корона Archives - Република https://republika.mk/tema/korona/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 08:31:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png корона Archives - Република https://republika.mk/tema/korona/ 32 32 Расте бројот на заразени и починати од коронавирусот во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/raste-brojot-na-zarazeni-i-pochinati-od-koronavirusot-vo-grtsija/ Fri, 23 Aug 2024 08:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=809314

Последнава недела во Грција се регистрирани дури 771 новозаразен со коронавирус, од кои девет со потешка клиничка слика, поради што морале да бидат префрлени во болницата каде што биле интубирани.

Како што објави порталот „Прототема“, во истиот период се регистрирани вкупно 29 смртни случаи. Последниот извештај го опфаќа периодот од 12 до 18 август.

Регистриран е пораст на бројот на пациенти во однос на летото 2023. Грчките медиуми јавуваат дека летово е забележан поголем број хоспитализирани, но помал е бројот на пациенти на медицински апарати и има помалку смртни случаи.

На најранливите групи, старите лица со пропратни заболувања, им се препорачува да се придржуваат до превентивните мерки против респираторни инфекции и да побараат помош од здравствените установи кога ќе ги забележат првите симптоми.

Во исто време, на остатокот од населението им се препорачува да ги намалат контактите со ранливите групи за да се забави ширењето на вирусот.

The post Расте бројот на заразени и починати од коронавирусот во Грција appeared first on Република.

]]>

Последнава недела во Грција се регистрирани дури 771 новозаразен со коронавирус, од кои девет со потешка клиничка слика, поради што морале да бидат префрлени во болницата каде што биле интубирани. Како што објави порталот „Прототема“, во истиот период се регистрирани вкупно 29 смртни случаи. Последниот извештај го опфаќа периодот од 12 до 18 август. Регистриран е пораст на бројот на пациенти во однос на летото 2023. Грчките медиуми јавуваат дека летово е забележан поголем број хоспитализирани, но помал е бројот на пациенти на медицински апарати и има помалку смртни случаи. На најранливите групи, старите лица со пропратни заболувања, им се препорачува да се придржуваат до превентивните мерки против респираторни инфекции и да побараат помош од здравствените установи кога ќе ги забележат првите симптоми. Во исто време, на остатокот од населението им се препорачува да ги намалат контактите со ранливите групи за да се забави ширењето на вирусот.

The post Расте бројот на заразени и починати од коронавирусот во Грција appeared first on Република.

]]>
Се зголемува бројот на заразени со корона https://republika.mk/zivot/zdravje/se-zgolemuva-brojot-na-zarazeni-so-korona/ Wed, 07 Aug 2024 08:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=804175

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека бројот на заразени со корона вирусот се зголемува ширум светот, а постои и ризик од појава на нови мутации.

Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестовите е над десет проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа процентот на позитивност е над 20 отсто, изјави Марија Ван Керхове од СЗО.

Нови бранови на инфекции се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, пишува „Ал Џезира“.

The post Се зголемува бројот на заразени со корона appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека бројот на заразени со корона вирусот се зголемува ширум светот, а постои и ризик од појава на нови мутации. Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестовите е над десет проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа процентот на позитивност е над 20 отсто, изјави Марија Ван Керхове од СЗО. Нови бранови на инфекции се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, пишува „Ал Џезира“.

The post Се зголемува бројот на заразени со корона appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на Ковид кризата без критериуми https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-se-formira-telo-koe-ke-istrazhi-kako-se-delele-parite-vo-vreme-na-kovid-krizata-bez-kriteriumi/ Mon, 29 Jul 2024 21:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=801239

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.

-Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста. Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на Ковид кризата без критериуми appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.
-Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста. Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски: Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на Ковид кризата без критериуми appeared first on Република.

]]>
За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19 https://republika.mk/vesti/balkan/za-dve-nedeli-vo-kosovo-registrirani-19-zarazeni-od-kovid-19/ Sat, 27 Jul 2024 14:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=800796

Институтот за јавно здравје на Косово (ИКШПК) соопшти дека од 10 до 23 јули се регистрирани 19 позитивни случаи на Ковид-19 во Косово, при што нема пријавено ниту еден случај со смртни последивци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од ИКШПК соопштија дека најголем број случаи, четири, се регистрирани кај возрасната група од 30 до 39 години, меѓутоа забележано е дека има позитивни случаи и кај децата.

- На 5 мај 2023 година, СЗО го прогласи крајот на Ковид-19 како глобална здравствена вонредна состојба. Сепак, различни земји во светот и на европскиот континент неодамна регистрираа нови случаи на Ковид-19, иако нивниот интензитет не одразува зголемување на хоспитализирањата или други значителни здравствени оптоварувања. Како мерка на претпазливост, здравствените власти препорачуваат практикување превентивни мерки како наједноставен начин за намалување на здравствените ризици од Ковид-19, вклучувајќи инфекција, тешка болест, хоспитализација, или дури и смрт.

Во Косово во двонеделниот период од 10 до 23 јули се пријавени 19 позитивни случаи и ниту еден смртен случај со Ковид-19. Случаите припаѓаат на возрасните групи од 0-9 до 70-79 години, при што кај возрасната група 30-39 години, како најпогодена група, има 4 случаи, соопшти ИКШПК.

The post За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје на Косово (ИКШПК) соопшти дека од 10 до 23 јули се регистрирани 19 позитивни случаи на Ковид-19 во Косово, при што нема пријавено ниту еден случај со смртни последивци, јави дописникот на МИА од Приштина. Од ИКШПК соопштија дека најголем број случаи, четири, се регистрирани кај возрасната група од 30 до 39 години, меѓутоа забележано е дека има позитивни случаи и кај децата. - На 5 мај 2023 година, СЗО го прогласи крајот на Ковид-19 како глобална здравствена вонредна состојба. Сепак, различни земји во светот и на европскиот континент неодамна регистрираа нови случаи на Ковид-19, иако нивниот интензитет не одразува зголемување на хоспитализирањата или други значителни здравствени оптоварувања. Како мерка на претпазливост, здравствените власти препорачуваат практикување превентивни мерки како наједноставен начин за намалување на здравствените ризици од Ковид-19, вклучувајќи инфекција, тешка болест, хоспитализација, или дури и смрт. Во Косово во двонеделниот период од 10 до 23 јули се пријавени 19 позитивни случаи и ниту еден смртен случај со Ковид-19. Случаите припаѓаат на возрасните групи од 0-9 до 70-79 години, при што кај возрасната група 30-39 години, како најпогодена група, има 4 случаи, соопшти ИКШПК.

