Ковацевски Archives - Република https://republika.mk/tema/kovatsevski/ За подобро да се разбереме Fri, 19 May 2023 14:58:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ковацевски Archives - Република https://republika.mk/tema/kovatsevski/ 32 32 Ковачевски не си оди и по цена да пропаднат уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-si-odi-i-po-tsena-da-propadnat-ustavnite-izmeni/ Fri, 19 May 2023 14:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=642733

И да нема уставни измени, Димитар Ковачевски нема да си поднесе оставка од функцијата премиер, дециден е првиот човек на македонската влада, откако одржа средба со лидерите на партиите од владината коалиција.

– Не размислувам за оставка. Одлуката за уставни измени е на двотретинско мнозинство. Ние овде разговаравме што значи членство во ЕУ. Порано не можеше да се замисли наши граѓани да работат во Полска, Хрватска, Чешка. Имаме аргументи за ЕУ и тоа е процес кој не може да биде заложник за дневно политичка потреба. Затоа мандатот на Владата не е поврзан со гласањето на уставните измени. Оваа Влада ќе покаже дека ќе имаме парламентарно мнозинство и јас се надевам дека опозицијата ќе се приклучи во европскиот блок – рече Ковачевски.

На единство и проактивност од сите политички партии повика и Моника Зајкова од ЛДП.

– Сите имаме свои политички програми и заложби што треба да ги оствариме за граѓаните да живеат подобро, меѓутоа сега на сите треба да ни е поважно како понатаму ќе го продолжиме процесот на евроинтеграција. Затоа сметам дека не е време за условување или калкулации. Но, да повикаме на единство и разум, сите заедно да продолжиме да ја движиме државата напред, изјави Зајкова.

Љупчо Балкоски од ВМРО-Народна партија пред состанокот не даде конкретен одговор дали ќе излезат од владината коалиција доколку не ги прифатат нивните барања.

– Она што го кажувам во Собранието е во интерес на целата држава, како и на кој начин да постапи за да се завршат коридорите, а не само да се започнат. Тоа е една работа, а сега ќе видиме што ќе каже премиерот во другите делови што како коалицијата треба да знаеме како што се меѓународните односи, до каде сме тука во целата таа работа, рече Балковски.

И по денешната средба, власта ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ  да се приклучи на европскиот блок. Со слична реторика Ковачевски се обрати до Мицкоски и по состанокот на партискиот Централен одбор, каде ги информирал сопартијците за средбите со високи државни претставници на САД.

Ковачевски потенцирал дека продолжувањето на европскиот пат е значајно од национален, регионален и глобален контекст, и ги потенцирал ризиците за земјата ако биде блокиран тој процес.

-На средбите и Блинкен и Ескобар недвосмислено потврдија дека евроинтеграциите на земјава се неповратен процес. Токму затоа и изразија загриженост врзана со блокадата на опозицијата на овие процеси. Доколку ние не продолжиме по европскиот пат, доколку не ги направиме следните чекори, евроинтеграцијата ќе запре и ние повторно ќе се најдеме во состојба на стагнација, како онаа што ја имавме цели 10 години до 2016 година. Тоа е многу опасно за нашата земја и за нејзината иднина“, потенцирал Ковачевски.

Во однос на интеграцијата во ЕУ, премиерот испратил порака дека тоа не е процес на еден човек, ниту само на една партија. Но и дека „од страна на висок американски претставник било кажано дека договорот кој го има РСМ за пристапување кон ЕУ, е најдобриот договор што земјата може да го добие“.

Тој ја повторил оценката дека ВМРО-ДПМНЕ е заложникна проруската Левица, и дека де факто прави блокирање со бескрајни и бесцелни дискусии во парламентот.

„Но од друга страна, јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, можеби и пратеници, претставници на раководството, кои не мислат исто како и нивното лидерство и кои искрено и од срце сакаат земјата да го продолжи патот кон ЕУ. Можеби сакаат да бидат дел од европскиот блок. И на тие поединци мислам дека треба да им се даде шанса да се приклучат на возот кој оди за Брисел. Или, ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела како партија, за утре да не се срамат од одлуките што ги носеле, во минатото. Бидејќи, не им е сеедно кога денес ќе им кажеме дека не го поддржале зачленувањето во НАТО, дека не влегле (во пленарната сала, н.з.) кога се гласаше Договорот со Фронтекс, за првпат на македонски јазик, одобрен од сите земји-членки на ЕУ. Во секој случај, возот е тргнат кон ЕУ и враќање од тој пат нема“, порача Ковачевски.

