крај на војната Archives - Република https://republika.mk/tema/kraj-na-vojnata/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Nov 2023 08:06:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крај на војната Archives - Република https://republika.mk/tema/kraj-na-vojnata/ 32 32 Катар се надева дека договорот меѓу Израел и Хамас ќе отвори пат за „крај на војната“ https://republika.mk/vesti/svet/katar-se-nadeva-deka-dogovorot-megu-izrael-i-hamas-ke-otvori-pat-za-kraj-na-vojnata/ Wed, 22 Nov 2023 08:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=714958

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани им се заблагодари на САД и Египет што му помогнаа на Катар да посредува за договорот меѓу Израел и Хамас со кој се предвидува пауза во борбите во Газа.

Ал Тани изрази надеж дека договорот ќе воспостави „сеопфатен и одржлив договор“ кој „ќе стави крај на војната и крвопролевањето“.

Катарскиот премиер, исто така, рече дека се надева оти договорот „ќе доведе до сериозни разговори за сеопфатен и праведен мировен процес“.

 

The post Катар се надева дека договорот меѓу Израел и Хамас ќе отвори пат за „крај на војната“ appeared first on Република.

]]>

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани им се заблагодари на САД и Египет што му помогнаа на Катар да посредува за договорот меѓу Израел и Хамас со кој се предвидува пауза во борбите во Газа. Ал Тани изрази надеж дека договорот ќе воспостави „сеопфатен и одржлив договор“ кој „ќе стави крај на војната и крвопролевањето“. Катарскиот премиер, исто така, рече дека се надева оти договорот „ќе доведе до сериозни разговори за сеопфатен и праведен мировен процес“.  

The post Катар се надева дека договорот меѓу Израел и Хамас ќе отвори пат за „крај на војната“ appeared first on Република.

]]>
Путин веќе одредил војната во Украина да заврши на 9 мај? https://republika.mk/vesti/svet/putin-vekje-odredil-vojnata-vo-ukraina-da-zavrshi-na-9-maj/ Sat, 26 Mar 2022 15:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=478960

Официјален Киев тврди дека рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, од порано го одредил 9 мај за крај на војната во Украина.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руската пропаганда „вели дека војната мора да заврши до 9 мај 2022 година“, на датумот кога Русија ја слави победата во Втората светска војна и организира голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

Според достапните информации, меѓу луѓето од вооружените сили на Руската Федерација постојано се врши пропагандна работа, што ја наметнува идејата дека војната мора да заврши пред 9 мај 2022 година – наведуваат од украинскиот Генералштаб.

 

The post Путин веќе одредил војната во Украина да заврши на 9 мај? appeared first on Република.

]]>

Официјален Киев тврди дека рускиот претседател, Владимир Путин, наводно, од порано го одредил 9 мај за крај на војната во Украина. Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руската пропаганда „вели дека војната мора да заврши до 9 мај 2022 година“, на датумот кога Русија ја слави победата во Втората светска војна и организира голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва. Според достапните информации, меѓу луѓето од вооружените сили на Руската Федерација постојано се врши пропагандна работа, што ја наметнува идејата дека војната мора да заврши пред 9 мај 2022 година – наведуваат од украинскиот Генералштаб.  

The post Путин веќе одредил војната во Украина да заврши на 9 мај? appeared first on Република.

]]>
Путин изнел прецизни барања за крај на војната, објави „Би-би-си“ https://republika.mk/vesti/svet/putin-iznel-precizni-baranja-za-kraj-na-vojnata-objavi-bi-bi-si/ Fri, 18 Mar 2022 09:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=474802

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал денес телефонски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му изнел прецизни барања на Русија за прекин на инвазијата во Украина.

Половина час по завршувањето на телефонскиот разговор, Би-би-си разговарал со советникот и портпарол на Ердоган Ибрахим Калин. Калин бил дел од малата група функционери кои го слушале разговорот.

Руските барања спаѓаат во две категории. Според Калин, првите четири барања не се тешки за Украина да ги исполни.

