коупција Archives - Република https://republika.mk/tema/koupcija/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 21:39:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коупција Archives - Република https://republika.mk/tema/koupcija/ 32 32 Митева: Власта не реагира за намалување на корупцијата, постапка за Коридорот 8 и 10Д нема https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vlasta-ne-reagira-za-namaluvane-na-koruptsijata-postapka-za-koridorot-8-i-10d-nema/ Wed, 22 Mar 2023 21:39:25 +0000 https://republika.mk/?p=622639

„За да разговарате со некого за спречување на корупција, треба тој истиот да не е креатор на корупцијата. Не гледам како опозиција како ВМРО-ДПМНЕ ќе седне да разговара практично со оние кои што ја креираат корупцијата како што е и детектирано во Извештајот дека постои висока ниво на владина корупција“, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24.

„Прво велиме дека сме се довеле во ситуација да ваквите Извештаи нас ни претставуваат нормалност, но за мене тоа е клучниот проблем. Тоа е клучниот проблем кога овозможуваме државата да дојде до степен да едни вакви Извештаи без разлика кога се донесени ги третираме како нормалност. И се согласувам дека не смееме тоа да продолжиме да го правиме. Меѓутоа без силни институции кои што ќе ја спречат неказнивоста, кои што ќе се борат против тоа, ние не можеме да се бориме против корупцијата. Всушност неказнивоста е темелот на корупцијата. Од друга страна велиме дека треба поширок консензус меѓутоа потребна е иницијатива за да има консензус и да седнеме да разговараме. Власта има т.н. засилено мнозинство во моментов, имаше засилено мнозинство една година претходно, имаше мнозинство пет години претходно, доволно ќе беше да се поднесе еден закон во Собранието со кое што ќе се направеше потекло на имот, ќе се направеше ветинг, ќе се направеше се она што зборуваме изминатиов период. И на крајот од денот сите коруптивни скандали кои што овие шест години зборувавме ние, зборуваат меѓународни истражувачки куќи како што се БИРН итн. во однос на последниот период за Коридорот 8 и 10Д, би требало да има некоја постапка. Треба граѓаните да видат резултат, нагласи Митева.

Таа посочи дека само преку конкретни мерки и конкретни закони кои што ќе се спроведуваат може да се намали корупцијата во државата.

Каков е Извештајот и што вели во моментов, и каква е ситуацијата од слаба независност во новинарството состојбата прерасна во отворени закани кон новинарите и лоши медиумски слободи. Цитирам – „Власта не презела мерки за санкционирање на кршењето на правата на новинарите и заштита на нивната безбедност“, дополнувам алармира „за директни злоупотреби од припадници на безбедносни сили, полициски распит на новинари за информативни интервјуа“. Па, ценам дека ова е и те како голема цензура, да еден новинар да биде повикан на информативен разговор од безбедносни сили или на полициски распит, заклучи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева укажа дека Македонија со оваа власт е далеку од демократска слобода на медиумите.

Во текот на гостувањето Митева се осврна и на условите во затворите.

Бројот на притвореници е зголемен од она што може да се прими во затворите, и тоа дава една дефиниција дека криминалот во државата е навистина на високо ниво што практично е и потврдено. Она што не го споменаа моите соговорници е дека е констатиран тендемски криминал помеѓу луѓето коишто се административно вработени во затворите односно затворскиот персонал, што укажува дека повторно и таму владее криминалот какошто владее на секое поле во државата. Јас она што повторно ќе го кажам е дека ценам дека за да стигнеме до тектонски промени потребно е некој да има иницијатива, одговорност, и да се направат мали чекори кои што ќе не донесат до било какви промени, од причина што Македонија со власта на СДСМ и ДУИ тоне и тоне во криминал и корупција“, заклучи Митева.

The post Митева: Власта не реагира за намалување на корупцијата, постапка за Коридорот 8 и 10Д нема appeared first on Република.

]]>

Митева укажа дека Македонија со оваа власт е далеку од демократска слобода на медиумите. Во текот на гостувањето Митева се осврна и на условите во затворите.
Бројот на притвореници е зголемен од она што може да се прими во затворите, и тоа дава една дефиниција дека криминалот во државата е навистина на високо ниво што практично е и потврдено. Она што не го споменаа моите соговорници е дека е констатиран тендемски криминал помеѓу луѓето коишто се административно вработени во затворите односно затворскиот персонал, што укажува дека повторно и таму владее криминалот какошто владее на секое поле во државата. Јас она што повторно ќе го кажам е дека ценам дека за да стигнеме до тектонски промени потребно е некој да има иницијатива, одговорност, и да се направат мали чекори кои што ќе не донесат до било какви промени, од причина што Македонија со власта на СДСМ и ДУИ тоне и тоне во криминал и корупција“, заклучи Митева.
 
The post Митева: Власта не реагира за намалување на корупцијата, постапка за Коридорот 8 и 10Д нема appeared first on Република.

]]>
Мицкоски:Американските истражители треба да почнат од владата, корупцијата само се продлабочува https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-amerikanskite-istraziteli-treba-da-pochnat-od-vladata-korupcijata-samo-se-prodlabochuva/ Sat, 10 Dec 2022 17:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=584088

Тимот американски истражители треба да почне најпрво од Владата, има многу корупција која може да се открие преку институциите како МВР, УЈП или Катастар без длабинска анализа- смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со актуелната владејачка структура, според него криминалот и корупцијата ќе се продлабочуваат, а единствено решение гледа во предвремени избори по кои тврди дека нема да има недопирливи функционери, а секој кој стекнал имот на нелегален начин ќе одговара.

По дилемите во јавноста дали овој американски тим ќе има и дипломатски притисок врз опозицијата за уставните измени, Мицкоски само потенцира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане обединета и нема да го смени ставот против бугарското барање.

За следната недела е најавена посета на високи американски дипломати во земјава. В среда во Скопје доаѓа Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД на средба со владини претставници, а една од темите ќе биде токму борбата против корупцијата. Во делегацијата со него се очекува да пристигне и специјалниот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

The post Мицкоски:Американските истражители треба да почнат од владата, корупцијата само се продлабочува appeared first on Република.

]]>

Тимот американски истражители треба да почне најпрво од Владата, има многу корупција која може да се открие преку институциите како МВР, УЈП или Катастар без длабинска анализа- смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со актуелната владејачка структура, според него криминалот и корупцијата ќе се продлабочуваат, а единствено решение гледа во предвремени избори по кои тврди дека нема да има недопирливи функционери, а секој кој стекнал имот на нелегален начин ќе одговара. По дилемите во јавноста дали овој американски тим ќе има и дипломатски притисок врз опозицијата за уставните измени, Мицкоски само потенцира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане обединета и нема да го смени ставот против бугарското барање. За следната недела е најавена посета на високи американски дипломати во земјава. В среда во Скопје доаѓа Дерек Шоле, советникот на државниот секретар на САД на средба со владини претставници, а една од темите ќе биде токму борбата против корупцијата. Во делегацијата со него се очекува да пристигне и специјалниот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.