Најголемата опозициска партија останува на ставот дека нема да поддржи уставни измени под овие услови. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на средбите со меѓународниот фактор го афирмираше ставот на партијата дека граѓаните на Македонија што поскоро треба да бидат дел од ЕУ, но процесот да се води исклучиво на европски процеси и принципи, а не под уцени и закани од соседна Бугарија. Тој не гледа можност за напредок во интеграцискиот процес во мандатот на сегашната влада, туку во мандат на влада што ќе ја преводи ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски не си оди и по цена да пропаднат уставните измени appeared first on Република.

]]>

И да нема уставни измени, Димитар Ковачевски нема да си поднесе оставка од функцијата премиер, дециден е првиот човек на македонската влада, откако одржа средба со лидерите на партиите од владината коалиција.
– Не размислувам за оставка. Одлуката за уставни измени е на двотретинско мнозинство. Ние овде разговаравме што значи членство во ЕУ. Порано не можеше да се замисли наши граѓани да работат во Полска, Хрватска, Чешка. Имаме аргументи за ЕУ и тоа е процес кој не може да биде заложник за дневно политичка потреба. Затоа мандатот на Владата не е поврзан со гласањето на уставните измени. Оваа Влада ќе покаже дека ќе имаме парламентарно мнозинство и јас се надевам дека опозицијата ќе се приклучи во европскиот блок – рече Ковачевски.
На единство и проактивност од сите политички партии повика и Моника Зајкова од ЛДП.
– Сите имаме свои политички програми и заложби што треба да ги оствариме за граѓаните да живеат подобро, меѓутоа сега на сите треба да ни е поважно како понатаму ќе го продолжиме процесот на евроинтеграција. Затоа сметам дека не е време за условување или калкулации. Но, да повикаме на единство и разум, сите заедно да продолжиме да ја движиме државата напред, изјави Зајкова.
Љупчо Балкоски од ВМРО-Народна партија пред состанокот не даде конкретен одговор дали ќе излезат од владината коалиција доколку не ги прифатат нивните барања.
– Она што го кажувам во Собранието е во интерес на целата држава, како и на кој начин да постапи за да се завршат коридорите, а не само да се започнат. Тоа е една работа, а сега ќе видиме што ќе каже премиерот во другите делови што како коалицијата треба да знаеме како што се меѓународните односи, до каде сме тука во целата таа работа, рече Балковски.
И по денешната средба, власта ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ  да се приклучи на европскиот блок. Со слична реторика Ковачевски се обрати до Мицкоски и по состанокот на партискиот Централен одбор, каде ги информирал сопартијците за средбите со високи државни претставници на САД. Ковачевски потенцирал дека продолжувањето на европскиот пат е значајно од национален, регионален и глобален контекст, и ги потенцирал ризиците за земјата ако биде блокиран тој процес.
-На средбите и Блинкен и Ескобар недвосмислено потврдија дека евроинтеграциите на земјава се неповратен процес. Токму затоа и изразија загриженост врзана со блокадата на опозицијата на овие процеси. Доколку ние не продолжиме по европскиот пат, доколку не ги направиме следните чекори, евроинтеграцијата ќе запре и ние повторно ќе се најдеме во состојба на стагнација, како онаа што ја имавме цели 10 години до 2016 година. Тоа е многу опасно за нашата земја и за нејзината иднина“, потенцирал Ковачевски.
Во однос на интеграцијата во ЕУ, премиерот испратил порака дека тоа не е процес на еден човек, ниту само на една партија. Но и дека „од страна на висок американски претставник било кажано дека договорот кој го има РСМ за пристапување кон ЕУ, е најдобриот договор што земјата може да го добие“. Тој ја повторил оценката дека ВМРО-ДПМНЕ е заложникна проруската Левица, и дека де факто прави блокирање со бескрајни и бесцелни дискусии во парламентот.