коски Archives - Република https://republika.mk/tema/koski/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 17:41:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коски Archives - Република https://republika.mk/tema/koski/ 32 32 Градоначалникот на Белград ќе го преместува гробот на Тито https://republika.mk/vesti/balkan/gradonachalnikot-na-belgrad-ke-go-premestuva-grobot-na-tito/ Mon, 16 Sep 2024 17:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=816890

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска повтори дека смета оти гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето треба да се премести на друга локација, но и гробовите на Моше Пијада, Иво Лола Рибар, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ треба да се изместат од Калемегдан. Тој предложи и четничкиот лидер Дража Михаиловиќ да добие споменик во Белград, јави дошисникот на МИА од Белград.

Шапиќ, во пресрет на седницата на Градското собрание изјави дека Градот не е одговорен за преместувањето на гробот на Тито и другите и дека последниот збор треба да го каже Министерството за култура.

Не можам да влијаам на таа одлука, ниту градот Белград може правно или формално да влијае, но мислам дека изместувањето на Јосип Броз Тито од Музејот на Југославија (на Дедиње) е исклучително важна работа за српскиот народ и за иднината на оваа земја. Исто како и изместувањето на Моша Пијада, Иво Лола Рибара, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ од Калемегданската тврдина, од просторот што е наше најголемо културно наследство, старо 2.000 години, изјави Шапиќ пред новинарите во Градското собрание.

Тој додаде дека одлуката за ова ја носи Министерството за култура и дека Калемегдан е под заштита на Заводот за заштита на спомениците на Србија, како и дека и Музејот на Југославија е во надлежност на Министерството за култура.

Она што можам да го кажам е дека јас лично и градските служби ќе помогнеме максимално доколку се донесе одлука да се изврши квалитетна ексхумација, овие тела да се префрлат таму каде што ќе одлучиме. Ако можеа Шпанците, по 44 години генерал Франко да го изместат на некои нормални гробишта, ние не сме варвари за разлика од истите тие болшевици и комунисти кои ги расфрлаа коските на генералот Дража Михајловиќ за да не знаеме каде се до денес, рече Шапиќ.

Тој потсети дека во 2003 година бил донесен закон со кој се изедначија Равногорското (четничкото) и партизанското движење во Србија и додаде дека е овластен за други работи и најави дека Белград наскоро би можел да добие споменик на четничкиот лидер или како што во Србија го именуваат- командантот на југословенската војска во татковината Драгољуб Дража Михаиловиќ.

-По ова собрание ќе поднесам иницијатива за изградба и поставување на споменик на генералот Драгољуб Михаиловиќ, мислам дека тој конечно треба да има споменик во Белград, тој да биде на достоинствено место во центарот на градот. Мојот предлог ќе биде на Теразијска тераса под Теразијската фонтана, рече Шапиќ.

The post Градоначалникот на Белград ќе го преместува гробот на Тито appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска повтори дека смета оти гробот на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето треба да се премести на друга локација, но и гробовите на Моше Пијада, Иво Лола Рибар, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ треба да се изместат од Калемегдан. Тој предложи и четничкиот лидер Дража Михаиловиќ да добие споменик во Белград, јави дошисникот на МИА од Белград. Шапиќ, во пресрет на седницата на Градското собрание изјави дека Градот не е одговорен за преместувањето на гробот на Тито и другите и дека последниот збор треба да го каже Министерството за култура.
Не можам да влијаам на таа одлука, ниту градот Белград може правно или формално да влијае, но мислам дека изместувањето на Јосип Броз Тито од Музејот на Југославија (на Дедиње) е исклучително важна работа за српскиот народ и за иднината на оваа земја. Исто како и изместувањето на Моша Пијада, Иво Лола Рибара, Ѓура Ѓаковиќ, Иван Милутиновиќ од Калемегданската тврдина, од просторот што е наше најголемо културно наследство, старо 2.000 години, изјави Шапиќ пред новинарите во Градското собрание.
Тој додаде дека одлуката за ова ја носи Министерството за култура и дека Калемегдан е под заштита на Заводот за заштита на спомениците на Србија, како и дека и Музејот на Југославија е во надлежност на Министерството за култура.
Она што можам да го кажам е дека јас лично и градските служби ќе помогнеме максимално доколку се донесе одлука да се изврши квалитетна ексхумација, овие тела да се префрлат таму каде што ќе одлучиме. Ако можеа Шпанците, по 44 години генерал Франко да го изместат на некои нормални гробишта, ние не сме варвари за разлика од истите тие болшевици и комунисти кои ги расфрлаа коските на генералот Дража Михајловиќ за да не знаеме каде се до денес, рече Шапиќ.
Тој потсети дека во 2003 година бил донесен закон со кој се изедначија Равногорското (четничкото) и партизанското движење во Србија и додаде дека е овластен за други работи и најави дека Белград наскоро би можел да добие споменик на четничкиот лидер или како што во Србија го именуваат- командантот на југословенската војска во татковината Драгољуб Дража Михаиловиќ. -По ова собрание ќе поднесам иницијатива за изградба и поставување на споменик на генералот Драгољуб Михаиловиќ, мислам дека тој конечно треба да има споменик во Белград, тој да биде на достоинствено место во центарот на градот. Мојот предлог ќе биде на Теразијска тераса под Теразијската фонтана, рече Шапиќ.

