корона мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/korona-merki/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Jul 2022 06:36:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png корона мерки Archives - Република https://republika.mk/tema/korona-merki/ 32 32 Најавен состанок на Комисијата за заразни болести, ќе се вратат ли некои мерки? https://republika.mk/vesti/makedonija/najaven-sostanok-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-kje-se-vratat-li-nekoi-merki/ Fri, 15 Jul 2022 06:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=529100

За 45 проценти е зголемен бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела. Се очекува денеска Комисијата за заразни болести да одржи состанок на којшто ќе дискутира за состојбата со корона вирусот во државата.

Согласно последната статистика од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1 365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на КОВИД-19, од кои 105 се реинфекции. Оздравени се 276 пациенти, а нема пријавени починати лица.

Од вкупно 2 309 активни случаи, најголем број се од Скопје – 1 231 или 50 отсто од бројот на активните случаи се во главниот град. Во Крушево, Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против КОВИД-19. Вакцината може да ја примат сите граѓани над 18 години, на сите вакцинални пунктови без закажување. Четвртата доза се спроведува со мРНА вакцината „Фајзер“ или „Модерна“. Растојанието од третата доза до четвртата се препорачува да биде најмалку четири месеци

The post Најавен состанок на Комисијата за заразни болести, ќе се вратат ли некои мерки? appeared first on Република.

]]>

За 45 проценти е зголемен бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела. Се очекува денеска Комисијата за заразни болести да одржи состанок на којшто ќе дискутира за состојбата со корона вирусот во државата. Согласно последната статистика од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1 365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на КОВИД-19, од кои 105 се реинфекции. Оздравени се 276 пациенти, а нема пријавени починати лица. Од вкупно 2 309 активни случаи, најголем број се од Скопје – 1 231 или 50 отсто од бројот на активните случаи се во главниот град. Во Крушево, Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против КОВИД-19. Вакцината може да ја примат сите граѓани над 18 години, на сите вакцинални пунктови без закажување. Четвртата доза се спроведува со мРНА вакцината „Фајзер“ или „Модерна“. Растојанието од третата доза до четвртата се препорачува да биде најмалку четири месеци

The post Најавен состанок на Комисијата за заразни болести, ќе се вратат ли некои мерки? appeared first on Република.

]]>
Позитивен на корона излажал дека ќе оди на лекар, завршил во кафеана во Македонски Брод https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozitiven-na-korona-izlazal-deka-kje-odi-na-lekar-zavrshil-vo-kafeana-vo-makedonski-brod/ Thu, 24 Feb 2022 17:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=463337

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против Д.Р.(26) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 07.02.2022, пријавениот се јавил во дежурната служба во ОВР Македонски Брод, кажал дека е позитивен и дека има потреба од лекарска помош, поради што ќе се упати на лекар.

Но, наместо тоа, тој отишол во угостителскиот објект во Македонски Брод.

The post Позитивен на корона излажал дека ќе оди на лекар, завршил во кафеана во Македонски Брод appeared first on Република.

]]>

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против Д.Р.(26) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 07.02.2022, пријавениот се јавил во дежурната служба во ОВР Македонски Брод, кажал дека е позитивен и дека има потреба од лекарска помош, поради што ќе се упати на лекар. Но, наместо тоа, тој отишол во угостителскиот објект во Македонски Брод.

The post Позитивен на корона излажал дека ќе оди на лекар, завршил во кафеана во Македонски Брод appeared first on Република.

]]>
Сертификатите на сила додека се намали бројот на заразени https://republika.mk/zivot/zdravje/sertifikatite-na-sila-dodeka-se-namali-brojot-na-zarazeni/ Wed, 16 Feb 2022 07:28:22 +0000 https://republika.mk/?p=459077

Невакцинираните граѓани ќе може да пијат кафе во кафеана или да влезат во трговските центри кога ќе се намали бројот на заразени лица.

Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19.

-Во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, кога нема да имаме толку високи бројки ќе може да разговараме и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани, меѓутоа сега во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19, истакна Мехмедовиќ.

Посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие кои го немаат имунитет.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 1.269 случаи на КОВИД-19 од направени 4.047 тестови или 31 процент, вкупно евидентирани 25 починати лица и тоа 14 во последните 24 часа и 11 преку системот „Мој термин“, а оздравени 848 пациенти.

Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.

The post Сертификатите на сила додека се намали бројот на заразени appeared first on Република.

