косово - нато Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovo-nato/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Feb 2022 10:57:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png косово - нато Archives - Република https://republika.mk/tema/kosovo-nato/ 32 32 Косово се престраши од војната: Бара итно членство во НАТО и постојана американска база https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-se-prestrashi-od-vojnata-bara-itno-chlenstvo-vo-nato-i-postojana-amerikanska-baza/ Mon, 28 Feb 2022 10:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=465184

Министерот за одбрана, на Косово Арменд Мехај повика на итно членство на Косово во НАТО и побара од САД да воспостават постојана американска база на Косово.

Тој ги повика сите земји кои се двоумат да го признаат Косово, тоа да го направат што е можно поскоро.

„Врз основа на реалноста создадена по руската воена агресија во Украина и нејзиниот одраз во целокупната безбедносна средина на Западен Балкан, Европа и светот, бараме од Соединетите држави и сите сојузници и земји партнери да го забрзаат членството на Косово во НАТО. Нашите сојузници и земјите „членки на НАТО кои се двоумат дали да ја признаат независноста на Косово, велам не двоумете се повеќе“, напиша тој.

Тој додаде дека во овој момент одговорните држави и народи не треба да исклучуваат никого во заедничката визија и пред заедничкото зло.

Мехај наведува дека Косово заедно со својот народ цврсто стои на вистинската страна на историјата со своите сојузници.

„Косово и неговите граѓани, ја докажавме и потврдивме нашата цврста позиција и определба дека сме достојни борци во одбраната на евроатлантските вредности за слобода, мир и демократија, вредности на кои стои НАТО и неговата мисија“, рече Мехај.

Тој, исто така, рече дека формирањето на постојана американска база е итна потреба за гарантирање на мирот, безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и пошироко.

„Време е да го повториме нашиот повик до нашиот незаменлив сојузник, САД, да воспостави постојана воена база, како целосна гаранција за мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко“, рече Мехаи.

Како што истакна, „Косово е свесно за потенцијалните предизвици, закани и опасности“, а во таа прилика повика на „дејствување денес“ за да се спречи „непредвидливото зло за регионот, континентот и светот“.

The post Косово се престраши од војната: Бара итно членство во НАТО и постојана американска база appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана, на Косово Арменд Мехај повика на итно членство на Косово во НАТО и побара од САД да воспостават постојана американска база на Косово. Тој ги повика сите земји кои се двоумат да го признаат Косово, тоа да го направат што е можно поскоро.
„Врз основа на реалноста создадена по руската воена агресија во Украина и нејзиниот одраз во целокупната безбедносна средина на Западен Балкан, Европа и светот, бараме од Соединетите држави и сите сојузници и земји партнери да го забрзаат членството на Косово во НАТО. Нашите сојузници и земјите „членки на НАТО кои се двоумат дали да ја признаат независноста на Косово, велам не двоумете се повеќе“, напиша тој.
Тој додаде дека во овој момент одговорните држави и народи не треба да исклучуваат никого во заедничката визија и пред заедничкото зло. Мехај наведува дека Косово заедно со својот народ цврсто стои на вистинската страна на историјата со своите сојузници.