The post Градоначалникот на Белград ќе го преместува гробот на Тито appeared first on Република.

]]>
Човечки коски најдени при ископ во Илинден https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chovechki-koski-najdeni-pri-iskop-vo-ilinden/ Thu, 25 Jul 2024 09:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=800105

Човечки коски биле најдени при ископ во општина Илинден, за време на изведување на градежни работи.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

The post Човечки коски најдени при ископ во Илинден appeared first on Република.

]]>

Човечки коски биле најдени при ископ во општина Илинден, за време на изведување на градежни работи. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

The post Човечки коски најдени при ископ во Илинден appeared first on Република.

]]>
Напивката со ова овошје ги зајакнува коските во зрелата доба! https://republika.mk/zivot/zdravje/napivkata-so-ova-ovoshje-gi-zajaknuva-koskite-vo-zrelata-doba/ Fri, 22 Apr 2022 19:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=492275

Не старее само кожата, туку и коските, а за тие да бидат здрави, треба да се внесуваат доволно хранливи материи. Во детството, повеќето од нас пиеја млеко за да го добие телото калциумот што му е потребен, но како што старееме, оптималната листа на пожелни состојки и нивните извори се менуваат.

Според Лорен Манакер, експерт за исхрана, постојат хранливи состојки на кои вреди да се обрне внимание. Тоа се витамин К, магнезиум, калиум и бор. Истовремено, таа советува во вашите напивки да вклучите суви сливи за да го спречите стареењето на коските.

„Податоците покажуваат дека соодветната количина на витамин К може да ја зголеми минералната густина на коските, а калиумот може да ја намали загубата на калциум од коските“, објаснила Манакер.

„Сувите сливи содржат и фенолни соединенија што можат да ја блокираат ресорпцијата на коските и да ја поддржат нивната изградба.“

Во истражувањето објавено во British Journal of Nutrition, жените во постменопауза што јаделе 50 г суви сливи секој ден (тоа се отприлика 5 или 6 парчиња) имале значајно зголемување на минералната густина на коските во споредба со оние што не го јаделе ова овошје. Оние жени што јаделе суви сливи, исто така, доживеале значајно намалување на серумските нивоа на маркерите на метаболизмот на коските.

Друго истражување објавено во магазинот Nutrients сугерира дека јадењето суви сливи исто така може да го подобри здравјето на коските на мажите. Мажите што три месеца јаделе 50-100 г суви сливи дневно забележале позитивно влијание врз метаболизмот на коските.

„Редовната употреба на суви сливи може да помогне во спречувањето загуба на коскената маса, особено кај постарата популација“, открива Лорен Манакер.

„За здравјето на коските, кашестиот сок од суви сливи може да биде освежувачки, природно сладок и здрав пијалак преполн со важни хранливи материи, феноли, влакна, без додаден шеќер. Совршена комбинација за одржување на здравјето на коските.“

Можете да експериментирате со рецептите за кашест сок така што ќе додавате суви сливи во разни комбинации на храна.

„Од комбинации со банани, бадеми и суви сливи до зелени кашести сокови со суви сливи, кељ, банана и млеко – не постојат строги правила за приготвување кашест сок од суви сливи“, нагласува Лорен.

Но таа споделила еден особено успешен рецепт што нејзе многу ѝ се допаѓа.

Состојки:
4-5 парчиња суви сливи без коски
1 претходно замрзната банана
3/4 шолја бадемово млеко
1/2 лажица природно бадемово масло
1/4 лажиче цимет
1/2 шолја мраз
Приготвување:
Треба сите состојки да ги ставите во силен блендер и да ги матите додека се соединат состојките. Кашестиот сок потоа може да се послужи во чаша, вкусот е одличен, а нуди низа здравствени придобивки!

The post Напивката со ова овошје ги зајакнува коските во зрелата доба! appeared first on Република.

