краставици Archives - Република https://republika.mk/tema/krastavici/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 10:09:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png краставици Archives - Република https://republika.mk/tema/krastavici/ 32 32 Масовно труење со салмонела во Америка: Повеќе од 150 луѓе се разболеле од „заразени“ краставици https://republika.mk/vesti/svet/masovno-truene-so-salmonela-vo-amerika-poveke-od-150-luge-se-razbolele-od-zarazeni-krastavitsi/ Tue, 11 Jun 2024 18:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=786510

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) истражува дали консумирањето краставици доведе до пораст на случаите на салмонела низ целата земја, при што 54 лица се хоспитализирани. Агенцијата во средата објави дека податоците покажуваат дека „заразени“ краставици би можеле да бидат причина за 162 инфекции со салмонела. Засега нема пријавено смртни случаи.

Производителот на краставици под истрага вели дека ги повлекол производите од продавниците.

„Наш приоритет е безбедноста на клиентите. Додека ги чекаме резултатите од тестот за нашиот отповикан производ, ние сме во постојана комуникација со здравствените власти“, соопштија од Флорида Fresh Start Produce, како што објави NBC News.

Властите открија салмонела во некои од тестираните краставици на компанијата, поради што производите беа извлечени од полиците. Во тек се дополнителни испитувања за да се утврди дали се работи за истиот сој на салмонела што ги заболува граѓаните.

ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), исто така, го истражуваат избувнувањето на салмонелата Braenderup, со 158 случаи во 23 држави, за кои ФДА рече дека можеби се поврзани.

„Двете епидемии споделуваат неколку сличности, вклучително и каде и кога се појавиле болестите и демографијата на засегнатите“, соопшти ФДА.

The post Масовно труење со салмонела во Америка: Повеќе од 150 луѓе се разболеле од „заразени“ краставици appeared first on Република.

]]>

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) истражува дали консумирањето краставици доведе до пораст на случаите на салмонела низ целата земја, при што 54 лица се хоспитализирани. Агенцијата во средата објави дека податоците покажуваат дека „заразени“ краставици би можеле да бидат причина за 162 инфекции со салмонела. Засега нема пријавено смртни случаи. Производителот на краставици под истрага вели дека ги повлекол производите од продавниците. „Наш приоритет е безбедноста на клиентите. Додека ги чекаме резултатите од тестот за нашиот отповикан производ, ние сме во постојана комуникација со здравствените власти“, соопштија од Флорида Fresh Start Produce, како што објави NBC News. Властите открија салмонела во некои од тестираните краставици на компанијата, поради што производите беа извлечени од полиците. Во тек се дополнителни испитувања за да се утврди дали се работи за истиот сој на салмонела што ги заболува граѓаните. ФДА и Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), исто така, го истражуваат избувнувањето на салмонелата Braenderup, со 158 случаи во 23 држави, за кои ФДА рече дека можеби се поврзани. „Двете епидемии споделуваат неколку сличности, вклучително и каде и кога се појавиле болестите и демографијата на засегнатите“, соопшти ФДА.

The post Масовно труење со салмонела во Америка: Повеќе од 150 луѓе се разболеле од „заразени“ краставици appeared first on Република.

]]>
За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември, зашто тогаш производството е најголемо https://republika.mk/vesti/ekonomija/za-domatite-krastavitsite-i-piperot-ne-se-namaluvaat-uvoznite-davachki-vo-oktomvri-i-noemvri-zashto-togash-proizvodstvoto-e-najgolemo/ Sat, 30 Sep 2023 13:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=686611

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо. Со тоа, рече, ќе се оневозможи маркетите и пазарите да бидат преплавени со домати, пипер и краставици од други земји.

Според Николовски, земјава секогаш ќе увезува и ќе извезува, но мора, пред се, да се штити домашното производство и да се овозможи, како приоритет, најпрво домашниот пазар да се снабди со наши, македонски производи.

Се изборивме клучните производи, за кои имаме производство во октомври и ноември, целосно да бидат изземени овие два месеца од Одлуката за намалување на царинските давачки. Тоа се доматите, краставиците и пиперот зашто, ако ги прочитате бројките, немаме поголем увоз, туку имаме три пати поголем извоз во овие два месеца. И во периодот кога е извозот, односно кога го имаме производството, царината нема да биде намалена. И оризот е целосно исклучен од Одлуката зашто беше предлог и оваа култура да биде со намалена царинска стапка. Наша надлежност е да ги поддржуваме домашните производители. Проверете ги количините, да зборуваме со факти. Зборувам за најголемото домашно производство и ќе повторам сто пати, дека пиперот, доматите и краставиците се најголемото македонско производство со кое треба да се гордееме. Тие се бренд на државата. Има три пати поголем извоз во овој период и затоа не дозволивме да се намалат царините, за да не бидат пазарите и маркетите преплавени со други производи од надвор - изјави Николовски, одговорајќи на новинарски прашања.