The post За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Грција воведе мерки поради коронавирусот https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-vovede-merki-poradi-koronavirusot/ Fri, 26 Jul 2024 12:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=800566

Во Грција има зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, поради што тамошните власти издадоа предупредување.

Три недели беа доволни заразените со корона вирусот во Грција да се зголемат за 44 отсто, по што официјалните лица издадоа предупредување поради ширењето на новиот вид ковид наречен „FLiRT“. Некои болници, покрај задолжителното носење маски, воведоа и задолжително тестирање на посетителите.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), сојот FLiRT стана најдоминантната форма на корона вирусот во светот.

ФлиРТ варијантата на ковид е доминантна во Грција и воопшто во европските земји.

Симптомите на овој вид корона: воспалено грло, кашлица, исцрпеност,затнат или течење на носот, главоболка, покачена температура, болки во мускулите, губење на чувството, за вкус или мирис, скратен здив или отежнато дишење, гадење или повраќање, дијареа.

Овие се симптоми кои се вообичаени и кај други подваријанти на омикрон.

The post Грција воведе мерки поради коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Во Грција има зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, поради што тамошните власти издадоа предупредување. Три недели беа доволни заразените со корона вирусот во Грција да се зголемат за 44 отсто, по што официјалните лица издадоа предупредување поради ширењето на новиот вид ковид наречен „FLiRT“. Некои болници, покрај задолжителното носење маски, воведоа и задолжително тестирање на посетителите. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), сојот FLiRT стана најдоминантната форма на корона вирусот во светот. ФлиРТ варијантата на ковид е доминантна во Грција и воопшто во европските земји. Симптомите на овој вид корона: воспалено грло, кашлица, исцрпеност,затнат или течење на носот, главоболка, покачена температура, болки во мускулите, губење на чувството, за вкус или мирис, скратен здив или отежнато дишење, гадење или повраќање, дијареа. Овие се симптоми кои се вообичаени и кај други подваријанти на омикрон.

The post Грција воведе мерки поради коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/zgolemen-brojot-na-hospitalizirani-i-pochinati-od-kovid-19-vo-grtsija/ Thu, 25 Jul 2024 16:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=800276

За една седмица, 788 лица биле хоспитализирани со Ковид-19 во Грција, а од вирусот починале 35 лица, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

И оваа седмица, исто како и претходната, има тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите, согласно официјалните податоци за периодот од 15 до 21 јули годинава.

Според ЕОДИ позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување споредбено со една седмица претходно.

Во однос на хоспитализираните 788 лица, исто така има зголемување, со оглед на тоа што просекот во претходните четири седмици беше 551 пациент, додека, пак, на апарати биле приклучени шест лица.

За една седмица од Ковид-19 починале 35 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 23.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција на ранливите групи на населението им препорачуваат да ги следат превентивните мерки против респираторни инфекции и навремено да побараат лекарска помош при појава на симптоми, додека на општата популација ѝ препорачуваат при присуство на симптоми на респираторна инфекција да ги ограничи контактите со лицата кои припаѓаат на ранливите категории.

The post Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>

За една седмица, 788 лица биле хоспитализирани со Ковид-19 во Грција, а од вирусот починале 35 лица, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. И оваа седмица, исто како и претходната, има тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите, согласно официјалните податоци за периодот од 15 до 21 јули годинава. Според ЕОДИ позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување споредбено со една седмица претходно. Во однос на хоспитализираните 788 лица, исто така има зголемување, со оглед на тоа што просекот во претходните четири седмици беше 551 пациент, додека, пак, на апарати биле приклучени шест лица. За една седмица од Ковид-19 починале 35 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 23. Од Националната организација за јавно здравје на Грција на ранливите групи на населението им препорачуваат да ги следат превентивните мерки против респираторни инфекции и навремено да побараат лекарска помош при појава на симптоми, додека на општата популација ѝ препорачуваат при присуство на симптоми на респираторна инфекција да ги ограничи контактите со лицата кои припаѓаат на ранливите категории.

The post Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>
Болни се враќаат од Грција: Цела Европа бележи раст на заболените од корона, доминираат неколку симптоми https://republika.mk/vesti/svet/bolni-se-vrakaat-od-grtsija-tsela-evropa-belezhi-rast-na-zabolenite-od-korona-dominiraat-nekolku-simptomi/ Wed, 24 Jul 2024 08:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=799749

Четврто лето по ред, ковид-19 не попушта ниту пред тропските температури што го зафатија светот годинава, а како што дознава „Блиц“ освен во Грција, каде што летуваат повеќето Македонци и Срби, бројот на заразени луѓето се зголемува и во Србија.

Во Грција, покрај заболубања, има и смртни случаи, а Националната здравствена организација (ЕОДИ) пријави 26 смртни случаи за неделата од 8 до 14 јули и повеќе хоспитализации, главно на постари лица и оние со хронични болести.

Не е познато дали оваа варијанта е регистрирана и во Србија, но има зголемување на бројот на заболени, за среќа, повеќето од нив имаат блага клиничка слика.

Според податоците од целиот свет, луѓето во моментов заболуваат од ФЛиРТ. Станува збор за две подваријанти на коронавирусот, инаку далечен роднина на сојот омикрон, а според Светската здравствена организација (СЗО), ФЛиРТ стана најдоминантната форма на вирусот во светот.

Порастот на бројот на заразени со новата подваријанта на коронавирусот е забележано во Соединетите Американски Држави, но и во Велика Британија, а расте и во другите европски земји, особено во Холандија.

Новата варијанта на коронавирусот, позната како ФЛиРТ, предизвика бран на инфекции во Холандија и покрај летните горештини. Професорката по вирусологија на Медицинскиот центар на Универзитетот „Еразмус“ во Ротердам, Марион Копманс, забележала дека најточниот показател за степенот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води, пишува „Еуроњус“.

– Така, бројот на честички на вирусот во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период во 2023 година, па дури и во 2021 година, кога беше широко распространет уште еден сој на коронавирусот – делта – додала таа, пренесува „НЛ тајмс“.

