На 17 октомври,(вторник) со почеток во 20 часот во КСП Центар Јадро ќе биде отворена изложбата „Префрлање на одговорноста (II): Од точка А до точка Б“.
Колку време е потребно за да се пренесе еден објект од точка А до точка Б ако растојанието помеѓу точката А и точката Б е само еден километар? Ова навидум едноставно, но трик прашање (на пр., брзината недостасува во равенката) станува уште потешко да се одговори во случајот на споменикот „Сончев часовник “. Најновиот проект на Сашо Станојковиќ, „Префрлање на одговорноста (II): Од точка А до точка Б“, 2023 година е прониклива студија на случај за уметничко истражување во која уметникот се осврнува на спорните спомени, колективната амнезија и спомените. Уметникот размислува за мотивите зад неконзистентната – и честопати неуспешната – мемориска политика која ги овековечува пропуштените можности за извинување и отстапува место за разни изливи на омраза, антисемитизам и други форми на расизам.
Поточно, Станојковиќ во текот на својот партиципативен истражувачки проект ги истражува причините за доцнењето на завршувањето на споменикот „Сончев часовник“. Во 2015 година, неколку организации иницираа и нарачаа споменик кој треба да биде посветен на Евреите кои живееле во Битола (Македонија) до 1943 година, но биле депортирани и убиени за време на Холокаустот - во концентрациониот логор Треблинка. Уметникот Мати Грунберг – Израелец роден во Скопје – создаде споменик во облик на огромен сончев часовник изработен од железо обоено во жолто. Но, и покрај првичната одлука споменикот да се постави на постамент на Еврејските гробишта во Битола, тој не е поместен од првобитната локација во фабриката „ПЕТ“ по неговото завршување во 2018 година.
Станојковиќ го интервјуираше авторот на споменикот Мати Грунберг и паралелно ги праша и инволвираните институции и поединци зошто беше потребно толку долго да се признае спорното минато на прво место. Сè уште опседнувачкото прашање е зошто се покажа толку тешко да се премости растојанието од само еден километар помеѓу местото на изградбата на споменикот и неговата замислена дестинација. Од добиените одговори не можеше да се изведе јасен заклучок за одговорноста за доцнењето. Затоа, важно е да се фрли повеќе светлина на случајот по патувањето на уметникот низ лавиринтите на различни институции и на крајот да се иницира поставувањето на споменикот на веќе завршениот пиедестал.
„Префрлање на одговорноста (II)“ е продолжение на првиот дел од истоимената изложба која ги презентираше резултатите од истражувачкиот и партиципативен уметнички проект на уметникот кој се однесуваше на критичките повици за преиспитување на распространетите и конзервативни дефиниции за спомениците и ги оспори вообичаените претпоставки и услови тие да припаѓаат на листата на заштитени споменици. Во двете изложби Префрлање на одговорноста(I и II) Сашо Станојковиќ ја нагласува итноста на застапувањето за советодавна и партиципативна концептуализација на културното наследство и спомениците. Така, тој ја истакнува потребата да се поддржат и да се засилат различните гласови и заложби на политичко дејствување и активистичко несогласување околу спомениците со помош на директна демократија и спротивставување на некритичкото и националистичко славење на културното наследство. Насловот на двата проекти на Станојковиќ произлезе директно од недостатокот на преземање целосна одговорност, од една страна, и од прекршувањето на должноста и префрлањето на одговорноста на институциите, од друга страна.
***
Сашо Станојковиќ е роден во 1962 година во Скопје, Македонија, каде што живее и работи како самостоен уметник. Во 2011 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Неговите партиципативни истражувачки проекти и изведби се базирани на инструкции и се занимаваат со групи или заедници на луѓе кои се собираат околу нивните заеднички интереси во уметноста, естетиката и етиката и во кои тој главно е заинтересиран за нивните неформални собири и самоорганизирани активности кои не се ниту регистрирани, ниту институционализирани, и затоа често остануваат непризнаени како општествено или естетски важни. Станојковиќ се фокусира на истражувањето на правото на протест на различните заедници и во испитувањето на прашањето на сеќавањето: раслојувањето и зачувувањето на колективната меморија – и амнезијата – на јавните простори.