На прашањето, зошто увезуваме кромид од Египет и пипер од Хрватска, Николовски повтори дека нашето производство го има и тука, но и се извезува.

Да повторам. Три пати поголем извоз на македонски домати, пиперки и краставици има во последните два месеца, тоа се факти и бројки. За кој увоз зборуваме кога имаме три пати поголем извоз? Затоа е нашата борба, за клучните производи. Во ноември, декември, јануари и февруари, за жал, одредени производи немаме и тогаш, заради крајните потрошувачи, заради намалување на цените, логично е да се намалат и царините. Но, во секој период кога имаме интензивно домашно производство ние македонските производители сме ги заштитиле и апелираме - да, знаеме дека се обезбедуваат повисоки цени надвор од државата, но мора да имаме развиено национално чувство и интенцијата треба да биде да ги задоволиме домашниот пазар и домашните потреби - рече Николовски.

Ако има нови одлуки за нови ограничувања, постапки и нови политики во делот на цените за што е задолжено Министерството за економија, МЗШВ, дополни, ќе ги разгледа и ќе даде соодветни мислења како оние за последната владина одлука кога се предложи да се намалат царините на сите производи, вклучувајќи ги доматот краставиците и пиперките.

Во следните два месеца овие наши производи се барани, цената на регионалните пазари е поголема и од тоа нашите производители добиваат повеќе, не помалку. Но, навистина, сите имаме обврска и ќе ја спроведуваме кампањата во таа насока за да ја пратиме порака дека домашниот пазар и домашните потрошувачи треба да бидат задоволени од домашни производи. Значи, прво да ги задоволиме домашните потреби, па потоа да извезуваме. Знаеме дека цената на извезените производи е поголема зашто се барани овие македонски производи, но обезбедивме следните два месеца, во октомври и ноември, на барање на производителите, за овие производи чие производство ќе биде големо, воопшто да нема намалување на царината и Владата тоа го прифати - повтори Николовски.

Негова оценка е дека ако не се субвенциите, половина од производителите ќе се откажат и ќе ги напуштат нивите.

Секогаш ќе извезуваме и ќе увезуваме. Наша обврска е, сто пати ќе повторам, да ги поттикнеме македонските производители. Ако не се субвенциите половина од производителите ќе се откажат и ќе ги напуштат нивите, да не се новите програми ќе имавме сериозен пад на производството. Зошто во последната година имаме зголемување на површините и нови 2 000 договори, зошто лани имавме рекордни цени на јачменот, пченицата, тутунот, грозјето, на се што произведуваме? Нашата цел е производителите да не се откажат, туку да ги задржиме, а секако, секогаш ќе има и увоз и извоз, тоа секогаш било и така ќе остане, но на крајот, ако сакаме да ја јакнеме економијата треба да имаме зголемен девизен прилив. Се радуваме и се гордееме со најголемиот девизен прилив што го имаме од тутунот, зошто тоа не се прашува? Зошто не прашаме еднаш за тоа дека сме 13. земја по извоз на вино и грозје што е огромен девизен прилив?, потенцира министерот.

Владата на 28 септември донесе одлука за намалување на увозните давачки на свежи домати, краставици и пиперки која ќе важи од 1 декември годинава до крајот на февруари догодина.

