коридор 10 Archives - Република https://republika.mk/tema/koridor-10/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 08:11:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коридор 10 Archives - Република https://republika.mk/tema/koridor-10/ 32 32 Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-bugarija-raboti-na-alternativna-pruga-na-koridor-10-i-zatoa-e-vazhno-nie-shto-poskoro-da-izgradime-brza-pruga/ Tue, 19 Nov 2024 08:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=839437

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски синоќа во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Николоски посочи дека проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.

Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај, рече Николоски.

Појасни дека компанијата која го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која не ја заврши штипската болница и со која што сега Македонија е на арбитража.

Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот, кажа Николоски.

Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцира дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8, истакна министерот Николоски.

The post Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга appeared first on Република.

]]>

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски синоќа во емисијата Топ Тема на ТВ Телма. Николоски посочи дека проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.
Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај, рече Николоски.
Појасни дека компанијата која го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која не ја заврши штипската болница и со која што сега Македонија е на арбитража.
Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот, кажа Николоски.
Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцира дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.
Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8, истакна министерот Николоски.

The post Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга appeared first on Република.

]]>
Коридор 10, железничкото поврзување кај Битола, заеднички таг за патарини – дел од проектите кои Николоски ги дискутираше со грчкиот колега https://republika.mk/vesti/makedonija/koridor-10-zheleznichkoto-povrzuvane-kaj-bitola-zaednichki-tag-za-patarini-del-od-proektite-koi-nikoloski-gi-diskutirashe-so-grchkiot-kolega/ Tue, 22 Oct 2024 16:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=829962

Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на Коридорот 10 и да го вратиме значењето на регионот каде што заслужува во европскиот транспорт на добра и патници, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на билатералната средба во Солун со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-gi-povika-grchkite-investitori-da-investiraat-kaj-nas/

Како што информираат од Министерство за транспорт, Николоски потенцираше дека Владата е силно посветена на проектот за изградба на нова брза пруга на коридор 10 со која ќе се забрза транспортот на добра и услуги од пристаништата од Грција кон Централна Европа и обратно.

Овој проект кој има регионално значење е од огромен интерес за сите земји и оттаму се јавува потребата заеднички да се пристапи кон негова реализација се со цел бенефитот од брза пруга да го имаат сите земји и економиите во нив, потенцираше министерот Николоски.

Во таа насока го отвори и прашањето за железничкото поврзување кај Кременица (Битола), заради потребата од побрза регионална конекција во Пелагонискиот регион и алтернативна врска со пристаништата. Исто така на средбата се отворија и прашањата за подобрување на патната инфраструктура во двете земји како услов за побрз транспорт и побезбеден сообраќај. Во тој контекст министерот ги презентираше плановите на Владата за реализација на проекти во патната мрежа како и инсталација на интелигентни транспортни системи на Коридор 10.

Министерот Николоски ја отвори и темата за наплатните станици и поминување на македонските и грчки граѓани на патарините со еден заеднички таг, по примерот со Србија. Двајцата министри разговараа и за олеснување на транспортот и трговијата на граничните премини како регионален проект преку кој бенефит би имале двете економии.

Двајцата министри изразија огромно задоволство за оваа прва билатерална средба, со заклучок дека двете земји имаат широко поле на соработка и дека во периодот што следи ќе се интензивира таквата соработка со цел економски развој на регионот преку заеднички проекти.

The post Коридор 10, железничкото поврзување кај Битола, заеднички таг за патарини – дел од проектите кои Николоски ги дискутираше со грчкиот колега appeared first on Република.

]]>

Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на Коридорот 10 и да го вратиме значењето на регионот каде што заслужува во европскиот транспорт на добра и патници, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на билатералната средба во Солун со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-gi-povika-grchkite-investitori-da-investiraat-kaj-nas/ Како што информираат од Министерство за транспорт, Николоски потенцираше дека Владата е силно посветена на проектот за изградба на нова брза пруга на коридор 10 со која ќе се забрза транспортот на добра и услуги од пристаништата од Грција кон Централна Европа и обратно.
Овој проект кој има регионално значење е од огромен интерес за сите земји и оттаму се јавува потребата заеднички да се пристапи кон негова реализација се со цел бенефитот од брза пруга да го имаат сите земји и економиите во нив, потенцираше министерот Николоски.
Во таа насока го отвори и прашањето за железничкото поврзување кај Кременица (Битола), заради потребата од побрза регионална конекција во Пелагонискиот регион и алтернативна врска со пристаништата. Исто така на средбата се отворија и прашањата за подобрување на патната инфраструктура во двете земји како услов за побрз транспорт и побезбеден сообраќај. Во тој контекст министерот ги презентираше плановите на Владата за реализација на проекти во патната мрежа како и инсталација на интелигентни транспортни системи на Коридор 10. Министерот Николоски ја отвори и темата за наплатните станици и поминување на македонските и грчки граѓани на патарините со еден заеднички таг, по примерот со Србија. Двајцата министри разговараа и за олеснување на транспортот и трговијата на граничните премини како регионален проект преку кој бенефит би имале двете економии. Двајцата министри изразија огромно задоволство за оваа прва билатерална средба, со заклучок дека двете земји имаат широко поле на соработка и дека во периодот што следи ќе се интензивира таквата соработка со цел економски развој на регионот преку заеднички проекти.

The post Коридор 10, железничкото поврзување кај Битола, заеднички таг за патарини – дел од проектите кои Николоски ги дискутираше со грчкиот колега appeared first on Република.

]]>
Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар https://republika.mk/vesti/ekonomija/brza-pruga-na-koridor-10-i-kvalitetno-povrzuvane-na-skopje-so-budimpeshta-pregovaraa-nikoloski-i-kolegata-lazar/ Fri, 27 Sep 2024 09:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=820174

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа била главна тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и  министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар. Средбата е во рамки на работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.

Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10, истакнал Николоски.

Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.

На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите.

Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.

Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики, потенцирал Николоски по средбата.

Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување. 

The post Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар appeared first on Република.

]]>

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа била главна тема на средбата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и  министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар. Средбата е во рамки на работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.
Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10, истакнал Николоски.
Тој на средбата, што се одржа во Охрид, ја потенцирал важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот. На средбата се разговарало и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите. Министерот, исто така, информирал и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изразил благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.
Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики, потенцирал Николоски по средбата.
Двајцата министри се согласиле за интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување. 

The post Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, преговараа Николоски и колегата Лазар appeared first on Република.

]]>
Нема поголем приоритет од изградбата на брзата пруга на Коридор 10 https://republika.mk/vesti/ekonomija/nema-pogolem-prioritet-od-izgradbata-na-brzata-pruga-na-koridor-10/ Thu, 19 Sep 2024 17:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=817907

Најголем приоритет нa заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски му е да ја изгради брзата пруга на Коридор 10. Николоски го рангира овој проект како најважен проект, кој ќе ја оснесе Македонија во иднината и ќе придонесе за економски развој.

Со овој проект ќе фатиме чекор со светот и нема да останеме слепо црево, истакна министерот Николоски во вечарашната емисија “Само интервју” на ТВ Канал 5 .

Во интервјуто тој нагласи дека овој проект е исплатлив и дека веќе постои проект од 1978 година за изградба на пруга со проектирана брзина од 140 до 250 km на час.

Ако ме прашувате за исплатливоста, тој е исплатлив. Тогашниот проект не се реализирал веројатно заради распадот на Југаославија. И тој проект би не чинел поевтино од пругата кон Бугарија, некаде по километар меѓу 6 до 10 милиони евра, што значи ако Македонија има околу 215 km пруга од Табановце до Гевгелија, тоа би значело некаде од 1,6 милијарди  до 2,1 милијарда евра да се изгради пруга со две линии. Потенцирам тоа ќе биде пруга со две линии. Јас проектов ќе го завршам и нема да биде изграден од руска, кинеска или индиска компанија, ќе го почнам и ќе го завршам бидејќи очекувам ВМРО-ДПМНЕ да има два мандати, истакна министерот Николоски.

Тој потенцираше дека брза пруга Скопје – Солун ќе значи развој на државата во целина од прични што покрај пругата можат да се градат потенцијално економски зони кои како поевтин транспорт би го користеле железничкиот.

