косовски специјалци Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovski-spetsijaltsi/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Jun 2023 09:27:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png косовски специјалци Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovski-spetsijaltsi/ 32 32 Србија ги ослободи косовските полицајци https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-gi-oslobodi-kosovskite-politsajtsi/ Mon, 26 Jun 2023 09:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=655203

Судот во Краљево го потврди обвинението против косовските полицајци кои беа уапсени на територијата на Србија и донесе решение со кое им го прекина притворот на обвинетите. Како што пренесе „Танјуг“, тие ќе се бранат од слобода.

Во соопштението на Вишиот суд во Краљево, се наведува дека несудскиот совет „им го укина притворот по покренување на постапката и по поднесено обвинение од страна на Вишиот јавен обвинител во Краљево против осомничените Б.С., Р.З. и Ш. М., за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали“.

Несудечкиот совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против гореспоменатите обвинети и донесе решение со кое им го укинува притворот на обвинетите, се наведува.

Претходно денеска секретарот на Канцеларијата за врски на Приштина во Белград, Фатмир Хаџоли, објави дека е на пат за Краљево, каде се очекува тројцата косовски полицајци кои беа уапсени на територијата на централна Србија на 14 јуни да се појават пред судот.

На пат кон Краљево, каде се очекува повторно да се појават пред судот тројцата полицајци Рифат Зекја, Беќир Сефи и Мустафа Шеми, објави Хаџоли на Фејсбук.

На предлог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, на 16 јуни судот им одреди притвор до 30 дена на Сефи (58), Зекја (48) и Шеми (62), кои беа уапсени на 14 јуни во село Гњилица.

Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени поради сомнение за сторено едно кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Сите тројца уапсени биле во целосна воена опрема, вооружени со три автоматски пушки, муниција, мапи, ГПС уреди и друга опрема.

Тројца припадници на косовската полиција со службено возило „дачија дастер“ дошле на алтернативниот премин Тресава-Батњик, го напуштиле возилото и продолжиле пеш по патот Орахово-Гњилица, каде биле лоцирани и уапсени од специјалната антитерористичка единица на српското МВР.

The post Србија ги ослободи косовските полицајци appeared first on Република.

]]>

Судот во Краљево го потврди обвинението против косовските полицајци кои беа уапсени на територијата на Србија и донесе решение со кое им го прекина притворот на обвинетите. Како што пренесе „Танјуг“, тие ќе се бранат од слобода. Во соопштението на Вишиот суд во Краљево, се наведува дека несудскиот совет „им го укина притворот по покренување на постапката и по поднесено обвинение од страна на Вишиот јавен обвинител во Краљево против осомничените Б.С., Р.З. и Ш. М., за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали“. Несудечкиот совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против гореспоменатите обвинети и донесе решение со кое им го укинува притворот на обвинетите, се наведува. Претходно денеска секретарот на Канцеларијата за врски на Приштина во Белград, Фатмир Хаџоли, објави дека е на пат за Краљево, каде се очекува тројцата косовски полицајци кои беа уапсени на територијата на централна Србија на 14 јуни да се појават пред судот. На пат кон Краљево, каде се очекува повторно да се појават пред судот тројцата полицајци Рифат Зекја, Беќир Сефи и Мустафа Шеми, објави Хаџоли на Фејсбук. На предлог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, на 16 јуни судот им одреди притвор до 30 дена на Сефи (58), Зекја (48) и Шеми (62), кои беа уапсени на 14 јуни во село Гњилица. Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени поради сомнение за сторено едно кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Сите тројца уапсени биле во целосна воена опрема, вооружени со три автоматски пушки, муниција, мапи, ГПС уреди и друга опрема. Тројца припадници на косовската полиција со службено возило „дачија дастер“ дошле на алтернативниот премин Тресава-Батњик, го напуштиле возилото и продолжиле пеш по патот Орахово-Гњилица, каде биле лоцирани и уапсени од специјалната антитерористичка единица на српското МВР.

The post Србија ги ослободи косовските полицајци appeared first on Република.

]]>