Станојковиќ користи различни медиуми, жанрови и методи како што се сликарство, фотографијата, видеото, перформансот, партиципативно истражување итн. со цел да се осврне на односот помеѓу формирањето на таквите заедници и различните општествени, приватни или јавни простори кои се населени со нивните активности (галерии, кина, паркови и домови). Неговите проекти вклучуваат To Whom It May Concern – дел од самостојната изложба на Дејвид Медала, курирана од Гај Брет во ICA – Лондон, 2005 година, Правда во фокусот (2004–2007), Простор за протест (2007–2012) и Префрлање на одговорноста (2018). Станојковиќ учествувал на изложбите „Секогаш веќе Апокалипса“ (Културен центар Јилдиз, 1999) и „...и…“ (Воен музеј, 2003), двете одржани паралелно со биеналето во Истанбул, во SIKB(R)“ – „Јужно меѓународно уметничко биенале“ (Р), Стокхолм, 2003 година и на Октомвриски Салон, Белград (2008). Станојковиќ реализирал меѓународни самостојни или групни изложби во Истанбул, Белград, Стокхолм, Мадрид, Лондон, Берлин, Мајами, Бостон, Љубљана, Загреб, Брауншвајг, Букурешт, Сараево, Солун, Монтевидео, Гуангжу, Жеџијанг, Грац, Мелбурн и Њујорк.
The post „Префрлање на одговорноста (II): Од точка А до точка Б“- самостојна изложба на Сашо Станојковиќ во КСП Центар Јадро appeared first on Република.
]]>The post „Префрлање на одговорноста (II): Од точка А до точка Б“- самостојна изложба на Сашо Станојковиќ во КСП Центар Јадро appeared first on Република.
]]>Во вторник, 23 мај во 19:00 часот, КСП Центар-Јадро, патувачкиот перформативен и аудио уметник, Холгер Маик Мертин и фотографката и филмскa документаристка, Сесилија (Ци) Мартенс, ќе одржат звучен перформанс и разговор насловен „Двајца уметници, една планета“.
Како #twoartistsoneplanet, тие се на постојано патување од Јужна Африка преку Европа до Индија, а во моментов се на едномесечен проектен престој во Скопје. За време на својот престој тие работат со пронајдени предмети и со „ѓубре“ кое го користата за да создаваат Sound&Movement Performances.
Во Јадро-Центар, Холгер ќе изведе звучен перформанс со локално пронајдени предмети како на пр. пластична хартија и органско ѓубре. По изведбата, Ци ќе зборува за животот и предизвиците со кои се соочуваат на ова „споро“ патување (slow travel journey). Како патеписец и документаристка, таа ќе се осврне и на нивното неодамнешно копнено патувања, долго 7770 километри, во Африка, за кое користеле само јавен превоз. Таа ќе зборува за нивното заедничко создавање на уметност и проекти како и за тоа како е да се живее со полно работно време патувајќи и како сето тоа влијае на нивните перспективи, погледи и искуства.
Сесилија (Ци) Мартенс родена во Јужна Африка е фотографка, документаристка и писателка со долгогодишно работно искуство во сверата на патувањето, туризамот, одржливоста и медиумите.
Родена во претседателската ера пред Мандела во 1994 година во Јужна Африка е една од првите 100 меѓукултурно посвоени бебиња во Јужна Африка. Ова уникатна перспектива на Ци го разгорува нејзиниот интерес за темите - како што се „Моќта на пасошот“, „Разновидност“, „Дискриминација“, „Свеста за ментално здравје“, „Еднаквост и вклученост“ и „Одржливост во животот и во уметноста“.
Како етаблиран глас во нејзините индустрии, главниот проект на Ци моментално е #TwoArtistsOnePlanet во партнерство со нејзиниот вереник, Холгер Маик Мертин додека го продолжуваат нивниот проект за „споро“ патување низ светот.
Instagram: @ceecestravel Email: at [email protected]
Холгер Маик Мертин е аудио уметник и активист за одржливост. Неговата работа се фокусира на трансформација на архитектонските објекти и еколошката околина каде настапува со музички инструменти.
Заедно со Филмер и неговата партнерка Ци, тој работи на долгорочниот проект за патување со уметност и одржливост - веќе две и пол години започнуваќи го патувањето во Јужна и Источна Африка, Европа, Балканот и Индија.
Холгер соработувал со меѓународно познати музичари и уметници како Jaki Liebezeit (Can), AnnenMayKantereit, Eberhard Kranemann (ex Kraftwerk), Milan Sladek (mime), DJ Marcelle, WDR Rundfunkorchester.
