Косана Николиќ Мазнева Archives - Република https://republika.mk/tema/kosana-nikolik-mazneva/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 12:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Косана Николиќ Мазнева Archives - Република https://republika.mk/tema/kosana-nikolik-mazneva/ 32 32 Мазнева за Алфа: Допрва ќе се дознае вистината дали некој правел матни зделки https://republika.mk/vesti/skopje/mazneva-za-alfa-doprva-ke-se-doznae-vistinata-dali-nekoj-pravel-matni-zdelki/ Fri, 13 Oct 2023 12:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=690938

Неработење, а не судир за бизнис зделки. Ова била причината поради што екс директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева – Николиќ беше разрешена од директорската фукнција. Со вакво тврдење денеска излезе градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која на нејзино место го назначи Гоце Трајковски. Таа рече дека секој што не работел како треба ќе биде разрешен, оти ниту една позиција не била загарантирана, пренесе АЛФА.

-Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје.

Наводите се премногу паушални и општи и ќе се докажат во некои идни постапки. Ова за Алфа го изјави екс директорката на скопски „Комуналец“, Косана Мазнева, која не сакаше да коментира туѓи изјави.

Рече дека ако некој правел матни зделки, допрва ќе се дознае вистината.

-Туѓи изјави навистина не можам да коментирам, ама она што може да кажам барем додека бев на чело на претпријатието се. Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците. Причините се премногу општи и паушални, рече Мазнева Николиќ.

Конкретно на прашањето дали станува збор за местење на тендери, Мазнева рече дека дека сите наводи што се кажани од било кој треба да се проверат, и ако има такво нешто институциите, да постапат.

Пред да ја разреши, градоначалничката Данела Арсовска, за екс директорка на „Комунална хигиена“, не штедеше пофални зборови. Јвно ја фалеше дека е храбра жена, која се спротивставува на мафијаши, и дека Мазнева-Николиќ, направила нешто, што мажи не го направиле 30 години. Градоначалничката рече и дека во ова јавно претпријатие, луѓе со години не оделе на работа, возеле камиони во Германија, а земале плата од Македонија. Овие информации и Мазнева денеска за Алфа ги потврди како точни. Таа беше директор на „Комунална хигиена“ од јули минатата година.

The post Мазнева за Алфа: Допрва ќе се дознае вистината дали некој правел матни зделки appeared first on Република.

]]>

Неработење, а не судир за бизнис зделки. Ова била причината поради што екс директорката на „Комунална хигиена“, Косана Мазнева – Николиќ беше разрешена од директорската фукнција. Со вакво тврдење денеска излезе градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која на нејзино место го назначи Гоце Трајковски. Таа рече дека секој што не работел како треба ќе биде разрешен, оти ниту една позиција не била загарантирана, пренесе АЛФА.
-Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје.
Наводите се премногу паушални и општи и ќе се докажат во некои идни постапки. Ова за Алфа го изјави екс директорката на скопски „Комуналец“, Косана Мазнева, која не сакаше да коментира туѓи изјави. Рече дека ако некој правел матни зделки, допрва ќе се дознае вистината.
-Туѓи изјави навистина не можам да коментирам, ама она што може да кажам барем додека бев на чело на претпријатието се. Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците. Причините се премногу општи и паушални, рече Мазнева Николиќ.
Конкретно на прашањето дали станува збор за местење на тендери, Мазнева рече дека дека сите наводи што се кажани од било кој треба да се проверат, и ако има такво нешто институциите, да постапат. Пред да ја разреши, градоначалничката Данела Арсовска, за екс директорка на „Комунална хигиена“, не штедеше пофални зборови. Јвно ја фалеше дека е храбра жена, која се спротивставува на мафијаши, и дека Мазнева-Николиќ, направила нешто, што мажи не го направиле 30 години. Градоначалничката рече и дека во ова јавно претпријатие, луѓе со години не оделе на работа, возеле камиони во Германија, а земале плата од Македонија. Овие информации и Мазнева денеска за Алфа ги потврди како точни. Таа беше директор на „Комунална хигиена“ од јули минатата година.

The post Мазнева за Алфа: Допрва ќе се дознае вистината дали некој правел матни зделки appeared first on Република.