The post За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември, зашто тогаш производството е најголемо appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо. Со тоа, рече, ќе се оневозможи маркетите и пазарите да бидат преплавени со домати, пипер и краставици од други земји. Според Николовски, земјава секогаш ќе увезува и ќе извезува, но мора, пред се, да се штити домашното производство и да се овозможи, како приоритет, најпрво домашниот пазар да се снабди со наши, македонски производи.
Се изборивме клучните производи, за кои имаме производство во октомври и ноември, целосно да бидат изземени овие два месеца од Одлуката за намалување на царинските давачки. Тоа се доматите, краставиците и пиперот зашто, ако ги прочитате бројките, немаме поголем увоз, туку имаме три пати поголем извоз во овие два месеца. И во периодот кога е извозот, односно кога го имаме производството, царината нема да биде намалена. И оризот е целосно исклучен од Одлуката зашто беше предлог и оваа култура да биде со намалена царинска стапка. Наша надлежност е да ги поддржуваме домашните производители. Проверете ги количините, да зборуваме со факти. Зборувам за најголемото домашно производство и ќе повторам сто пати, дека пиперот, доматите и краставиците се најголемото македонско производство со кое треба да се гордееме. Тие се бренд на државата. Има три пати поголем извоз во овој период и затоа не дозволивме да се намалат царините, за да не бидат пазарите и маркетите преплавени со други производи од надвор - изјави Николовски, одговорајќи на новинарски прашања.
На прашањето, зошто увезуваме кромид од Египет и пипер од Хрватска, Николовски повтори дека нашето производство го има и тука, но и се извезува.
Да повторам. Три пати поголем извоз на македонски домати, пиперки и краставици има во последните два месеца, тоа се факти и бројки. За кој увоз зборуваме кога имаме три пати поголем извоз? Затоа е нашата борба, за клучните производи. Во ноември, декември, јануари и февруари, за жал, одредени производи немаме и тогаш, заради крајните потрошувачи, заради намалување на цените, логично е да се намалат и царините. Но, во секој период кога имаме интензивно домашно производство ние македонските производители сме ги заштитиле и апелираме - да, знаеме дека се обезбедуваат повисоки цени надвор од државата, но мора да имаме развиено национално чувство и интенцијата треба да биде да ги задоволиме домашниот пазар и домашните потреби - рече Николовски.
Ако има нови одлуки за нови ограничувања, постапки и нови политики во делот на цените за што е задолжено Министерството за економија, МЗШВ, дополни, ќе ги разгледа и ќе даде соодветни мислења како оние за последната владина одлука кога се предложи да се намалат царините на сите производи, вклучувајќи ги доматот краставиците и пиперките.
Во следните два месеца овие наши производи се барани, цената на регионалните пазари е поголема и од тоа нашите производители добиваат повеќе, не помалку. Но, навистина, сите имаме обврска и ќе ја спроведуваме кампањата во таа насока за да ја пратиме порака дека домашниот пазар и домашните потрошувачи треба да бидат задоволени од домашни производи. Значи, прво да ги задоволиме домашните потреби, па потоа да извезуваме. Знаеме дека цената на извезените производи е поголема зашто се барани овие македонски производи, но обезбедивме следните два месеца, во октомври и ноември, на барање на производителите, за овие производи чие производство ќе биде големо, воопшто да нема намалување на царината и Владата тоа го прифати - повтори Николовски.
Негова оценка е дека ако не се субвенциите, половина од производителите ќе се откажат и ќе ги напуштат нивите. Секогаш ќе извезуваме и ќе увезуваме. Наша обврска е, сто пати ќе повторам, да ги поттикнеме македонските производители. Ако не се субвенциите половина од производителите ќе се откажат и ќе ги напуштат нивите, да не се новите програми ќе имавме сериозен пад на производството. Зошто во последната година имаме зголемување на површините и нови 2 000 договори, зошто лани имавме рекордни цени на јачменот, пченицата, тутунот, грозјето, на се што произведуваме? Нашата цел е производителите да не се откажат, туку да ги задржиме, а секако, секогаш ќе има и увоз и извоз, тоа секогаш било и така ќе остане, но на крајот, ако сакаме да ја јакнеме економијата треба да имаме зголемен девизен прилив. Се радуваме и се гордееме со најголемиот девизен прилив што го имаме од тутунот, зошто тоа не се прашува? Зошто не прашаме еднаш за тоа дека сме 13. земја по извоз на вино и грозје што е огромен девизен прилив?, потенцира министерот. Владата на 28 септември донесе одлука за намалување на увозните давачки на свежи домати, краставици и пиперки која ќе важи од 1 декември годинава до крајот на февруари догодина.

The post За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември, зашто тогаш производството е најголемо appeared first on Република.

]]>
Финансиска поддршка за производителите на пченица и јачмен и домати и краставици https://republika.mk/vesti/ekonomija/finansiska-poddrshka-za-proizvoditelite-na-pchenitsa-i-jachmen-i-domati-i-krastavitsi/ Tue, 22 Aug 2023 17:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=674705

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе Програма за дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година, со цел финансиска поддршка на производителите на пченица и јачмен, како и на одгледувачите на домати и краставици.

Во Програмата се додадени три нови подмерки со што се обезбедува: финансиска поддршка од 3 денари по килограм за остварено и продадено или складирано производство на пченица; финансиска поддршка за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен од 3 денари по килограм - за произведени пченица или јачмен од прва и втора генерација за реколта 2023 година, како  и финансиска поддршка за продадени количини на домат и краставица произведени под контролирани услови - од 35 денари по килограм домат што е произведен и продаден во периодот од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари по килограм за краставица којашто е произведена и продадена во периодот од 5 април до 15 мај 2023 година.