Главното е прифаќање на Украина да биде неутрална и да не се пријавува за придружување во НАТО. На тоа веќе начелно се согласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Постојат и други барања во оваа категории кои главно изгледаат како елементи кои на руската страна ѝ го „спасуваат образот“. Украина би морала да мине низ процес на разоружување за да обезбеди дека не ѝ претставува закана на Русија. Во Украина би морала да постои заштита на рускиот јазик. А тука е и денацификацијата.

Турската страна верува дека Зеленски тоа може да го прифати. Можеби ќе биде доволно Украина да ги осуди сите облици на неонацизам и да вети дека ќе ги сузбие, пишува Би-би-си.

Втората категорија е онаа во која може да има тешкотии, а во телефонскиот разговор Путин кажал дека ќе бидат потребни директни преговори меѓу него и Зеленски пред да се постигне договор за тие точки. Зеленски веќе кажа дека е спремен да се сретне со рускиот претседател и да преговара со него еден на еден.

Калин бил помалку конкретен за тие прашања, кажувајќи само дека станува збор за статусот на Донбас во источна Украина, чии делови веќе се одвоија од Украина. Иако Калин не навлегол во детали, претпоставката е дека Русија ќе бара украинската влада да се откаже од териториите во источна Украина, што ќе биде спорно.

Втората претпоставка е дека Русија ќе бара Украина формално да го прифати Крим како руски. Тоа за Украина ќе биде тешко да го прифати.

Барањата на Путин не се толку остри како што се плашеа некои на Западот, пишува Би-би-си. Имајќи ја предвид неговата контрола над руските медиуми, не би требало да биде проблем Кремљ ова да го прикаже како голема победа. Но, дури и ако успее да го прикаже договорот со Киев како голема победа над неонацизмот, неговата позиција дома ќе биде ослабена, пишува британскиот јавен сервис.

 

The post Путин изнел прецизни барања за крај на војната, објави „Би-би-си“ appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал денес телефонски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и му изнел прецизни барања на Русија за прекин на инвазијата во Украина. Половина час по завршувањето на телефонскиот разговор, Би-би-си разговарал со советникот и портпарол на Ердоган Ибрахим Калин. Калин бил дел од малата група функционери кои го слушале разговорот. Руските барања спаѓаат во две категории. Според Калин, првите четири барања не се тешки за Украина да ги исполни. Главното е прифаќање на Украина да биде неутрална и да не се пријавува за придружување во НАТО. На тоа веќе начелно се согласи украинскиот претседател Володимир Зеленски. Постојат и други барања во оваа категории кои главно изгледаат како елементи кои на руската страна ѝ го „спасуваат образот“. Украина би морала да мине низ процес на разоружување за да обезбеди дека не ѝ претставува закана на Русија. Во Украина би морала да постои заштита на рускиот јазик. А тука е и денацификацијата. Турската страна верува дека Зеленски тоа може да го прифати. Можеби ќе биде доволно Украина да ги осуди сите облици на неонацизам и да вети дека ќе ги сузбие, пишува Би-би-си. Втората категорија е онаа во која може да има тешкотии, а во телефонскиот разговор Путин кажал дека ќе бидат потребни директни преговори меѓу него и Зеленски пред да се постигне договор за тие точки. Зеленски веќе кажа дека е спремен да се сретне со рускиот претседател и да преговара со него еден на еден. Калин бил помалку конкретен за тие прашања, кажувајќи само дека станува збор за статусот на Донбас во источна Украина, чии делови веќе се одвоија од Украина. Иако Калин не навлегол во детали, претпоставката е дека Русија ќе бара украинската влада да се откаже од териториите во источна Украина, што ќе биде спорно. Втората претпоставка е дека Русија ќе бара Украина формално да го прифати Крим како руски. Тоа за Украина ќе биде тешко да го прифати. Барањата на Путин не се толку остри како што се плашеа некои на Западот, пишува Би-би-си. Имајќи ја предвид неговата контрола над руските медиуми, не би требало да биде проблем Кремљ ова да го прикаже како голема победа. Но, дури и ако успее да го прикаже договорот со Киев како голема победа над неонацизмот, неговата позиција дома ќе биде ослабена, пишува британскиот јавен сервис.  

The post Путин изнел прецизни барања за крај на војната, објави „Би-би-си“ appeared first on Република.

]]>