Најави дека во текот на утрешниот ден на состанокот на министри на ЕУ што се оддржува во Будимпешта, ќе се сретне со министрите за транспорт од Грција, Србија Унгарија и Австрија, каде меѓудругото фокус тема на разговорите ќе биде и изградба на брзата пруга на Коридор 10.

Во однос на прекинување на постапка за изградба на 3-та фаза од пругата кон Бугарија, министерот Николоски потенцира дека не е против изгардба на пруга кон Бугарија, но нема да се гради по траса која е неизводлива, прескапа и на начин со обиди на корупција лично него и на претседателот на Владата за што јавно беше истакнато.

The post Нема поголем приоритет од изградбата на брзата пруга на Коридор 10 appeared first on Република.

Железничкиот Коридор 10 меѓу Белград и Скопје приоритет во односите меѓу Србија и Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/zheleznichkiot-koridor-10-megu-belgrad-i-skopje-prioritet-vo-odnosite-megu-srbija-i-makedonija/ Thu, 05 Sep 2024 06:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=813294

Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа во Белград ја прими и водеше разговори со македонската делегација предводена од заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

На средбата е разговарано за политичката и економската соработка меѓу двете држави, а теми биле и Отворен Балкан и железничкото поврзување на Белград со Скопје со брз воз.

-Ми претставува огромно задоволство што денешната работна посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ освен што го отслика нивото на одличните билатерални односи меѓу македонската и српската држава беше и одлична прилика за дефинирање на следните заеднички чекори  и активности. Во фокус на разговорите беше можноста за претставување и учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО 2027 година, како и иницијативата за одржување меѓувладини седници меѓу македонската и српската Влада, кои би требало да трасираат нови можности за подобрување на билатералната соработка, како и можности за заедничка соработка со трети пазари. Со премиерот Вучевиќ зборувавме и за интензивирање и унапредување на активностите поврзани со процесот Опен Балкан.  Согласни сме дека со интензивирање на економската соработка придонесуваме за регионален мир и стабилност. Во рамки на оваа работна средба која воедно е и подготовка за посетата на претседателот на Владата на Република Србија Вучевиќ на покана од претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски, планирана за крајот на септември, предвидени се уште неколку работни состаноци кои верувам дека ќе бидат исто толку продуктивни колку и денешнате средби и, пред сѐ, ќе придонесат за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји, изјави вицепремиерот Стоилковиќ на прес-конференцијата.

Тој се осврна и на темата за изграда на Коридорот 10 меѓу Белград и Скопје.

-Бидејќи тендерот во македонските железници се завршува во текот на оваа недела, ќе можеме да го реализираме она што го ветивме, а тоа е конечно локомотивите да почнат да сообраќаат и да може Коридорот 10 да функционира. Овој коридор во македонски железници подолго врме е во лоша состојба, но новата влада и министерот Николовски посветуваат повеќе внимание за овој коридор од останатите коридори и Мaкeдонија има намера да се приклучи кон изградба на брзата пруга, период кој ќе трае наредните 5- 6 години, да се поврзе Солун преку Скопје и Ниш, Белград, Будимпешта и Австрија, рече Стоилковиќ.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ посочи дека двете држави имаат многу заеднички нешта, дека нема отворени прашања меѓу двете земји и дека наше е да ги подобриме овие односи, да работиме на зајакнување на Западен Балкан и влез во ЕУ, за да не останеме „слепо црево“ и заборавени во оваа геополитичка поделба.

Вучевиќ смета дека мора да бидеме вреднувани согласно сите реформи и потсети дека Македонија имала тешки реформи, што е нешто што треба да се вреднува.

-Треба да формираме мешовита комисија за економска соработка. Разговарав со министерот Момировиќ тоа да се забрза, не чека потпишување на меморандум за интерконекторот за снабдување со гас, Србија сака да има диверзификација на енергентите. Треба да работиме и на единствен софтвер за луѓето да не се задржуваат на граничните премини, да нема метеж. Заинтересирани сме за соработка за она што е Отврен Балкан, ќе имаме новости за ЦЕФТА, а најважно е да се зачува мирот на Западен Балкан, тоа ни треба на сите, рече Вучевиќ.

Српскиот премиер уште еднаш упати честитки до новата влада на Македонија, истакнувајќи дека таа ќе биде достојна за одговорност пред граѓаните. Посочи дека не памети Србин да бил член на македонската влада.

-Затоа сме му благодарни на македонскиот премиер Мицкоски и го чекаме во Белград. Среќен сум поради продолжувањето на соработката меѓу двете земји, рече Вучевиќ.

The post Железничкиот Коридор 10 меѓу Белград и Скопје приоритет во односите меѓу Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>

Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа во Белград ја прими и водеше разговори со македонската делегација предводена од заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. На средбата е разговарано за политичката и економската соработка меѓу двете држави, а теми биле и Отворен Балкан и железничкото поврзување на Белград со Скопје со брз воз.
-Ми претставува огромно задоволство што денешната работна посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ освен што го отслика нивото на одличните билатерални односи меѓу македонската и српската држава беше и одлична прилика за дефинирање на следните заеднички чекори  и активности. Во фокус на разговорите беше можноста за претставување и учество на македонското стопанство при реализацијата на ЕКСПО 2027 година, како и иницијативата за одржување меѓувладини седници меѓу македонската и српската Влада, кои би требало да трасираат нови можности за подобрување на билатералната соработка, како и можности за заедничка соработка со трети пазари. Со премиерот Вучевиќ зборувавме и за интензивирање и унапредување на активностите поврзани со процесот Опен Балкан.  Согласни сме дека со интензивирање на економската соработка придонесуваме за регионален мир и стабилност. Во рамки на оваа работна средба која воедно е и подготовка за посетата на претседателот на Владата на Република Србија Вучевиќ на покана од претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски, планирана за крајот на септември, предвидени се уште неколку работни состаноци кои верувам дека ќе бидат исто толку продуктивни колку и денешнате средби и, пред сѐ, ќе придонесат за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји, изјави вицепремиерот Стоилковиќ на прес-конференцијата.
Тој се осврна и на темата за изграда на Коридорот 10 меѓу Белград и Скопје.
-Бидејќи тендерот во македонските железници се завршува во текот на оваа недела, ќе можеме да го реализираме она што го ветивме, а тоа е конечно локомотивите да почнат да сообраќаат и да може Коридорот 10 да функционира. Овој коридор во македонски железници подолго врме е во лоша состојба, но новата влада и министерот Николовски посветуваат повеќе внимание за овој коридор од останатите коридори и Мaкeдонија има намера да се приклучи кон изградба на брзата пруга, период кој ќе трае наредните 5- 6 години, да се поврзе Солун преку Скопје и Ниш, Белград, Будимпешта и Австрија, рече Стоилковиќ.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ посочи дека двете држави имаат многу заеднички нешта, дека нема отворени прашања меѓу двете земји и дека наше е да ги подобриме овие односи, да работиме на зајакнување на Западен Балкан и влез во ЕУ, за да не останеме „слепо црево“ и заборавени во оваа геополитичка поделба. Вучевиќ смета дека мора да бидеме вреднувани согласно сите реформи и потсети дека Македонија имала тешки реформи, што е нешто што треба да се вреднува. -Треба да формираме мешовита комисија за економска соработка. Разговарав со министерот Момировиќ тоа да се забрза, не чека потпишување на меморандум за интерконекторот за снабдување со гас, Србија сака да има диверзификација на енергентите. Треба да работиме и на единствен софтвер за луѓето да не се задржуваат на граничните премини, да нема метеж. Заинтересирани сме за соработка за она што е Отврен Балкан, ќе имаме новости за ЦЕФТА, а најважно е да се зачува мирот на Западен Балкан, тоа ни треба на сите, рече Вучевиќ. Српскиот премиер уште еднаш упати честитки до новата влада на Македонија, истакнувајќи дека таа ќе биде достојна за одговорност пред граѓаните. Посочи дека не памети Србин да бил член на македонската влада.
-Затоа сме му благодарни на македонскиот премиер Мицкоски и го чекаме во Белград. Среќен сум поради продолжувањето на соработката меѓу двете земји, рече Вучевиќ.

