Костарика Archives - Република https://republika.mk/tema/kostarika/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Mar 2023 17:00:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Костарика Archives - Република https://republika.mk/tema/kostarika/ 32 32 „Белото злато“ на 21 век: Го имате дома без да сте свесни, а може да помогне да се спаси планетата https://republika.mk/vesti/svet/beloto-zlato-na-21-vek-go-imate-doma-bez-da-ste-svesni-a-mozhe-da-pomogne-da-se-spasi-planetata/ Wed, 15 Mar 2023 18:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=619988

Костарика, земја во која површинското ископување е забрането, стана светски лидер во екстракција на тешки метали како што е литиумот. Тоа, сепак, не се врши од под земја, туку од старите батерии.

Фабриката за рециклирање „Фортек“ е основана пред речиси три децении во градот Картаго, 27 километри од главниот град Сан Хозе, а вработените ја нарекуваат „урбан рудник“.

Секоја година во светот се фрлаат милиони батерии. Иако куќиштето на батеријата се деградира во период од 100 години, отровните метали во него никогаш не се распаѓаат.

„Фортек“ најде „рудник за злато“ во екстракција на тешки метали од батериите, со што на планетата и обезбедува патоказ за спас.

Сега знаеме дека тоа не е отпад. Знаеме дека тоа е ресурс што може повторно да се искористи. На светот му треба кружна економија која рециклира скапоцени примарни материјали наместо да зема сосема нови. Важно е да се скршат парадигмите“, вели за АФП, Гилермо Переја, извршен директор на „Фортек“.

Переја (54), заедно со синот Франциско (25) смислиле нов метод за вадење метали од потрошените батерии.

„Бело злато“

Ископувањето на литиум често се изведува во услови кои се штетни за животната средина, работниците и локалните жители. Но, во „Фортек“, целиот литиум доаѓа од 1.500 тони потрошени батерии кои се фрлаат во Костарика секоја година, објаснува менаџерот на проектот, Франциско Переја.

Искористените батерии се собираат во трговски центри, продавници за електроника или продажни салони за електрични автомобили.

Литиумот го нарекуваат „бело злато“ или „нафта на 21 век“, а во последните години неговата цена експлодира на светскиот пазар. Во ноември 2020 година, вредноста на литиумот беше 5.700 долари за тон, а во септември 2022 година неговата вредност се искачи на 60.500 долари по тон поради зголеменото производство на електрични автомобили.

Сепак, погоните за производство на литиум трошат милиони литри вода и можат да бидат штетни за животната средина. Но, кога литиумот се извлекува од рециклирани батерии, се ослободува само четвртина од јаглеродниот диоксид што ја загрева планетата во споредба со ископувањето на литиум, тврди Хенри Прадо, хемичар во „Фортек“.

Тој објаснува дека рециклирањето придонесува за намалување на загадувањето на животната средина предизвикано од „вообичаениот метод на отстранување“ на литиумските батерии, кои обично едноставно се фрлаат.

Според Американското хемиско здружение, само пет проценти од сите литиум-јонски батерии во светот се рециклираат.

The post „Белото злато“ на 21 век: Го имате дома без да сте свесни, а може да помогне да се спаси планетата appeared first on Република.

]]>

Костарика, земја во која површинското ископување е забрането, стана светски лидер во екстракција на тешки метали како што е литиумот. Тоа, сепак, не се врши од под земја, туку од старите батерии. Фабриката за рециклирање „Фортек“ е основана пред речиси три децении во градот Картаго, 27 километри од главниот град Сан Хозе, а вработените ја нарекуваат „урбан рудник“. Секоја година во светот се фрлаат милиони батерии. Иако куќиштето на батеријата се деградира во период од 100 години, отровните метали во него никогаш не се распаѓаат. „Фортек“ најде „рудник за злато“ во екстракција на тешки метали од батериите, со што на планетата и обезбедува патоказ за спас. Сега знаеме дека тоа не е отпад. Знаеме дека тоа е ресурс што може повторно да се искористи. На светот му треба кружна економија која рециклира скапоцени примарни материјали наместо да зема сосема нови. Важно е да се скршат парадигмите“, вели за АФП, Гилермо Переја, извршен директор на „Фортек“. Переја (54), заедно со синот Франциско (25) смислиле нов метод за вадење метали од потрошените батерии.