Како што навела професорката, сегашниот бран на болести е неспоредлив со претходниот, истакнувајќи дека нема причина за паника.

– Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко отколку порано. На пример, бројот на хоспитализирани речиси и да не се зголемува во моментов, и покрај зголемениот број случаи на инфекција – вели Копманс.

Меѓу главните симптоми се:

– зголемена телесна температура
– кашлица
– болка во зглобовите и мускулите
– затнат нос
– главоболка
– малаксаност

Резултатите од студијата ИнфектиеРадар (InfectieRadar), што ја спровел Националниот институт за здравје на Холандија (RIVM) од 8 до 14 јули меѓу 10.300 Холанѓани, открија коронавирус кај 1,3 отсто од учесниците.

Националниот институт за здравје на Холандија (РИВМ) неодамна објави дека инциденцата на респираторни инфекции, вклучително и коронавирусот, се зголемува во Холандија во последните недели.

Според официјалните податоци, просечниот број на патогени честички во отпадните води се искачил на 941 на 100.000 луѓе, во споредба со 786 една недела порано.

The post Болни се враќаат од Грција: Цела Европа бележи раст на заболените од корона, доминираат неколку симптоми appeared first on Република.

]]>

Четврто лето по ред, ковид-19 не попушта ниту пред тропските температури што го зафатија светот годинава, а како што дознава „Блиц“ освен во Грција, каде што летуваат повеќето Македонци и Срби, бројот на заразени луѓето се зголемува и во Србија. Во Грција, покрај заболубања, има и смртни случаи, а Националната здравствена организација (ЕОДИ) пријави 26 смртни случаи за неделата од 8 до 14 јули и повеќе хоспитализации, главно на постари лица и оние со хронични болести. Не е познато дали оваа варијанта е регистрирана и во Србија, но има зголемување на бројот на заболени, за среќа, повеќето од нив имаат блага клиничка слика. Според податоците од целиот свет, луѓето во моментов заболуваат од ФЛиРТ. Станува збор за две подваријанти на коронавирусот, инаку далечен роднина на сојот омикрон, а според Светската здравствена организација (СЗО), ФЛиРТ стана најдоминантната форма на вирусот во светот. Порастот на бројот на заразени со новата подваријанта на коронавирусот е забележано во Соединетите Американски Држави, но и во Велика Британија, а расте и во другите европски земји, особено во Холандија. Новата варијанта на коронавирусот, позната како ФЛиРТ, предизвика бран на инфекции во Холандија и покрај летните горештини. Професорката по вирусологија на Медицинскиот центар на Универзитетот „Еразмус“ во Ротердам, Марион Копманс, забележала дека најточниот показател за степенот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води, пишува „Еуроњус“. – Така, бројот на честички на вирусот во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период во 2023 година, па дури и во 2021 година, кога беше широко распространет уште еден сој на коронавирусот – делта – додала таа, пренесува „НЛ тајмс“. Како што навела професорката, сегашниот бран на болести е неспоредлив со претходниот, истакнувајќи дека нема причина за паника. – Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко отколку порано. На пример, бројот на хоспитализирани речиси и да не се зголемува во моментов, и покрај зголемениот број случаи на инфекција – вели Копманс. Меѓу главните симптоми се: – зголемена телесна температура – кашлица – болка во зглобовите и мускулите – затнат нос – главоболка – малаксаност Резултатите од студијата ИнфектиеРадар (InfectieRadar), што ја спровел Националниот институт за здравје на Холандија (RIVM) од 8 до 14 јули меѓу 10.300 Холанѓани, открија коронавирус кај 1,3 отсто од учесниците. Националниот институт за здравје на Холандија (РИВМ) неодамна објави дека инциденцата на респираторни инфекции, вклучително и коронавирусот, се зголемува во Холандија во последните недели. Според официјалните податоци, просечниот број на патогени честички во отпадните води се искачил на 941 на 100.000 луѓе, во споредба со 786 една недела порано.

The post Болни се враќаат од Грција: Цела Европа бележи раст на заболените од корона, доминираат неколку симптоми appeared first on Република.

]]>
Поранешниот британски министер за здравство Хант: Жал ми е, погрешивме за короната https://republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-britanski-minister-za-zdravstvo-hant-zhal-mi-e-pogreshivme-za-koronata/ Sun, 21 Jul 2024 18:38:54 +0000 https://republika.mk/?p=798987

Поранешниот британски министер за здравство Џереми Хант се извини за неуспесите во подготовките за пандемијата во Обединетото Кралство, кои се појавија на виделина за време на истрагата за ковид.

Во извештајот објавен во четвртокот, истрагата откри дека поранешната влада „ја изневерила јавноста правејќи значителни грешки“ при подготовката за пандемијата.

Хант денеска призна дека како министер за здравство во периодот од 2012 до 2018 година, тој бил „дел од групата која смета дека се премногу добро подготвени за пандемија на грип, но не размислуваат за други видови пандемии“.

-Безрезервно им се извинувам на сите семејства. Она што се случи со оваа земја за време на Ковид беше најстрашната трагедија, рече тој за Би-Би-Си.

Тој, исто така, ја повика новата влада да ги разгледа препораките од извештајот на 217 страници на членот на Домот на лордовите, Хедер Халет.

Во извештајот се наведува дека истрагата „безрезервно“ заклучила дека „процедурите, планирањето и политиката на цивилните структури за вонредни ситуации во рамките на владата на ОК, државните служби и јавните служби ги изневериле граѓаните“.

The post Поранешниот британски министер за здравство Хант: Жал ми е, погрешивме за короната appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски министер за здравство Џереми Хант се извини за неуспесите во подготовките за пандемијата во Обединетото Кралство, кои се појавија на виделина за време на истрагата за ковид. Во извештајот објавен во четвртокот, истрагата откри дека поранешната влада „ја изневерила јавноста правејќи значителни грешки“ при подготовката за пандемијата. Хант денеска призна дека како министер за здравство во периодот од 2012 до 2018 година, тој бил „дел од групата која смета дека се премногу добро подготвени за пандемија на грип, но не размислуваат за други видови пандемии“.
-Безрезервно им се извинувам на сите семејства. Она што се случи со оваа земја за време на Ковид беше најстрашната трагедија, рече тој за Би-Би-Си.
Тој, исто така, ја повика новата влада да ги разгледа препораките од извештајот на 217 страници на членот на Домот на лордовите, Хедер Халет. Во извештајот се наведува дека истрагата „безрезервно“ заклучила дека „процедурите, планирањето и политиката на цивилните структури за вонредни ситуации во рамките на владата на ОК, државните служби и јавните служби ги изневериле граѓаните“.