The post Железничкиот Коридор 10 меѓу Белград и Скопје приоритет во односите меѓу Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска: Реализацијата на железницата од Коридорот 10 носи додадена вредност, она што е потребно во моментот на бизнисот и земјата https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-realizatsijata-na-zheleznitsata-od-koridorot-10-nosi-dodadena-vrednost-ona-shto-e-potrebno-vo-momentot-na-biznisot-i-zemjata/ Tue, 06 Aug 2024 09:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=803818

Реализација на проекти кои имаат додадена вредност, кои ќе имаат влијание на растот на БДП и од кои ќе имаат бенефит граѓаните е она што во моментот и треба на земјата. Проекти кои ќе значат пониски трошоци за компаниите и кои ќе им ги олеснат условите за водење бизнис.

Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Македонското радио осврнувајќи се на прашањето околу проектот за изградба на железничката пруга од Коридорот 8.

Суштината е да ги добиеме истите услови и средства, како за Коридорот 8, само за друг проект. Крајната цел е да ги обезбедиме истите средства за пругата од Коридорот 10, како за пругата од Коридорот 8. Ирелевантно е на кој начин ќе се изразуваме. За граѓаните е важно и суштински што ќе добијат, односно да добијат проект, проект кој ќе има додадена вредност, да им заштедиме пари, бидејќи другиот проект од Коридорот 8, завршува во ткн. слепа улица. Терминолошки дали ќе се изразиме како нова апликација или ќе употребиме пренамена во суштина е тоа што го добиваме со Коридорот 8, истото го бараме за Коридорот 10. На граѓаните не им е важно дали е нова апликација или слично, нив им е важен бенефитот од самиот проект и во тоа е суштината - истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека постои секојдневна комуникација и координација со премиерот и министерот за транспорт и врски, особено околу реализацијата на крупните инфраструктурни проекти.

Како што појасни, целта е на компаниите во моментов да им се овозможи железнички транспорт на стока од пристаништето во Солун кое е поблиску и кое создава пониски трошоци за нив, а со реализацијата на проектот од Коридорот 10 дополнително да се намалат тие трошоците.

Ова, потенцира, е важно и од аспект на цената на производите кои ќе ги извезуваат македонските компании во странство, а дополнителен предизвик кој стои пред оваа Влада е и декарбонизацијата која претстои. Затоа е прашањето каква политика како Влада би воделе ако во моментов правиме нешто што нема додадена вредност за компаниите и не влијае на намалување на нивните трошоци.

Димитриеска-Кочоска потенцира дека ова не значи дека се спори проектот за изградба на железничката пругра од Коридорот 8, но смета дека треба да се работи на проекти кои ќе значат раст на БДП, кои ќе обезбедат ликвидност за сервисирање на обврските и за некој период од денес да можеме да размислуваме за Коридорот 8 и изградба на железницата.

Во интервјуто посочи дека за годината очекува проектираниот раст на БДП да биде поддржан преку реализација на проектите предвидени со ребалансот на локално ниво, односно преку општините, како и проекти во другите ресорни министерства и очекува посветеност во реализацијата.

Најави дека веќе се работи на подготовка на буџетот за 2025 година и дека предизвици се уште има од штетите што се направени и кои се надоместуваат со Ребалансот на Буџетот. Вели дека ќе се оди чекор по чекор и со сериозни мерки за фискална консолидација.

The post Димитриеска-Кочоска: Реализацијата на железницата од Коридорот 10 носи додадена вредност, она што е потребно во моментот на бизнисот и земјата appeared first on Република.

]]>

Реализација на проекти кои имаат додадена вредност, кои ќе имаат влијание на растот на БДП и од кои ќе имаат бенефит граѓаните е она што во моментот и треба на земјата. Проекти кои ќе значат пониски трошоци за компаниите и кои ќе им ги олеснат условите за водење бизнис. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Македонското радио осврнувајќи се на прашањето околу проектот за изградба на железничката пруга од Коридорот 8.
Суштината е да ги добиеме истите услови и средства, како за Коридорот 8, само за друг проект. Крајната цел е да ги обезбедиме истите средства за пругата од Коридорот 10, како за пругата од Коридорот 8. Ирелевантно е на кој начин ќе се изразуваме. За граѓаните е важно и суштински што ќе добијат, односно да добијат проект, проект кој ќе има додадена вредност, да им заштедиме пари, бидејќи другиот проект од Коридорот 8, завршува во ткн. слепа улица. Терминолошки дали ќе се изразиме како нова апликација или ќе употребиме пренамена во суштина е тоа што го добиваме со Коридорот 8, истото го бараме за Коридорот 10. На граѓаните не им е важно дали е нова апликација или слично, нив им е важен бенефитот од самиот проект и во тоа е суштината - истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека постои секојдневна комуникација и координација со премиерот и министерот за транспорт и врски, особено околу реализацијата на крупните инфраструктурни проекти.
Како што појасни, целта е на компаниите во моментов да им се овозможи железнички транспорт на стока од пристаништето во Солун кое е поблиску и кое создава пониски трошоци за нив, а со реализацијата на проектот од Коридорот 10 дополнително да се намалат тие трошоците. Ова, потенцира, е важно и од аспект на цената на производите кои ќе ги извезуваат македонските компании во странство, а дополнителен предизвик кој стои пред оваа Влада е и декарбонизацијата која претстои. Затоа е прашањето каква политика како Влада би воделе ако во моментов правиме нешто што нема додадена вредност за компаниите и не влијае на намалување на нивните трошоци. Димитриеска-Кочоска потенцира дека ова не значи дека се спори проектот за изградба на железничката пругра од Коридорот 8, но смета дека треба да се работи на проекти кои ќе значат раст на БДП, кои ќе обезбедат ликвидност за сервисирање на обврските и за некој период од денес да можеме да размислуваме за Коридорот 8 и изградба на железницата. Во интервјуто посочи дека за годината очекува проектираниот раст на БДП да биде поддржан преку реализација на проектите предвидени со ребалансот на локално ниво, односно преку општините, како и проекти во другите ресорни министерства и очекува посветеност во реализацијата. Најави дека веќе се работи на подготовка на буџетот за 2025 година и дека предизвици се уште има од штетите што се направени и кои се надоместуваат со Ребалансот на Буџетот. Вели дека ќе се оди чекор по чекор и со сериозни мерки за фискална консолидација.

The post Димитриеска-Кочоска: Реализацијата на железницата од Коридорот 10 носи додадена вредност, она што е потребно во моментот на бизнисот и земјата appeared first on Република.

]]>
Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/saratsin-bugarija-e-zbuneta-od-baraneto-na-nikoloski/ Sat, 27 Jul 2024 16:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=800834

Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, пренесува бугарски „Труд“.

Според Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот.

За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје“, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10.

Дополнително, тој коментира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување.

Инаку, Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vladata-ke-bara-del-od-sredstvata-za-izgradba-na-pruga-do-bugarija-da-se-prenamenat-za-brzata-pruga-na-koridorot-10/

Забелешката е дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција.

Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин на оваа тема.

Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Македонија се зборува како за држава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели:

За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје“.

Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.

Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.

Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сè уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ.

Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8.

Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.

Бараме и од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка, со кои потпишале договор претходната влада на СДСМ и ДУИ, тие средства да се пренаменат за изградба на брза пруга по Коридорот 10 и рехабилитација на постојниот коридор 10. Од Табановце до Гевгелија, значи од границата со Србија до границата со Грција за да можат возовите да одат со 100 до 120 километри на час, рехабилитација на постојната пруга, проект што ќе чини 250 милиони евра“, рече Николоски.

The post Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски appeared first on Република.

]]>

Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, пренесува бугарски „Труд“. Според Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот.
За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје“, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10.
Дополнително, тој коментира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување. Инаку, Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vladata-ke-bara-del-od-sredstvata-za-izgradba-na-pruga-do-bugarija-da-se-prenamenat-za-brzata-pruga-na-koridorot-10/ Забелешката е дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција.
Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин на оваа тема.
Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Македонија се зборува како за држава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели:
За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје“.
Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.
Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.
Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сè уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ. Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8. Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.
Бараме и од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка, со кои потпишале договор претходната влада на СДСМ и ДУИ, тие средства да се пренаменат за изградба на брза пруга по Коридорот 10 и рехабилитација на постојниот коридор 10. Од Табановце до Гевгелија, значи од границата со Србија до границата со Грција за да можат возовите да одат со 100 до 120 километри на час, рехабилитација на постојната пруга, проект што ќе чини 250 милиони евра“, рече Николоски.