Повеќе од десет години предавал и истражувал на Универзитетот за музика и танц во Келн. Тој има создадено неколку ударни инструменти и компонирал неколку дела за WDR Radio, а исто така свирел како импров солист со Staatsphilharmonie Nürnberg.
инстаграм: @holgermaikmertin Е-пошта: www.holger-maik-mertin.com
Фејсбук страница за #TwoArtistsOnePlanet - @TwoArtistsOnePlanet
The post „Двајца уметници, една планета“ – Звучен перформанс со Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин appeared first on Република.
]]>The post „Двајца уметници, една планета“ – Звучен перформанс со Сесилија (Ци) Мартенс и Холгер Маик Мертин appeared first on Република.
]]>Во соработка помеѓу Центарот за истражување и известување за животната средина „Еко-Свест“ и КСП Центар „Јадро“, на 22 февруари, среда, со почеток во 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Каде текла реката, пак ќе тече“.
Изложбата ќе биде поставена во КСП Центар „Јадро“ и ќе биде отворена за посетителите до 28 февруари.
На изложбата ќе бидат претставени фото и видеоесеи во рамки на регионалната кампања за заштита на реките “Save the blue heart of Europe“, од авторите Ивана Самандова, Филип Лафазановски и Влатко Деков.
Според организаторите, фокусот на „Каде реката текла, пак ќе тече“ е изградбата на малите хидроцентрали на територијата на Македонија кој оставаат непоправливи последици по животната средина и природата, до степен кој го загрозува опстанокот на водните екосистеми и на заштитените и ендемски животински и растителни видови.
Во моментов, на дивите и недопрени реки низ земјава се изградени 98 мали хидроцентрали, a се планира изградба на уште најмалку 50 нови! Поголем дел од нив се градат во некои од најатрактивните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како што се: Баба Планина, Шар Планина, Караџица, Бистра, Даутица, Кожуф и многу други. Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветна студија за оцена на влијанието врз животната средина, велат од Јадро.
Тие нагласуваат дека уметниците и претставниците на „Еко-свест“, оствариле повеќе теренски посети на локации во заштитени подрачја каде има изградени мали хидроцентрали .
Тие преку фотографија и видео се осврнуваат на штетите врз природата кои ги предизвикува изградбата на малите хидроцентрали – изградба на бариери кои го фрагментираат речното корито, оневозможување на слободното движење и миграција на рибите и останатите акватични видови, канализирање на водата во цевки и оставање суви речните корита, менување на геоморфологија на теренот, сечење на шумите заради изградба на пристапни патишта и фрагментирање на шумските живеалишта, ерозија на теренот, загадување на водните текови заради акумулирање на седименти во речните корита и многу други штети врз природата, реките и екосистемите“, посочуваат од Јадро.
The post „Каде текла реката, пак ќе тече“ – групна изложба во КСП Центар „Јадро“ appeared first on Република.
]]>Во моментов, на дивите и недопрени реки низ земјава се изградени 98 мали хидроцентрали, a се планира изградба на уште најмалку 50 нови! Поголем дел од нив се градат во некои од најатрактивните речни долини во строго заштитени и значајни подрачја како што се: Баба Планина, Шар Планина, Караџица, Бистра, Даутица, Кожуф и многу други. Малите хидроцентрали се градат зад очите на јавноста, без јавни консултации и без соодветна студија за оцена на влијанието врз животната средина, велат од Јадро.Тие нагласуваат дека уметниците и претставниците на „Еко-свест“, оствариле повеќе теренски посети на локации во заштитени подрачја каде има изградени мали хидроцентрали .
Тие преку фотографија и видео се осврнуваат на штетите врз природата кои ги предизвикува изградбата на малите хидроцентрали – изградба на бариери кои го фрагментираат речното корито, оневозможување на слободното движење и миграција на рибите и останатите акватични видови, канализирање на водата во цевки и оставање суви речните корита, менување на геоморфологија на теренот, сечење на шумите заради изградба на пристапни патишта и фрагментирање на шумските живеалишта, ерозија на теренот, загадување на водните текови заради акумулирање на седименти во речните корита и многу други штети врз природата, реките и екосистемите“, посочуваат од Јадро.
The post „Каде текла реката, пак ќе тече“ – групна изложба во КСП Центар „Јадро“ appeared first on Република.
]]>