The post Поранешниот британски министер за здравство Хант: Жал ми е, погрешивме за короната appeared first on Република.

]]>
Бајден фати корона https://republika.mk/vesti/svet/bajden-fati-korona/ Thu, 18 Jul 2024 06:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=797855

Претседателот на САД Џо Бајден се тестираше позитивно за Ковид додека водеше кампања во Невада и има благи симптоми, соопшти синоќа Белата куќа. Бајден изјави дека во наредните денови ќе се изолира во својот дом во Делавер.

Болеста за него доаѓа во неудобно време кога сè повеќе демократски првенци повикуваат да се откаже од изборите и да му даде шанса на помлад кандидат кој може да го победи Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на републиканците, јави дописникот на МИА.

Во изјавата се вели дека Бајден е вакциниран и има примено засилувачка вакцини и дека ќе се изолира во Делавер додека ги исполнува „целосно своите обврски“.

Според лекарот на претседателот, Бајден имал настинка, кашлица и омалаксаност, но се чувствувал добро во текот на првиот ден на настанот во Невада. Потоа бил тестиран за Ковид и тестот се покажал позитивен.

Се дознава дека респираторниот ритам и нивото на кислород на Бајден се нормални и дека му била дадена прва доза од лекот Паксловид.

-Се тестирав позитивно за Ковид попладнево, но се чувствувам добро и благодарам на сите за добрите желби, напиша Бајден во порака на Х.

-Ќе се изолирам додека закрепнувам и во меѓувреме ќе продолжам да работам за да ја завршиме работата за Американскиот народ.

Бајден се разболи од Ковид-19 во неудобен час кога сè повеќе демократски лидери повикаа да се откаже од изборите и да му даде шанса на помлад кандидат кој може да го победи Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на републиканците.

Бајден претходно изјави дека може да се откаже но само во случај на болест или ако биде убеден од опасноста за повторно враќање на Трамп во Белата куќа

The post Бајден фати корона appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД Џо Бајден се тестираше позитивно за Ковид додека водеше кампања во Невада и има благи симптоми, соопшти синоќа Белата куќа. Бајден изјави дека во наредните денови ќе се изолира во својот дом во Делавер. Болеста за него доаѓа во неудобно време кога сè повеќе демократски првенци повикуваат да се откаже од изборите и да му даде шанса на помлад кандидат кој може да го победи Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на републиканците, јави дописникот на МИА. Во изјавата се вели дека Бајден е вакциниран и има примено засилувачка вакцини и дека ќе се изолира во Делавер додека ги исполнува „целосно своите обврски“. Според лекарот на претседателот, Бајден имал настинка, кашлица и омалаксаност, но се чувствувал добро во текот на првиот ден на настанот во Невада. Потоа бил тестиран за Ковид и тестот се покажал позитивен. Се дознава дека респираторниот ритам и нивото на кислород на Бајден се нормални и дека му била дадена прва доза од лекот Паксловид. -Се тестирав позитивно за Ковид попладнево, но се чувствувам добро и благодарам на сите за добрите желби, напиша Бајден во порака на Х.
-Ќе се изолирам додека закрепнувам и во меѓувреме ќе продолжам да работам за да ја завршиме работата за Американскиот народ.
Бајден се разболи од Ковид-19 во неудобен час кога сè повеќе демократски лидери повикаа да се откаже од изборите и да му даде шанса на помлад кандидат кој може да го победи Доналд Трамп, претседателскиот кандидат на републиканците. Бајден претходно изјави дека може да се откаже но само во случај на болест или ако биде убеден од опасноста за повторно враќање на Трамп во Белата куќа

The post Бајден фати корона appeared first on Република.

]]>
Внимавајте ако одите за Нова година: Короната се врати во Грција https://republika.mk/zivot/patuvanja/vnimavajte-ako-odite-za-nova-godina-koronata-se-vrati-vo-grtsija/ Fri, 15 Dec 2023 08:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=723154

Бројот на заразени, на хоспитализирани, на приклучени на апарати, но и на починати од Ковид-19 во Грција, бележи зголемување во периодот од 4 до 10 декември, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во конкретниот период регистрирани биле 48 смртни случаи на возраст од 58 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири недели.

Хоспитализирани биле 1.176 лица, за 38 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати.

Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, додека пак најзастапена подваријанта е EG.5 (Ерис) со 40 отсто, а следи XBB.1.5 (Кракен) со 29 проценти.

Веќе подолг период, Националната организација за јавно здравје на Грција го промени начинот на следење на Ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.

The post Внимавајте ако одите за Нова година: Короната се врати во Грција appeared first on Република.

]]>

Бројот на заразени, на хоспитализирани, на приклучени на апарати, но и на починати од Ковид-19 во Грција, бележи зголемување во периодот од 4 до 10 декември, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во конкретниот период регистрирани биле 48 смртни случаи на возраст од 58 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири недели. Хоспитализирани биле 1.176 лица, за 38 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати. Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, додека пак најзастапена подваријанта е EG.5 (Ерис) со 40 отсто, а следи XBB.1.5 (Кракен) со 29 проценти. Веќе подолг период, Националната организација за јавно здравје на Грција го промени начинот на следење на Ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.

The post Внимавајте ако одите за Нова година: Короната се врати во Грција appeared first on Република.

]]>
СЗО уште ќе испитува како короната дојде од Кина https://republika.mk/vesti/svet/szo-ushte-ke-ispituva-kako-koronata-dojde-od-kina/ Sun, 17 Sep 2023 12:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=682599

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Пекинг да даде повеќе информации за потеклото на Ковид-19 и е подготвен да испрати уште еден тим истражувачи, објави денеска Фајненшл тајмс.

„Врши,е притисок врз Кина да обезбеди целосен пристап до информациите и бараме од другите земји да го покренат ова прашање за време на нивните билатерални состаноци и да го охрабрат Пекинг да соработува“, изјави за весникот генералниот директор на СЗО.

Изјавата на шефот на СЗО доаѓа додека здравствените службеници и фармацевтските компании ширум светот се натпреваруваат да развијат подобрени вакцини за борба против новите варијанти на коронавирусот.

