косовска војска Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovska-vojska/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 12:59:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png косовска војска Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovska-vojska/ 32 32 Oсмани ги брани косовските сили кои според Резолуцијата на ОН не смеат да постојат https://republika.mk/vesti/balkan/osmani-gi-brani-kosovskite-sili-koi-spored-rezolutsijata-na-on-ne-smeat-da-postojat/ Wed, 12 Jun 2024 14:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=786968

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека припадниците на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и на косовската полиција, кои денеска парадираат во центарот на главниот град, се сили на мирот и во одбрана на мирот, но тие секогаш ќе бидат во одбрана на секоја педа на косовската земја, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи во својот говор пред парадата на ФСК и косовската полиција на 25-годишнината од ослободувањето на Косово ја спомена жртвата и борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), предводена од легендарниот командант Адем Јашари.

Таа рече дека храброста на ОВК е приказна за херојство што ќе се раскажува од колено на колено.

- Нивната жртва беше бескрајна, нивниот дух нескршлив. Им должиме благодарност која никогаш не може да биде доволна, но мора да се памети засекогаш. Тие го продолжија патот започнат претходно од мирниот отпор предводен од историскиот претседател, д-р Ибрахим Ругова, а потоа и вооружената борба на ОВК предводена од легендарниот командант Адем Јашари и целото семејство Јашари, рече Османи.

Таа нагласи дека ова патување до слободата беше поддржано од меѓународните сојузници предводени од Соединетите Американски Држави.

- На 12 јуни борците на ОВК и војниците на НАТО ја претворија нашата болка и солзи во надеж. Денес ги славиме и врските на пријателството. 25 години подоцна ја градиме архитектурата на националната безбедност и тоа го правиме за да го заземеме нашето место во НАТО алијансата... Косово е независно, вечното наследство на нашите херои и маченици, најдобро се гледа од храбрите мажи и жени кои денеска маршираат на парадата на ФСК и на косовската полиција кои се заколнаа дека ќе ја бранат татковината. Овие сили што маршираат се сили на мирот, во одбрана на мирот, но тие ќе бидат денес и засекогаш во одбрана на слободата извојувана со крв, денес и засекогаш и по секоја цена во одбрана на секоја педа на косовската земја, рече Османи.

The post Oсмани ги брани косовските сили кои според Резолуцијата на ОН не смеат да постојат appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека припадниците на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и на косовската полиција, кои денеска парадираат во центарот на главниот град, се сили на мирот и во одбрана на мирот, но тие секогаш ќе бидат во одбрана на секоја педа на косовската земја, јави дописникот на МИА од Приштина. Османи во својот говор пред парадата на ФСК и косовската полиција на 25-годишнината од ослободувањето на Косово ја спомена жртвата и борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), предводена од легендарниот командант Адем Јашари. Таа рече дека храброста на ОВК е приказна за херојство што ќе се раскажува од колено на колено.
- Нивната жртва беше бескрајна, нивниот дух нескршлив. Им должиме благодарност која никогаш не може да биде доволна, но мора да се памети засекогаш. Тие го продолжија патот започнат претходно од мирниот отпор предводен од историскиот претседател, д-р Ибрахим Ругова, а потоа и вооружената борба на ОВК предводена од легендарниот командант Адем Јашари и целото семејство Јашари, рече Османи.
Таа нагласи дека ова патување до слободата беше поддржано од меѓународните сојузници предводени од Соединетите Американски Држави. - На 12 јуни борците на ОВК и војниците на НАТО ја претворија нашата болка и солзи во надеж. Денес ги славиме и врските на пријателството. 25 години подоцна ја градиме архитектурата на националната безбедност и тоа го правиме за да го заземеме нашето место во НАТО алијансата... Косово е независно, вечното наследство на нашите херои и маченици, најдобро се гледа од храбрите мажи и жени кои денеска маршираат на парадата на ФСК и на косовската полиција кои се заколнаа дека ќе ја бранат татковината. Овие сили што маршираат се сили на мирот, во одбрана на мирот, но тие ќе бидат денес и засекогаш во одбрана на слободата извојувана со крв, денес и засекогаш и по секоја цена во одбрана на секоја педа на косовската земја, рече Османи.

The post Oсмани ги брани косовските сили кои според Резолуцијата на ОН не смеат да постојат appeared first on Република.

]]>
Половина Македонија на градите на косовските војници https://republika.mk/vesti/balkan/polovina-makedonija-na-gradite-na-kosovskite-vojnitsi/ Wed, 29 Nov 2023 09:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=717459

Завчера на Косово беше одбележан денот на косовски безбедносни сили, кои, судејќи според фотографиите, се претвориле во ден на „Голема Албанија“ бидејќи многу припадници на КБС на својата униформи носеа делови од Македонија, Србија и Грција.

Се гордееме со вас-пишува на унуформите.

На некои места имаше истакнати плакати посветени на ОВК и Адем Јашари, на кои пишуваше: „Некогаш ОВК, денес КБС.Нема да се предадеме, живите убијци само ќе минат преку моето мртво тело“.

Курти: Јасно ни е дека КБС е наследник на ОВК

 Јасно ни е дека КБС е наследник на ОВК и го имаме 28 ноември, кој го одбележуваме во спомен на тројството: црвеното знаме со двоглавиот орел на Скендербег во Круја, Исмаил Кемали во Вљора и Адем. Јашари во Преказ – рече Курти.

The post Половина Македонија на градите на косовските војници appeared first on Република.

]]>

Завчера на Косово беше одбележан денот на косовски безбедносни сили, кои, судејќи според фотографиите, се претвориле во ден на „Голема Албанија“ бидејќи многу припадници на КБС на својата униформи носеа делови од Македонија, Србија и Грција.
Се гордееме со вас-пишува на унуформите.
На некои места имаше истакнати плакати посветени на ОВК и Адем Јашари, на кои пишуваше: „Некогаш ОВК, денес КБС.Нема да се предадеме, живите убијци само ќе минат преку моето мртво тело“. Курти: Јасно ни е дека КБС е наследник на ОВК