ковид Archives - Република https://republika.mk/tema/kovid/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 08:17:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид Archives - Република https://republika.mk/tema/kovid/ 32 32 Ковид во Грција: За една недела 613 луѓе во болница – 17 починати https://republika.mk/vesti/balkan/kovid-vo-grtsija-za-edna-nedela-613-luge-vo-bolnitsa-17-pochinati/ Fri, 11 Oct 2024 08:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=825421

Намалување на позитивните, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 е регистрирано во текот на минатата седмица во Грција, согласно официјалните податоци од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 30 септември до 6 октомври позитивноста кај сите тестирани примероци е намалена во однос на претходната седмица, регистрирани се 613 нови хоспитализации, што исто така бележи намалување во однос на минатата седмица, додека просекот во претходните четири седмици бил 592 лица, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 17 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 28.

The post Ковид во Грција: За една недела 613 луѓе во болница – 17 починати appeared first on Република.

]]>

Намалување на позитивните, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 е регистрирано во текот на минатата седмица во Грција, согласно официјалните податоци од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 30 септември до 6 октомври позитивноста кај сите тестирани примероци е намалена во однос на претходната седмица, регистрирани се 613 нови хоспитализации, што исто така бележи намалување во однос на минатата седмица, додека просекот во претходните четири седмици бил 592 лица, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати. Од Ковид-19 починале 17 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 28.

The post Ковид во Грција: За една недела 613 луѓе во болница – 17 починати appeared first on Република.

]]>
За една недела регистрирани 131 нов случај на ковид-19 https://republika.mk/zivot/zdravje/za-edna-nedela-registrirani-131-nov-sluchaj-na-kovid-19/ Mon, 02 Sep 2024 19:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=812410

Од појавата на првиот случај на ковид-19 се пријавени вкупно 351 708 заболени и 9 995 починати лица асоцирани со коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1 392 заболени и 16 починати лица асоцирани со коронавирус.

Министерот за здравство Арбен Таравари минатата недела најави донација од 11 илјади вакцини против ковид-19, која во наредните десетина дена треба да пристигне во земјава.

Најавата на Таравари дојде откако изминатиот период се регистрирани зголемен број позитивни случаи на вирусот.

Претходно, поради зголемениот број позитивни случаи на ковид-19, Комисијата за заразни болести повика граѓаните да се придржуваат до општите мерки за превенција од респираторни инфекции. Тоа подразбира да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.

The post За една недела регистрирани 131 нов случај на ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Од појавата на првиот случај на ковид-19 се пријавени вкупно 351 708 заболени и 9 995 починати лица асоцирани со коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1 392 заболени и 16 починати лица асоцирани со коронавирус.
Министерот за здравство Арбен Таравари минатата недела најави донација од 11 илјади вакцини против ковид-19, која во наредните десетина дена треба да пристигне во земјава. Најавата на Таравари дојде откако изминатиот период се регистрирани зголемен број позитивни случаи на вирусот. Претходно, поради зголемениот број позитивни случаи на ковид-19, Комисијата за заразни болести повика граѓаните да се придржуваат до општите мерки за превенција од респираторни инфекции. Тоа подразбира да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.

The post За една недела регистрирани 131 нов случај на ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Две лица заразени со ковид-19 починале минатата недела https://republika.mk/zivot/zdravje/dve-litsa-zarazeni-so-kovid-19-pochinale-minatata-nedela/ Mon, 26 Aug 2024 13:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=810303

Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Во тековната недела, регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од регистрираните случаи биле од Скопје - 99, Кавадарци - 23, Охрид - 20, Тетово - 18, Битола - седумнаесет. Највисока инциденца била регистрирана во Кавадарци.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица. Пријавени се две починати лица асоцирани со Ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против Ковид-19, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 25 август, пријавени се вкупно 351.577 случаи на коронавирус.

Регистрирани се 167.436 машки и 184.141 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години - 90.884, додека највисок морбидитет (26.341,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, се додава во извештајот.

Првиот случај беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

The post Две лица заразени со ковид-19 починале минатата недела appeared first on Република.

]]>

Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во тековната недела, регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од регистрираните случаи биле од Скопје - 99, Кавадарци - 23, Охрид - 20, Тетово - 18, Битола - седумнаесет. Највисока инциденца била регистрирана во Кавадарци.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица. Пријавени се две починати лица асоцирани со Ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против Ковид-19, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 25 август, пријавени се вкупно 351.577 случаи на коронавирус.
Регистрирани се 167.436 машки и 184.141 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години - 90.884, додека највисок морбидитет (26.341,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, се додава во извештајот.
Првиот случај беше регистриран на 26 февруари 2020 година.  

The post Две лица заразени со ковид-19 починале минатата недела appeared first on Република.

]]>
Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела – најмногу во Скопје, 152 https://republika.mk/zivot/zdravje/zgolemuvane-nad-60-protsenti-na-bolni-od-kovid-19-registrirani-271-sluchaj-minatata-nedela-najmnogu-vo-skopje-152/ Wed, 21 Aug 2024 13:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=808703

Од 12 до 18 август во државава регистриран е 271 нов случај на болни од Ковид-19 што претставува зголемување од 60,4 проценти во однос на претходната недела. Тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 33,3 проценти.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 152, Кавадарци - 25, Тетово - 23 и од Охрид - 22, a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје објавен попладнево.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години.

Во текот на минатата недела, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Се работи за лице на возраст над 60 години, со коморбидитети, невакцинирано со вакцина против Ковид-19, појаснуваат од ИЈЗ.

Заклучно со 18 август, пријавени се вкупно 351.364 случаи на Ковид-19 од кои 23.245 реинфекции.

Регистрирани се 167.343 машки и 184.021 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години - 90.796, додека највисок морбидитет (26.333,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, пишува во извештајот.

Комисијата за заразни болести излезе со препораки за почитување на основните мерки за превенција од Ковид-19, а министерот за здравство Арбен Таравари денска на прес-конференција поврди дека има пораст на бројот на заболени и апелираше да се почитуваат препораките од здравствените власти.

