крадење струја Archives - Република https://republika.mk/tema/kradenje-struja/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 12:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крадење струја Archives - Република https://republika.mk/tema/kradenje-struja/ 32 32 ЕВН фати познати угостители во кражби на струја – една пекарница крадела струја колку за едно село https://republika.mk/vesti/makedonija/evn-fati-poznati-ugostiteli-vo-krazhbi-na-struja-edna-pekarnitsa-kradela-struja-kolku-za-edno-selo/ Mon, 23 Sep 2024 12:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=818999

Познати кафулиња, пекарници, ресторани и други бизниси во Скопје и низ Македонија разоткриени во мрежа за кражба на струја. Имено, екипите на ЕВН открија обид за кражба на струја со уред кој го „замрзнува“ броилото и не ја евидентира потрошената струја.

Иако се работи за уред кој досега не бил евидентиран при манипулација и кражби на броила, системот за далечинско управување на ЕВН веднаш алармира кога ќе се појават одредени отстапувања во потрошувачката, се вели во новото издание на емисијата „КОД“.

Отстапувањата во потрошувачката кај броилата кои не се исчитуваат далечински се утврдува на лице место при контрола. Инженерите на ЕВН објаснуваат дека уште од канцеларија знаат дали некој го манипулира броилото.

– Анализата на броилото ни дава точни технички параметри за тоа дали броилото е расипано или се работи за манипулација. Овој уред е многу софистициран и тешко се открива при обични контроли. За среќа, нашиот систем за далечинско управување веднаш алармира кога има одредени отстапувања во потрошувачката – изјави Александра Костовска, раководителка на одделот за мерење на мрежа во ЕВН за емисијата „КОД“ која се емитуваше на ТВ Телма, а беше посветена на кражбите на струја.

Според неа, инженерите на ЕВН можат преку детална анализа на податоците од броилото да утврдат дали станува збор за технички проблем или за намерна манипулација.

Оваа акција на ЕВН покажува дека криминалците постојано развиваат нови методи за кражба на струја, но и дека енергетските компании преземаат соодветни мерки за да ги спречат.

За сите сторители на кражба на струја ЕВН поднел кривични пријави. Според законот, за ова дело се предвидени затворски казни до 5 години и парични казни за правни лица од 1500 до 15.000 евра. Јавното обвинителство активно работи на расветлување на овие случаи и гонење на одговорните.

The post ЕВН фати познати угостители во кражби на струја – една пекарница крадела струја колку за едно село appeared first on Република.

]]>

Познати кафулиња, пекарници, ресторани и други бизниси во Скопје и низ Македонија разоткриени во мрежа за кражба на струја. Имено, екипите на ЕВН открија обид за кражба на струја со уред кој го „замрзнува“ броилото и не ја евидентира потрошената струја. Иако се работи за уред кој досега не бил евидентиран при манипулација и кражби на броила, системот за далечинско управување на ЕВН веднаш алармира кога ќе се појават одредени отстапувања во потрошувачката, се вели во новото издание на емисијата „КОД“. Отстапувањата во потрошувачката кај броилата кои не се исчитуваат далечински се утврдува на лице место при контрола. Инженерите на ЕВН објаснуваат дека уште од канцеларија знаат дали некој го манипулира броилото.
– Анализата на броилото ни дава точни технички параметри за тоа дали броилото е расипано или се работи за манипулација. Овој уред е многу софистициран и тешко се открива при обични контроли. За среќа, нашиот систем за далечинско управување веднаш алармира кога има одредени отстапувања во потрошувачката – изјави Александра Костовска, раководителка на одделот за мерење на мрежа во ЕВН за емисијата „КОД“ која се емитуваше на ТВ Телма, а беше посветена на кражбите на струја.
Според неа, инженерите на ЕВН можат преку детална анализа на податоците од броилото да утврдат дали станува збор за технички проблем или за намерна манипулација. Оваа акција на ЕВН покажува дека криминалците постојано развиваат нови методи за кражба на струја, но и дека енергетските компании преземаат соодветни мерки за да ги спречат. За сите сторители на кражба на струја ЕВН поднел кривични пријави. Според законот, за ова дело се предвидени затворски казни до 5 години и парични казни за правни лица од 1500 до 15.000 евра. Јавното обвинителство активно работи на расветлување на овие случаи и гонење на одговорните.