]]>

Невакцинираните граѓани ќе може да пијат кафе во кафеана или да влезат во трговските центри кога ќе се намали бројот на заразени лица. Портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ, изјави дека во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19.
-Во моментот кога ќе има релаксирање на епидемиолошката состојба, кога нема да имаме толку високи бројки ќе може да разговараме и за поинакви мерки кои ќе бидат аплицирани, меѓутоа сега во моментов не може да стане збор за укинување на сертификатите за прележан Ковид-19, истакна Мехмедовиќ.
Посочи дека сертификатите не се во насока на тоа да се спречи трансмисијата, туку да се спречи пренесувањето на вирусот на тие кои го немаат имунитет. Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 1.269 случаи на КОВИД-19 од направени 4.047 тестови или 31 процент, вкупно евидентирани 25 починати лица и тоа 14 во последните 24 часа и 11 преку системот „Мој термин“, а оздравени 848 пациенти. Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.

The post Сертификатите на сила додека се намали бројот на заразени appeared first on Република.

]]>
Чешка ги ублажува мерките – не е потребен сертификат за вакцинација https://republika.mk/vesti/svet/cheshka-gi-ublazuva-merkite-ne-e-potreben-sertifikat-za-vakcinacija/ Wed, 09 Feb 2022 18:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=456396

Чешката Република ги олесни мерките за спречување на ширење на коронавирусот, така што веќе не е потребен сертификат за вакцинација за користење на одредени услуги и присуство на јавни настани, пишува Анадолија.

Од утре нема да има потреба од здравствени пропусници за влез во барови, ресторани, кафулиња и фризерски салони, како и спортски и културни настани.

Премиерот на Чешката Република Петр Фиала најави укинување на повеќе мерки против коронавирусот подоцна во февруари, во зависност од развојот на ситуацијата.

„Повеќето ограничувања ќе бидат укинати до 1 март“, рече Фиала.

Министерот за здравство Властимил Валек рече дека наместо 1.000, од ​​19 февруари до 5.000 луѓе ќе можат да присуствуваат на концерти, спортски натпревари и други настани на кои седат посетители.

За останатите собири наместо 100 ќе биде дозволено присуство на 500 лица.

Чешката влада претходно го укина задолжителното тестирање за коронавирус во училиштата и компаниите.

Во оваа земја членка на Европската унија, која има 10,5 милиони жители, повеќе од 6,8 милиони луѓе се целосно вакцинирани, а бустер дозата ја примија околу 3,9 милиони жители.

Од почетокот на пандемијата, во Чешка се пријавени 37.612 смртни случаи поврзани со коронавирус.

The post Чешка ги ублажува мерките – не е потребен сертификат за вакцинација appeared first on Република.

]]>

Чешката Република ги олесни мерките за спречување на ширење на коронавирусот, така што веќе не е потребен сертификат за вакцинација за користење на одредени услуги и присуство на јавни настани, пишува Анадолија. Од утре нема да има потреба од здравствени пропусници за влез во барови, ресторани, кафулиња и фризерски салони, како и спортски и културни настани. Премиерот на Чешката Република Петр Фиала најави укинување на повеќе мерки против коронавирусот подоцна во февруари, во зависност од развојот на ситуацијата. „Повеќето ограничувања ќе бидат укинати до 1 март“, рече Фиала. Министерот за здравство Властимил Валек рече дека наместо 1.000, од ​​19 февруари до 5.000 луѓе ќе можат да присуствуваат на концерти, спортски натпревари и други настани на кои седат посетители. За останатите собири наместо 100 ќе биде дозволено присуство на 500 лица. Чешката влада претходно го укина задолжителното тестирање за коронавирус во училиштата и компаниите. Во оваа земја членка на Европската унија, која има 10,5 милиони жители, повеќе од 6,8 милиони луѓе се целосно вакцинирани, а бустер дозата ја примија околу 3,9 милиони жители. Од почетокот на пандемијата, во Чешка се пријавени 37.612 смртни случаи поврзани со коронавирус.

The post Чешка ги ублажува мерките – не е потребен сертификат за вакцинација appeared first on Република.