]]>
Арсовска за разрешувањето на Мазнева: Ниту една позиција не загарантирана ако не се реализира програмата https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-za-razreshuvaneto-na-mazneva-nitu-edna-pozitsija-ne-zagarantirana-ako-ne-se-realizira-programata/ Fri, 13 Oct 2023 10:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=690868

Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со причините за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева Николиќ.

Таа рече дека во случајов немало влијание од ниту една политичка структура за оваа одлука, а ниту пак новоназначениот директор на претпријатието Гоце Трајковски има некаква комуникација со некоја политичка структура.

Мазнева Николиќ вчера потврди дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.

– Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците, рече Мазнева Николиќ.

The post Арсовска за разрешувањето на Мазнева: Ниту една позиција не загарантирана ако не се реализира програмата appeared first on Република.

]]>

Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со причините за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева Николиќ. Таа рече дека во случајов немало влијание од ниту една политичка структура за оваа одлука, а ниту пак новоназначениот директор на претпријатието Гоце Трајковски има некаква комуникација со некоја политичка структура. Мазнева Николиќ вчера потврди дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.
– Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците, рече Мазнева Николиќ.

The post Арсовска за разрешувањето на Мазнева: Ниту една позиција не загарантирана ако не се реализира програмата appeared first on Република.

]]>
Арсовска за разрешувањето на Мазнева Николиќ: Ниту една позиција не е загарантирана, ако не се реализира програмата https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-za-razreshuvaneto-na-mazneva-nikolik-nitu-edna-pozitsija-ne-e-zagarantirana-ako-ne-se-realizira-programata/ Fri, 13 Oct 2023 10:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=690851

Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со причините за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева Николиќ.

Таа рече дека во случајов немало влијание од ниту една политичка структура за оваа одлука, а ниту пак новоназначениот директор на претпријатието Гоце Трајковски има некаква комуникација со некоја политичка структура.

Мазнева Николиќ вчера потврди дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.

Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците, рече Мазнева Николиќ.

The post Арсовска за разрешувањето на Мазнева Николиќ: Ниту една позиција не е загарантирана, ако не се реализира програмата appeared first on Република.

]]>

Доколку не се реализира сето тоа што е програмска определба на Градот Скопје, ниту една позиција не е загарантирана, а тоа и го правиме во моментов, даваме шанса на некој за кој веруваме дека во следниот шестмесечен период, доколку се докаже, ќе има шанса да ги реализира нашите програмски определби, истакна градоначалничката Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со причините за разрешување на директорката на Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, Косана Мазнева Николиќ. Таа рече дека во случајов немало влијание од ниту една политичка структура за оваа одлука, а ниту пак новоназначениот директор на претпријатието Гоце Трајковски има некаква комуникација со некоја политичка структура. Мазнева Николиќ вчера потврди дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто. Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците, рече Мазнева Николиќ.

The post Арсовска за разрешувањето на Мазнева Николиќ: Ниту една позиција не е загарантирана, ако не се реализира програмата appeared first on Република.

]]>
На Арсовска не и се погоди ни Косана: Разрешена директорката на Комунална хигена“ https://republika.mk/vesti/skopje/na-arsovska-ne-i-se-pogodi-ni-kosana-razreshena-direktorkata-na-komunalna-higena/ Thu, 12 Oct 2023 15:04:04 +0000 https://republika.mk/?p=690615

радоначалничката Данела Арсовска ја разреши од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ. Мазнева-Николиќ за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.

„Точно е, разрешена сум од фунцкијата в.д. директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците“, ни изјави Мазнева-Николиќ.

Повеќе на СДК.мк

The post На Арсовска не и се погоди ни Косана: Разрешена директорката на Комунална хигена“ appeared first on Република.

Со години живееле Германија, а земале плата од Комуналец, рече Арсовска на денешниот прес и нејзината верзија за ѓубрето во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/so-godini-zhiveele-germanija-a-zemale-plata-od-komunalets-reche-arsovska-na-deneshniot-pres-i-nejzinata-verzija-za-gubreto-vo-skopje/ Mon, 10 Jul 2023 12:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=659763

Работата на „Комунална хигиена“ Скопје е вратена во нормала, сметот редовно се чисти и сите вработени ги извршуваат своите работни задачи. Оваа политички инструирана блокада имаше единствено за цел нарушување на мојот личен кредибилитет, нарушување на кредибилитетот на претпријатието и нарушување на личниот и професионалниот кредибилитет на градоначалничката Арсовска и, што е најважно, заштита на интересите на мафијашките структури во нашето претпријатие, изјави попладнево на прес-конференција Косана Мазнева, директорка на комуналното претпријатие на главниот град.