Гебрејесус долго време ја притиска Кина да ги сподели своите информации за потеклото на Ковид-19, велејќи дека досега тоа не се случило и дека сите хипотези остануваат на маса.

Вирусот првпат беше идентификуван во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, пред да се прошири на глобално ниво, убивајќи речиси седум милиони луѓе

The post СЗО уште ќе испитува како короната дојде од Кина appeared first on Република.

]]>

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Пекинг да даде повеќе информации за потеклото на Ковид-19 и е подготвен да испрати уште еден тим истражувачи, објави денеска Фајненшл тајмс. „Врши,е притисок врз Кина да обезбеди целосен пристап до информациите и бараме од другите земји да го покренат ова прашање за време на нивните билатерални состаноци и да го охрабрат Пекинг да соработува“, изјави за весникот генералниот директор на СЗО. Изјавата на шефот на СЗО доаѓа додека здравствените службеници и фармацевтските компании ширум светот се натпреваруваат да развијат подобрени вакцини за борба против новите варијанти на коронавирусот. Гебрејесус долго време ја притиска Кина да ги сподели своите информации за потеклото на Ковид-19, велејќи дека досега тоа не се случило и дека сите хипотези остануваат на маса. Вирусот првпат беше идентификуван во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, пред да се прошири на глобално ниво, убивајќи речиси седум милиони луѓе

The post СЗО уште ќе испитува како короната дојде од Кина appeared first on Република.

]]>
ЕУ одобри уште една вакцина за есенското вакцинирање против корона https://republika.mk/zivot/zdravje/eu-odobri-ushte-edna-vaktsina-za-esenskoto-vaktsinirane-protiv-korona/ Fri, 15 Sep 2023 13:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=682183

Европската комисија денеска одобри употреба на адаптираната вакцина против корона вирусот „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ („Spikevax XBB.1.5“) за есенските кампањи за вакцинација во земјите членки на ЕУ.

Како што соопшти Еврокомисијата, станува збор за трета адаптација на оваа вакцина на производителот „Модерна“ со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19.

Претходно, на 1 септември, Европската комисија ја одобри употребата во есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 и на новата адаптирана вакцина на „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“).

Во врска со денешното одобрување на новата вакцина, еврокомесарката за здравство и безбедност на храната, Стела Киријакидес истакна дека вакцинацијата останува најефикасна алатка против вирусите на Ковид-19 и сезонскиот грип кои се очекува да циркулираат оваа есен и зима.

- Ги охрабрувам засегнатите, особено оние на возраст од над 60 години, лицата со ослабен имунолошки систем и хронично болните, што е можно поскоро да примат засилена доза со најновите ажурирани вакцини кои ги таргетираат варијантите што моментално се шират. Сите ние треба да продолжиме да бидеме будни и да си помагаме меѓусебно за да се заштитиме, истакна Киријакидес.

Одлуката за одобрување на вакцината „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ следи по евалуацијата од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), спроведена согласно механизмот за забрзана проценка.

Одобрувањето е извршено по забрзана постапка со цел земјите членки да можат навреме да ја набават и да се подготват за претстојните кампањи за вакцинација, посочува ЕК

The post ЕУ одобри уште една вакцина за есенското вакцинирање против корона appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска одобри употреба на адаптираната вакцина против корона вирусот „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ („Spikevax XBB.1.5“) за есенските кампањи за вакцинација во земјите членки на ЕУ. Како што соопшти Еврокомисијата, станува збор за трета адаптација на оваа вакцина на производителот „Модерна“ со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19. Претходно, на 1 септември, Европската комисија ја одобри употребата во есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 и на новата адаптирана вакцина на „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“). Во врска со денешното одобрување на новата вакцина, еврокомесарката за здравство и безбедност на храната, Стела Киријакидес истакна дека вакцинацијата останува најефикасна алатка против вирусите на Ковид-19 и сезонскиот грип кои се очекува да циркулираат оваа есен и зима.
- Ги охрабрувам засегнатите, особено оние на возраст од над 60 години, лицата со ослабен имунолошки систем и хронично болните, што е можно поскоро да примат засилена доза со најновите ажурирани вакцини кои ги таргетираат варијантите што моментално се шират. Сите ние треба да продолжиме да бидеме будни и да си помагаме меѓусебно за да се заштитиме, истакна Киријакидес.
Одлуката за одобрување на вакцината „Спајквакс Икс-Бе-Бе.1.5“ следи по евалуацијата од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), спроведена согласно механизмот за забрзана проценка. Одобрувањето е извршено по забрзана постапка со цел земјите членки да можат навреме да ја набават и да се подготват за претстојните кампањи за вакцинација, посочува ЕК

The post ЕУ одобри уште една вакцина за есенското вакцинирање против корона appeared first on Република.

]]>
Коронавирусот повторно дивее во Србија, за една недела заразени 1.529 лица https://republika.mk/vesti/balkan/koronavirusot-povtorno-divee-vo-srbija-za-edna-nedela-zarazeni-1-529-litsa/ Thu, 14 Sep 2023 15:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=681986

Во Србија во изминатите седум дена се регистрирани 1.529 заболени од коронавирусот, објавено е денеска на веб-страницата kovid19.rs.

Во тој интервал биле тестирани 7.437 лица, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија, пренесе Бета.

Во Србија е присутна новата варијанта на коронавирусот, соопштија властите на 6 септември, прецизирајќи дека е потврдено присуството на подваријантата омикрон ЕГ.5 наречена Ерис.

The post Коронавирусот повторно дивее во Србија, за една недела заразени 1.529 лица appeared first on Република.

]]>

Во Србија во изминатите седум дена се регистрирани 1.529 заболени од коронавирусот, објавено е денеска на веб-страницата kovid19.rs. Во тој интервал биле тестирани 7.437 лица, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија, пренесе Бета. Во Србија е присутна новата варијанта на коронавирусот, соопштија властите на 6 септември, прецизирајќи дека е потврдено присуството на подваријантата омикрон ЕГ.5 наречена Ерис.

The post Коронавирусот повторно дивее во Србија, за една недела заразени 1.529 лица appeared first on Република.

