Косово - САД Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovo-sad/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 07:55:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Косово - САД Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovo-sad/ 32 32 Питер Фејт: САД го губат трпението со Приштина https://republika.mk/vesti/balkan/piter-fejt-sad-go-gubat-trpenieto-so-prishtina/ Tue, 25 Jul 2023 07:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=664946

Поранешниот специјален претставник на Европската унија за Косово, Питер Фејт изјави дека САД го губат трпението со Приштина, а дека тамошните власти најмногу ќе изгубат од немањето напредок во дијалогот со Белград.

САД го губат трпението со Косово бидејќи не постигнува доволно напредок. Гледам дека САД имаат критички однос кон Владата на Косово и тоа е без преседан. Се чини јасно дека администрацијата на Бајден го губи трпението со Косово, изјави Фејт за приштинскиот „Теве 1“.

Тој додаде дека таков критички однос на Вашингтон кон Приштина не видел уште откако Косово прогласи независност во 2008 година.

Би било вистинска трагедија за Косово ако ја загуби поддршката од САД, предупреди Фејт.

Тој рече дека Приштина мора да разбере дека во Европа се води жестока војна и дека моментално е во фокусот.

Затоа треба да имате на ум дека работите не се исти како порано и не можете да сметате на симпатиите и поддршката што некогаш ги имавте, рече Фејт.

Додаде дека не мисли дека САД и Европската унија го поддржуваат претседателот Александар Вучиќ во тој процес.

Знам дека не е лесно, но му предлагам на премиерот Курти да вложи повеќе напори во дијалогот со Србите на северот на Косово наместо да испраќа специјални единици таму, рече Фејт.

Тој посочи дека Охридскиот договор е од големо значење за Приштина бидејќи, според него, ќе го отвори патот за членство во меѓународните организации.

Мислам дека Косово повеќе ќе ги трпи последиците. Доколку страните сериозно го сфатат договорот постигнат во Охрид, тогаш работите би се придвижиле и тоа би му помогнало на Косово да стане членка на различни меѓународни организации, како и на ОН, рече Фејт.

The post Питер Фејт: САД го губат трпението со Приштина appeared first on Република.

]]>

САД зачудени зошто Косово ги игнорира https://republika.mk/vesti/balkan/sad-zachudeni-zoshto-kosovo-gi-ignorira/ Fri, 30 Jun 2023 08:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=656758

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека Вашингтон е многу загрижен поради фактот дека косовската Влада не презема конкретни чекори за деескалација на состојбите на северот на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Клан Косово, Ховениер рече дека косовскиот премиер Албин Курти треба да започне со спроведување на планот од три точки, предложен од Европската унија, за излез од напнатата ситуација во косовскиот север, населен со мнозинско српско население.

Пријателите на Косово, земјите и институциите кои одиграле најголема улога во поддршката на Косово на неговиот пат, сите тие бараат од Косово, од оваа Влада, да преземе одредени дејствија и да го спроведе планот од три точки на ЕУ, рече Ховениер.

Брисел со споменатиот план бара од Приштина смирување на тензиите на север, одржување нови градоначалнички избори во четирите општини со мнозинско српско население и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ.

Американскиот амбасадор изјави дека е зачудувачки тоа што нема позитивен одговор од косовската Влада на барањата на меѓународната заедница.

Зачудени сме. Тешко ни е да сфатиме зошто ова барање не добива позитивен одговор, а и не се чини дека ќе добие, рече Ховениер.

Тој не ја исклучи можноста од нови последици по Косово, откако неговата војска беше исклучена од воената вежба „Бранител Европа 2023“, доколку Владата на Курти не одговори на барањата на меѓунаордните партнери.

Јасно е дека ќе има некои други последици доколку се продолжи по овој пат, односно Владата на Косово не одговори на барањата на сите негови пријатели, на сите држави кои во минатите две децении покажаа посветеност за да го видат Косово како го зазема своето место во Европа и во евроатлантските структури, рече Ховениер.

Тој ги отфрли критиките дека САД се покажуваат построги кон Косово одошто кон Србија, нагласувајќи дека и од Србија се бара да го спроведе планот на ЕУ за смирување на состојбите во северно Косово.

Наспроти несогласувањата, рече американскиот амбасадор, САД го сметаат премиерот Курти за свој сојузник, но очекуваат од него конкретно дејствување за средување на состојбите.

Курти треба да работи во правец на смирување на тензиите и на организирањето нови избори во четирите северни општини – Северна Митровица, Звечане, Зубин Поток и Лепосавиќ, рече Ховениер во интервјуто за Клан Косово.