The post Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски appeared first on Република.

]]>
Власта даде 200 милиони евра за коридорите 8 и 10, а нема лопата фрлено – и таблата избледе https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-dade-200-milioni-evra-za-koridorite-8-i-10-a-nema-lopata-frleno-i-tablata-izblede/ Wed, 17 Jan 2024 08:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=733876

182 ден од 2023 година, над 200 милиони евра се префрлени на изведувачот на коридорите 8 и 10, без да биде почната некаква работа на терен. Осум месеци откако власта официјално ја отпочна изградбата на коридорите 8 и 10, на терен нема ништо. И таблата која ја поставија веќе избледе, набројува ВМРО-ДПМНЕ.

200 милиони евра се уплатени однапред, а на терен не само што нема отпочнато изградба, туку нема ни експропријација, ниту пак проект, народски кажано една лопата не е фрлена, а 200 милиони веќе 8-ми месец се на сметката на изведувачот.Власта спроведе криминогена постапка, уште со надзорот, кој наместо реномирана фирма од областа на градежништвото е фабрика за долен веш. Со влада како СДС и ДУИ коридорите 8 и 10 никогаш не би биле довршени. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

The post Власта даде 200 милиони евра за коридорите 8 и 10, а нема лопата фрлено – и таблата избледе appeared first on Република.

Машините се на терен, се подготвува изградбата на модерниот автопат Прилеп – Битола, тврди Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/mashinite-se-na-teren-se-podgotvuva-izgradbata-na-moderniot-avtopat-prilep-bitola-tvrdi-vladata/ Sat, 13 May 2023 14:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=640465

Продолжуваат подготвителните градежни работи на Коридорот 10д на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на овој коридор чиј почеток на реализација беше означен вчера во Прилеп. Согласно предвидената динамика во договорот за изградба, во следните денови ќе се вршат геомеханичките истражувања на теренот, за подготовка на изградбата на автопатот кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола, а на нашата држава ќе и обезбеди модерна автопатска делница која ќе го забрза патувањето кон соседните држави. Оваа автопатска делница со вкупна должина од 39,3 километри е приоритетна за граѓаните од Прилеп, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, како и за сите останати кои живеат или транзитираат низ овој регион.

[caption id="attachment_640471" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]

Коридорот 10д и Коридорот 8 се најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава. Со проектот е предвидена изградба на модерни автопатски делници на четири патни правци во должина од 110 километри, како дел од Коридорите 8 и 10д: автопатот Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и автопатот Прилеп – Битола. Автопатските делници е предвидено да бидат изградени во следните четири години и седум месеци, а изведувач на проектот е американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Модернизацијата на двата Коридори 8 и 10д за Македонија се можност за целосно интегрирање со регионот и со европската мрежа на коридори во Европа, преку кои создаваме можности за економска конкурентност и напредок на државата.

[caption id="attachment_640469" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]

Овој проект е најзначаен во историјата на нашата држава и од причина што Коридорoт 8, станува дел од мрежата на главните трансевропски коридори за што веќе следната недела Владата на Република Македонија и Европската Унија ќе потпишат анекс на договорот со кој Коридор 8 се вклучува во главните коридори во Западен Балкан како дел од трансевропските мрежи на ЕУ.

Со реализација на овој проект ја заокружуваме патната оска Исток - Запад, со што се поврзуваме со две пристаништа: едното во Бургас, Република Бугарија и другото во Драч, Република Албанија. Дополнително, преку пристаништето во Драч ја имаме можноста за поврзување со пристаништето Бриндизи во Италија. Во иста мерка значаен е и Коридорот 10д кој нѐ поврзува на југозапад со Република Грција преку граничниот премин Меџитлија бидејќи со реализација на новата автопатска делница се забрзува патувањето во овој патен правец и се овозможува уште една врска со солунското пристаниште како услов за развој на пелагонискиот регион.

[caption id="attachment_640467" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]

Со изведбата на овој проект се обезбедуваат нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Реализацијата на проектот и ангажманот на домашни компании во неговата изградба, ќе отвори голем број можности за нови бизниси и ќе се создадат услови за рамномерен регионален развој, а државата ќе се позиционира на светската економска и инфраструктурна карта.

The post Машините се на терен, се подготвува изградбата на модерниот автопат Прилеп – Битола, тврди Владата appeared first on Република.

]]>

Продолжуваат подготвителните градежни работи на Коридорот 10д на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на овој коридор чиј почеток на реализација беше означен вчера во Прилеп. Согласно предвидената динамика во договорот за изградба, во следните денови ќе се вршат геомеханичките истражувања на теренот, за подготовка на изградбата на автопатот кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола, а на нашата држава ќе и обезбеди модерна автопатска делница која ќе го забрза патувањето кон соседните држави. Оваа автопатска делница со вкупна должина од 39,3 километри е приоритетна за граѓаните од Прилеп, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, како и за сите останати кои живеат или транзитираат низ овој регион. [caption id="attachment_640471" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption] Коридорот 10д и Коридорот 8 се најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава. Со проектот е предвидена изградба на модерни автопатски делници на четири патни правци во должина од 110 километри, како дел од Коридорите 8 и 10д: автопатот Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и автопатот Прилеп – Битола. Автопатските делници е предвидено да бидат изградени во следните четири години и седум месеци, а изведувач на проектот е американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Модернизацијата на двата Коридори 8 и 10д за Македонија се можност за целосно интегрирање со регионот и со европската мрежа на коридори во Европа, преку кои создаваме можности за економска конкурентност и напредок на државата. [caption id="attachment_640469" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption] Овој проект е најзначаен во историјата на нашата држава и од причина што Коридорoт 8, станува дел од мрежата на главните трансевропски коридори за што веќе следната недела Владата на Република Македонија и Европската Унија ќе потпишат анекс на договорот со кој Коридор 8 се вклучува во главните коридори во Западен Балкан како дел од трансевропските мрежи на ЕУ. Со реализација на овој проект ја заокружуваме патната оска Исток - Запад, со што се поврзуваме со две пристаништа: едното во Бургас, Република Бугарија и другото во Драч, Република Албанија. Дополнително, преку пристаништето во Драч ја имаме можноста за поврзување со пристаништето Бриндизи во Италија. Во иста мерка значаен е и Коридорот 10д кој нѐ поврзува на југозапад со Република Грција преку граничниот премин Меџитлија бидејќи со реализација на новата автопатска делница се забрзува патувањето во овој патен правец и се овозможува уште една врска со солунското пристаниште како услов за развој на пелагонискиот регион. [caption id="attachment_640467" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption] Со изведбата на овој проект се обезбедуваат нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Реализацијата на проектот и ангажманот на домашни компании во неговата изградба, ќе отвори голем број можности за нови бизниси и ќе се создадат услови за рамномерен регионален развој, а државата ќе се позиционира на светската економска и инфраструктурна карта.

The post Машините се на терен, се подготвува изградбата на модерниот автопат Прилеп – Битола, тврди Владата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со Коридорот 10-д ја позиционираме државата на инфраструктурната карта на Европа, отвораме можности за нови бизниси и работни места https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-koridorot-10-d-ja-pozitsionirame-drzhavata-na-infrastrukturnata-karta-na-evropa-otvorame-mozhnosti-za-novi-biznisi-i-rabotni-mesta/ Fri, 12 May 2023 12:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=640169

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Прилеп, присуствуваше и се обрати на настан по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д, кој заедно со Коридорот 8 е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата.

Го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

Чест и задоволство ми е што денеска го означуваме почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава на Коридорот 10-д, преку подготвителните работи, кои веќе можете и да ги забележите, тука на оваа траса, на идната автопатска делница Прилеп-Битола.

Ова е проект којшто е од национален и стратешки интерес за државата, од кој придобивка ќе имаат граѓаните, економијата и државите коишто ги поврзува овој Коридор. Изградбата на Коридорот 10-д е траен влог и наследство за идните генерации.

Драго ми е што и нашите стратешки партнери САД, ја препознаваат важноста на владините политики што ги преземаме за развој на инфраструктурата, особено бенефитот што ќе го има не само нашата држава, туку и соседните држави од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект, Коридорите 8 и 10-д. И за време на мојата работна посета на САД, добивме силна поддршка и беше изразено огромно задоволство, што токму конзорциум „Бехтел и Енка“, составен од американска и турска компанија е изведувач на овој стратешки проект.