Придружена од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Мазнева рече дека помала група вработени неколку дена го блокирале редовното работење и не дозволувале да биде исчистен сметот на територијата на Скопје. Повеќе од 15 години тие биле постојано трета смена, а поголем дел од нив, како што рече, воопшто не се појавувале на работа. Екипите од ноќеска по 1 часот, рече таа, се пуштени на терен и сметот ќе се исчисти од сите општини во Скопје, најпрво од главните сообраќајници.

Градската администрација и „Комунална хигиена“ Скопје успешно се справи со опструкциите и блокадата на работата на нашето претпријатие од страна на мафијашките структури коишто не дозволуваа ниту еден вработен да ги извршува своите работни задачи, рече директорката.

Рече дека иако ги известиле надлежните институции за блокадата со која се соочува претпријатието, „на мафијашките структури им беше дозволено и понатаму да продолжат со самоволието и незаконската блокада на работата на нашето јавно претпријатие“.

Само откако притисокот од јавноста стана целосно неподнослив, надлежните органи си ја извршија својата работа и ја отстранија блокадата, рече Мазнева и додаде дека во блокадата на возилата да излезат на терен учествувале и лица коишто воопшто не се вработени во „Комунална хигиена“.

Заедно со Арсовска нагласија дека нема да дозволат да продолжи „самоволието на малкумина во градот и дека пред се е важен јавниот интерес т.е. интересот на граѓаните“.

На прашањето кои се „мафијашките структури“, одговори дека „уште пред неколку дена е известено и МВР и Јавното обвинителство“ .

За тие лица за коишто ние пријавуваме сомнение и имаме одредени документи како помош кои би им послужиле на ЈО и на МВР се веќе уредно доставени. Значи, имаме кривични пријави и се што требаше да биде направено од наша страна и сите институции коишто требаа да бидат информирани се целосно информирани. Дури мислам дека може малку побрзо да постапат од она што го направија, изјави Мазнева и додаде дека ќе треба да се консултира дали може да ги објави нивните имиња заради заштитата на лични податоци.

Соопшти и дека соодветни пријави ќе бидат поднесени и за лица кои пред медиумите клеветат и поттикнуваат гнев со лажни изјави. Нагласи и дека ЈП „Комунална хигиена“ е во целосна кондиција и вработените првпат од 2007 година добиле регрес на плата и по многу години им е доделена заштитна опрема.

Градоначалничката Арсовска изјави дека јавноста треба да оддаде признание на Мазнева зашто е прв директор на ова комунално претпријатие која одлучила да се справи со „мафијата“ во ЈП Комунална хигиена.

Не дозволувам никој да манипулира, најмалку против една жена, која се нафати во едно претпријатие со 1400 вработени, што било во заложништво на стотина ликови семејно поврзани, од коишто оние што ги водат се мафијашки структури, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна за било што. Таа и детектираше сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец и пред 25 јуни кога реагираше соодветно, кога отпочна со сите постапки и дури отпосле овие мафијашки структури одлучија да се пресметаат со неа. Отказните решенија на овие мафијаши се од минатиот месец со кривичните пријави коишто им се уредно поднесени. Тие почнаа со бунтови и со реакции откако видоа дека тука нема повеќе шегување, дека никој нема намера да им попушти на притисоци, на закани, на уцени... Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува после 30 години, рече Арсовска.

Таа додаде дека иако има многу роднински поврзани меѓу вработените во претпријатието, но дека „луѓето ги делиме на чесни и нечесни, на работници и неработници“ и „за нечесните и за неработниците повеќе нема место“.

Фативме луѓе коишто пет години седат во Германија, во Швајцарија, трајно се иселени и земале плата....Ние не зборуваме за поединци и не зборуваме за кланови. Зборуваме за неработници, за нечесни луѓе и за мафијаши, за луѓе коишто при работниот процес извршиле кривични дела и за нив одбрана нема, рече Арсовска.

