кожуф планина Archives - Република https://republika.mk/tema/kozhuf-planina/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jul 2023 10:43:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кожуф планина Archives - Република https://republika.mk/tema/kozhuf-planina/ 32 32 Планинари изодија 42 километра по Кожуф планина во чест на Илинден https://republika.mk/vesti/makedonija/planinari-izodija-42-kilometra-po-kozhuf-planina-vo-chest-na-ilinden/ Sun, 30 Jul 2023 10:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=666873

Повеќемина планинари, изодија 42 километри од Бошавска трансверзала, во чест на празникот Илинден. Ним им се приклучија и неколкумина велосипедисти. Планинарот Дарко Најдов, организатор на акцијата, информираше дека целта е промоција на здравиот начин на живот, алтернативниот туризам и убавините на Бошавијата, во пазувите на Кожуф планина.

Тој нагласи дека со старт од детското одмаралиште Михајлово и финиш во село Горна Бошава, Бошавската трансверзала се вбројува во една од најдолгите планинарски тури што се организираат во државата.

Илинден е голем македонски празник, кога се потсетуваме на историското Илинденско востание. Истовремено, на верскиот празник Свети Илија е селска слава во кавадаречките села Горна и Долна Бошава. Сакајќи да го одбележиме значењето на Илинден во свеста на нашиот народ, по вторпат беше изодена оваа трансверзала, настан за кој се надеваме дека ќе стане традиција. Ги искачивме врвовите на Кожуф, Дудица, Порта и Греда, во срцето на планината. Падините, реките, шумите и чистиот планински воздух измешан со континентална и медитеранска клима, никого не оставаат рамнодушен. Затоа е убаво да се доживее природата во овој еколошки крај, нагласува Најдов за МИА.

Тој додава дека радува на фактот што расте бројот на лицата кои сакаат да престојуваат во природа, а зголемен е интересот кај младите, за вакви и слични активности. Истовремено, се заблагодарува на компаниите што поддржуваат планинарски акции.

The post Планинари изодија 42 километра по Кожуф планина во чест на Илинден appeared first on Република.

]]>

Повеќемина планинари, изодија 42 километри од Бошавска трансверзала, во чест на празникот Илинден. Ним им се приклучија и неколкумина велосипедисти. Планинарот Дарко Најдов, организатор на акцијата, информираше дека целта е промоција на здравиот начин на живот, алтернативниот туризам и убавините на Бошавијата, во пазувите на Кожуф планина. Тој нагласи дека со старт од детското одмаралиште Михајлово и финиш во село Горна Бошава, Бошавската трансверзала се вбројува во една од најдолгите планинарски тури што се организираат во државата.