Првиот случај на Ковид 19 во земјава беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

The post Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела – најмногу во Скопје, 152 appeared first on Република.

]]>

Од 12 до 18 август во државава регистриран е 271 нов случај на болни од Ковид-19 што претставува зголемување од 60,4 проценти во однос на претходната недела. Тестирани се вкупно 608 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 33,3 проценти.
Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 152, Кавадарци - 25, Тетово - 23 и од Охрид - 22, a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје објавен попладнево.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години.
Во текот на минатата недела, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Се работи за лице на возраст над 60 години, со коморбидитети, невакцинирано со вакцина против Ковид-19, појаснуваат од ИЈЗ.
Заклучно со 18 август, пријавени се вкупно 351.364 случаи на Ковид-19 од кои 23.245 реинфекции.
Регистрирани се 167.343 машки и 184.021 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години - 90.796, додека највисок морбидитет (26.333,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, пишува во извештајот.
Комисијата за заразни болести излезе со препораки за почитување на основните мерки за превенција од Ковид-19, а министерот за здравство Арбен Таравари денска на прес-конференција поврди дека има пораст на бројот на заболени и апелираше да се почитуваат препораките од здравствените власти. Првиот случај на Ковид 19 во земјава беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

The post Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела – најмногу во Скопје, 152 appeared first on Република.

]]>
Зголемен е бројот на регистрирани случаи на Ковид, да се почитуваат препораките, апелира Таравари https://republika.mk/zivot/zdravje/zgolemen-e-brojot-na-registrirani-sluchai-na-kovid-da-se-pochituvaat-preporakite-apelira-taravari/ Wed, 21 Aug 2024 09:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=808578

Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека е зголемен бројот на регистрирани позитивни на Ковид во земјава и укажа дека треба да се почитуваат антиковид-правилата за проветрување и хигиена. За хоспитализираните пациенти кај кои ќе се открие вирусот, рече дека треба да продолжат да се лекуваат на истата клиника.

Има пораст на бројот на регистрирани со Ковид во државава, имаше состанок и Комисијата за заразни болести и имаме заклучок од нив како треба да се третираат - треба да се придржуваме на правилата – отворени простории, да нема повеќе луѓе на исто место, хигиената да се запазува. Меѓутоа, пациентите што се третираат на клиниките од одредена болест, а во меѓувреме се инфицираат и со Ковид, препораките се да продолжат со лекување во истата клиника, конзилијарен инфектолог да даде препорака за дополнителна терапија доколку треба. Повеќето пациенти очигледно го поминуваат асимптоматски или со многу лесна форма на симптоми, рече министерот Таравари на прес-конференција на која беа промовирани девет нови генерички лекови кои се ставаат на Позитивната листа.

The post Зголемен е бројот на регистрирани случаи на Ковид, да се почитуваат препораките, апелира Таравари appeared first on Република.

250 случаи на Ковид-19 во јули https://republika.mk/zivot/zdravje/250-sluchai-na-kovid-19-vo-juli/ Mon, 12 Aug 2024 13:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=805877

Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број – 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево.

Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години.

– Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец – 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители.

– Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.

Меѓу другото, наведено е дека биле евидентирани два случаја на заразни заушки и еден случај на легионерска болест. Двата случаја на заразни заушки биле кај деца на возраст од осум односно девет години, вакцинирани со една доза на МРП односно пропуштени за вакцинација со втора доза на МРП вакцина – втората доза на МРП вакцина се дава на возраст од шест години, согласно Календарот за задолжителна имунизација на Република Македонија. Дијагнозата била лабораториски потврдена.

Во јули е евидентиран и еден случај на вирусен енцефалит.

– Во однос на вирусниот енцефалит, станува збор за импортиран случај на енцефалитис предизвикан од крлеж (Tick-borne encephalitis). Пациентот дал податок дека бил каснат од крлеж за време на престој во Швајцарија. Дијагнозата е потврдена серолошки, во Вирусолошката лабораторија на ИЈЗ. Случајот е регистриран во јуни, 2024, пишува во извештајот.

Кога станува збор за сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, биле регистрирани 13 заболени лица. Од нив, шест случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б, два на гонореја и еден случај на инфекција со хламидија.

– Во текот на месец јули пријавени се пет потврдени случаи на ХИВ и два случаја на СИДА, шест случаи се од машки и еден од женски пол. Во однос на возраста, по две лице припаѓаат на возрасната група од 20 до 29, 30 до 39 и 40 до 49 години, едно лице припаѓа на возрасната група од 50 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи – заклучно со 31 јули 2024, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987 до 2024, изнесува 674 и тоа 128 лица починале, 546 лица живеат со ХИВ/СИДА, се додава во извештајот.

Три пријави за епидемија на заразна болест пристигнале до Институтот за јавно здравје минатиот месец.

ЦЈЗ – Тетово пријавил епидемија на голема кашлица на 2 јули на својата територија со 39 заболени лица.

На 10 јули, ЦЈЗ – Скопје пријавил епидемија на салмонелоза на територијата на градот. Епидемијата била пријавена со 15 заболени лица, од кои седуммина биле хоспитализирани на КИБФС со Дг: Salmonelosis enteritidis Gr.D. Сите заболени консумирале храна подготвена во ист објект во Скопје. Епидемијата била одјавена на 24 јули.

– На 16 јули, ЦЈЗ/ПЕ – Гостивар пријави епидемија на алиментарна интоксикација. Во епидемијата заболеле девет лица, кои консумирале храна во ист угостителски објект во Гостивар, додаваат од ИЈЗ.

Оваа епидемија била одјавена на 31 јули.

– Во текот на месец јули, регистрирани се седум случаи на ентероколитиси, пет случаи на салмонелози, три случаи на алиментарни интоксикации и по еден случај на овчи сипаници и голема кашлица кај лица од Косово, Швајцарија, Турција, Србија, Швајцарија, Италија, Холандија, Словенија, Германија и Норвешка, кои привремено престојувале во Република Македонија, пишува во делот регистрирани болести кај странски државјани.

The post 250 случаи на Ковид-19 во јули appeared first on Република.