]]>
Во САД нововедени наредби за носење маски поради зачестени случаи на Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/vo-sad-novovedeni-naredbi-za-nosene-maski-poradi-zachesteni-sluchai-na-kovid-19/ Fri, 08 Sep 2023 16:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=680026

Во САД, со почетокот на школската година започна и сезоната на грип и други респираторни вируси, но и зачестени случаи на варјантата на коронавирус BA.2.86.

И додека бројот на тешките Ковид заболувања е мал, во земјата се регистрира бран на коронавирусни инфекции од оваа варијанта. Вирусот започна да се шири при крајот на август, што коинцидира со крајот на летниот распуст.

Поради ова, во повеќе училишта во САД се воведе здолжително носење маски. Иако наредбата е привремена, тоа предизвика дискусии и контраверзи кај родителите и конзервативно настроените гласачи.

Така на пример, режим на маски за следните неколку денови е воведен од директор на основно училиште во Мериленд, каде неколку ученици имале позитивен тест за коронавирус.

Дел од американските медиуми одлуката ја окарактеризраа како „контраверзна“. Слична наредба имало и во уште едно училиште во Алабама - од крајот на август маски мора да носат сите, учениците, вработените и посетителите. Гувернерот на Њујорк пак најави план за дистрибуција на N95 иKN95 маски оваа есен, иако државата не бара нивно обврзно носење.

Ова предизвика реакција кај републиканците. Група републикански сенатори објавија нацрт закон за забрана на федерални мандати за носење маски за време на авионски патувања, во јавниот превоз и во државните училишта, до крајот на 2024 година.

-Ако сакаш по твоја волја да носиш маска, одлично, но остави ги нашите деца на мира, изјави сенаторот Тед Круз во одговор на одлуката на училиштето во Силвер Спрингс, Мерлинед.

За ова, родителите започнаа кавги и на социјалните мрежи со по некоја закана, па школото мораше да воведе поостри мерки за безбедност.

Поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, која е кандидат за претседател од републиканците, во интервју за Фокс њуз неделава изјави дека наредбите за носење маски се напад на правата на родителите. Поранешниот претседател, Доналд Трамп, претходно порача дека ако биде реизбран, „ќе го употребам целиот мој авторитет да се запре федералното финансирање за секое школо“ кое ќе воведе правила за маски.

На 12 септември состанок има клучен федерален панел од специјалисти за да дискутира за засилувачка коронавирус вакцина што ќе цели на XBB варијантите. Се очекува таа биде пуштена во промет до крајот на овој месец.

The post Во САД нововедени наредби за носење маски поради зачестени случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Во САД, со почетокот на школската година започна и сезоната на грип и други респираторни вируси, но и зачестени случаи на варјантата на коронавирус BA.2.86. И додека бројот на тешките Ковид заболувања е мал, во земјата се регистрира бран на коронавирусни инфекции од оваа варијанта. Вирусот започна да се шири при крајот на август, што коинцидира со крајот на летниот распуст. Поради ова, во повеќе училишта во САД се воведе здолжително носење маски. Иако наредбата е привремена, тоа предизвика дискусии и контраверзи кај родителите и конзервативно настроените гласачи. Така на пример, режим на маски за следните неколку денови е воведен од директор на основно училиште во Мериленд, каде неколку ученици имале позитивен тест за коронавирус. Дел од американските медиуми одлуката ја окарактеризраа како „контраверзна“. Слична наредба имало и во уште едно училиште во Алабама - од крајот на август маски мора да носат сите, учениците, вработените и посетителите. Гувернерот на Њујорк пак најави план за дистрибуција на N95 иKN95 маски оваа есен, иако државата не бара нивно обврзно носење. Ова предизвика реакција кај републиканците. Група републикански сенатори објавија нацрт закон за забрана на федерални мандати за носење маски за време на авионски патувања, во јавниот превоз и во државните училишта, до крајот на 2024 година.
-Ако сакаш по твоја волја да носиш маска, одлично, но остави ги нашите деца на мира, изјави сенаторот Тед Круз во одговор на одлуката на училиштето во Силвер Спрингс, Мерлинед.
За ова, родителите започнаа кавги и на социјалните мрежи со по некоја закана, па школото мораше да воведе поостри мерки за безбедност. Поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, која е кандидат за претседател од републиканците, во интервју за Фокс њуз неделава изјави дека наредбите за носење маски се напад на правата на родителите. Поранешниот претседател, Доналд Трамп, претходно порача дека ако биде реизбран, „ќе го употребам целиот мој авторитет да се запре федералното финансирање за секое школо“ кое ќе воведе правила за маски. На 12 септември состанок има клучен федерален панел од специјалисти за да дискутира за засилувачка коронавирус вакцина што ќе цели на XBB варијантите. Се очекува таа биде пуштена во промет до крајот на овој месец.

The post Во САД нововедени наредби за носење маски поради зачестени случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Коронавирусот повторно се шири во Хрватска: Во Истра нагло зголемен бројот на заразени https://republika.mk/vesti/balkan/koronavirusot-povtorno-se-shiri-vo-hrvatska-vo-istra-naglo-zgolemen-brojot-na-zarazeni/ Wed, 06 Sep 2023 09:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=679260

Во округот Истра од почетокот на август е забележан тренд на зголемување на бројот на заразени со коронавирус, а според последните информации од болницата во Пула, околу 20 отсто од вкупно тестираните пациенти биле позитивни.

„Хина“ јавува дека пред два дена во оваа установа биле хоспитализирани четири лица поради коронавирусот – две се на одделението за ковид, едно во респираторниот центар и едно на операција.

„Симптомите се претежно исти како и претходните години, но во поблага форма – лоша општа состојба, болки во мускулите, главоболка и треска со респираторни проблеми“, најави директорката на Општата болница, Ирена Хрстиќ.

Од болницата велат дека во есенските и зимските месеци очекуваат повеќе заболени, со оглед на тоа што повеќе луѓе ќе престојуваат во затворени простории, во училиштата и градинките.

 

 

The post Коронавирусот повторно се шири во Хрватска: Во Истра нагло зголемен бројот на заразени appeared first on Република.

