коронацирус Archives - Република https://republika.mk/tema/koronacirus/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Nov 2022 09:30:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коронацирус Archives - Република https://republika.mk/tema/koronacirus/ 32 32 „Правда“: На неплаќачите на ковид-19 казните ќе им се прости, на оние што платија – нема враќање пари https://republika.mk/vesti/makedonija/pravda-na-neplakjachite-na-kovid-19-kaznite-kje-im-se-prosti-na-onie-shto-platija-nema-vrakjanje-pari/ Sat, 12 Nov 2022 07:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=572949

Граѓаните кои добија казни поради прекршување на ковид-19 мерките за време на пандемијата, а потоа и одбија да ја платат казната, ќе бидат амнестирани бидејќи нема место во затворите. Предлогот, вели министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното издание на „360 степени“, дошол од Основниот кривичен суд од Скопје а тие го прифатиле. Решението е спремно за гласање во Собранието.

Според анализите на владиниот ресор, амнестијата ќе ослободи над 1 200 лица. Според министерот Тупанчески прекршителите не се криминалци, туку лица чии парични казни се пред трансформација во казни затвор.

Ја прифативме идејата на Кривичниот суд – Скопје зашто ни се виде како идеја која може да помогне. Тука не станува збор за лица кои извршиле кривични дела кои, пак, според својата персонална анамнеза претставува криминалци во вистинска смисла на зборот. Тоа се лица кои ги прекршиле ковид-мерките и нашиот кривичен законик предвидува, најчесто беа парични казни. Зборуваме за повеќе од 1 200 луѓе на кои, практично ако не ја платат паричната казна, за кратко време паричната ќе им се трансформира во затворска казна. Оваа идеја на Кривичниот суд, бидејќи предлог-законот е готов, е во собраниска процедура. Мораме да бидеме брзи зашто ако навреме не го донесеме законот тогаш задоцнето ќе биде неговото носење, изјави министерот за правда во гостувањето на „360 Степени“.

Но, ако се амнестираат сите што не си ја платиле казната, што ќе се случи со оние кои биле доволно одговорни барем да си ја платиле казната во државниот буџет? Често, сумите на казните беа од 1 000 до 2 000 евра. Прашан, дали на тие што платиле ќе им бидат вратени парите, министерот Тупанчески одговори дека фокусот сега е на друго место.

Амнестијата се однесува на оние на кои паричната ќе им биде трансформирана во казна затвор. Оние кои веќе ја платиле изречената казна е прашање за кое може да се размислува, но фокусот е на лицата на кои паричната казна би им се трансформирала во затворска казна, вели Тупанчески.

The post „Правда“: На неплаќачите на ковид-19 казните ќе им се прости, на оние што платија – нема враќање пари appeared first on Република.

]]>

Граѓаните кои добија казни поради прекршување на ковид-19 мерките за време на пандемијата, а потоа и одбија да ја платат казната, ќе бидат амнестирани бидејќи нема место во затворите. Предлогот, вели министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното издание на „360 степени“, дошол од Основниот кривичен суд од Скопје а тие го прифатиле. Решението е спремно за гласање во Собранието. Според анализите на владиниот ресор, амнестијата ќе ослободи над 1 200 лица. Според министерот Тупанчески прекршителите не се криминалци, туку лица чии парични казни се пред трансформација во казни затвор.