]]>

Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број – 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево. Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години. – Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец – 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ. Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители. – Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ. Меѓу другото, наведено е дека биле евидентирани два случаја на заразни заушки и еден случај на легионерска болест. Двата случаја на заразни заушки биле кај деца на возраст од осум односно девет години, вакцинирани со една доза на МРП односно пропуштени за вакцинација со втора доза на МРП вакцина – втората доза на МРП вакцина се дава на возраст од шест години, согласно Календарот за задолжителна имунизација на Република Македонија. Дијагнозата била лабораториски потврдена. Во јули е евидентиран и еден случај на вирусен енцефалит. – Во однос на вирусниот енцефалит, станува збор за импортиран случај на енцефалитис предизвикан од крлеж (Tick-borne encephalitis). Пациентот дал податок дека бил каснат од крлеж за време на престој во Швајцарија. Дијагнозата е потврдена серолошки, во Вирусолошката лабораторија на ИЈЗ. Случајот е регистриран во јуни, 2024, пишува во извештајот. Кога станува збор за сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, биле регистрирани 13 заболени лица. Од нив, шест случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б, два на гонореја и еден случај на инфекција со хламидија. – Во текот на месец јули пријавени се пет потврдени случаи на ХИВ и два случаја на СИДА, шест случаи се од машки и еден од женски пол. Во однос на возраста, по две лице припаѓаат на возрасната група од 20 до 29, 30 до 39 и 40 до 49 години, едно лице припаѓа на возрасната група од 50 до 59 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи – заклучно со 31 јули 2024, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Македонија, за периодот 1987 до 2024, изнесува 674 и тоа 128 лица починале, 546 лица живеат со ХИВ/СИДА, се додава во извештајот. Три пријави за епидемија на заразна болест пристигнале до Институтот за јавно здравје минатиот месец. ЦЈЗ – Тетово пријавил епидемија на голема кашлица на 2 јули на својата територија со 39 заболени лица. На 10 јули, ЦЈЗ – Скопје пријавил епидемија на салмонелоза на територијата на градот. Епидемијата била пријавена со 15 заболени лица, од кои седуммина биле хоспитализирани на КИБФС со Дг: Salmonelosis enteritidis Gr.D. Сите заболени консумирале храна подготвена во ист објект во Скопје. Епидемијата била одјавена на 24 јули. – На 16 јули, ЦЈЗ/ПЕ – Гостивар пријави епидемија на алиментарна интоксикација. Во епидемијата заболеле девет лица, кои консумирале храна во ист угостителски објект во Гостивар, додаваат од ИЈЗ. Оваа епидемија била одјавена на 31 јули. – Во текот на месец јули, регистрирани се седум случаи на ентероколитиси, пет случаи на салмонелози, три случаи на алиментарни интоксикации и по еден случај на овчи сипаници и голема кашлица кај лица од Косово, Швајцарија, Турција, Србија, Швајцарија, Италија, Холандија, Словенија, Германија и Норвешка, кои привремено престојувале во Република Македонија, пишува во делот регистрирани болести кај странски државјани.

The post 250 случаи на Ковид-19 во јули appeared first on Република.

]]>
СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-brojot-na-zarazeni-so-kovid-vo-svetot-se-zgolemuva-i-nema-naskoro-da-se-namali-2/ Wed, 07 Aug 2024 19:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=804338

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО.

Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.

The post СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали appeared first on Република.

]]>

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО). „Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО. Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.

The post СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали appeared first on Република.

]]>
Митева: 100 милиони евра во време на Ковид завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-100-milioni-evra-vo-vreme-na-kovid-zavrshija-vo-firmite-bliski-do-sds-i-dui/ Thu, 01 Aug 2024 09:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=802236

100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за ограбена држава, истакнува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите. Најверојатно се мислеше на „ИГМ Еленица“ која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош.

https://www.youtube.com/watch?v=O6Pjg8GGXNc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Митева: 100 милиони евра во време на Ковид завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>

100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за ограбена држава, истакнува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.   „Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите. Најверојатно се мислеше на „ИГМ Еленица“ која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош. https://www.youtube.com/watch?v=O6Pjg8GGXNc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Митева: 100 милиони евра во време на Ковид завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Ковидот се враќа? Зголемен број на случаи во земјава, еден починат минатата недела https://republika.mk/zivot/zdravje/kovidot-se-vraka-zgolemen-broj-na-sluchai-vo-zemjava-eden-pochinat-minatata-nedela/ Wed, 31 Jul 2024 12:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=801994

Институтот за јавно здравје од 22 до 28 јули регистрирал 78 нови случаи на ковид, од 263 тестови.

Откриени се варијантите Омикрон JN.1 (кај 23 примероци) и XBB (кај 9 примероци). Регистриран е и еден смртен случај, а стотици можеби се заразени без да се тестираат.

Александар Петличковски, претседателот на Институот за имунобиологија кој е претседател на Комисијата за заразни болести, вели дека ќе се размисли за одлука за забрана на посета во болници.

„Кај нас и натаму е во сила препораката од Комисијата за заразни болести за забрана за посета по болници, донесена за време на сезоната на грип. Со оглед дека има зголемен број на ковид случаи, веројатно ќе се обнови таа препорака. Случаите главно се со поблаги симптоми“, изјави Петличковски во изјава за „Локално“.

Симптомите на новите видови на ковид вклучуваат назална конгестија или течење на носот, воспалено грло, замор, главоболка, кашлица, губење на вкус и мирис, болки во мускулите или телото, треска, како и гадење или повраќање.