„Бело злато“

Ископувањето на литиум често се изведува во услови кои се штетни за животната средина, работниците и локалните жители. Но, во „Фортек“, целиот литиум доаѓа од 1.500 тони потрошени батерии кои се фрлаат во Костарика секоја година, објаснува менаџерот на проектот, Франциско Переја. Искористените батерии се собираат во трговски центри, продавници за електроника или продажни салони за електрични автомобили. Литиумот го нарекуваат „бело злато“ или „нафта на 21 век“, а во последните години неговата цена експлодира на светскиот пазар. Во ноември 2020 година, вредноста на литиумот беше 5.700 долари за тон, а во септември 2022 година неговата вредност се искачи на 60.500 долари по тон поради зголеменото производство на електрични автомобили.
Сепак, погоните за производство на литиум трошат милиони литри вода и можат да бидат штетни за животната средина. Но, кога литиумот се извлекува од рециклирани батерии, се ослободува само четвртина од јаглеродниот диоксид што ја загрева планетата во споредба со ископувањето на литиум, тврди Хенри Прадо, хемичар во „Фортек“.
Тој објаснува дека рециклирањето придонесува за намалување на загадувањето на животната средина предизвикано од „вообичаениот метод на отстранување“ на литиумските батерии, кои обично едноставно се фрлаат. Според Американското хемиско здружение, само пет проценти од сите литиум-јонски батерии во светот се рециклираат.

The post „Белото злато“ на 21 век: Го имате дома без да сте свесни, а може да помогне да се спаси планетата appeared first on Република.

]]>
Исчезнатиот авион на Костарика се урнал, внатре бил германски милионер со семејството https://republika.mk/vesti/svet/ischeznatiot-avion-na-kostarika-se-urnal-vnatre-bil-germanski-milioner-so-semejstvoto/ Mon, 24 Oct 2022 08:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=564847

Германскиот бизнисмен и милионер Рајнер Шалер и неговото семејство биле во авионот што се урна во Карипското Море во близина на Костарика, соопшти владата.

Извор од Министерството за јавна безбедност на Костарика потврдил за АФП дека Шалер (53) и уште пет лица се на списокот на патници во авионот.

Рајнер Шалер е основач и претседател на германската компанија RSG-Group, која управува со теретаните McFit. Германскиот весник „Билд“ пишува дека тој патувал со својата партнерка, нивните две деца и уште еден маж.

Меѓу патниците во авионот се Шикорски (44) Курек 40-годишен маж и двајца малолетници, германски државјани и 66-годишниот пилот Швајцарец, според официјалниот извештај.

Во саботата во морето се пронајдени тела на возрасен човек и малолетник, кои се уште не се идентификувани.

Пронајдени се и некои предмети, меѓу кои патни торби и дел од трупот на авионот.

Авионот на приватен лет полетал од Мексико и изгубил контакт со контролната кула во Костарика во петокот околу 18 часот кај Лимон, каде требало да слета.

Синџирот на спортски сали McFit основан од Шалер е најголем во Европа – има 165 спортски сали во Германија и повеќе од 250 во остатокот од Европа.

Името на Рајнер Шалер беше споменато во врска со несреќата на фестивалот за електронска музика Love Parade во 2010 година во кој 21 лице загина, а 500 беа повредени во стампедо во бетонскиот патен тунел каде што се одржуваше настанот. Рајнер Шалер презеде „морална одговорност“ за несреќата.

Според истражување од 2019 година, нето вредноста на Шалер се проценува на околу 250 милиони евра.

 

https://twitter.com/gchahal/status/1584220200525709312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1584220200525709312%7Ctwgr%5E4bbda22a365cc188bad13a272598dadc5d37d89f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Favionot-koj-ischezna-kaj-kostarika-se-urnal-vo-nego-bil-germanski-milioner-pronajdeni-dve-tela%2F

The post Исчезнатиот авион на Костарика се урнал, внатре бил германски милионер со семејството appeared first on Република.

]]>

Германскиот бизнисмен и милионер Рајнер Шалер и неговото семејство биле во авионот што се урна во Карипското Море во близина на Костарика, соопшти владата. Извор од Министерството за јавна безбедност на Костарика потврдил за АФП дека Шалер (53) и уште пет лица се на списокот на патници во авионот. Рајнер Шалер е основач и претседател на германската компанија RSG-Group, која управува со теретаните McFit. Германскиот весник „Билд“ пишува дека тој патувал со својата партнерка, нивните две деца и уште еден маж. Меѓу патниците во авионот се Шикорски (44) Курек 40-годишен маж и двајца малолетници, германски државјани и 66-годишниот пилот Швајцарец, според официјалниот извештај. Во саботата во морето се пронајдени тела на возрасен човек и малолетник, кои се уште не се идентификувани. Пронајдени се и некои предмети, меѓу кои патни торби и дел од трупот на авионот. Авионот на приватен лет полетал од Мексико и изгубил контакт со контролната кула во Костарика во петокот околу 18 часот кај Лимон, каде требало да слета. Синџирот на спортски сали McFit основан од Шалер е најголем во Европа – има 165 спортски сали во Германија и повеќе од 250 во остатокот од Европа. Името на Рајнер Шалер беше споменато во врска со несреќата на фестивалот за електронска музика Love Parade во 2010 година во кој 21 лице загина, а 500 беа повредени во стампедо во бетонскиот патен тунел каде што се одржуваше настанот. Рајнер Шалер презеде „морална одговорност“ за несреќата. Според истражување од 2019 година, нето вредноста на Шалер се проценува на околу 250 милиони евра.   https://twitter.com/gchahal/status/1584220200525709312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1584220200525709312%7Ctwgr%5E4bbda22a365cc188bad13a272598dadc5d37d89f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fvesti-svet%2Favionot-koj-ischezna-kaj-kostarika-se-urnal-vo-nego-bil-germanski-milioner-pronajdeni-dve-tela%2F

The post Исчезнатиот авион на Костарика се урнал, внатре бил германски милионер со семејството appeared first on Република.