Изведбата на делницата Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10-д, во должина од 40 километри, заедно со автопатските делници од Коридорот 8, претставуваат најголема капитална инвестиција во нашата земја, која ќе биде пресвртница во развојот на нашата држава.

Инвестиција, со чијашто реализација нашата држава конечно од кружен тек на Балканот станува вистинска крстосница на Балканот. Инвестиција, со којашто Македонија ја позиционираме на економската и инфраструктурната карта на Европа. Тоа што беше многугодишна стратешка определба на многу влади, оваа Влада денес го реализира.

Денес проверував еден факт, а тоа е дека од осамостојувањето на нашата држава, скоро во 90% од времето министри за транспорт и врски биле или од Прилеп или од Битола или од Ресен и никогаш не го направиле автопатот меѓу Битола и Прилеп. Затоа министер од Штип, Благоја Бочварски заедно со Ејуп Рустеми ќе го направат автопатот од Прилеп до Битола или од Битола до Прилеп, како милуваат граѓаните.

Вложуваме во капитални проекти од историска важност, бидејќи не само што ги поврзуваме градовите, регионите, туку и ја поврзуваме нашата држава со околните држави и со светот, со модерна патна инфраструктура која ќе привлече туристи, но и странски инвеститори со што ќе се подобри имиџот на нашата држава во светски рамки.

Коридорите 8 и 10-д, кои досега беа само на хартија, се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор. За прв пат, преку модерна инфраструктура после 30 години се поврзуваме со исток и запад, се поврзуваме со нови пристаништа во Драч и во Бургас, ги зајакнуваме транспортните врски со регионот.

Придобивките од изградбата на овој проект се огромни и од повеќе аспекти. Изградбата на коридорите 8 и 10-д значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Паралелно, со реализацијата на овој проект, се отвораат можности за нови бизниси, изградба на нови објекти од различни дејности, бензински пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите.

Кај нас најразвиени се регионите кои се наоѓаат на коридорот 10, а најмалку развиени се регионите кои се наоѓаат на никогаш изградениот коридор 8, североистокот и југозападот на земјата. Со ова обезбедуваме и рамномерен регионален развој имајќи предвид дека веќе се гради експресниот пат кон границата со Бугарија.

Отворањето на нови бизниси значи и нови даночни обврзници и нови приливи во државната буџетска каса, што дополнително влијае врз развојот на стопанството, бизнис заедницата, и крајно растот на економијата и можности за вложување во подобро образование, здравство и подобри услуги за граѓаните.

Инвестираме во современи, модерни патишта коишто ќе ја подобрат безбедноста и квалитетот во патната инфраструктура.

Од 2017 до 2022 година се вложени 1 милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта. Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати или по 5,8 километри автопат годишно. Сега, со Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д, започнавме со подготвителните работи за изградба на околу 110 километри автопатишта во следните 4 години или по 23 километри автопат годишно.

Со промената на актуелните законски решенија ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно изведување на коридорите, но и на сите идни стратешки проекти како овој, со што го трасираме патот за брз економски раст на државата.

Законските измени се предвидени и за патната и за железничката и за енергетската инфраструктура од стратешко значење за државата.

Токму овие бројки, се доказ за нашата посветеност во подобрување на условите за животот на граѓаните. Со изградбата на двата коридори 8 и 10-д, парите на граѓаните ги вложуваме во нивната иднина, во безбедни патишта, квалитетна инфраструктура и подобри, конкурентни работни места.

Инвестирањето во патиштата е и инвестиција во нашата иднина. За реализација на големите стратешки проекти потребни се храбри и одлучни чекори во интерес на граѓаните.

Повеќе пати сум изјавил и овој пат ќе повторам-нема да отстапам од инвестиции во инфраструктурата и од инвестициите во енергетската независност на државата, инвестиции во зголемување на енергетските капацитети на државата, бидејќи тие се предуслов за економски раст на државата, за подобра иднина на сите нас.

Моја цел и целта на Владата, е да имаме просперитетна држава со модерни и безбедни патишта, држава која ќе се темели и ќе ги промовира четирите слободи на кои и Европската Унија почива - слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Слободно движење не постои без изградба на коридори. Верувам дека овие цели за нас се достижни, затоа што нема недостижна цел.

Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжи по патот на прогресот, ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата и во проекти кои ќе обезбедат брз напредок и просперитет на државата, подобри услови за животот за сегашните и идните генерации на наши граѓани.

Посакувам успешна работа и изведба и на овој Коридор 10-д, кој ќе донесе подобра иднина за нашата држава, но и за државите околу нас и пошироко.

За крај, сакам да им порачам и на Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта и на „Бехтел и на Енка“, другари и другарки, дами и господа – да се фатиме за работа, доста беше зборување.“

The post Ковачевски: Со Коридорот 10-д ја позиционираме државата на инфраструктурната карта на Европа, отвораме можности за нови бизниси и работни места appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Прилеп, присуствуваше и се обрати на настан по повод означување на почетокот на реализацијата на автопатската делница Прилеп-Битола, како дел од активностите за изградба на Коридорот 10-д, кој заедно со Коридорот 8 е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата. Го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Ковачевски: Чест и задоволство ми е што денеска го означуваме почетокот на реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава на Коридорот 10-д, преку подготвителните работи, кои веќе можете и да ги забележите, тука на оваа траса, на идната автопатска делница Прилеп-Битола. Ова е проект којшто е од национален и стратешки интерес за државата, од кој придобивка ќе имаат граѓаните, економијата и државите коишто ги поврзува овој Коридор. Изградбата на Коридорот 10-д е траен влог и наследство за идните генерации. Драго ми е што и нашите стратешки партнери САД, ја препознаваат важноста на владините политики што ги преземаме за развој на инфраструктурата, особено бенефитот што ќе го има не само нашата држава, туку и соседните држави од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект, Коридорите 8 и 10-д. И за време на мојата работна посета на САД, добивме силна поддршка и беше изразено огромно задоволство, што токму конзорциум „Бехтел и Енка“, составен од американска и турска компанија е изведувач на овој стратешки проект. Изведбата на делницата Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10-д, во должина од 40 километри, заедно со автопатските делници од Коридорот 8, претставуваат најголема капитална инвестиција во нашата земја, која ќе биде пресвртница во развојот на нашата држава. Инвестиција, со чијашто реализација нашата држава конечно од кружен тек на Балканот станува вистинска крстосница на Балканот. Инвестиција, со којашто Македонија ја позиционираме на економската и инфраструктурната карта на Европа. Тоа што беше многугодишна стратешка определба на многу влади, оваа Влада денес го реализира. Денес проверував еден факт, а тоа е дека од осамостојувањето на нашата држава, скоро во 90% од времето министри за транспорт и врски биле или од Прилеп или од Битола или од Ресен и никогаш не го направиле автопатот меѓу Битола и Прилеп. Затоа министер од Штип, Благоја Бочварски заедно со Ејуп Рустеми ќе го направат автопатот од Прилеп до Битола или од Битола до Прилеп, како милуваат граѓаните. Вложуваме во капитални проекти од историска важност, бидејќи не само што ги поврзуваме градовите, регионите, туку и ја поврзуваме нашата држава со околните држави и со светот, со модерна патна инфраструктура која ќе привлече туристи, но и странски инвеститори со што ќе се подобри имиџот на нашата држава во светски рамки. Коридорите 8 и 10-д, кои досега беа само на хартија, се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор. За прв пат, преку модерна инфраструктура после 30 години се поврзуваме со исток и запад, се поврзуваме со нови пристаништа во Драч и во Бургас, ги зајакнуваме транспортните врски со регионот. Придобивките од изградбата на овој проект се огромни и од повеќе аспекти. Изградбата на коридорите 8 и 10-д значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Паралелно, со реализацијата на овој проект, се отвораат можности за нови бизниси, изградба на нови објекти од различни дејности, бензински пумпи, ресторани, хотели, одморалишта, деловни објекти. Тоа се можности за отворање на нови работни места, за вработување на жителите од регионите каде што ќе поминуваат автопатските делници од коридорите.   Кај нас најразвиени се регионите кои се наоѓаат на коридорот 10, а најмалку развиени се регионите кои се наоѓаат на никогаш изградениот коридор 8, североистокот и југозападот на земјата. Со ова обезбедуваме и рамномерен регионален развој имајќи предвид дека веќе се гради експресниот пат кон границата со Бугарија.   Отворањето на нови бизниси значи и нови даночни обврзници и нови приливи во државната буџетска каса, што дополнително влијае врз развојот на стопанството, бизнис заедницата, и крајно растот на економијата и можности за вложување во подобро образование, здравство и подобри услуги за граѓаните. Инвестираме во современи, модерни патишта коишто ќе ја подобрат безбедноста и квалитетот во патната инфраструктура. Од 2017 до 2022 година се вложени 1 милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта. Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати или по 5,8 километри автопат годишно. Сега, со Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д, започнавме со подготвителните работи за изградба на околу 110 километри автопатишта во следните 4 години или по 23 километри автопат годишно.   Со промената на актуелните законски решенија ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно изведување на коридорите, но и на сите идни стратешки проекти како овој, со што го трасираме патот за брз економски раст на државата. Законските измени се предвидени и за патната и за железничката и за енергетската инфраструктура од стратешко значење за државата. Токму овие бројки, се доказ за нашата посветеност во подобрување на условите за животот на граѓаните. Со изградбата на двата коридори 8 и 10-д, парите на граѓаните ги вложуваме во нивната иднина, во безбедни патишта, квалитетна инфраструктура и подобри, конкурентни работни места. Инвестирањето во патиштата е и инвестиција во нашата иднина. За реализација на големите стратешки проекти потребни се храбри и одлучни чекори во интерес на граѓаните. Повеќе пати сум изјавил и овој пат ќе повторам-нема да отстапам од инвестиции во инфраструктурата и од инвестициите во енергетската независност на државата, инвестиции во зголемување на енергетските капацитети на државата, бидејќи тие се предуслов за економски раст на државата, за подобра иднина на сите нас. Моја цел и целта на Владата, е да имаме просперитетна држава со модерни и безбедни патишта, држава која ќе се темели и ќе ги промовира четирите слободи на кои и Европската Унија почива - слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.   Слободно движење не постои без изградба на коридори. Верувам дека овие цели за нас се достижни, затоа што нема недостижна цел. Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжи по патот на прогресот, ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата и во проекти кои ќе обезбедат брз напредок и просперитет на државата, подобри услови за животот за сегашните и идните генерации на наши граѓани. Посакувам успешна работа и изведба и на овој Коридор 10-д, кој ќе донесе подобра иднина за нашата држава, но и за државите околу нас и пошироко. За крај, сакам да им порачам и на Министерството за транспорт и врски и на Јавното претпријатие за државни патишта и на „Бехтел и на Енка“, другари и другарки, дами и господа – да се фатиме за работа, доста беше зборување.“  

