестивалот во Измир, „Проблемот на Тинa” на „HollyShorts“ ќе ја има својата американска премиера.

„Северен пол” пак, после премиерата во официјалната селекција на фестивалот во Кан учествуваше на повеќе од 80 интернационални фестивали и освои неколку награди, посочуваат од „Кино Око“.

Продуцент на двата филма е Роберт Насков, а филмовите се во продукција на „Кино Око“ и „Партизанс“.

The post „Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ appeared first on Република.

]]>

Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во официјалната селекција на „HollyShorts Film Festival“ што се одржува во Холивуд, САД, соопштија денеска од продукцијата „Кино Око“. „Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот ‘TCL Chinese Theatre’ на ‘Hollywood Blvd’, во периодот од 11 до 20 август. ‘HollyShorts Film Festival’ е ‘Academy Awards Qualifying Festival’ и секоја година избира три филма кои се квалификуваат за наградата ‘Oscar’. И оваа година во официјалната селекција има филмови во кои играат актери кои се номинирани или се добитници на наградите ‘Oscar’, ‘Golden Globe’, ‘Grаmmy’, ‘Emmy’, како Џејмс Франко, Брајан Кокс, Росарио Давсон, Виз Калифа, Колман Доминго и други“, посочуваат од „Кино Око“. Оттаму додаваат дека по освојувањето на наградата „Golden Umbrella“ за најдобар интернационален филм на фестивалот во Измир, „Проблемот на Тинa” на „HollyShorts“ ќе ја има својата американска премиера. „Северен пол” пак, после премиерата во официјалната селекција на фестивалот во Кан учествуваше на повеќе од 80 интернационални фестивали и освои неколку награди, посочуваат од „Кино Око“. Продуцент на двата филма е Роберт Насков, а филмовите се во продукција на „Кино Око“ и „Партизанс“.

The post „Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ appeared first on Република.

]]>
Македонски кратки играни филмови вечерва во „Буква“ https://republika.mk/vesti/kultura/makedonski-kratki-igrani-filmovi-vecherva-vo-bukva/ Fri, 01 Apr 2022 07:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=481749

Денес (петок) во 18 часот во „Буква“ продолжува проекцијата на македонски кратки играни филмови според селекцијата од истоименото издание на Кинотека на Македонија.

На репертоар се повеќе култни режисерски имиња од домашната филмска уметност.

Во „Буква“ можете редовно да ги најдете сите изданија на Кинотека, како и некои реткости за коишто известуваме тековно.

The post Македонски кратки играни филмови вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Денес (петок) во 18 часот во „Буква“ продолжува проекцијата на македонски кратки играни филмови според селекцијата од истоименото издание на Кинотека на Македонија.

На репертоар се повеќе култни режисерски имиња од домашната филмска уметност.

Во „Буква“ можете редовно да ги најдете сите изданија на Кинотека, како и некои реткости за коишто известуваме тековно.

The post Македонски кратки играни филмови вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>