На прашање дали се согласува со предлогот на некои градоначалници надлежностите за собирање на сметот во градот да им се префрлат ним, Арсовска одговори дека луѓето „од коалицијата ДПМНЕ-СДСМ“ играат политички игри и „како инфлуенсери се сликаат по улиците и нередот што го прават“ и треба, рече, да престанат да си играат со нервите на скопјани и нивниот интерес, односно институциите да функционираат како што треба.

Сите тие се власт во градот Скопје и во државава и треба да си постапуваат согласно нивните одговорности, а не да глумат инфлуенсери, да глумат и да се сликаат. Туку да се зафатат за работа и нека си ги исчистат нивните населби прво, па после тоа нека кажуваат, рече градоначалничката на Скопје.

The post Со години живееле Германија, а земале плата од Комуналец, рече Арсовска на денешниот прес и нејзината верзија за ѓубрето во Скопје appeared first on Република.

]]>

Работата на „Комунална хигиена“ Скопје е вратена во нормала, сметот редовно се чисти и сите вработени ги извршуваат своите работни задачи. Оваа политички инструирана блокада имаше единствено за цел нарушување на мојот личен кредибилитет, нарушување на кредибилитетот на претпријатието и нарушување на личниот и професионалниот кредибилитет на градоначалничката Арсовска и, што е најважно, заштита на интересите на мафијашките структури во нашето претпријатие, изјави попладнево на прес-конференција Косана Мазнева, директорка на комуналното претпријатие на главниот град. Придружена од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Мазнева рече дека помала група вработени неколку дена го блокирале редовното работење и не дозволувале да биде исчистен сметот на територијата на Скопје. Повеќе од 15 години тие биле постојано трета смена, а поголем дел од нив, како што рече, воопшто не се појавувале на работа. Екипите од ноќеска по 1 часот, рече таа, се пуштени на терен и сметот ќе се исчисти од сите општини во Скопје, најпрво од главните сообраќајници.
Градската администрација и „Комунална хигиена“ Скопје успешно се справи со опструкциите и блокадата на работата на нашето претпријатие од страна на мафијашките структури коишто не дозволуваа ниту еден вработен да ги извршува своите работни задачи, рече директорката.
Рече дека иако ги известиле надлежните институции за блокадата со која се соочува претпријатието, „на мафијашките структури им беше дозволено и понатаму да продолжат со самоволието и незаконската блокада на работата на нашето јавно претпријатие“.
Само откако притисокот од јавноста стана целосно неподнослив, надлежните органи си ја извршија својата работа и ја отстранија блокадата, рече Мазнева и додаде дека во блокадата на возилата да излезат на терен учествувале и лица коишто воопшто не се вработени во „Комунална хигиена“.
Заедно со Арсовска нагласија дека нема да дозволат да продолжи „самоволието на малкумина во градот и дека пред се е важен јавниот интерес т.е. интересот на граѓаните“. На прашањето кои се „мафијашките структури“, одговори дека „уште пред неколку дена е известено и МВР и Јавното обвинителство“ .
За тие лица за коишто ние пријавуваме сомнение и имаме одредени документи како помош кои би им послужиле на ЈО и на МВР се веќе уредно доставени. Значи, имаме кривични пријави и се што требаше да биде направено од наша страна и сите институции коишто требаа да бидат информирани се целосно информирани. Дури мислам дека може малку побрзо да постапат од она што го направија, изјави Мазнева и додаде дека ќе треба да се консултира дали може да ги објави нивните имиња заради заштитата на лични податоци.
Соопшти и дека соодветни пријави ќе бидат поднесени и за лица кои пред медиумите клеветат и поттикнуваат гнев со лажни изјави. Нагласи и дека ЈП „Комунална хигиена“ е во целосна кондиција и вработените првпат од 2007 година добиле регрес на плата и по многу години им е доделена заштитна опрема. Градоначалничката Арсовска изјави дека јавноста треба да оддаде признание на Мазнева зашто е прв директор на ова комунално претпријатие која одлучила да се справи со „мафијата“ во ЈП Комунална хигиена.
Не дозволувам никој да манипулира, најмалку против една жена, која се нафати во едно претпријатие со 1400 вработени, што било во заложништво на стотина ликови семејно поврзани, од коишто оние што ги водат се мафијашки структури, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна за било што. Таа и детектираше сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец и пред 25 јуни кога реагираше соодветно, кога отпочна со сите постапки и дури отпосле овие мафијашки структури одлучија да се пресметаат со неа. Отказните решенија на овие мафијаши се од минатиот месец со кривичните пријави коишто им се уредно поднесени. Тие почнаа со бунтови и со реакции откако видоа дека тука нема повеќе шегување, дека никој нема намера да им попушти на притисоци, на закани, на уцени... Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува после 30 години, рече Арсовска.
Таа додаде дека иако има многу роднински поврзани меѓу вработените во претпријатието, но дека „луѓето ги делиме на чесни и нечесни, на работници и неработници“ и „за нечесните и за неработниците повеќе нема место“.
Фативме луѓе коишто пет години седат во Германија, во Швајцарија, трајно се иселени и земале плата....Ние не зборуваме за поединци и не зборуваме за кланови. Зборуваме за неработници, за нечесни луѓе и за мафијаши, за луѓе коишто при работниот процес извршиле кривични дела и за нив одбрана нема, рече Арсовска.
На прашање дали се согласува со предлогот на некои градоначалници надлежностите за собирање на сметот во градот да им се префрлат ним, Арсовска одговори дека луѓето „од коалицијата ДПМНЕ-СДСМ“ играат политички игри и „како инфлуенсери се сликаат по улиците и нередот што го прават“ и треба, рече, да престанат да си играат со нервите на скопјани и нивниот интерес, односно институциите да функционираат како што треба.
Сите тие се власт во градот Скопје и во државава и треба да си постапуваат согласно нивните одговорности, а не да глумат инфлуенсери, да глумат и да се сликаат. Туку да се зафатат за работа и нека си ги исчистат нивните населби прво, па после тоа нека кажуваат, рече градоначалничката на Скопје.