The post Ковачевски: Со Коридорот 10-д ја позиционираме државата на инфраструктурната карта на Европа, отвораме можности за нови бизниси и работни места appeared first on Република.

]]>
И според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите https://republika.mk/vesti/makedonija/i-spored-transparensi-izborot-na-nadzorot-na-koridorite-8-i-10d-e-maten-samo-na-jo-mu-trebaat-mesetsi-za-da-pobara-zapirane-na-rabotite/ Sat, 08 Apr 2023 07:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=628537

И според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите.Требаше да помине повеќе од еден месец како медиумите, граѓаните, стручната јавност и ВМРО-ДПМНЕ нотираат корупција во изборот на надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д за ЈО да каже дека води истрага - велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Тие сметаат дека наместо штури објаснувања, ЈО треба да побара запирање на работите на надзорот и да спроведе брза истрага, која ќе гарантира дека парите на народот не се раскрчмуваат со матни зделки, и ќе санкционира секаква нерегуларност.

Власта го компромитираше целиот процес со надзорот. Со амин на Груби фирма која до вчера произведувала долна облека сега ќе врши надзор над проект тежок милијарди. Истиот тој Груби сега е назначен за координатор на проектот, а надзорот за кој постојат бројни обвинувања непречено почна да наплаќа милиони од државна сметка.
Затоа секое непостапување на ЈО само ќе го загрози државниот интерес и парите на граѓаните, и тоа исто како и целиот процес ќе бидат дел од ревизија по промена на власта - велат од ВМРО-ДПМНЕ

The post И според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите appeared first on Република.

]]>

И според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите.Требаше да помине повеќе од еден месец како медиумите, граѓаните, стручната јавност и ВМРО-ДПМНЕ нотираат корупција во изборот на надзорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д за ЈО да каже дека води истрага - велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Тие сметаат дека наместо штури објаснувања, ЈО треба да побара запирање на работите на надзорот и да спроведе брза истрага, која ќе гарантира дека парите на народот не се раскрчмуваат со матни зделки, и ќе санкционира секаква нерегуларност.
Власта го компромитираше целиот процес со надзорот. Со амин на Груби фирма која до вчера произведувала долна облека сега ќе врши надзор над проект тежок милијарди. Истиот тој Груби сега е назначен за координатор на проектот, а надзорот за кој постојат бројни обвинувања непречено почна да наплаќа милиони од државна сметка. Затоа секое непостапување на ЈО само ќе го загрози државниот интерес и парите на граѓаните, и тоа исто како и целиот процес ќе бидат дел од ревизија по промена на власта - велат од ВМРО-ДПМНЕ

The post И според Транспаренси изборот на надзорот на Коридорите 8 и 10Д е „матен“, само на ЈО му требаат месеци за да побара запирање на работите appeared first on Република.

]]>
Без метар испланиран пат, владата веќе испланира камен темелник за коридорите од 1,3 милијарди евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/bez-metar-isplaniran-pat-vladata-veke-isplanira-kamen-temelnik-za-koridorite-od-1-3-milijardi-evra/ Thu, 16 Mar 2023 18:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=620443

Додека владата подготвува удирање на камен темелник на Коридорите 8 и 10 Д, опозицијата најавува одговорност и казни за учесниците во скандалите со 22 милионскиот тендер за надзорот врз тој проект.

Премиерот Ковачевски рече дека ќе побара уште еден брифинг на двоецот Рустеми-Бочварски за новинарите кои прашуваат како веќе е закажан камен темелникот на овој инфраструктурен проект од 1,3 милијарди евра иако не е испланиран или проектиран ниту милиметар од трасите.

Иако раскарани на политичкиот фронт, и Ковачевски и Мицкоски сметаат дека проектот е историски, но имаат различно гледање на спорниот надзор.

За опозицијата е спорно што до скоро фирма за кроење гаќи сега со балкански експерти ќе го крои надзорот на овој прескап проект.

Но бидејќи Бехтел-Енка го води американска компанија, која според Мицкоски има кредибилитет, тој ветува помош доколку дојде на власт, како и обвиненија за одговорните во скандалот.

Обвинителството за гонење за организиран криминал сега веќе не ја исклучува можноста за истрага откако со недели новинарите откриваат контроверзни и криминални детали за компаниите кои треба да го вршат надзорот и да ја заштитат инвестицијата.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не ја исклучува можноста во наредните денови откако ќе ги проучи изнесените информации во медиумите, да оформи предмет и да започне предистражна постапка со цел да се испита дали постојат елементи на кривично дело и доколку постојат кој е надлежен да постапува. Воедно, напомнуваме дека секој субјект што поседува информации или докази за сторено кривично дело, има обврска да пријави до надлежното обвинителство и да го достави доказниот материјал“.