The post Ковидот се враќа? Зголемен број на случаи во земјава, еден починат минатата недела appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје од 22 до 28 јули регистрирал 78 нови случаи на ковид, од 263 тестови. Откриени се варијантите Омикрон JN.1 (кај 23 примероци) и XBB (кај 9 примероци). Регистриран е и еден смртен случај, а стотици можеби се заразени без да се тестираат. Александар Петличковски, претседателот на Институот за имунобиологија кој е претседател на Комисијата за заразни болести, вели дека ќе се размисли за одлука за забрана на посета во болници. „Кај нас и натаму е во сила препораката од Комисијата за заразни болести за забрана за посета по болници, донесена за време на сезоната на грип. Со оглед дека има зголемен број на ковид случаи, веројатно ќе се обнови таа препорака. Случаите главно се со поблаги симптоми“, изјави Петличковски во изјава за „Локално“. Симптомите на новите видови на ковид вклучуваат назална конгестија или течење на носот, воспалено грло, замор, главоболка, кашлица, губење на вкус и мирис, болки во мускулите или телото, треска, како и гадење или повраќање.

The post Ковидот се враќа? Зголемен број на случаи во земјава, еден починат минатата недела appeared first on Република.

]]>
Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на ковид кризата без критериуми, народот мора да знае каде оделе нивните пари, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-formira-telo-koe-ke-istrazhi-kako-se-delele-parite-vo-vreme-na-kovid-krizata-bez-kriteriumi-narodot-mora-da-znae-kade-odele-nivnite-pari-veli-mitskoski/ Mon, 29 Jul 2024 11:11:09 +0000 https://republika.mk/?p=801328

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.

Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста.

Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.

The post Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на ковид кризата без критериуми, народот мора да знае каде оделе нивните пари, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари. Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста.   Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.  

The post Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на ковид кризата без критериуми, народот мора да знае каде оделе нивните пари, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Туристите што се враќаат од Грција носат корона https://republika.mk/zivot/patuvanja/turistite-shto-se-vrakaat-od-grtsija-nosat-korona/ Thu, 25 Jul 2024 06:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=799734

Зголемената активност на корона вирусот во Грција, поради престојот на  граѓаните од регионот , може да се одрази и на епидемиолошката состојба вели Примариус д-р Славица Марис, специјалист по епидемиологија и раководител на Центарот за заразни болести при Градскиот институт за јавно здравје во Белград.

Марис вели дека официјално подваријантата FLiRt омикрон, која циркулира низ светот, не е дијагностицирана во Србија, но дека со оглед на неговото ширење во европскиот регион, се претпоставува дека е присутен и во Србија.

- Официјално не го изолиравме FLiRT, но се претпоставува со оглед дека во Европа во 99 проценти од случаите оваа подваријанта е Јн.1. Сочинува 99 проценти од сите насочени изолати на инфекција со САРС-КоВ-2 во текот на месец јули оваа година. Со оглед на тоа, претпоставуваме дека, ако оваа омикронска подваријанта е присутна насекаде во Европа, таа е присутна и кај нас, но се уште немаме официјална потврда - вели д-р Славица Марис.

Таа наведува дека гледајќи ги извештаите на европските земји, забележана е зголемена активност на Ковид 19 во Грција.

Ова се симптомите

покачена температура
треска
течење на носот или затнат нос
понекогаш се можни и гастроинтестинални симптоми

The post Туристите што се враќаат од Грција носат корона appeared first on Република.

]]>

Зголемената активност на корона вирусот во Грција, поради престојот на  граѓаните од регионот , може да се одрази и на епидемиолошката состојба вели Примариус д-р Славица Марис, специјалист по епидемиологија и раководител на Центарот за заразни болести при Градскиот институт за јавно здравје во Белград. Марис вели дека официјално подваријантата FLiRt омикрон, која циркулира низ светот, не е дијагностицирана во Србија, но дека со оглед на неговото ширење во европскиот регион, се претпоставува дека е присутен и во Србија.
- Официјално не го изолиравме FLiRT, но се претпоставува со оглед дека во Европа во 99 проценти од случаите оваа подваријанта е Јн.1. Сочинува 99 проценти од сите насочени изолати на инфекција со САРС-КоВ-2 во текот на месец јули оваа година. Со оглед на тоа, претпоставуваме дека, ако оваа омикронска подваријанта е присутна насекаде во Европа, таа е присутна и кај нас, но се уште немаме официјална потврда - вели д-р Славица Марис.
Таа наведува дека гледајќи ги извештаите на европските земји, забележана е зголемена активност на Ковид 19 во Грција.

Ова се симптомите

покачена температура треска течење на носот или затнат нос понекогаш се можни и гастроинтестинални симптоми

The post Туристите што се враќаат од Грција носат корона appeared first on Република.

]]>
Во Србија во последните недели зголемен бројот на заболени од Ковид https://republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-vo-poslednite-nedeli-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-kovid/ Tue, 23 Jul 2024 16:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=799599

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека во европскиот регион, вклучително и Србија, од мај е регистриран пораст на заболени од коронавирус, така што неделно има меѓу 60 и 90 потврдени случаи, но тоа не значи влошување на епидемиолошката состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

- Од почетокот на 2024 година, бројот на тестирани лица за САРС-КоВ-2 се намалуваше до почетокот на мај, кога се зголеми и се задржа на околу 550 луѓе кои го правеа тестот неделно во просек. Во истиот период, бројот на потврдени случаи почна постепено да се зголемува и да изнесува во просек од 60 до 90 случаи неделно. Зголемување е забележано во последните недели, но апсолутните вредности се сè уште ниски во споредба со истиот период во 2023-та, се наведува во соопштението на „Батут“.

Во него се додава дека не е регистрирано зголемување на хоспитализирањата на пациентите, ниту влошување на клиничките форми на Ковид-19.

- Во согласност со моменталната епидемиолошка состојба, нема индиции за примена на дополнителни мерки за превенција и сузбивање на респираторните вирусни инфекции освен стандардните мерки за заштита кои континуирано се применуваат во сите здравствени установи, додаваат од „Батут“.

Дополнително, лицата со сериозни хронични заболувања и имунокомпромитирани состојби треба да се консултираат со својот лекар за евентуално намалување на ризикот од инфекција со примена на мерки за лична заштита.

- Лицата кои имаат симптоми на акутна респираторна инфекција се тестираат според индикациите согласно лекарската проценка, се вели во соопштението.

Имајќи предвид дека акутната апсолутна бројка на заболени е мала, Институтот за јавно здравје на Србија оценува дека во моментов нема значително влошување на епидемиолошката состојба.