The post Со години живееле Германија, а земале плата од Комуналец, рече Арсовска на денешниот прес и нејзината верзија за ѓубрето во Скопје appeared first on Република.

]]>
Мазнева: Екипите вечерва се придружувани од полиција, утре откази за оние кои три дена го узурпираа претпријатието https://republika.mk/vesti/skopje/mazneva-ekipite-vecherva-se-pridruzhuvani-od-politsija-utre-otkazi-za-onie-koi-tri-dena-go-uzurpiraa-pretprijatieto/ Sun, 09 Jul 2023 22:26:00 +0000 https://republika.mk/?p=659491

Најголем дел од вработените прифатија да се вратат на своите работни места и задачи, изјави Косана Николиќ Мазнева за Телма ТВ. Таквиот епилог, како што истакна, бил резултат по целодневните разговори.

„Формирана е работна група од прва и од втора смена, заедно со трета, и излезени се на терен со потребната механизација. По целодневните преговори, најголем дел од вработените прифатија да се вратат на своите работни места и задачи. Вечерва екипите се придружувани од полиција. Во текот на утрешниот ден ќе следат постапки за откази на онаа група која три дена го узурпираше претрпријатието. Против иститие поднесени се денеска и кривични пројави за загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните, вели Мазнева за ТВ Телма.

The post Мазнева: Екипите вечерва се придружувани од полиција, утре откази за оние кои три дена го узурпираа претпријатието appeared first on Република.

Покачи ни ги платите и врати ни ги колегите: Директорката на Комунална со полиција се соочи со вработените и доби ултиматум https://republika.mk/vesti/skopje/pokachi-ni-gi-platite-i-vrati-ni-gi-kolegite-direktorkata-na-komunalna-so-politsija-se-soochi-so-vrabotenite-i-dobi-ultimatum/ Sun, 09 Jul 2023 09:00:02 +0000 https://republika.mk/?p=659341

Директорката на Комунална хигиена, Косана Мазнева синоќа со полиција стигна во дирекцијата на Јавното претпријатие, барајќи прекин на бојкотот на вработените, додека тие и порачаа да им ги покачи платите и да ги врати вработените.