]]>

Во округот Истра од почетокот на август е забележан тренд на зголемување на бројот на заразени со коронавирус, а според последните информации од болницата во Пула, околу 20 отсто од вкупно тестираните пациенти биле позитивни.
„Хина“ јавува дека пред два дена во оваа установа биле хоспитализирани четири лица поради коронавирусот – две се на одделението за ковид, едно во респираторниот центар и едно на операција. „Симптомите се претежно исти како и претходните години, но во поблага форма – лоша општа состојба, болки во мускулите, главоболка и треска со респираторни проблеми“, најави директорката на Општата болница, Ирена Хрстиќ. Од болницата велат дека во есенските и зимските месеци очекуваат повеќе заболени, со оглед на тоа што повеќе луѓе ќе престојуваат во затворени простории, во училиштата и градинките.    

The post Коронавирусот повторно се шири во Хрватска: Во Истра нагло зголемен бројот на заразени appeared first on Република.

]]>
Нова варијанта на коронавирусот со голем број мутации регистрирана во четири земји https://republika.mk/vesti/svet/nova-varijanta-na-koronavirusot-so-golem-broj-mutatsii-registrirana-vo-chetiri-zemji/ Sat, 19 Aug 2023 12:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=673692

Новата варијанта на коронавирусот БA.2.86, која има голем број мутации, досега се појави во четири земји – САД, Велика Британија, Данска и Израел. Научниците се во состојба на готовност, истражувајќи до каде е раширена новата варијанта и како таа реагира на антителата.

Новата варијанта на коронавирусот, наречена „пирол“ на социјалните мрежи, има повеќе од 30 мутации во споредба со најблиската претходна форма, БА.2, подваријанта на сојот омикрон, објасни д-р Џеси Блум, виролог во „Фред Хачинсон“ во Сиетл.

„Тоа е еволутивен скок споредлив со оној што првично доведе до омикрон сој на коронавирусот“, објави Блум на веб-страницата на лабораторијата.

Светската здравствена организација во четвртокот го означи БA.2.86 како „варијанта под надзор“, што значи дека земјите треба да ги следат и пријават сите мутации што ќе ги откријат.

Варијантите под надзор кои предизвикуваат потешка клиничка слика или не реагираат на постојните вакцини и третмани може да се стават на листата „варијанти од интерес“ или „варијанти на загриженост“, која сè уште е празна.

Новата варијанта досега се појави во четири земји. Прво беше откриена во неделата од научници во Израел, по што Данска пријави три случаи, а САД и Обединетото Кралство пријавија по два случаи.

Трите случаи во Данска се откриени кај луѓе во различни делови на земјата, кои се чини дека немале контакт меѓу себе, соопшти данскиот Институт за серуми.

„Необично е коронавирусот да се промени толку значително и да развие 30 нови мутации. Последен пат видовме толку голема промена кога се појави омикронот“, рече истражувачот на Институтот.

Сепак, данските научници нагласија дека се уште е рано да се зборува за можната зголемена заразност на новата варијанта на коронавирусот, наведувајќи дека допрва треба да вршат тестови на човечки антитела.

Проценка на заканата од новата варијанта објави и Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, од каде велат дека фактот што се регистрирани случаи во четири различни земји кај лица без историја на патување, укажува на тоа дека веќе е воспоставена глобална трансмисија.

Регистрираните секвенци на новата варијанта се многу слични една на друга, што може да укаже дека се појавиле неодамна и брзо се шират, се вели во извештајот на Агенцијата, истакнувајќи дека посигурна проценка не е можна додека не станат достапни повеќе секвенци.

Поголем оптим ист е директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Менди Коен, која вчера изјави дека новата варијанта не треба да биде причина за тревога.

„Поподготвени сме од кога било да откриеме и да одговориме на промените во коронавирусот“, рече Коен за Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека научниците следат нова варијанта чии мутации ја прават различна од другите што моментално циркулираат.

The post Нова варијанта на коронавирусот со голем број мутации регистрирана во четири земји appeared first on Република.

]]>

Новата варијанта на коронавирусот БA.2.86, која има голем број мутации, досега се појави во четири земји – САД, Велика Британија, Данска и Израел. Научниците се во состојба на готовност, истражувајќи до каде е раширена новата варијанта и како таа реагира на антителата. Новата варијанта на коронавирусот, наречена „пирол“ на социјалните мрежи, има повеќе од 30 мутации во споредба со најблиската претходна форма, БА.2, подваријанта на сојот омикрон, објасни д-р Џеси Блум, виролог во „Фред Хачинсон“ во Сиетл. „Тоа е еволутивен скок споредлив со оној што првично доведе до омикрон сој на коронавирусот“, објави Блум на веб-страницата на лабораторијата. Светската здравствена организација во четвртокот го означи БA.2.86 како „варијанта под надзор“, што значи дека земјите треба да ги следат и пријават сите мутации што ќе ги откријат. Варијантите под надзор кои предизвикуваат потешка клиничка слика или не реагираат на постојните вакцини и третмани може да се стават на листата „варијанти од интерес“ или „варијанти на загриженост“, која сè уште е празна. Новата варијанта досега се појави во четири земји. Прво беше откриена во неделата од научници во Израел, по што Данска пријави три случаи, а САД и Обединетото Кралство пријавија по два случаи. Трите случаи во Данска се откриени кај луѓе во различни делови на земјата, кои се чини дека немале контакт меѓу себе, соопшти данскиот Институт за серуми. „Необично е коронавирусот да се промени толку значително и да развие 30 нови мутации. Последен пат видовме толку голема промена кога се појави омикронот“, рече истражувачот на Институтот. Сепак, данските научници нагласија дека се уште е рано да се зборува за можната зголемена заразност на новата варијанта на коронавирусот, наведувајќи дека допрва треба да вршат тестови на човечки антитела. Проценка на заканата од новата варијанта објави и Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, од каде велат дека фактот што се регистрирани случаи во четири различни земји кај лица без историја на патување, укажува на тоа дека веќе е воспоставена глобална трансмисија. Регистрираните секвенци на новата варијанта се многу слични една на друга, што може да укаже дека се појавиле неодамна и брзо се шират, се вели во извештајот на Агенцијата, истакнувајќи дека посигурна проценка не е можна додека не станат достапни повеќе секвенци. Поголем оптим ист е директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Менди Коен, која вчера изјави дека новата варијанта не треба да биде причина за тревога. „Поподготвени сме од кога било да откриеме и да одговориме на промените во коронавирусот“, рече Коен за Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека научниците следат нова варијанта чии мутации ја прават различна од другите што моментално циркулираат.

The post Нова варијанта на коронавирусот со голем број мутации регистрирана во четири земји appeared first on Република.