Министерството за здравство на Србија наведува дека внимателно ја следи состојбата во другите земји, особено во околината и ги мобилизира сите потребни ресурси за контрола на заразните болести.

The post Во Србија во последните недели зголемен бројот на заболени од Ковид appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека во европскиот регион, вклучително и Србија, од мај е регистриран пораст на заболени од коронавирус, така што неделно има меѓу 60 и 90 потврдени случаи, но тоа не значи влошување на епидемиолошката состојба, јави дописникот на МИА од Белград. - Од почетокот на 2024 година, бројот на тестирани лица за САРС-КоВ-2 се намалуваше до почетокот на мај, кога се зголеми и се задржа на околу 550 луѓе кои го правеа тестот неделно во просек. Во истиот период, бројот на потврдени случаи почна постепено да се зголемува и да изнесува во просек од 60 до 90 случаи неделно. Зголемување е забележано во последните недели, но апсолутните вредности се сè уште ниски во споредба со истиот период во 2023-та, се наведува во соопштението на „Батут“. Во него се додава дека не е регистрирано зголемување на хоспитализирањата на пациентите, ниту влошување на клиничките форми на Ковид-19. - Во согласност со моменталната епидемиолошка состојба, нема индиции за примена на дополнителни мерки за превенција и сузбивање на респираторните вирусни инфекции освен стандардните мерки за заштита кои континуирано се применуваат во сите здравствени установи, додаваат од „Батут“. Дополнително, лицата со сериозни хронични заболувања и имунокомпромитирани состојби треба да се консултираат со својот лекар за евентуално намалување на ризикот од инфекција со примена на мерки за лична заштита. - Лицата кои имаат симптоми на акутна респираторна инфекција се тестираат според индикациите согласно лекарската проценка, се вели во соопштението. Имајќи предвид дека акутната апсолутна бројка на заболени е мала, Институтот за јавно здравје на Србија оценува дека во моментов нема значително влошување на епидемиолошката состојба. Министерството за здравство на Србија наведува дека внимателно ја следи состојбата во другите земји, особено во околината и ги мобилизира сите потребни ресурси за контрола на заразните болести.

The post Во Србија во последните недели зголемен бројот на заболени од Ковид appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе формираме ад хок тело кое ќе испитува како се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ke-formirame-ad-hok-telo-koe-ke-ispituva-kako-se-podeleni-100-milioni-evra-bez-kriteriumi-za-navodna-poddrshka-na-kompanii-vo-kovid/ Mon, 22 Jul 2024 19:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=799325

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Топ тема на телевизија Телма изјави дека на следната владина седница ќе се формира ад хок тело во кое ќе се испитуваат како претходната влада поделила 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компаниите во време на ковид кризата.

Знаете ли колку пари се потрошени по основ поддршка на компаниите, онаа владина помош? Знаете ли колку пари се потрошени, зборувам за онаа инвестиција жестоко најавувана поддршка на македонското стопанство, закон се носеше итн. 100 милиони евра се потрошени. Но, дали некој знае за што се овие пари потрошени, бидејќи во законот секој може да конкурира, дури вели во законот и оние правни лица кои што не ги исполнуваат условите согласно овој закон. Дали некој знае и направил проверка зошто овие 100 милиони евра се потрошени, праша премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски најави дека во среда на владина седница ќе се формира ад хок тело кое ќе испита како се поделиле овие 100 милиони евра, нагласувајќи дека согласно законот и правилникот стоело обврска дека треба да има формирано тело кое ќе следи како и на што се трошеле овие средства.

Сега ќе формираме ад хок тело на оваа седница во среда која што ќе ја имаме, а согласно законот стои обврска да се формира тело кое што ќе следи како се трошат парите и за што се трошат. Но, никој не го формирал тоа тело, ниту пак го создал правилникот којшто согласно законот морале да го создадат, дециден е тој.

The post Мицкоски: Ќе формираме ад хок тело кое ќе испитува како се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид appeared first on Република.

Бајден ги откажа настапите бидејќи е позитивен на Ковид https://republika.mk/vesti/svet/bajden-gi-otkazha-nastapite-bidejki-e-pozitiven-na-kovid/ Thu, 18 Jul 2024 07:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=797909

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид, соопшти Белата куќа во средата (17.07), пренесува „Дојче веле“.

Бајден, кој е во предизборна кампања во Невада, мораше да откаже клучно обраќање во Унидос, конференција на латино-организација за граѓански права.

Тој е вакциниран и бустиран и има само благи симптоми, соопшти портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер додавајќи дека Бајден ќе ги извршува претседателските обврски од неговиот дом во Делавер.

Качувајќи се во претседателскиот авион, Бајден на заминување на новинарите им рече дека „се чувствува добро“. Тој не носеше маска додека се качуваше во авионот, но ја носеше за време на летот. Неговиот лекар Кевин О'Конор изјави дека на Бајден му е препишан антивиралниот лек Паксловид и дека тој веќе ја примил првата доза.

The post Бајден ги откажа настапите бидејќи е позитивен на Ковид appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид, соопшти Белата куќа во средата (17.07), пренесува „Дојче веле“. Бајден, кој е во предизборна кампања во Невада, мораше да откаже клучно обраќање во Унидос, конференција на латино-организација за граѓански права.
Тој е вакциниран и бустиран и има само благи симптоми, соопшти портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер додавајќи дека Бајден ќе ги извршува претседателските обврски од неговиот дом во Делавер.
Качувајќи се во претседателскиот авион, Бајден на заминување на новинарите им рече дека „се чувствува добро“. Тој не носеше маска додека се качуваше во авионот, но ја носеше за време на летот. Неговиот лекар Кевин О'Конор изјави дека на Бајден му е препишан антивиралниот лек Паксловид и дека тој веќе ја примил првата доза.

The post Бајден ги откажа настапите бидејќи е позитивен на Ковид appeared first on Република.