The post ЕВН фати познати угостители во кражби на струја – една пекарница крадела струја колку за едно село appeared first on Република.

]]>
Ахмети за кабелот: Сè е проверено од ЕВН https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-za-kabelot-se-e-provereno-od-evn/ Sun, 17 Sep 2023 15:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=682631

Фотографијата од спроведувањето на пописот во домот на Али Ахмети, каде во позадина се гледа продолжен кабел, ги разгори коментарите дека и лидерот на ДУИ не плаќа струја.

Но, според него, сè е регуларно и по прописи.

Сè е проверено и контролирано од ЕВН, тврди Ахмети во интервјуто направено во неговиот дом, а кое ќе се прикажува вечерва на ТВ21.

The post Ахмети за кабелот: Сè е проверено од ЕВН appeared first on Република.

]]>

Фотографијата од спроведувањето на пописот во домот на Али Ахмети, каде во позадина се гледа продолжен кабел, ги разгори коментарите дека и лидерот на ДУИ не плаќа струја. Но, според него, сè е регуларно и по прописи.
Сè е проверено и контролирано од ЕВН, тврди Ахмети во интервјуто направено во неговиот дом, а кое ќе се прикажува вечерва на ТВ21.

The post Ахмети за кабелот: Сè е проверено од ЕВН appeared first on Република.

]]>
Во Студеничани повторно не ги пуштаа екипите на ЕВН да работат, интервенираше полиција https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-studenichani-povtorno-ne-gi-pushtaa-ekipite-na-evn-da-rabotat-intervenirashe-politsija/ Wed, 12 Jul 2023 09:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=660369

Дел од жителите по третпат се обидоа да ги спречат екипите на ЕВН да работат на модернизација на електродистрибутивната мрежа, јавува „Телма“ од Студеничани, каде потребно е да се работи на четири столбови од електродистрибутивната мрежа.

Полициски службеници беа на терен, повикаа и засилување по што се создадоа услови за дислокација на мрежните ормари и работниците започнаа со интервенции, пренесува телевизијата.

ЕВН преку соопштение претходно информираше дека едно семејство узурпирало дел од локалната мрежа поради што 30–тина семејства немаа струја, а екипите не можеа да го отстранат дефектот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-familija-idrizi-nikoj-nema-struja-vo-studenichani-velat-od-evn/

Повеќе фотографии на „Телма

The post Во Студеничани повторно не ги пуштаа екипите на ЕВН да работат, интервенираше полиција appeared first on Република.

]]>

Дел од жителите по третпат се обидоа да ги спречат екипите на ЕВН да работат на модернизација на електродистрибутивната мрежа, јавува „Телма“ од Студеничани, каде потребно е да се работи на четири столбови од електродистрибутивната мрежа. Полициски службеници беа на терен, повикаа и засилување по што се создадоа услови за дислокација на мрежните ормари и работниците започнаа со интервенции, пренесува телевизијата. ЕВН преку соопштение претходно информираше дека едно семејство узурпирало дел од локалната мрежа поради што 30–тина семејства немаа струја, а екипите не можеа да го отстранат дефектот. https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-familija-idrizi-nikoj-nema-struja-vo-studenichani-velat-od-evn/ Повеќе фотографии на „Телма

The post Во Студеничани повторно не ги пуштаа екипите на ЕВН да работат, интервенираше полиција appeared first on Република.