The post САД зачудени зошто Косово ги игнорира appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека Вашингтон е многу загрижен поради фактот дека косовската Влада не презема конкретни чекори за деескалација на состојбите на северот на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Клан Косово, Ховениер рече дека косовскиот премиер Албин Курти треба да започне со спроведување на планот од три точки, предложен од Европската унија, за излез од напнатата ситуација во косовскиот север, населен со мнозинско српско население.
Пријателите на Косово, земјите и институциите кои одиграле најголема улога во поддршката на Косово на неговиот пат, сите тие бараат од Косово, од оваа Влада, да преземе одредени дејствија и да го спроведе планот од три точки на ЕУ, рече Ховениер.
Брисел со споменатиот план бара од Приштина смирување на тензиите на север, одржување нови градоначалнички избори во четирите општини со мнозинско српско население и враќање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ. Американскиот амбасадор изјави дека е зачудувачки тоа што нема позитивен одговор од косовската Влада на барањата на меѓународната заедница.
Зачудени сме. Тешко ни е да сфатиме зошто ова барање не добива позитивен одговор, а и не се чини дека ќе добие, рече Ховениер.
Тој не ја исклучи можноста од нови последици по Косово, откако неговата војска беше исклучена од воената вежба „Бранител Европа 2023“, доколку Владата на Курти не одговори на барањата на меѓунаордните партнери.
Јасно е дека ќе има некои други последици доколку се продолжи по овој пат, односно Владата на Косово не одговори на барањата на сите негови пријатели, на сите држави кои во минатите две децении покажаа посветеност за да го видат Косово како го зазема своето место во Европа и во евроатлантските структури, рече Ховениер.
Тој ги отфрли критиките дека САД се покажуваат построги кон Косово одошто кон Србија, нагласувајќи дека и од Србија се бара да го спроведе планот на ЕУ за смирување на состојбите во северно Косово. Наспроти несогласувањата, рече американскиот амбасадор, САД го сметаат премиерот Курти за свој сојузник, но очекуваат од него конкретно дејствување за средување на состојбите. Курти треба да работи во правец на смирување на тензиите и на организирањето нови избори во четирите северни општини – Северна Митровица, Звечане, Зубин Поток и Лепосавиќ, рече Ховениер во интервјуто за Клан Косово.

The post САД зачудени зошто Косово ги игнорира appeared first on Република.

]]>
Косово се престраши од војната: Бара итно членство во НАТО и постојана американска база https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-se-prestrashi-od-vojnata-bara-itno-chlenstvo-vo-nato-i-postojana-amerikanska-baza/ Mon, 28 Feb 2022 10:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=465184

Министерот за одбрана, на Косово Арменд Мехај повика на итно членство на Косово во НАТО и побара од САД да воспостават постојана американска база на Косово.

Тој ги повика сите земји кои се двоумат да го признаат Косово, тоа да го направат што е можно поскоро.

„Врз основа на реалноста создадена по руската воена агресија во Украина и нејзиниот одраз во целокупната безбедносна средина на Западен Балкан, Европа и светот, бараме од Соединетите држави и сите сојузници и земји партнери да го забрзаат членството на Косово во НАТО. Нашите сојузници и земјите „членки на НАТО кои се двоумат дали да ја признаат независноста на Косово, велам не двоумете се повеќе“, напиша тој.

Тој додаде дека во овој момент одговорните држави и народи не треба да исклучуваат никого во заедничката визија и пред заедничкото зло.

Мехај наведува дека Косово заедно со својот народ цврсто стои на вистинската страна на историјата со своите сојузници.

„Косово и неговите граѓани, ја докажавме и потврдивме нашата цврста позиција и определба дека сме достојни борци во одбраната на евроатлантските вредности за слобода, мир и демократија, вредности на кои стои НАТО и неговата мисија“, рече Мехај.

Тој, исто така, рече дека формирањето на постојана американска база е итна потреба за гарантирање на мирот, безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и пошироко.

„Време е да го повториме нашиот повик до нашиот незаменлив сојузник, САД, да воспостави постојана воена база, како целосна гаранција за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко“, рече Мехаи.

Како што истакна, „Косово е свесно за потенцијалните предизвици, закани и опасности“, а во таа прилика повика на „дејствување денес“ за да се спречи „непредвидливото зло за регионот, континентот и светот“.

The post Косово се престраши од војната: Бара итно членство во НАТО и постојана американска база appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана, на Косово Арменд Мехај повика на итно членство на Косово во НАТО и побара од САД да воспостават постојана американска база на Косово. Тој ги повика сите земји кои се двоумат да го признаат Косово, тоа да го направат што е можно поскоро.
„Врз основа на реалноста создадена по руската воена агресија во Украина и нејзиниот одраз во целокупната безбедносна средина на Западен Балкан, Европа и светот, бараме од Соединетите држави и сите сојузници и земји партнери да го забрзаат членството на Косово во НАТО. Нашите сојузници и земјите „членки на НАТО кои се двоумат дали да ја признаат независноста на Косово, велам не двоумете се повеќе“, напиша тој.
Тој додаде дека во овој момент одговорните држави и народи не треба да исклучуваат никого во заедничката визија и пред заедничкото зло. Мехај наведува дека Косово заедно со својот народ цврсто стои на вистинската страна на историјата со своите сојузници.