Извор: Телма

The post Без метар испланиран пат, владата веќе испланира камен темелник за коридорите од 1,3 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Додека владата подготвува удирање на камен темелник на Коридорите 8 и 10 Д, опозицијата најавува одговорност и казни за учесниците во скандалите со 22 милионскиот тендер за надзорот врз тој проект. Премиерот Ковачевски рече дека ќе побара уште еден брифинг на двоецот Рустеми-Бочварски за новинарите кои прашуваат како веќе е закажан камен темелникот на овој инфраструктурен проект од 1,3 милијарди евра иако не е испланиран или проектиран ниту милиметар од трасите. Иако раскарани на политичкиот фронт, и Ковачевски и Мицкоски сметаат дека проектот е историски, но имаат различно гледање на спорниот надзор. За опозицијата е спорно што до скоро фирма за кроење гаќи сега со балкански експерти ќе го крои надзорот на овој прескап проект. Но бидејќи Бехтел-Енка го води американска компанија, која според Мицкоски има кредибилитет, тој ветува помош доколку дојде на власт, како и обвиненија за одговорните во скандалот. Обвинителството за гонење за организиран криминал сега веќе не ја исклучува можноста за истрага откако со недели новинарите откриваат контроверзни и криминални детали за компаниите кои треба да го вршат надзорот и да ја заштитат инвестицијата. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не ја исклучува можноста во наредните денови откако ќе ги проучи изнесените информации во медиумите, да оформи предмет и да започне предистражна постапка со цел да се испита дали постојат елементи на кривично дело и доколку постојат кој е надлежен да постапува. Воедно, напомнуваме дека секој субјект што поседува информации или докази за сторено кривично дело, има обврска да пријави до надлежното обвинителство и да го достави доказниот материјал“.
Извор: Телма

The post Без метар испланиран пат, владата веќе испланира камен темелник за коридорите од 1,3 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Нормално е Антикорупциска да ја врши својата работа за какви и да било сомнежи за автопатите https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-normalno-e-antikoruptsiska-da-ja-vrshi-svojata-rabota-za-kakvi-i-da-bilo-somnezhi-za-avtopatite/ Fri, 10 Mar 2023 13:38:06 +0000 https://republika.mk/?p=618190

Антикорупциската комисија нормално е да си ја работи својата работа во делот на она за што постојат сомнежи, меѓутоа тоа не значи дека „Бехтел и Енка“ ќе ги одложи работите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека отвора предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д.

Во однос на компанијата која ќе го работи надзорот, Ковачевски рече дека таа има свои подизведувачи и дека дел од нив ангажираат луѓе од земјава со цел да не се носат експерти за надзорот од странство.

Дел од тие подизведувачи имаат и странски сопственици, меѓутоа доминантно вработуваат луѓе од државата со цел да не мора сите експерти кои се потребни при надзорот, да се носат од странство, рече Ковачевски.

Во однос на сопственичката структура на „Ептиса“, Ковачевски упати на Централниот регистар, а за какви било информации кои се сомнителни, апелираше веднаш да се пријават кај надлежните институции.

Она по што овој проект, според Ковачевски, се разликува од досегашните е тоа што сега она што компанијата ќе ги испроектира, ќе биде изведено на терен.

Компанијата „Бехтел и Енка“ веќе потпиша договор од над 400 страни со Владата, тој е во сила и тие ќе почнат со проектирање и изградба на автопатот. Ние досега сме имале инфраструктурни проекти што биле правени по стариот принцип каде се работи проектирање, па проектирањето трае со години и потоа почнува изведбата и проектот никогаш не завршува. Овде се работи за проектирање и изведба, она што го испроектирала компанијата, практично и го изведува на терен и со тоа се забрзува изведувањето на работите, подвлече Ковачевски.

Тој нагласи дека овој проект е најголем во историјата на државата во делот на инфраструктурата и рече дека кога ќе започне реализацијата, ќе бидат ангажирани голем број на македонски фирми и работници.

Антикорупциската комисија соопшти дека отвора предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д  што го врши ИРД. Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е дел од ИРД, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила таа забрана.

The post Ковачевски: Нормално е Антикорупциска да ја врши својата работа за какви и да било сомнежи за автопатите appeared first on Република.

12 милиони евра за километар автопат, ќе се гради до 2027 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/12-milioni-evra-za-kilometar-avtopat-ke-se-gradi-do-2027-godina/ Wed, 08 Mar 2023 14:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=617383

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар - Букојчани (30.3 км) и Прилеп - Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри.

Со договорот што беше потпишан денеска во Владата за автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и вицепремиерот Артан Груби по потпишувањето на договорот соопштија дека годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат, а цената во просек, ќе биде 12 милиони евра по километар.

Целосно е почитуван Законот за склучување на договорот со стратешкиот партнер. Експропријацијата уште не почната бидејќи ова е нов модел на градење на автопатишта. „Бехтел и Енка“ и ќе проектира и ќе гради, рече Рустеми.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека цените се поткрепени врз основа на физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од консултанската компанија Гранд Тортон.

Договорот со изведувачот е изготвен согласно принципот на ФИДИК договорите, а тоа е принципот на измерени количини. Тоа подразбира дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен и на тој начин ќе се има целосна транспрантност на извршените работи и потрошените средства, рече Бочварски.

Со цел да се забрза изградбата на коридорите, како што рече, од изведувачот ќе биде применет принципот на „проектирање и изградба”, а тоа подразбира дека со договорот, на изведувачот му се дава обврската сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа - Струга - Ќафасан и 57 месеци за Гостивар - Букојчани и за Прилеп - Битола.

Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата, а во буџетот на Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Се планира секоја година од Буџетот да се издвојуваат толку средства.

За проектот, „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата. Надзорот ќе го врши ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот.

The post 12 милиони евра за километар автопат, ќе се гради до 2027 година appeared first on Република.

]]>

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ на 22 април годинава треба да биде воведен во работа за изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар (17,5 км) Гостивар - Букојчани (30.3 км) и Прилеп - Битола (39,3 км), а на 12 декември и на делницата Требеништа -Струга -Ќафасан во должина од 21,7 километри. Со договорот што беше потпишан денеска во Владата за автопатските делници во вкупна должина од 108,8 километри во вредност од 1,3 милијарди евра, изведувачот доби обврска сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и вицепремиерот Артан Груби по потпишувањето на договорот соопштија дека годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат, а цената во просек, ќе биде 12 милиони евра по километар.
Целосно е почитуван Законот за склучување на договорот со стратешкиот партнер. Експропријацијата уште не почната бидејќи ова е нов модел на градење на автопатишта. „Бехтел и Енка“ и ќе проектира и ќе гради, рече Рустеми.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека цените се поткрепени врз основа на физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од консултанската компанија Гранд Тортон.
Договорот со изведувачот е изготвен согласно принципот на ФИДИК договорите, а тоа е принципот на измерени количини. Тоа подразбира дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен и на тој начин ќе се има целосна транспрантност на извршените работи и потрошените средства, рече Бочварски.
Со цел да се забрза изградбата на коридорите, како што рече, од изведувачот ќе биде применет принципот на „проектирање и изградба”, а тоа подразбира дека со договорот, на изведувачот му се дава обврската сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради. Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа - Струга - Ќафасан и 57 месеци за Гостивар - Букојчани и за Прилеп - Битола. Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата, а во буџетот на Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Се планира секоја година од Буџетот да се издвојуваат толку средства. За проектот, „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата. Надзорот ќе го врши ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот.

The post 12 милиони евра за километар автопат, ќе се гради до 2027 година appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: За Коридорот 8 и Коридорот 10 треба да се обелодени дали станува збор за уставни измени или за епски криминал од неколку милијарди евра https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-koridorot-8-i-koridorot-10-treba-da-se-obelodeni-dali-stanuva-zbor-za-ustavni-izmeni-ili-za-epski-kriminal-od-nekolku-milijardi-evra/ Fri, 03 Mar 2023 14:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=615624

Јас очекував вакво прашање бидејќи имаше и прес конференција каде што беше поставено тоа прашање на премиерот Ковачевски, и го слушнав одговорот каде што се препелкаше. Јас носам и некои документи за да може јавноста да биде сведок. За да не збориме на памет. Се надевам еве дека после овие документи ќе имаме повеќе можности да зборуваме, дали станува збор за уставни измени или за епски криминал од неколку милијарди евра, рече Мицкоски денеска.

Ова е записник од Владата, од седница на Владата, таа е 24-та седница на Владата, 24 ноември 2020-та година, а вицепремиер е Артан Груби, а заменик министер за финансии е Димитар Ковачевски, а премиер е Зоран Заев“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Гази Баба при одговарање на новинарско прашање поврзано со нерегуларностите околу изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ја цитираше точката 74 која вели – „Владата ја разгледа информацијата за изградба на пруга Бељаковце – Крива Паланка“. „Владата заклучи сите државни институции, општини кои реализираат капитални инвестиции поголеми од еден милион евра во денарска противредност да не ја ангажираат шпанската фирма „Ептиса“ од причини што истата неетички, незаконски и несоодветно постапила како надзор во поглед на првата фаза од изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце“.