]]>
Бектеши се пофали како лично убедувал граѓани дека струјата мора да се плаќа https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-se-pofali-kako-lichno-ubeduval-gragani-deka-strujata-mora-da-se-plaka/ Thu, 06 Jul 2023 12:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=658683

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека денеска ќе биде решен проблемот со дефектот во липковско Слупчане поради кој ова и уште неколку села од вчера се без струја. Со оглед дека жители на Слупчане не дозволуваат интервенции од странана ЕВН, Бектеши денеска изјави дека градоначалникот на Липково Еркан Арифи веќе разговарал со населението, а ако треба, како што рече, ќе се вклучи да помогне и Министерството за економија.

Според Бектеши, ЕВН има право да постапи согласно регулативата и правилниците од Регулаторната комисија за енергетика и од Законот за енергетика како што има и обврски за надградба на мрежата. Секој, потенцира министерот, мора да си ја плаќа сметката.

Убеден сум дека и за конкретниот случај за Слупчане, ќе биде решена ситуацијата денеска и како што беше решено и во другите населени места и таму ЕВН ќе продолжи да работи согласно со обврските што го има како дистрибутер и универзален снабдувач. Утринава разговарав со градоначалникот Арифи, колку што имам информација градоначалникот прави одлична работа, разговара со сите населени места, ако треба да помогнеме како Министерство секако дека ќе се вклучиме, не само во конкретниот случај, каде и да се случи во Cеверна Македонија тука сме за да им излеземе во пресрет ако ја бараат нашата помош. Но, во делот на плаќање струја секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска тоа да го направи, како што е обврска на ЕВН да ја подобри мрежата за сите населени места подеднакво да имаат исти услуги, изјави Бектеши.

Прашан за институционално решение на проблемот со оглед на загубите од вакви случаи, министерот посочи дека „не треба да ја генерализираме работата имајќи предвид дека , Министерството за економија согласно надлежностите повикувајќи се на Законот за енергетика и подзаконските акти креира клима со цел да се намалат загубите и во преносот и во кражбите“.

Како Министерство за економија и јас лично сум вклучен со цел на сите граѓани да им порачаме дека електричната енергија мора да се плати секаде и тоа ќе биде како и со случајот во Арачиново и другите населени места - секој граѓанин треба да го плати тоа што го троши како струја. Така функционира и пазарната економија и регулираната економија имајќи во предвид дека цените за домаќинствата ги утврдува Владата преку ЕСМ, има голем дел од влијанието и целосно сме посветени загубите да бидат минимални, рече Бектеши.

Од претходната година досега, дополни министерот, со поддршка и од Министерството за економија и од други институции, загубите што во одредени места беа големи веќе се намалени и на таков начин ќе продолжи и во иднина.

Како што соопшти ЕВН, поради дефект, што вчера го предизвикале жители на Слупчане кои по прекин на струјата насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето, без струја се и селата Оризаре, Ваксинце и Лојане.

Од ЕВН укажаа дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

Екипите на електродистрибуција не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат. Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти, посочија од ЕВН.