]]>
Шокантна изјава на Џефри Сакс во интервју со Такер Карлсон: Ни следи и друга пандемија, зашто производството на вештачки вируси во био лабораториите не е запрено https://republika.mk/vesti/svet/shokantna-izjava-na-dhefri-saks-vo-intervju-so-taker-karlson-ni-sledi-i-druga-pandemija-zashto-proizvodstvoto-na-veshtachki-virusi-vo-bio-laboratoriite-ne-e-zapreno/ Sat, 01 Jun 2024 10:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=783771

Од интервјуто на Џефри Сакас за Такер Карлсон, во кое зборуваат за Ковид пандемијата и и за идните пандемии кои според Сакс сигурно следат, зашто противодството на вештачки вируси во био лабораториите не е запрено.

Минатата недела, група од многу славни виролози повикаа на повлекување на ова (мисли на лабораториското „играње“ со вирусите, н.з.). Јас повикав да се повлече бидејќи тоа е директна измама. Добиваме пораки на Slack, email итн. кои велат: „Јас навистина не верувам во ова“. Со други зборови, јасно е дека се работи за измама (за потеклото на САРС КОВ 2 вирусот, н.з.). Сепак, тие сеуште не превземаат ништо околу тоа, рече Сакс.

Такер Карлсон вели оти има многу дебата за договор околу пандемијата. Многу земји и организации разговараат за тоа, како што добро знаете. Како можеме да се подготвиме за нова пандемија без да го утврдиме потеклото на последната?

Веројатно ќе се соочиме со уште една пандемија ако таа излезе од лабораторија. Тие сè уште го спроведуваат ова истражување. Не е како да ја сфатиле својата грешка и престанале со истражувањето. Овој тип на истражување сè уште се случува на многу места. Интересно е тоа што минатата година, Универзитетот во Бостон објави труд заснован на gain-of-function истражување со манипулирање со САРС-КоВ-2. Националниот институт за здравје објави дека тие не побарале одобрение пред да го спроведат експериментот. Универзитетот во Бостон одговори дека тие не треба да бараат одобрение бидејќи тоа не е дел од грант од Националниот институт; истражувањето го спроведувале самостојно. Оваа ситуација укажува на значаен проблем: ако универзитетот мисли дека може да прави што сака и ако Националниот институт има поинакво мислење, немаме јасни правила со кои се регулира работата со опасни патогени. Овој недостаток на надзор може да доведе до друга пандемија. Министерството за одбрана и прашањата за доверливост значат дека не знаеме кој е надзор на ова истражување. Истражниот комитет на Претставничкиот дом се обидува да открие дел од овие информации. Првично, демократите го опколија Фаучи и одбија да го разгледаат тоа, отфрлајќи го како републиканска ујдиурма. Сепак, разбирањето на потеклото на вирусот не треба да биде партиско прашање. Сега, се чини дека некои демократи во Домот почнаа да се освестуваат, но Сенатот беше целосно партизиран некое време. Републиканците можеа да истражуваат во Домот, но Сенатот, контролиран од демократите, рече не. Сенаторот Ренд Пол ме замоли да се сретнам со неговиот колега, сенаторот Питерс, претседател на комисијата. Сега, има раздвижување во Сенатот бидејќи итноста да се дознае што се случи станува е се поочигледна, одговори Сакс.

https://www.youtube.com/watch?v=XsZ5CY-ZzyA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fdenesen.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Шокантна изјава на Џефри Сакс во интервју со Такер Карлсон: Ни следи и друга пандемија, зашто производството на вештачки вируси во био лабораториите не е запрено appeared first on Република.

„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/astrazeneka-ja-povlekuva-od-pazarot-vo-eu-svojata-vaktsina-protiv-kovid-19/ Wed, 08 May 2024 06:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=775202

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти.

Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија, откако компанијата доброволно го повлече одобрението за ставање во промет. Барањето за повлекување на вакцината беше поднесено на 5 март и стапи на сила во вторник. Слични пријави ќе бидат направени во наредните месеци во Велика Британија и други земји кои ја одобриле вакцината, позната како „Ваксеврија“.

„АстраЗенека“ соопшти дека вакцината е отстранета од пазарот од комерцијални причини и дека повеќе не се произведува или испорачува, бидејќи е заменета со ажурирани вакцини кои се ефикасни против новите соеви на Ковид-19, пренесува британски „Телеграф“.

„Ваксеврија“ е под интензивна контрола во последниве месеци поради многу редок несакан ефект, кој предизвикува згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити во крвта.

The post „АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти. Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија, откако компанијата доброволно го повлече одобрението за ставање во промет. Барањето за повлекување на вакцината беше поднесено на 5 март и стапи на сила во вторник. Слични пријави ќе бидат направени во наредните месеци во Велика Британија и други земји кои ја одобриле вакцината, позната како „Ваксеврија“. „АстраЗенека“ соопшти дека вакцината е отстранета од пазарот од комерцијални причини и дека повеќе не се произведува или испорачува, бидејќи е заменета со ажурирани вакцини кои се ефикасни против новите соеви на Ковид-19, пренесува британски „Телеграф“. „Ваксеврија“ е под интензивна контрола во последниве месеци поради многу редок несакан ефект, кој предизвикува згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити во крвта.

The post „АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Уапсени 22 лица во рамките на истрагата за злоупотреба на фондовите на ЕУ за помош во пандемијата https://republika.mk/vesti/svet/uapseni-22-litsa-vo-ramkite-na-istragata-za-zloupotreba-na-fondovite-na-eu-za-pomosh-vo-pandemijata/ Thu, 04 Apr 2024 17:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=762281

Во акција на полициите на Италија, Австрија, Романија и Словачка денеска беа уапсени 22 лица во рамките на истрагата поради сомнеж дека „извлекле“ стотици милиони евра од фондовите за помош на Европската унија по пандемијата.

Како што пренесуваат светските агенции, 600 милиони евра (650 милиони долари) биле дел од италијанскиот фонд по пандемијата, соопшти Европското јавно обвинителство (ЕППО). ЕППО соопшти дека се сомнева дека криминалната организација меѓу 2021 и 2023 година ги пренасочила неповратните средства од италијанскиот национален план за закрепнување.

