кошничка на домаќинствата Archives - Република https://republika.mk/tema/koshnichka-na-domakjinstvata/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Dec 2022 17:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кошничка на домаќинствата Archives - Република https://republika.mk/tema/koshnichka-na-domakjinstvata/ 32 32 Со „Кошничката за домаќинствата“ Грците заштедуваат годишно една плата од околу 800 евра https://republika.mk/vesti/balkan/so-koshnichkata-za-domakjinstvata-grcite-zashteduvaat-godishno-edna-plata-od-okolu-800-evra/ Wed, 14 Dec 2022 17:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=585707

Со „Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети, Грците неделно заштедуваат 15,32 евра, месечно 66,4 евра, а годишната заштеда достигнува до 796,74 евра, односно над една основна плата, согласно податоците од Министерството за развој и инвестиции на Грција, кои денеска ги презентираа надлежните министри, јави дописничката на МИА од Атина.

Кошничката на 3 октомври беше воведена во супермаркетите во Грција и предвидува над 50 основни производи од различни категории чии цени треба да останат иста и прифатливи или да има минимално зголемување.

Според надлежното министерство, во текот на шесте седмици од воведувањето, просечната цена на кошницата во однос на првата недела е намалена за 12,47 отсто, односно од 124,62 евра на 109,08 евра.

Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонос Георгиадис рече дека првичната цел била „да се создаде простор во супермаркетите каде што инфлацијата ќе се движи со помала брзина“.

Додаде дека кошничката на годишно ниво на потрошувачот му заштедува една и пол основна плата, што „за граѓаните со помали примања е значајна разлика“.

„Кошничката на домаќинствата“ содржи: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

По примерот на кошничката во маркетите од вчера, за празничниот период се воведоа уште две кошнички, едната божиќна со производи поврзани со празниците, другата „на Дедо Мраз“ со играчки за децата.

 

The post Со „Кошничката за домаќинствата“ Грците заштедуваат годишно една плата од околу 800 евра appeared first on Република.

]]>

Со „Кошничката за домаќинствата“ во грчките супермаркети, Грците неделно заштедуваат 15,32 евра, месечно 66,4 евра, а годишната заштеда достигнува до 796,74 евра, односно над една основна плата, согласно податоците од Министерството за развој и инвестиции на Грција, кои денеска ги презентираа надлежните министри, јави дописничката на МИА од Атина. Кошничката на 3 октомври беше воведена во супермаркетите во Грција и предвидува над 50 основни производи од различни категории чии цени треба да останат иста и прифатливи или да има минимално зголемување. Според надлежното министерство, во текот на шесте седмици од воведувањето, просечната цена на кошницата во однос на првата недела е намалена за 12,47 отсто, односно од 124,62 евра на 109,08 евра. Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонос Георгиадис рече дека првичната цел била „да се создаде простор во супермаркетите каде што инфлацијата ќе се движи со помала брзина“. Додаде дека кошничката на годишно ниво на потрошувачот му заштедува една и пол основна плата, што „за граѓаните со помали примања е значајна разлика“. „Кошничката на домаќинствата“ содржи: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. По примерот на кошничката во маркетите од вчера, за празничниот период се воведоа уште две кошнички, едната божиќна со производи поврзани со празниците, другата „на Дедо Мраз“ со играчки за децата.  

The post Со „Кошничката за домаќинствата“ Грците заштедуваат годишно една плата од околу 800 евра appeared first on Република.

]]>