Костадин Танчев – Динка Archives - Република https://republika.mk/tema/kostadin-tanchev-dinka/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Oct 2023 07:22:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Костадин Танчев – Динка Archives - Република https://republika.mk/tema/kostadin-tanchev-dinka/ 32 32 Изложбата „Мигновение“ од Костадин Танчев – Динка во КИЦ – Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-mignovenie-od-kostadin-tanchev-dinka-vo-kits-skopje/ Tue, 17 Oct 2023 07:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=691924

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва во 20 часот е отворањето на изложбата на слики од Костадин Танчев – Динка насловена „Мигновение“.

Танчев е роден во 1940 година во Валандово. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1961 година. Од 1961 година студира на Академијата за применета уметност во Белград, а по завршувањето на првиот степен, по препорака на Универзитетскиот совет на Белградскиот универзитет во текот на 1963-1964 година престојувал на специјализација во Лондон. За време на студиите во вториот степен бил во класата на професорите: Миха Петров, Богдан Кршиќ и Милош Ќириќ. Како студент во петтата година учествувал на меѓународниот конкурс за визуелна комуникација, организиран од Меѓународната организација на графички дизајнери ИКОГРАДА. Меѓу многуте учесници од повеќе земји влегол во најтесниот избор на десетте нaјдобри. Уште како студент членувал во Друштвото на УЛУПУС и ИКОГРАДА. Во состав на дипломската работа го реализира првиот анимиран филм на Академијата за применета уметност во Белград.

Од 1969-1970 година работи во секторот за економска пропаганда (маркетинг) во НИП „Нова Македонија“. Од 1973-1975 година престојувал во Париз каде што излагал во повеќе галерии. Во 1975 година излагал на изложбата „50-те млади надежни сликари“ на Мајскиот салон „Дефанс“ во Париз. По враќањето од Париз, од 1975 година, продолжува да работи како раководител на секторот за графички дизајн и ентериер во Културно-информативниот центар во Скопје.

Во периодот од 1978-1981 година активно учествувал во научните истражувања и реализацијата на новите форми на културна комуникација и творештво, што се изведувале во рамките на Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Од 1985 година е избран за наставник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во графичкиот оддел по предметите цртање и графика со графички техники. Истовремено, во овој период е ангажиран во изведувањето на наставата во насочениот дел од студиите, во насоката графички дизајн и под негово менторство, со успех се одвива наставно-образовниот процес по опрема на книга и илустрација, фотографија, визуелни комуникации, плакат и графички стандарди. Со студентите од трета и четврта година, на насоката графички дизајн учествувал на поголем број републички конкурси за визуелни комуникации на кои се добиени повеќе награди. Учествува во реализацијата на издавачката дејност на Факултетот, во издавање и реализација на графичките мапи на професорите на ФЛУ, публикации, каталози и идејни решенија за потребите на Факултетот.
Автор е учесник на многубројни самостојни и групни изложби од областа на ликовната уметност и дизајнот од домашен и меѓународен карактер.

Добитник е на преку четириесет награди и признанија за своето творештво во ликовната уметност и дизајнот, вклучувајќи и високи општествени награди и признанија.

Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1971 година и во два мандати е избран за претседател на друштвото.

Изложбата ќе биде отворена до 01.11.2023 година.

 

The post Изложбата „Мигновение“ од Костадин Танчев – Динка во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва во 20 часот е отворањето на изложбата на слики од Костадин Танчев – Динка насловена „Мигновение“. Танчев е роден во 1940 година во Валандово. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1961 година. Од 1961 година студира на Академијата за применета уметност во Белград, а по завршувањето на првиот степен, по препорака на Универзитетскиот совет на Белградскиот универзитет во текот на 1963-1964 година престојувал на специјализација во Лондон. За време на студиите во вториот степен бил во класата на професорите: Миха Петров, Богдан Кршиќ и Милош Ќириќ. Како студент во петтата година учествувал на меѓународниот конкурс за визуелна комуникација, организиран од Меѓународната организација на графички дизајнери ИКОГРАДА. Меѓу многуте учесници од повеќе земји влегол во најтесниот избор на десетте нaјдобри. Уште како студент членувал во Друштвото на УЛУПУС и ИКОГРАДА. Во состав на дипломската работа го реализира првиот анимиран филм на Академијата за применета уметност во Белград. Од 1969-1970 година работи во секторот за економска пропаганда (маркетинг) во НИП „Нова Македонија“. Од 1973-1975 година престојувал во Париз каде што излагал во повеќе галерии. Во 1975 година излагал на изложбата „50-те млади надежни сликари“ на Мајскиот салон „Дефанс“ во Париз. По враќањето од Париз, од 1975 година, продолжува да работи како раководител на секторот за графички дизајн и ентериер во Културно-информативниот центар во Скопје. Во периодот од 1978-1981 година активно учествувал во научните истражувања и реализацијата на новите форми на културна комуникација и творештво, што се изведувале во рамките на Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 1985 година е избран за наставник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во графичкиот оддел по предметите цртање и графика со графички техники. Истовремено, во овој период е ангажиран во изведувањето на наставата во насочениот дел од студиите, во насоката графички дизајн и под негово менторство, со успех се одвива наставно-образовниот процес по опрема на книга и илустрација, фотографија, визуелни комуникации, плакат и графички стандарди. Со студентите од трета и четврта година, на насоката графички дизајн учествувал на поголем број републички конкурси за визуелни комуникации на кои се добиени повеќе награди. Учествува во реализацијата на издавачката дејност на Факултетот, во издавање и реализација на графичките мапи на професорите на ФЛУ, публикации, каталози и идејни решенија за потребите на Факултетот. Автор е учесник на многубројни самостојни и групни изложби од областа на ликовната уметност и дизајнот од домашен и меѓународен карактер. Добитник е на преку четириесет награди и признанија за своето творештво во ликовната уметност и дизајнот, вклучувајќи и високи општествени награди и признанија. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1971 година и во два мандати е избран за претседател на друштвото. Изложбата ќе биде отворена до 01.11.2023 година.  

The post Изложбата „Мигновение“ од Костадин Танчев – Динка во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>