The post Финансиска поддршка за производителите на пченица и јачмен и домати и краставици appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе Програма за дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година, со цел финансиска поддршка на производителите на пченица и јачмен, како и на одгледувачите на домати и краставици. Во Програмата се додадени три нови подмерки со што се обезбедува: финансиска поддршка од 3 денари по килограм за остварено и продадено или складирано производство на пченица; финансиска поддршка за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен од 3 денари по килограм - за произведени пченица или јачмен од прва и втора генерација за реколта 2023 година, како  и финансиска поддршка за продадени количини на домат и краставица произведени под контролирани услови - од 35 денари по килограм домат што е произведен и продаден во периодот од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари по килограм за краставица којашто е произведена и продадена во периодот од 5 април до 15 мај 2023 година.

The post Финансиска поддршка за производителите на пченица и јачмен и домати и краставици appeared first on Република.

]]>
Доматите и краставиците летово ќе имаат изгор цени на пазарите, стравуваат трговците од Струмичко https://republika.mk/vesti/ekonomija/domatite-i-krastavicite-letovo-kje-imaat-izgor-ceni-na-pazarite-stravuvaat-trgovcite-od-strumichko/ Thu, 23 Jun 2022 09:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=518801

Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено.

Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата состојба е карактеристична за последните неколклу години и се должи на сменетата структура на градинарското производство.

Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало, ќе се должат на драстично намаленото производство. Пред неколку години а и лани, во текот на летото, доматите и краставиците се откупуваа по 60-70 денари за килограм, а така ќе биде и годинава. Јас стравувам дека заради тоа ќе нема за извоз, а доматите и краставиците ќе се пласираат на домашниот пазар, но по високи цени, бидејќи градинарите произведуваат количини доволни за нашиот пазар - смета Витанов.

Тој додава дека намалувањето на производството на доматите и краставиците се должи на зголемените трошоци за нивно одгледување и затоа градинарите се ориентираат на производство на зелка и црвена пиперка за кои не треба поголема инвестиција.

Во услови кога драстично е намалена понудата која не може да ја задоволи побарувачката, тогаш е нормално да има повисоки цени и затоа односот меѓу понудата и побарувачката е единствениот механизам која ја определува цената - вели Витанов.

Инаку, во Струмичко се задржува трендот на откуп на градинарски култури по растот на цените од пред неколку денови. Доматите се откупуваат за 40 денари за килограм, пиперките 40, а краставиците од 10 до 30 денари за килограм.

The post Доматите и краставиците летово ќе имаат изгор цени на пазарите, стравуваат трговците од Струмичко appeared first on Република.

]]>

Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици од вториот производствен турнус, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено. Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата состојба е карактеристична за последните неколклу години и се должи на сменетата структура на градинарското производство.
Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало, ќе се должат на драстично намаленото производство. Пред неколку години а и лани, во текот на летото, доматите и краставиците се откупуваа по 60-70 денари за килограм, а така ќе биде и годинава. Јас стравувам дека заради тоа ќе нема за извоз, а доматите и краставиците ќе се пласираат на домашниот пазар, но по високи цени, бидејќи градинарите произведуваат количини доволни за нашиот пазар - смета Витанов.
Тој додава дека намалувањето на производството на доматите и краставиците се должи на зголемените трошоци за нивно одгледување и затоа градинарите се ориентираат на производство на зелка и црвена пиперка за кои не треба поголема инвестиција.
Во услови кога драстично е намалена понудата која не може да ја задоволи побарувачката, тогаш е нормално да има повисоки цени и затоа односот меѓу понудата и побарувачката е единствениот механизам која ја определува цената - вели Витанов.
Инаку, во Струмичко се задржува трендот на откуп на градинарски култури по растот на цените од пред неколку денови. Доматите се откупуваат за 40 денари за килограм, пиперките 40, а краставиците од 10 до 30 денари за килограм.

The post Доматите и краставиците летово ќе имаат изгор цени на пазарите, стравуваат трговците од Струмичко appeared first on Република.

]]>
Скопјанец со краставици мавал по продавачка зошто не му давале да купи пет литри масло https://republika.mk/vesti/ekonomija/skopjanec-so-krastavici-maval-po-prodavachka-zoshto-ne-mu-davale-da-kupi-pet-litri-maslo/ Fri, 15 Apr 2022 14:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=489043

Непријатна случка имало вчера во маркет „Стокомак“ во Тафталиџе кога нервозен купувач протестно почнал да фрла со краставици низ продавницата затоа што му требале 5, а не едно шише со зејтин. Очевидците за „Слободен печат“ велат дека глетката била непријатна.

Зарем сте глупави! Што треба, пет пати да влезам во продавница за да купам 5 шишиња, нервозно викал купувачот и ја расплакал продавачката кон која упатил низа навреди.

Друг купувач, пак, дошол со здравствената книшка на својата мајка за да покаже дека е неподвижна и дека и за неа треба да купи масло за јадење.

The post Скопјанец со краставици мавал по продавачка зошто не му давале да купи пет литри масло appeared first on Република.