Кожуф Archives - Република https://republika.mk/tema/kozuf/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jan 2024 15:40:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кожуф Archives - Република https://republika.mk/tema/kozuf/ 32 32 Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк https://republika.mk/vesti/makedonija/pokrenata-initsijativa-planinata-kozhuf-da-se-proglasi-za-natsionalen-park/ Wed, 03 Jan 2024 15:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=729374

Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија, Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани, со подршка на професори од Природно математичкиот факултет покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк, соопштија иницијаторите.

Како што се наведува во соопштението, планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина од 893 километри квадратни, е една од ретките планини во Македонија со исклучително богата и единствена флора, фауна, геолошка уникатност, водни ресурси, културни и историски посебности од национално значење.

Поради геополитички причини во изминатите осум децении планината Кожуф неоправдано беше изземена од грижата и и интересот на државата за нејзина заштита и зачувување. Според научните и истражувачките активности спроведени во последните двесетина години, се покажа дека планината Кожуф од многу аспекти има вредности од меѓународно значење. Затоа, градоначалниците на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија заедно со десетица еколошки и планинарски друштва, донесоа историска одлука и покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за национален парк, стои во соопштението.

Додаваат дека со прогласувањето на планината Кожуф за Национален парк, нема само да се заштити оваа исклучително природно богатство, туку ќе придонесе и за голем економско-социјален развој и подем на регион и државата во целина.

Потписниците на оваа иницијатива појаснуваат дека на почетокот на оваа година ќе започнат активностите за изработка на Студија за валоризација на националниот парк, која треба да биде готова во период од 2 до 3 години. Потоа студијата се доставува до Министерството за животна средина и просторно планирање, а Владата потоа доставува предлог до Собранието на Македонија за прогласување на планината Кожуф за национален парк.

The post Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк appeared first on Република.

]]>

Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија, Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани, со подршка на професори од Природно математичкиот факултет покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк, соопштија иницијаторите. Како што се наведува во соопштението, планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина од 893 километри квадратни, е една од ретките планини во Македонија со исклучително богата и единствена флора, фауна, геолошка уникатност, водни ресурси, културни и историски посебности од национално значење.
Поради геополитички причини во изминатите осум децении планината Кожуф неоправдано беше изземена од грижата и и интересот на државата за нејзина заштита и зачувување. Според научните и истражувачките активности спроведени во последните двесетина години, се покажа дека планината Кожуф од многу аспекти има вредности од меѓународно значење. Затоа, градоначалниците на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија заедно со десетица еколошки и планинарски друштва, донесоа историска одлука и покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за национален парк, стои во соопштението.
Додаваат дека со прогласувањето на планината Кожуф за Национален парк, нема само да се заштити оваа исклучително природно богатство, туку ќе придонесе и за голем економско-социјален развој и подем на регион и државата во целина. Потписниците на оваа иницијатива појаснуваат дека на почетокот на оваа година ќе започнат активностите за изработка на Студија за валоризација на националниот парк, која треба да биде готова во период од 2 до 3 години. Потоа студијата се доставува до Министерството за животна средина и просторно планирање, а Владата потоа доставува предлог до Собранието на Македонија за прогласување на планината Кожуф за национален парк.

The post Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк appeared first on Република.

]]>
Не биле достапни од вчера: Спасени 4 лица на Кожуф откако таткото на еден од нив пријавил во ЦУК https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-bile-dostapni-od-vchera-spaseni-4-litsa-na-kozhuf-otkako-tatkoto-na-eden-od-niv-prijavil-vo-tsuk/ Sun, 05 Feb 2023 17:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=605070

Четири исчезнати лица на планината Кожуф, денеска биле пронајдени живи и здрави од гевгелиските службеници при Системот за управување со кризи и доцна попладнево биле упатени кон своите домови, информира Центарот за управување со кризи.

Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица, е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи лицата повеќе од еден ден не биле достапни, времето било многу студено со ветар и снег, а последен пат таткото остварил телефонски контакт околу 15.00 часот, еден ден пред тоа, односно на 4 февруари, во саботата. Тој посочил дека, иако постојано се обидувал да ги добие телефонски, тие на сите четири броја биле недостапни. Конкретно, тие заедно, четворицата исчезнати, во текот на вчерашниот ден заминале од населба Смрдлива Вода, што е на подножјето на планината, кон месноста „Мала Рупа“ на планината Кожуф, информираат од ЦУК.