]]>
Русија ги олеснува мерките покрај големиот број случаи на коронавирус https://republika.mk/vesti/svet/rusija-gi-olesnuva-merkite-pokraj-golemiot-broj-sluchai-na-koronavirus/ Sat, 05 Feb 2022 18:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=454593

Русија во недела ќе ублажи некои од своите епидемиолошки мерки во борбата против коронавирусот, и покрај рекордниот број пријавени случаи на инфекција во време кога варијантата Омикрон се шири низ целата земја, објави денеска федералната здравствена служба.

Бројот на дневни случаи на инфекција се зголемува од јануари, но Омикронот не доведе до значително зголемување на смртноста, а Кремљ неодамна ја отфрли можноста за целосно затворање.

Според најновата одредба, луѓето кои биле во контакт со лица заразени со Ковид-19 од недела повеќе нема да мора да бидат во самоизолација.

Во Москва, училиштата и градинките би можеле да ја укинат изолацијата за децата од следната недела, соопшти градската работна група за коронавирус.

Претходно оваа недела, Ана Попова, директорка на федералната служба, рече дека некои од ограничувањата повеќе немаат смисла бидејќи варијантата Омикрон се шири премногу брзо.

До 20 отсто од заразените во Русија и 40 отсто од луѓето во Москва немаат никакви симптоми.

Во последните 24 часа во Русија има 714 смртни случаи, што е помалку од рекордниот број од 1.200 смртни случаи регистрирани во еден ден во ноември.

The post Русија ги олеснува мерките покрај големиот број случаи на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Русија во недела ќе ублажи некои од своите епидемиолошки мерки во борбата против коронавирусот, и покрај рекордниот број пријавени случаи на инфекција во време кога варијантата Омикрон се шири низ целата земја, објави денеска федералната здравствена служба. Бројот на дневни случаи на инфекција се зголемува од јануари, но Омикронот не доведе до значително зголемување на смртноста, а Кремљ неодамна ја отфрли можноста за целосно затворање. Според најновата одредба, луѓето кои биле во контакт со лица заразени со Ковид-19 од недела повеќе нема да мора да бидат во самоизолација. Во Москва, училиштата и градинките би можеле да ја укинат изолацијата за децата од следната недела, соопшти градската работна група за коронавирус. Претходно оваа недела, Ана Попова, директорка на федералната служба, рече дека некои од ограничувањата повеќе немаат смисла бидејќи варијантата Омикрон се шири премногу брзо. До 20 отсто од заразените во Русија и 40 отсто од луѓето во Москва немаат никакви симптоми. Во последните 24 часа во Русија има 714 смртни случаи, што е помалку од рекордниот број од 1.200 смртни случаи регистрирани во еден ден во ноември.

The post Русија ги олеснува мерките покрај големиот број случаи на коронавирус appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство најави скрининг во училиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-najavi-skrining-vo-uchilishtata/ Sat, 29 Jan 2022 08:57:44 +0000 https://republika.mk/?p=451028

Министерот за здравство Беким Сали рече дека второто полугодие ќе започне со физичко присуство, додека како превентивна мерка здравствените власти ќе продолжат да вршат скрининг на учениците, односно тестирање за Ковид-19.

„Според нашите податоци, во овој момент нема да има потреба од онлајн настава, бидејќи епидемиолошката состојба се менува секој ден. Ние врз основа на тие податоци носиме и нови одлуки и нови политики, Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и ние како министерство ќе преземеме превентивни мерки со скриниг кој што ќе биде по случајност направен кај децата и во зависност од регионот, градот, општината, доколку се појави некој можна нова епидемија кај деца, ќе преземеме мерки “, рече Сали.

The post Министерството за здравство најави скрининг во училиштата appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали рече дека второто полугодие ќе започне со физичко присуство, додека како превентивна мерка здравствените власти ќе продолжат да вршат скрининг на учениците, односно тестирање за Ковид-19.
„Според нашите податоци, во овој момент нема да има потреба од онлајн настава, бидејќи епидемиолошката состојба се менува секој ден. Ние врз основа на тие податоци носиме и нови одлуки и нови политики, Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и ние како министерство ќе преземеме превентивни мерки со скриниг кој што ќе биде по случајност направен кај децата и во зависност од регионот, градот, општината, доколку се појави некој можна нова епидемија кај деца, ќе преземеме мерки “, рече Сали.

The post Министерството за здравство најави скрининг во училиштата appeared first on Република.

]]>
Влада: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена https://republika.mk/vesti/makedonija/vlada-se-namaluva-periodot-na-izolacija-ili-karantin-na-7-dena/ Wed, 26 Jan 2022 18:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=449947

Владата на Република Македонија на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.

Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање).

За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура.

Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица кои исполнуваат еден од следните критериуми:

– Вакцинирани со COVID-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци;

– Прележани со COVID-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци;

– Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.

Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден.

На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.

Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

The post Влада: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19. Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање). За лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи да им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни денови доколку лицето е без покачена телесна температура. Според овие промени, лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи на КОВИД-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита. Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица кои исполнуваат еден од следните критериуми: – Вакцинирани со COVID-19 вакцина со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци; – Прележани со COVID-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци; – Лицата кои се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај. Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден. На денешната седница Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

The post Влада: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена appeared first on Република.

]]>
Мехмедовиќ бара построги мерки оти само 40 отсто од населението е вакцинирано https://republika.mk/zivot/zdravje/mehmedovikj-bara-postrogi-merki-oti-samo-40-otsto-od-naselenieto-e-vakcinirano/ Sat, 22 Jan 2022 16:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=448146

Ако останат во сила постојните мерки за заштита и се воведат нови порестриктивна мерки, пикот на ширењето на омикрон варијантата ќе достигне за две до три недели, почеток или средина на февруари, предвидува докторот Злате Мехмедивиќ, во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk зборувајќи со епидемиолошката состојба во земјата по драстичното зголемување на бројот на заразените.

Со цел намалување на последиците врз здравјето на граѓаните, Мехмедовиќ препорачува институциите да ги заострат мерките за заштита преку затварање или драстично намалување на капацитетот на работата на угостителските објекти за да се намали темпото на ширење на заразата.

Тој смета дека на почеток на секој бран на пандемијата граѓаните секогаш ги занемаруваат предупредувањата на докторите се додека не почнат да ги осетат последиците врз нивната кожа, да се разболуваат самите или членовите на нивните семејства или не почнат да умираат нивни блиски.

„Што треба да направат, едноставно да носат маски, да одржат дистанца, да одржуваат лична хигиена и да одбегнуваат да престојуваат во затворени простории“, советува докторот Мехмедовиќ.

Тој тврди дека вакцинацијата е најбезбеден и најефикасен начин да се заштитат од заразата затоа што вакцината не ве разболува туку го активира вашиот имунитет.

„Во одредени случаи, по примање на вакцината можете да добиете миокард, кој може да се следи и третира. Тоа е една од причините што противниците на вакцинацијата го користат дека вакцината не е безбедна. Меѓутоа ризикот од миокард од вакцината е во промили, што е илјадници пати помал ако добиете миокард кога ќе се заразите, во уште полоша форма или смрт“, тврди Мехмедовиќ.

Според него, основна причина за нискиот број на вакцинирани во Македонија е недовербата кон институциите, кои потфрлија во начинот на водење на пандемијата, но и намалување на ефикасноста на вакцините поради појавата на четири варијанти на вирусот.

„Не успеавме да создадеме позитивна клима да се прифати вакцинацијата. Само 40 посто од населението е вакцинирано, тоа за нас е катастрофа. Фалеше сериозна и централизирана кампања. Министерството за здравство беше најповикана да ја води кампањата. Имаше само една или две кампањи за поттикнување на вакцинирањето. Докторите го пополнуваме празниот простор, а на почеток дури и ние немавме стручен консензус. Медиумите ни дадоа страшна поддршка за што заслужуваат секоја почин“, вели Мехмедовиќ.

The post Мехмедовиќ бара построги мерки оти само 40 отсто од населението е вакцинирано appeared first on Република.