]]>
Костарика прогласи вонредна состојба поради хакерски напад врз државни институции https://republika.mk/vesti/svet/kostarika-proglasi-vonredna-sostojba-poradi-hakerski-napad-vrz-drzavni-institucii/ Mon, 09 May 2022 12:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=499939

Уценувачкиот малициозен софтвер Conti постои од 2020 година и се верува дека е дистрибуиран од руска група хакери. Соединетите Американски Држави одговорија на оваа закана со објавување награда за секој кој има какви било информации за нив. Ако им пријавите на американските власти какви било информации што ќе помогнат да се идентификуваат водачите на оваа хакерска група, можете да добиете 10 милиони долари. Во случај информациите да доведат до апсење на поединци кои соработуваат со нив, потенцијалната награда е 5 милиони долари.

Речиси во исто време, владејачките структури на Костарика на потежок начин дознаа за опасностите од овој откуп. Нивните државни институции и агенции и најмалку две министерства станаа жртви на Conti во последните недели. Покрај тоа што ја оневозможуваа или отежнаа работата на овие институции, хакерите успеаја да украдат од нив огромни количини на податоци – дури 672 гигабајти. Од тоа, околу 97% веќе се објавени на јавно достапни сервери, откако Министерството за финансии одби да плати откуп од 10 милиони долари.

Поради оваа причина, новоизбраниот претседател на Костарика, Родриго Чавес, веднаш по преземањето на функцијата мораше да прогласи вонредна состојба на ниво на целиот јавен сектор. Имено, од 18 април дигиталните услуги на државната каса како потпишување документи се целосно недостапни, што го оневозможува работењето на многу стопански субјекти.

„Го потпишавме овој декрет за да може земјата да се одбрани од напади на сајбер-криминалци. Ова е напад врз нашата татковина и донесовме декрет за да можеме подобро да се браниме“, рече претседателот Чавез, прогласувајќи вонредна состојба.

Експертите го поврзуваат нападот со групата Wizard Spider, која комуницира на руски, а претходно била поврзана со напади на други видови на малициозен софтвер, како што се Ryuk, TrickBot или BazarLoader.

The post Костарика прогласи вонредна состојба поради хакерски напад врз државни институции appeared first on Република.

]]>

Уценувачкиот малициозен софтвер Conti постои од 2020 година и се верува дека е дистрибуиран од руска група хакери. Соединетите Американски Држави одговорија на оваа закана со објавување награда за секој кој има какви било информации за нив. Ако им пријавите на американските власти какви било информации што ќе помогнат да се идентификуваат водачите на оваа хакерска група, можете да добиете 10 милиони долари. Во случај информациите да доведат до апсење на поединци кои соработуваат со нив, потенцијалната награда е 5 милиони долари. Речиси во исто време, владејачките структури на Костарика на потежок начин дознаа за опасностите од овој откуп. Нивните државни институции и агенции и најмалку две министерства станаа жртви на Conti во последните недели. Покрај тоа што ја оневозможуваа или отежнаа работата на овие институции, хакерите успеаја да украдат од нив огромни количини на податоци – дури 672 гигабајти. Од тоа, околу 97% веќе се објавени на јавно достапни сервери, откако Министерството за финансии одби да плати откуп од 10 милиони долари.
Поради оваа причина, новоизбраниот претседател на Костарика, Родриго Чавес, веднаш по преземањето на функцијата мораше да прогласи вонредна состојба на ниво на целиот јавен сектор. Имено, од 18 април дигиталните услуги на државната каса како потпишување документи се целосно недостапни, што го оневозможува работењето на многу стопански субјекти. „Го потпишавме овој декрет за да може земјата да се одбрани од напади на сајбер-криминалци. Ова е напад врз нашата татковина и донесовме декрет за да можеме подобро да се браниме“, рече претседателот Чавез, прогласувајќи вонредна состојба. Експертите го поврзуваат нападот со групата Wizard Spider, која комуницира на руски, а претходно била поврзана со напади на други видови на малициозен софтвер, како што се Ryuk, TrickBot или BazarLoader.

The post Костарика прогласи вонредна состојба поради хакерски напад врз државни институции appeared first on Република.

]]>