]]>
Нов сој на коронавирус регистриран во 36 земји ширум светот https://republika.mk/zivot/zdravje/nov-soj-na-koronavirus-registriran-vo-36-zemji-shirum-svetot/ Mon, 07 Aug 2023 07:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=669415

Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост.

Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел.

Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела.

Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за неговото ширење, особено во Азија. Варијантата на новиот коронавирус за првпат беше откриена во март годинава.

The post Нов сој на коронавирус регистриран во 36 земји ширум светот appeared first on Република.

]]>

Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост. Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел. Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела. Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за неговото ширење, особено во Азија. Варијантата на новиот коронавирус за првпат беше откриена во март годинава.

The post Нов сој на коронавирус регистриран во 36 земји ширум светот appeared first on Република.

]]>
Нов сој на коронавирус потврден во 36 земји https://republika.mk/vesti/svet/nov-soj-na-koronavirus-potvrden-vo-36-zemji/ Mon, 07 Aug 2023 07:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=669413

Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост.

Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел

Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела.

Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за негово ширење, особено во Азија. Варијантата на новиот коронавирус за првпат е откриена во март годинава.

The post Нов сој на коронавирус потврден во 36 земји appeared first on Република.

]]>

Сојот ЕГ.5.1, наречен и Ерис, на новиот коронавирус се шири низ светот и веќе е регистриран во 36 земји, објави Џерузалем пост. Заклучно со 24 јули 2023 година, регистрирани се 2.442 случаи на инфекција со Ерис во 36 земји ширум светот, вклучително и 18 во Израел Варијантата сега е доминантна во Британија, каде што продолжува да растe бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19, соопштија британските здравствени власти минатата недела. Според Управата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА), надзорот на варијантата ЕГ.5.1 започна на почетокот на јули, по зголемените извештаи за негово ширење, особено во Азија. Варијантата на новиот коронавирус за првпат е откриена во март годинава.

The post Нов сој на коронавирус потврден во 36 земји appeared first on Република.

]]>
Нов сој коронавирус потврден во Словенија, се враќаат маските https://republika.mk/vesti/balkan/nov-soj-koronavirus-potvrden-vo-slovenija-se-vrakaat-maskite/ Thu, 20 Apr 2023 13:43:29 +0000 https://republika.mk/?p=632518

Нов сој коронавирус поради коj повторно се враќаат маските е потврден во Словенија. Според медиумите, вирусот забрзано се шири.

Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16., односно арктурус.

Новите симптоми што овој вид коронавирус ги носи со себе се: чешање, конјунктивитис и високи температури. Исто така, се нагласува дека досега не се евидентирани сериозни компликации.

Во моментот во Словенија доминира претходната варијанта на омикронскиот сој на коронавирусот XBB.1.5, но тие почнаа да се изолираат и да се инфицираат со најновиот вид арктурус.

Според податоците од Светската здравствена состојба, најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има дополнителна мутација во спајк-протеинот.

„Лабораториските студии покажаа дека е позаразна и попатогена“, соопшти СЗО.

Се додава дека тоа би можело да значи дека арктурус би можел побргу да се шири, нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста.

The post Нов сој коронавирус потврден во Словенија, се враќаат маските appeared first on Република.

]]>

Нов сој коронавирус поради коj повторно се враќаат маските е потврден во Словенија. Според медиумите, вирусот забрзано се шири. Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16., односно арктурус. Новите симптоми што овој вид коронавирус ги носи со себе се: чешање, конјунктивитис и високи температури. Исто така, се нагласува дека досега не се евидентирани сериозни компликации. Во моментот во Словенија доминира претходната варијанта на омикронскиот сој на коронавирусот XBB.1.5, но тие почнаа да се изолираат и да се инфицираат со најновиот вид арктурус. Според податоците од Светската здравствена состојба, најновата подваријанта е слична на доминантната омикронска варијанта XBB.1.5., но има дополнителна мутација во спајк-протеинот. „Лабораториските студии покажаа дека е позаразна и попатогена“, соопшти СЗО. Се додава дека тоа би можело да значи дека арктурус би можел побргу да се шири, нема индикации дека ќе предизвика потежок тек на болеста.

The post Нов сој коронавирус потврден во Словенија, се враќаат маските appeared first on Република.

]]>
Германија прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, истече рокот за носење маски https://republika.mk/vesti/svet/germanija-proglasi-kraj-na-epidemijata-na-koronavirusot-isteche-rokot-za-nosene-maski/ Fri, 07 Apr 2023 10:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=628268

Германскиот министер за здравство прогласи крај на епидемијата на коронавирус во таа земја.

На полноќ во Германија истече условот за носење заштитни маски, како и важноста на другите мерки против корона. Првпат по три години нема да има повеќе владини ограничувања поврзани со епидемијата, објави денеска „Франкфуртер алгемајнехтунг“.

До неодамна посетителите на болниците и домовите за стари лица мораа да носат маска FFP2, а тоа важеше и за пациентите и за посетителите на медицинските ординации и установите за дијализа.

Тие правила сега се укинати од германската држава, но медицинските установи сè уште може да бараат да се носат маски и не е јасно колку објекти ќе го искористат тоа.

Шефот на Националната асоцијација на лекарите за задолжително здравствено осигурување, Андреас Гасен, рече дека медицинската пракса може да го регулира носењето маски во рамките на правилата за секоја здравствена установа посебно.

The post Германија прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, истече рокот за носење маски appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за здравство прогласи крај на епидемијата на коронавирус во таа земја. На полноќ во Германија истече условот за носење заштитни маски, како и важноста на другите мерки против корона. Првпат по три години нема да има повеќе владини ограничувања поврзани со епидемијата, објави денеска „Франкфуртер алгемајнехтунг“. До неодамна посетителите на болниците и домовите за стари лица мораа да носат маска FFP2, а тоа важеше и за пациентите и за посетителите на медицинските ординации и установите за дијализа. Тие правила сега се укинати од германската држава, но медицинските установи сè уште може да бараат да се носат маски и не е јасно колку објекти ќе го искористат тоа. Шефот на Националната асоцијација на лекарите за задолжително здравствено осигурување, Андреас Гасен, рече дека медицинската пракса може да го регулира носењето маски во рамките на правилата за секоја здравствена установа посебно.

The post Германија прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, истече рокот за носење маски appeared first on Република.

]]>