Од ЦУК нагласуваат дека, Секторот за операции и координација во ЦУК, преку регионалните центри во Струмица и во Гевгелија, веднаш стапил во координација со надлежни локални институции: Полицијата – СВР Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ЈП „Национални шуми“ – подружница Гевгелија и преку Кабинетот на градоначалникот до сите други надлежни локални институции, служби и претпријатија.

Тие рационално, заеднички и плански реагирале и по кусо време исчезнатите лица биле пронајдени на планината Кожув, конкретно кај месноста „Мала Рупа“ над населбата Смрдлива Вода, а во комуникација и помош и од граѓани, месни жители, а и членови на планинарски друштва. Пронајдените четири исчезнати лица, живи и здрави од страна на ангажираните субјекти на Системот за управување со кризи (СУК) од Гевгелија се упатени доцна попладнево кон своите домови, известуваат од ЦУК.

Оттаму потенцираат дека ја координирале и ја следеле ситуацијата во согласност со стандардните оперативни процедури за вакви итни случаи.

The post Не биле достапни од вчера: Спасени 4 лица на Кожуф откако таткото на еден од нив пријавил во ЦУК appeared first on Република.

Teжок верижен судир под Кожуф, Брзата помош сè уште не може да стигне до потешко повредените https://republika.mk/vesti/tezhok-verizhen-sudir-pod-kozhuf-brzata-pomosh-se-ushte-ne-mozhe-da-stigne-do-poteshko-povredenite/ Tue, 31 Jan 2023 11:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=602954

Сообраќајна незгода се случила денеска во подножјето на Кожуф планина, кај месноста Мушов гроб. Информацијата ја потврдија за МИА од Итна медицинска помош Кавадарци и Сектор за внатрешни работи Велес.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев појасни дека во 10:20 часот, била пријавена сообраќајна незгода, помеѓу товарно и патничко моторно возило. Во близина на месноста Мушов гроб. Полициска екипа била упатена кон местото на сообраќајката и дополнително ќе бил извршен увид на лице место.

Ратко Грков, лекар при Брза помош Кавадарци, рече дека нивно возило било упатено кон Мушов гроб кај селото Конопиште. Таму, според нивните првични информации, имало верижна сообраќајка на неколку возила. Поради замрзнат терен, засега медицинските екипи не можеле да се спуштат директно до местото на сообраќајката и чекале патот да биде прилагоден за движење со моторни возила. Во меѓувреме, три лица коишто биле полесно повредени, пеш стигнале до медицинското возило и примиле првична помош. Двајца други повредени, не можеле да се движат пеш и тие ќе биле дополнително медицински згрижени, кога здравствените работници ќе стигнат до нив.

The post Teжок верижен судир под Кожуф, Брзата помош сè уште не може да стигне до потешко повредените appeared first on Република.

]]>

Сообраќајна незгода се случила денеска во подножјето на Кожуф планина, кај месноста Мушов гроб. Информацијата ја потврдија за МИА од Итна медицинска помош Кавадарци и Сектор за внатрешни работи Велес. Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев појасни дека во 10:20 часот, била пријавена сообраќајна незгода, помеѓу товарно и патничко моторно возило. Во близина на месноста Мушов гроб. Полициска екипа била упатена кон местото на сообраќајката и дополнително ќе бил извршен увид на лице место. Ратко Грков, лекар при Брза помош Кавадарци, рече дека нивно возило било упатено кон Мушов гроб кај селото Конопиште. Таму, според нивните првични информации, имало верижна сообраќајка на неколку возила. Поради замрзнат терен, засега медицинските екипи не можеле да се спуштат директно до местото на сообраќајката и чекале патот да биде прилагоден за движење со моторни возила. Во меѓувреме, три лица коишто биле полесно повредени, пеш стигнале до медицинското возило и примиле првична помош. Двајца други повредени, не можеле да се движат пеш и тие ќе биле дополнително медицински згрижени, кога здравствените работници ќе стигнат до нив.

The post Teжок верижен судир под Кожуф, Брзата помош сè уште не може да стигне до потешко повредените appeared first on Република.

]]>