Италијанската програма е финансирана од Фондот за опоравување и отпорност на ЕУ од повеќе милијарди евра, кој е дизајниран да им помогне на земјите од ЕУ да им помогнат на нивните економии уништени од вирусот.

Според податоците на ЕУ, италијанскиот национален план за закрепнување и отпорност е најголемиот во блокот, вреден 194,4 милијарди евра грантови и заеми и претставува 10,8 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2019 година.

EППО објави дека финансиската полиција во Венеција, Италија, извршила наредба за замрзнување на имот во вредност од над 600 милиони евра, издадена од судија на претходна постапка. Финансиската полиција во Венеција соопшти дека се запленети и луксузни станови и вили, значителни количини криптовалути, часовници Ролекс, накит Картие, злато и луксузни автомобили.

„Со поддршка на агенциите за спроведување на законот од другите инволвирани земји-членки, 22 лица беа уапсени во Италија, Австрија, Романија и Словачка“, соопшти ЕППО, истакнувајќи дека на осум осомничени им е одреден притвор, додека 14 осомничени се во домашен притвор, a на еден сметководител му е забрането да ја извршува професијата.

The post Уапсени 22 лица во рамките на истрагата за злоупотреба на фондовите на ЕУ за помош во пандемијата appeared first on Република.

]]>

Во акција на полициите на Италија, Австрија, Романија и Словачка денеска беа уапсени 22 лица во рамките на истрагата поради сомнеж дека „извлекле“ стотици милиони евра од фондовите за помош на Европската унија по пандемијата. Како што пренесуваат светските агенции, 600 милиони евра (650 милиони долари) биле дел од италијанскиот фонд по пандемијата, соопшти Европското јавно обвинителство (ЕППО). ЕППО соопшти дека се сомнева дека криминалната организација меѓу 2021 и 2023 година ги пренасочила неповратните средства од италијанскиот национален план за закрепнување. Италијанската програма е финансирана од Фондот за опоравување и отпорност на ЕУ од повеќе милијарди евра, кој е дизајниран да им помогне на земјите од ЕУ да им помогнат на нивните економии уништени од вирусот. Според податоците на ЕУ, италијанскиот национален план за закрепнување и отпорност е најголемиот во блокот, вреден 194,4 милијарди евра грантови и заеми и претставува 10,8 отсто од бруто домашниот производ на земјата во 2019 година. EППО објави дека финансиската полиција во Венеција, Италија, извршила наредба за замрзнување на имот во вредност од над 600 милиони евра, издадена од судија на претходна постапка. Финансиската полиција во Венеција соопшти дека се запленети и луксузни станови и вили, значителни количини криптовалути, часовници Ролекс, накит Картие, злато и луксузни автомобили. „Со поддршка на агенциите за спроведување на законот од другите инволвирани земји-членки, 22 лица беа уапсени во Италија, Австрија, Романија и Словачка“, соопшти ЕППО, истакнувајќи дека на осум осомничени им е одреден притвор, додека 14 осомничени се во домашен притвор, a на еден сметководител му е забрането да ја извршува професијата.  

The post Уапсени 22 лица во рамките на истрагата за злоупотреба на фондовите на ЕУ за помош во пандемијата appeared first on Република.

]]>
Д-р Ристески: Имаме експлозија од заболени од рак по прележан ковид https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-risteski-imame-eksplozija-od-zaboleni-od-rak-po-prelezhan-kovid/ Wed, 28 Feb 2024 15:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=749348

Во периодов по пандемијата на корона вирусот се соочуваме со експлозија на заболени од рак особено по прележување на болеста, вели во разговор за „Фактор“, клиничкиот онколог, д-р Милан Ристески.

Само во текот на минатата недела имав нови осум пациенти со канцер на панкреас, забрзано расте и бројката на новозаболени од рак на бели дробови, рак на дојка, на простата, рак тестиси. Станува збор луѓе во средни години, меѓу 50 и 60. Повозрасни се оние кај кои е дијагностициран ракот на простата, но загржува фактот што од рак на тестиси заболуваат млади луѓе, на нивни 25 години. Ова е навистина поразително, бидејќи бројките на заболени од рак се незапирливи особено по прележана корона. Студиите покажуваат дека кај пациентите кои имале појава некакви тумори, по прележување на болеста се јавуваат монструозни форми на таквите тумори. Инциденцата од година во година се зголемува, посочува д-р Ристески.

Тоа што посебно загрижува, како што појаснува д-р Ристески е што голем број од овие најтешки болести многу тешко се откриваат во раната фаза, бидејќи не постојат ниту конкретни симптоми за да иницираат луѓето да се јават на лекар.

Продолжува на Фактор.мк

The post Д-р Ристески: Имаме експлозија од заболени од рак по прележан ковид appeared first on Република.

]]>

Во периодов по пандемијата на корона вирусот се соочуваме со експлозија на заболени од рак особено по прележување на болеста, вели во разговор за „Фактор“, клиничкиот онколог, д-р Милан Ристески.
Само во текот на минатата недела имав нови осум пациенти со канцер на панкреас, забрзано расте и бројката на новозаболени од рак на бели дробови, рак на дојка, на простата, рак тестиси. Станува збор луѓе во средни години, меѓу 50 и 60. Повозрасни се оние кај кои е дијагностициран ракот на простата, но загржува фактот што од рак на тестиси заболуваат млади луѓе, на нивни 25 години. Ова е навистина поразително, бидејќи бројките на заболени од рак се незапирливи особено по прележана корона. Студиите покажуваат дека кај пациентите кои имале појава некакви тумори, по прележување на болеста се јавуваат монструозни форми на таквите тумори. Инциденцата од година во година се зголемува, посочува д-р Ристески.
Тоа што посебно загрижува, како што појаснува д-р Ристески е што голем број од овие најтешки болести многу тешко се откриваат во раната фаза, бидејќи не постојат ниту конкретни симптоми за да иницираат луѓето да се јават на лекар. Продолжува на Фактор.мк

The post Д-р Ристески: Имаме експлозија од заболени од рак по прележан ковид appeared first on Република.