Ова се случува откако таа не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Таа вчера кажа и дека од нив добивала закани по живот. Обвини дека оваа група им се заканува на останатите вработени да не излегуваат и да работат и затоа вели таа, на 40 степени во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје.

Разговаравме за револтот и попречувањето на работниот процес, што е спротивно на законот. Ќе разговараме од понеделник. Работата треба да продолжи, а законите мора да се почитуваат, изјави Мазнева по посетата синоќа во дирекцијата, по што еден од вработените ја прекина довикувајќи: „исполни ги условите, покачи ги платите“.

Вработените потоа продолжија: Покачи ја платата 50 отсто и веднаш излегуваме на терен. И врати ги вработените!

Директорката им врати со ветување дека ќе добијат К15.

Додека си заминувала продолжиле да се слушаат извици: Покачи ја платата.

Вработените трет ден одбиваат да работат и бојкотираат, а градот се гуши во смет.

The post Покачи ни ги платите и врати ни ги колегите: Директорката на Комунална со полиција се соочи со вработените и доби ултиматум appeared first on Република.

]]>

Директорката на Комунална хигиена, Косана Мазнева синоќа со полиција стигна во дирекцијата на Јавното претпријатие, барајќи прекин на бојкотот на вработените, додека тие и порачаа да им ги покачи платите и да ги врати вработените. Ова се случува откако таа не им го продолжи договорот на стотина лица, за кои тврди дека 20 години земале плата, а не оделе на работа. Таа вчера кажа и дека од нив добивала закани по живот. Обвини дека оваа група им се заканува на останатите вработени да не излегуваат и да работат и затоа вели таа, на 40 степени во среде лето не се собира ѓубрето и се загрозува здравјето на граѓаните на Скопје. Разговаравме за револтот и попречувањето на работниот процес, што е спротивно на законот. Ќе разговараме од понеделник. Работата треба да продолжи, а законите мора да се почитуваат, изјави Мазнева по посетата синоќа во дирекцијата, по што еден од вработените ја прекина довикувајќи: „исполни ги условите, покачи ги платите“. Вработените потоа продолжија: Покачи ја платата 50 отсто и веднаш излегуваме на терен. И врати ги вработените! Директорката им врати со ветување дека ќе добијат К15. Додека си заминувала продолжиле да се слушаат извици: Покачи ја платата. Вработените трет ден одбиваат да работат и бојкотираат, а градот се гуши во смет.

The post Покачи ни ги платите и врати ни ги колегите: Директорката на Комунална со полиција се соочи со вработените и доби ултиматум appeared first on Република.

]]>
По повод Меѓународниот ден на жената ЈП Комунална хигиена – Скопје подари илјади цветови https://republika.mk/vesti/skopje/po-povod-megunarodniot-den-na-zhenata-jp-komunalna-higiena-skopje-podari-iljadi-tsvetovi/ Wed, 08 Mar 2023 17:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=617422

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска го одбележаа Меѓународниот ден на жената-8 Март подарувајќи им по еден цвет на илјада жени од сите населби во градот Скопје.

Меѓународниот ден на жената го одбележа и в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, којашто имаше средба со трите припаднички на понежниот пол што се ангажирани во Оперативата на Претпријатието – Мирјана Трајковска, Мерсиде Етем и Славица Змејковска.

Денешниот ден го поминав во друштво на единствените жени вработени во ЈП Комунална хигиена-Скопје коишто се задолжени за одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини во градот Скопје. Сметам дека токму храброста да ја одберат и достоинствено да ја извршуваат оваа професија ги прави посебни и дека заслужуваат огромна почит од страна на сите жители на нашиот град - изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

The post По повод Меѓународниот ден на жената ЈП Комунална хигиена – Скопје подари илјади цветови appeared first on Република.

]]>

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска го одбележаа Меѓународниот ден на жената-8 Март подарувајќи им по еден цвет на илјада жени од сите населби во градот Скопје. Меѓународниот ден на жената го одбележа и в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, којашто имаше средба со трите припаднички на понежниот пол што се ангажирани во Оперативата на Претпријатието – Мирјана Трајковска, Мерсиде Етем и Славица Змејковска.