]]>

Ако останат во сила постојните мерки за заштита и се воведат нови порестриктивна мерки, пикот на ширењето на омикрон варијантата ќе достигне за две до три недели, почеток или средина на февруари, предвидува докторот Злате Мехмедивиќ, во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk зборувајќи со епидемиолошката состојба во земјата по драстичното зголемување на бројот на заразените.
Со цел намалување на последиците врз здравјето на граѓаните, Мехмедовиќ препорачува институциите да ги заострат мерките за заштита преку затварање или драстично намалување на капацитетот на работата на угостителските објекти за да се намали темпото на ширење на заразата. Тој смета дека на почеток на секој бран на пандемијата граѓаните секогаш ги занемаруваат предупредувањата на докторите се додека не почнат да ги осетат последиците врз нивната кожа, да се разболуваат самите или членовите на нивните семејства или не почнат да умираат нивни блиски.
„Што треба да направат, едноставно да носат маски, да одржат дистанца, да одржуваат лична хигиена и да одбегнуваат да престојуваат во затворени простории“, советува докторот Мехмедовиќ.
Тој тврди дека вакцинацијата е најбезбеден и најефикасен начин да се заштитат од заразата затоа што вакцината не ве разболува туку го активира вашиот имунитет.
„Во одредени случаи, по примање на вакцината можете да добиете миокард, кој може да се следи и третира. Тоа е една од причините што противниците на вакцинацијата го користат дека вакцината не е безбедна. Меѓутоа ризикот од миокард од вакцината е во промили, што е илјадници пати помал ако добиете миокард кога ќе се заразите, во уште полоша форма или смрт“, тврди Мехмедовиќ.
Според него, основна причина за нискиот број на вакцинирани во Македонија е недовербата кон институциите, кои потфрлија во начинот на водење на пандемијата, но и намалување на ефикасноста на вакцините поради појавата на четири варијанти на вирусот.
„Не успеавме да создадеме позитивна клима да се прифати вакцинацијата. Само 40 посто од населението е вакцинирано, тоа за нас е катастрофа. Фалеше сериозна и централизирана кампања. Министерството за здравство беше најповикана да ја води кампањата. Имаше само една или две кампањи за поттикнување на вакцинирањето. Докторите го пополнуваме празниот простор, а на почеток дури и ние немавме стручен консензус. Медиумите ни дадоа страшна поддршка за што заслужуваат секоја почин“, вели Мехмедовиќ.

The post Мехмедовиќ бара построги мерки оти само 40 отсто од населението е вакцинирано appeared first on Република.

]]>
Франција сака да биде пример за почитување на корона мерките https://republika.mk/vesti/svet/francija-saka-da-bide-primer-za-pochituvanje-na-korona-merkite/ Mon, 03 Jan 2022 22:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=440224

Франција, која на 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија (ЕУ) од Словенија, ќе биде пример во спроведувањето мерки против епидемијата на коронавирус, соопштија денеска француските власти.

Со цел навремено да се реагира на развојот на ситуацијата со коронавирусот, секоја втора недела ќе се одржуваат состаноци на претставници на француските власти задолжени за претседателството со ЕУ и претставници во Брисел.

На тој начин ќе се формулираат препораки за форматот на состаноците во рамките на претседавањето со ЕУ, кои ќе се одржуваат во Франција. Овие препораки ќе важат само четири недели, а потоа ќе бидат ревидирани во согласност со епидемиолошката состојба.

Во зависност од епидемијата на коронавирусот, состаноците ќе бидат виртуелни, со физичко присуство или комбинација од двата формати.

Во согласност со актуелната епидемиолошка состојба, од кабинетот на францускиот премиер Жан Кастекс најавија дека до 23 јануари во земјата ќе се одржуваат само многу важни состаноци со физичко присуство, со намален број членови на делегациите.

Француските власти додаваат дека странските делегации кои доаѓаат во Франција ќе мора да ги почитуваат важечките правила за патување

The post Франција сака да биде пример за почитување на корона мерките appeared first on Република.

]]>

Франција, која на 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија (ЕУ) од Словенија, ќе биде пример во спроведувањето мерки против епидемијата на коронавирус, соопштија денеска француските власти. Со цел навремено да се реагира на развојот на ситуацијата со коронавирусот, секоја втора недела ќе се одржуваат состаноци на претставници на француските власти задолжени за претседателството со ЕУ и претставници во Брисел. На тој начин ќе се формулираат препораки за форматот на состаноците во рамките на претседавањето со ЕУ, кои ќе се одржуваат во Франција. Овие препораки ќе важат само четири недели, а потоа ќе бидат ревидирани во согласност со епидемиолошката состојба. Во зависност од епидемијата на коронавирусот, состаноците ќе бидат виртуелни, со физичко присуство или комбинација од двата формати. Во согласност со актуелната епидемиолошка состојба, од кабинетот на францускиот премиер Жан Кастекс најавија дека до 23 јануари во земјата ќе се одржуваат само многу важни состаноци со физичко присуство, со намален број членови на делегациите. Француските власти додаваат дека странските делегации кои доаѓаат во Франција ќе мора да ги почитуваат важечките правила за патување

The post Франција сака да биде пример за почитување на корона мерките appeared first on Република.

]]>