]]>
Состојбата со сезонскиот грип е се уште стабилна, пикот се очекува на крајот на февруари https://republika.mk/vesti/makedonija/sostojbata-so-sezonskiot-grip-e-se-ushte-stabilna-pikot-se-ochekuva-na-krajot-na-fevruari/ Tue, 23 Jan 2024 20:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=736118

Прилично е стабилна состојбата и е очекувано за овој период од годината да има пациенти со сезонски грип, но нема драматично отскокнување и болниците не се полни, соопшти д-р Злате Мехмедовиќ од Комисија за заразни болести во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Мехмедовиќ вели дека случаи на Ковид има сѐ помалку, а варијантите на грип се очекува да кулминираат на крајот на февруари и почетокот на март иако „не е секоја година идентична по однос на активноста на вирусите и нивната трансмисија“.

Во однос на пертусис (голема/стодневна/магарешка кашлица) кое е бактериско, а не вирусно заболување, во земјава има само два случаја, за разлика од Србија и во Црна Гора и особено во Хрватска каде со над пет илјади случаи ситуацијата е драматична и од каде што и почна да се шири болеста низ Балканот.

Во однос на тоа дали може да се рашири кај нас откако наши граѓани се вратија од зимување во Србија, д-р Мехмедовиќ одговори дека пертусис не може да се добие на отворено, туку ако подолго време се престојува во една затворена просторија и дека обично заболуваат деца и тие што работат со нив – воспитувачи и учителки, а болеста е најсериозна кај деца од 0 до 2 години.

Стабилната состојба со пертусис, според Мехмедовиќ, се должи на тоа што кај нас е многу подобра статистиката во однос за вакцинацијата со ДТП отколку во Хрватска.

Ние сме, за среќа, само на два случаја и можеби тоа се должи на центрите за јавно здравје во државата и Институтот за јавно здравје и сериозниот епидемиолошки пристап во контрола на трансмисија на болеста и следењето на случаите. Иако се работи за мал број случаи, што ја олеснува ситуацијата, ние имаме извонреден начин досега на следење на сите контакти поврзани со случај што веќе е докажан како инфициран, со цел да се минимизира можноста за ширење на болеста, вели д-р Мехмедовиќ.

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ, исто така рече дека не е зголемен бројот на пациенти со грип во клиниката и дека во специјалистичката амбуланта на Инфективна има 60-ина прегледи и доминираат вирусни инфекции.

Таа вели дека пациенти со ковид се сериозно возрасни и со сериозни хронични болести, а меѓу хоспитализираните со грип има и помлади, но и тие имаат и други потешки заболувања.

Сите хоспитализирани не се вакцинирани за што треба постојано да се алармира додека не стане рутина за сезонските болести. Вакцините се достапни и тоа треба да биде рутина, истакна д-р Стевановиќ.

The post Состојбата со сезонскиот грип е се уште стабилна, пикот се очекува на крајот на февруари appeared first on Република.

]]>

Прилично е стабилна состојбата и е очекувано за овој период од годината да има пациенти со сезонски грип, но нема драматично отскокнување и болниците не се полни, соопшти д-р Злате Мехмедовиќ од Комисија за заразни болести во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Мехмедовиќ вели дека случаи на Ковид има сѐ помалку, а варијантите на грип се очекува да кулминираат на крајот на февруари и почетокот на март иако „не е секоја година идентична по однос на активноста на вирусите и нивната трансмисија“. Во однос на пертусис (голема/стодневна/магарешка кашлица) кое е бактериско, а не вирусно заболување, во земјава има само два случаја, за разлика од Србија и во Црна Гора и особено во Хрватска каде со над пет илјади случаи ситуацијата е драматична и од каде што и почна да се шири болеста низ Балканот. Во однос на тоа дали може да се рашири кај нас откако наши граѓани се вратија од зимување во Србија, д-р Мехмедовиќ одговори дека пертусис не може да се добие на отворено, туку ако подолго време се престојува во една затворена просторија и дека обично заболуваат деца и тие што работат со нив – воспитувачи и учителки, а болеста е најсериозна кај деца од 0 до 2 години. Стабилната состојба со пертусис, според Мехмедовиќ, се должи на тоа што кај нас е многу подобра статистиката во однос за вакцинацијата со ДТП отколку во Хрватска.
Ние сме, за среќа, само на два случаја и можеби тоа се должи на центрите за јавно здравје во државата и Институтот за јавно здравје и сериозниот епидемиолошки пристап во контрола на трансмисија на болеста и следењето на случаите. Иако се работи за мал број случаи, што ја олеснува ситуацијата, ние имаме извонреден начин досега на следење на сите контакти поврзани со случај што веќе е докажан како инфициран, со цел да се минимизира можноста за ширење на болеста, вели д-р Мехмедовиќ.
Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ, исто така рече дека не е зголемен бројот на пациенти со грип во клиниката и дека во специјалистичката амбуланта на Инфективна има 60-ина прегледи и доминираат вирусни инфекции. Таа вели дека пациенти со ковид се сериозно возрасни и со сериозни хронични болести, а меѓу хоспитализираните со грип има и помлади, но и тие имаат и други потешки заболувања.
Сите хоспитализирани не се вакцинирани за што треба постојано да се алармира додека не стане рутина за сезонските болести. Вакцините се достапни и тоа треба да биде рутина, истакна д-р Стевановиќ.

The post Состојбата со сезонскиот грип е се уште стабилна, пикот се очекува на крајот на февруари appeared first on Република.

]]>
Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника https://republika.mk/zivot/zdravje/desetina-patsienti-so-grip-a-trojtsa-od-niv-so-kovid-se-na-infektivna-ministerot-veli-nema-prostor-za-panika/ Mon, 22 Jan 2024 11:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=735443

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.

Има една пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, појасни директорот.

Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира.

Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.

Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.

Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов.

Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

The post Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника appeared first on Република.

]]>

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања. И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.
Има една пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, појасни директорот.
Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира. Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.
Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.
Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов. Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

The post Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника appeared first on Република.

]]>