]]>

Не старее само кожата, туку и коските, а за тие да бидат здрави, треба да се внесуваат доволно хранливи материи. Во детството, повеќето од нас пиеја млеко за да го добие телото калциумот што му е потребен, но како што старееме, оптималната листа на пожелни состојки и нивните извори се менуваат. Според Лорен Манакер, експерт за исхрана, постојат хранливи состојки на кои вреди да се обрне внимание. Тоа се витамин К, магнезиум, калиум и бор. Истовремено, таа советува во вашите напивки да вклучите суви сливи за да го спречите стареењето на коските.
„Податоците покажуваат дека соодветната количина на витамин К може да ја зголеми минералната густина на коските, а калиумот може да ја намали загубата на калциум од коските“, објаснила Манакер.
„Сувите сливи содржат и фенолни соединенија што можат да ја блокираат ресорпцијата на коските и да ја поддржат нивната изградба.“ Во истражувањето објавено во British Journal of Nutrition, жените во постменопауза што јаделе 50 г суви сливи секој ден (тоа се отприлика 5 или 6 парчиња) имале значајно зголемување на минералната густина на коските во споредба со оние што не го јаделе ова овошје. Оние жени што јаделе суви сливи, исто така, доживеале значајно намалување на серумските нивоа на маркерите на метаболизмот на коските. Друго истражување објавено во магазинот Nutrients сугерира дека јадењето суви сливи исто така може да го подобри здравјето на коските на мажите. Мажите што три месеца јаделе 50-100 г суви сливи дневно забележале позитивно влијание врз метаболизмот на коските.
„Редовната употреба на суви сливи може да помогне во спречувањето загуба на коскената маса, особено кај постарата популација“, открива Лорен Манакер.
„За здравјето на коските, кашестиот сок од суви сливи може да биде освежувачки, природно сладок и здрав пијалак преполн со важни хранливи материи, феноли, влакна, без додаден шеќер. Совршена комбинација за одржување на здравјето на коските.“ Можете да експериментирате со рецептите за кашест сок така што ќе додавате суви сливи во разни комбинации на храна.
„Од комбинации со банани, бадеми и суви сливи до зелени кашести сокови со суви сливи, кељ, банана и млеко – не постојат строги правила за приготвување кашест сок од суви сливи“, нагласува Лорен.
Но таа споделила еден особено успешен рецепт што нејзе многу ѝ се допаѓа. Состојки: 4-5 парчиња суви сливи без коски 1 претходно замрзната банана 3/4 шолја бадемово млеко 1/2 лажица природно бадемово масло 1/4 лажиче цимет 1/2 шолја мраз Приготвување: Треба сите состојки да ги ставите во силен блендер и да ги матите додека се соединат состојките. Кашестиот сок потоа може да се послужи во чаша, вкусот е одличен, а нуди низа здравствени придобивки!

The post Напивката со ова овошје ги зајакнува коските во зрелата доба! appeared first on Република.

]]>
Научници успеале да претворат матични клетки во коскени со помош на звучни бранови https://republika.mk/zivot/zdravje/nauchnici-uspeale-da-pretvorat-matichni-kletki-vo-koskeni-so-pomosh-na-zvuchni-branovi/ Wed, 23 Mar 2022 09:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=476985

Матичните клетки имаат една неверојатна способност - тие можат да се трансформираат во кој било друг тип на клетка.

Благодарение на нивната „супермоќ“, научниците ги користат во медицината бидејќи имаат потенцијал да ги „поправат“ оштетените делови од телото по повреди или сериозни болести. Но, за да го направат тоа, научниците треба да манипулираат со матични клетки за да ги претворат во потребниот тип на ткиво.

Како што пренесува „Њуз медикал“, различни техники се користат за манипулирање со матични клетки, а експертите неодамна претставиле нов, неинвазивен начин за стимулирање на матични клетки со високофреквентни звучни бранови.

Научниците, всушност, успеале да ги претворат матичните клетки во коскени за само 5 дена и 10 минути третман на ден.

Експертите се надеваат дека овој нов метод, кој има неколку предности во однос на претходните, би можел да се користи за обновување на коските по рак или некој друг вид на дегенеративна болест.

Звучните бранови го скратуваат времето на заздравување кое обично е потребно за матичните клетки да почнат да се претвораат во коскени. Покрај тоа, овој метод не бара посебни лекови за коските и многу лесно се применува на матичните клетки - вели биохемичарката Ејми Хелми, од Кралската Институт за технологија во Мелбурн (РМИТ).

Експертите велат дека овој метод може да се користи со неколку видови матични клетки, вклучувајќи ги и оние кои се добиени од маснотии, кои не се толку болни за одземање од телото.

Со помош на звучните бранови можеме врз матичните клетки да го примениме потребното количество притисок на вистинските места и на тој начин да го почнеме процесот на трансформација - вели хемискиот инженер Лесли Јео од РМТИ.

The post Научници успеале да претворат матични клетки во коскени со помош на звучни бранови appeared first on Република.

]]>

Матичните клетки имаат една неверојатна способност - тие можат да се трансформираат во кој било друг тип на клетка. Благодарение на нивната „супермоќ“, научниците ги користат во медицината бидејќи имаат потенцијал да ги „поправат“ оштетените делови од телото по повреди или сериозни болести. Но, за да го направат тоа, научниците треба да манипулираат со матични клетки за да ги претворат во потребниот тип на ткиво. Како што пренесува „Њуз медикал“, различни техники се користат за манипулирање со матични клетки, а експертите неодамна претставиле нов, неинвазивен начин за стимулирање на матични клетки со високофреквентни звучни бранови. Научниците, всушност, успеале да ги претворат матичните клетки во коскени за само 5 дена и 10 минути третман на ден. Експертите се надеваат дека овој нов метод, кој има неколку предности во однос на претходните, би можел да се користи за обновување на коските по рак или некој друг вид на дегенеративна болест.