Корнелија Коневска Archives - Република https://republika.mk/tema/kornelija-konevska/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Nov 2022 12:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Корнелија Коневска Archives - Република https://republika.mk/tema/kornelija-konevska/ 32 32 Претставниците на „Остен“, Мице Јанкуловски и Корнелија Конеска на средба со Пендаровски https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavnicite-na-osten-mice-jankulovski-i-kornelija-koneska-na-sredba-so-pendarovski/ Mon, 21 Nov 2022 12:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=576502

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претставниците на „Остен“, Мице Јанкуловски и Корнелија Конеска.

На средбата, претседателот беше запознаен со досегашните активности на „Остен“, меѓународната соработка што ја остваруваат, спроведените изложби и проекти, како и за подготовките кои ги преземаат за успешна реализација на активностите во наредниот период.

Во таа насока, претставниците на „Остен“ информираа за официјалната изложба - Биенале на цртеж, што ќе се одржи на 22 февруари 2023 година во Чифте амам во Скопје, како и за претстојната Светска галерија на карикатури (1969-2023).

Неколку децениското традиционално организирање на Светската галерија на карикатури, како и Светската галерија на цртеж, посочи претседателот Пендаровски, е доказ за оригиналноста и квалитетот на брендот „Остен“ кои ја поттикнуваат слободата кај уметникот и неконвенционалното изразување.

На средбата, претседателот изрази поддршка на развојните проекти и иницијативи на „Остен“ во областа на културата и уметноста, како и на соработката со уметниците и карикатуристите од целиот свет, преку коишто придонесуваат за меѓународна афирмација на нашата земја. Воедно, претседателот го поздрави формирањето на Музејот на цртеж - збирка од над 15.000 дела.

The post Претставниците на „Остен“, Мице Јанкуловски и Корнелија Конеска на средба со Пендаровски appeared first on Република.

]]>