The post Бектеши се пофали како лично убедувал граѓани дека струјата мора да се плаќа appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека денеска ќе биде решен проблемот со дефектот во липковско Слупчане поради кој ова и уште неколку села од вчера се без струја. Со оглед дека жители на Слупчане не дозволуваат интервенции од странана ЕВН, Бектеши денеска изјави дека градоначалникот на Липково Еркан Арифи веќе разговарал со населението, а ако треба, како што рече, ќе се вклучи да помогне и Министерството за економија. Според Бектеши, ЕВН има право да постапи согласно регулативата и правилниците од Регулаторната комисија за енергетика и од Законот за енергетика како што има и обврски за надградба на мрежата. Секој, потенцира министерот, мора да си ја плаќа сметката.
Убеден сум дека и за конкретниот случај за Слупчане, ќе биде решена ситуацијата денеска и како што беше решено и во другите населени места и таму ЕВН ќе продолжи да работи согласно со обврските што го има како дистрибутер и универзален снабдувач. Утринава разговарав со градоначалникот Арифи, колку што имам информација градоначалникот прави одлична работа, разговара со сите населени места, ако треба да помогнеме како Министерство секако дека ќе се вклучиме, не само во конкретниот случај, каде и да се случи во Cеверна Македонија тука сме за да им излеземе во пресрет ако ја бараат нашата помош. Но, во делот на плаќање струја секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска тоа да го направи, како што е обврска на ЕВН да ја подобри мрежата за сите населени места подеднакво да имаат исти услуги, изјави Бектеши.
Прашан за институционално решение на проблемот со оглед на загубите од вакви случаи, министерот посочи дека „не треба да ја генерализираме работата имајќи предвид дека , Министерството за економија согласно надлежностите повикувајќи се на Законот за енергетика и подзаконските акти креира клима со цел да се намалат загубите и во преносот и во кражбите“.
Како Министерство за економија и јас лично сум вклучен со цел на сите граѓани да им порачаме дека електричната енергија мора да се плати секаде и тоа ќе биде како и со случајот во Арачиново и другите населени места - секој граѓанин треба да го плати тоа што го троши како струја. Така функционира и пазарната економија и регулираната економија имајќи во предвид дека цените за домаќинствата ги утврдува Владата преку ЕСМ, има голем дел од влијанието и целосно сме посветени загубите да бидат минимални, рече Бектеши.
Од претходната година досега, дополни министерот, со поддршка и од Министерството за економија и од други институции, загубите што во одредени места беа големи веќе се намалени и на таков начин ќе продолжи и во иднина. Како што соопшти ЕВН, поради дефект, што вчера го предизвикале жители на Слупчане кои по прекин на струјата насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето, без струја се и селата Оризаре, Ваксинце и Лојане. Од ЕВН укажаа дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.
Екипите на електродистрибуција не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат. Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти, посочија од ЕВН.

The post Бектеши се пофали како лично убедувал граѓани дека струјата мора да се плаќа appeared first on Република.

]]>
Бектеши им дал збор на ЕВН дека никој нема да ги гибне додека го поправаат дефектот во Слупчане https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-im-dal-zbor-na-evn-deka-nikoj-nema-da-gi-gibne-dodeka-go-popravaat-defektot-vo-slupchane/ Thu, 06 Jul 2023 11:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=658655

ЕВН денеска информираше дека дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време, по добиените гаранции од страна на министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на Липково се договорил со жителите да не ги спречуваат екипите на електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-za-intsidentot-vo-slupchane-vo-shvajtsarija-ne-smeat-da-pluknat-na-ulitsa-a-ne-da-ne-platat-struja/

Претходно, како што информираше ЕВН, во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото, при што ги оставија жителите на соседните села, Оризаре, Ваксинце и Лојане без електрична енергија.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-krazhbata-na-struja-vo-slupchane-e-80-a-naplatata-samo-20-protsenti/

Од компанијата кажаа дека ќе го санираат дефектот кога ќе има гаранции да се влезе во селото.

The post Бектеши им дал збор на ЕВН дека никој нема да ги гибне додека го поправаат дефектот во Слупчане appeared first on Република.

]]>

ЕВН денеска информираше дека дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време, по добиените гаранции од страна на министерот за економија Крешник Бектеши, кој заедно со градоначалникот на Липково се договорил со жителите да не ги спречуваат екипите на електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија. https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-za-intsidentot-vo-slupchane-vo-shvajtsarija-ne-smeat-da-pluknat-na-ulitsa-a-ne-da-ne-platat-struja/ Претходно, како што информираше ЕВН, во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото, при што ги оставија жителите на соседните села, Оризаре, Ваксинце и Лојане без електрична енергија. https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-krazhbata-na-struja-vo-slupchane-e-80-a-naplatata-samo-20-protsenti/ Од компанијата кажаа дека ќе го санираат дефектот кога ќе има гаранции да се влезе во селото.

The post Бектеши им дал збор на ЕВН дека никој нема да ги гибне додека го поправаат дефектот во Слупчане appeared first on Република.

]]>
Поради фамилија Идризи никој нема струја во Студеничани, велат од ЕВН https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-familija-idrizi-nikoj-nema-struja-vo-studenichani-velat-od-evn/ Thu, 06 Jul 2023 09:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=658599

Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото, соопшти денеска ЕВН.

Дефектот, како што наведуваат, не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое, како што велат, практично ги држи другите 100 домаќинства во заложништво без снабдување со струја.

Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот. Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија, велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата.

Претходно од ЕВН соопштија дека жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-krazhbata-na-struja-vo-slupchane-e-80-a-naplatata-samo-20-protsenti/

The post Поради фамилија Идризи никој нема струја во Студеничани, велат од ЕВН appeared first on Република.

]]>

Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото, соопшти денеска ЕВН. Дефектот, како што наведуваат, не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое, како што велат, практично ги држи другите 100 домаќинства во заложништво без снабдување со струја.
Според информации на терен, семејството Идризи веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот. Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија, велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата.
Претходно од ЕВН соопштија дека жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето. https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-krazhbata-na-struja-vo-slupchane-e-80-a-naplatata-samo-20-protsenti/

The post Поради фамилија Идризи никој нема струја во Студеничани, велат од ЕВН appeared first on Република.

]]>
ЕВН: Кражбата на струја во Слупчане е 80, а наплатата само 20 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-krazhbata-na-struja-vo-slupchane-e-80-a-naplatata-samo-20-protsenti/ Thu, 06 Jul 2023 08:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=658584

Жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој како што соопштија од ЕВН го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето.

Од ЕВН во денешното соопштение до медиумите, информираа дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици. Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане, велат од ЕВН.

Електродистрибуција во соопштението укажува дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

Екипите на електродистрибуција не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат. Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти, велат од ЕВН.

Вчера жителите на Слупчане со запалени гуми го блокираа влезот на селото и не дозволија екипи на ЕВН да извршат интервенции.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitelite-na-slupchane-so-palene-na-gumi-na-patot-go-blokiraa-vlezot-na-ekipite-na-evn/

The post ЕВН: Кражбата на струја во Слупчане е 80, а наплатата само 20 проценти appeared first on Република.

]]>

Жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој како што соопштија од ЕВН го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето. Од ЕВН во денешното соопштение до медиумите, информираа дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.
По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици. Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане, велат од ЕВН.
Електродистрибуција во соопштението укажува дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.
Екипите на електродистрибуција не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат. Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти, велат од ЕВН.
Вчера жителите на Слупчане со запалени гуми го блокираа влезот на селото и не дозволија екипи на ЕВН да извршат интервенции. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitelite-na-slupchane-so-palene-na-gumi-na-patot-go-blokiraa-vlezot-na-ekipite-na-evn/

The post ЕВН: Кражбата на струја во Слупчане е 80, а наплатата само 20 проценти appeared first on Република.

]]>
Арачиново без струја: Трафостаниците преоптоварени поради крадење струја https://republika.mk/vesti/makedonija/arachinovo-bez-struja-trafostanicite-preoptovareni-poradi-kradenje-struja/ Tue, 23 Aug 2022 17:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=543379

Околу 80 отсто од домаќинствата во Арачиново денеска немаа струја. Од ЕВН Хоме за ТВ21 потврдуваат дека во понеделник наутро во општината дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителите.

Во Арачиново нашите екипи често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, што го оневозможува извршувањето на работата во целина. За да се работи мора да се создадат услови за нормално функционирање и работа, како за дефекти, така и за реконструкција и модернизација на мрежата. Се додека нема нормални услови за работа и има пречка во извршувањето на работата, нема да има можност за реставрирање - велат од ЕВН.

https://www.youtube.com/watch?v=qbV_H9VasoA&feature=emb_title

The post Арачиново без струја: Трафостаниците преоптоварени поради крадење струја appeared first on Република.