На 16.11.2021 година министерството за транспорт и врски ја надсинхронизира Владата и дава позитивна референца на истата компанија „Ептиса“. Одиме понатаму, се објавува тендер за надзор за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10А, автопатиштата. Краен рок за поднесување понуди е 17-ти  октомври 2022 година во 11 часот. Седум дена пред истекот на крајниот рок се менува тендерската документација и тоа се менува во делот  за странски понудувач доколку не се издава извештај за биланс на состојба и податоци од биланс за успех 2019-та, 2020-та и 2021 година заверен од надлежен орган, тогаш се доставува копија од ревизорски извештај кои треба да бидат позитивни. Еве се брише ова за да бидат позитивни, а зошто? Затоа што компанијата има негативни во последните три години.

Одиме понатаму, се продолжува рокот на 25.10 и замислете најповолен понудувач е конзорциумот „ИРД инженеринг“ здружено со „Ептиса“. Еве ќе му ги доставам, на кого треба да му ги доставам? На партискиот обвинител Ислам Абази, треба да ги доставам на Антикорупциска, на кого да ги доставам? Овие треба да одлучуваат за вашите 2 милијарди евра, вие треба да се задолжите, кредит да земете, вашите деца, вашите внуци, тие пари да ги плаќаат. Ова е Европа? Ако е ова анти ЕУ, тогаш јас мислам дека ЕУ се срами што овие и го злоупотребуваат името. Еве  нека видат, самите што правеле и како правеле, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: За Коридорот 8 и Коридорот 10 треба да се обелодени дали станува збор за уставни измени или за епски криминал од неколку милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Јас очекував вакво прашање бидејќи имаше и прес конференција каде што беше поставено тоа прашање на премиерот Ковачевски, и го слушнав одговорот каде што се препелкаше. Јас носам и некои документи за да може јавноста да биде сведок. За да не збориме на памет. Се надевам еве дека после овие документи ќе имаме повеќе можности да зборуваме, дали станува збор за уставни измени или за епски криминал од неколку милијарди евра, рече Мицкоски денеска.
Ова е записник од Владата, од седница на Владата, таа е 24-та седница на Владата, 24 ноември 2020-та година, а вицепремиер е Артан Груби, а заменик министер за финансии е Димитар Ковачевски, а премиер е Зоран Заев“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски од Гази Баба при одговарање на новинарско прашање поврзано со нерегуларностите околу изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ја цитираше точката 74 која вели – „Владата ја разгледа информацијата за изградба на пруга Бељаковце – Крива Паланка“. „Владата заклучи сите државни институции, општини кои реализираат капитални инвестиции поголеми од еден милион евра во денарска противредност да не ја ангажираат шпанската фирма „Ептиса“ од причини што истата неетички, незаконски и несоодветно постапила како надзор во поглед на првата фаза од изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце“.
На 16.11.2021 година министерството за транспорт и врски ја надсинхронизира Владата и дава позитивна референца на истата компанија „Ептиса“. Одиме понатаму, се објавува тендер за надзор за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10А, автопатиштата. Краен рок за поднесување понуди е 17-ти  октомври 2022 година во 11 часот. Седум дена пред истекот на крајниот рок се менува тендерската документација и тоа се менува во делот  за странски понудувач доколку не се издава извештај за биланс на состојба и податоци од биланс за успех 2019-та, 2020-та и 2021 година заверен од надлежен орган, тогаш се доставува копија од ревизорски извештај кои треба да бидат позитивни. Еве се брише ова за да бидат позитивни, а зошто? Затоа што компанијата има негативни во последните три години. Одиме понатаму, се продолжува рокот на 25.10 и замислете најповолен понудувач е конзорциумот „ИРД инженеринг“ здружено со „Ептиса“. Еве ќе му ги доставам, на кого треба да му ги доставам? На партискиот обвинител Ислам Абази, треба да ги доставам на Антикорупциска, на кого да ги доставам? Овие треба да одлучуваат за вашите 2 милијарди евра, вие треба да се задолжите, кредит да земете, вашите деца, вашите внуци, тие пари да ги плаќаат. Ова е Европа? Ако е ова анти ЕУ, тогаш јас мислам дека ЕУ се срами што овие и го злоупотребуваат името. Еве  нека видат, самите што правеле и како правеле, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: За Коридорот 8 и Коридорот 10 треба да се обелодени дали станува збор за уставни измени или за епски криминал од неколку милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Три понуди на тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 https://republika.mk/vesti/ekonomija/tri-ponudi-na-tenderot-za-nadzor-na-izgradbata-na-koridorite-8-i-10/ Tue, 25 Oct 2022 12:23:29 +0000 https://republika.mk/?p=565442

Tри понуди се доставени на тендерот за избор на надзор на изградбата на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д, а чија изведба треба да ја изврши американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Понудите, што беа отворени денеска во Јавното претпријатие за државни патишта, се од фирмата „INGEROP CONSEIL ET INGENIERIE“ која конкурира со 1.106.040.600 денари, друштвото „IRD ENGINEERING“ со понуда од 1.374.304.070 денари, како и „ХИЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“, со понуда од 1.533.721.722 денари.

По отворањето на понудите, следува постапка за нивна евалуација, и по разгледување на документацијата  и комплетноста на понудите во рок од 40 дена ќе се изврши изборот на најдобриот понуден квалитет и понудена цена.

Првиот тендер за избор на надзорот за овој проект пропадна откако избраната компанија не ја достави банкарската гаранција.

За изградба на новите автопати Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, по што Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за проектот.

Градежните машини и работници на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе работат  на четирите делници на Коридорите 8 и 10, а се очекува да стартуваат наредната година. Министерот Бочварски претходно изјави дека прва и најлесна делница од аспект на експропријација на земјиштетото е Гостивар-Кичево, а се очекува најдолго да трае постапката за делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, за која државата ќе мора да добие и мислење од УНЕСКО, бидејќи трасата поминува покрај Охридското Eзеро.

The post Три понуди на тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

]]>

Tри понуди се доставени на тендерот за избор на надзор на изградбата на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д, а чија изведба треба да ја изврши американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Понудите, што беа отворени денеска во Јавното претпријатие за државни патишта, се од фирмата „INGEROP CONSEIL ET INGENIERIE“ која конкурира со 1.106.040.600 денари, друштвото „IRD ENGINEERING“ со понуда од 1.374.304.070 денари, како и „ХИЛ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“, со понуда од 1.533.721.722 денари. По отворањето на понудите, следува постапка за нивна евалуација, и по разгледување на документацијата  и комплетноста на понудите во рок од 40 дена ќе се изврши изборот на најдобриот понуден квалитет и понудена цена. Првиот тендер за избор на надзорот за овој проект пропадна откако избраната компанија не ја достави банкарската гаранција. За изградба на новите автопати Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, по што Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за проектот. Градежните машини и работници на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе работат  на четирите делници на Коридорите 8 и 10, а се очекува да стартуваат наредната година. Министерот Бочварски претходно изјави дека прва и најлесна делница од аспект на експропријација на земјиштетото е Гостивар-Кичево, а се очекува најдолго да трае постапката за делницата Требеништа-Струга-Ќафасан, за која државата ќе мора да добие и мислење од УНЕСКО, бидејќи трасата поминува покрај Охридското Eзеро.

The post Три понуди на тендерот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

]]>
Догодина, здравје Боже: Годинава нема да дочекаме да се почне со работа на автопатите https://republika.mk/vesti/ekonomija/dogodina-zdravje-boze-godinava-nema-da-dochekame-da-se-pochne-so-rabota-na-avtopatite/ Wed, 12 Oct 2022 19:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=560301

Постапката за избор на надзор и консултант за Коридорите 10 и 8 е во тек, а по нејзино затворање, Јавното претпријатие за државни патишта ќе ја информира Владата за тоа колку компании се во игра да го добијат тендерот, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски појасни дека доколку постапката е успешна, тогаш ќе почне фазата на преговори помеѓу консултантската куќа и компанијата „Бехтел и Енка“, после што ќе се влезе во постапка за реализација на овие автопатски делници.

Прашан на која делница прво ќе се работи, Бочварски рече дека прво треба да се избере консултантската куќа и да се влезе во преговори, но според него доколку на делницата од Гостивар кон Кичево нема многу земјиште кое е приватно, таму треба да се оди со побрзо отпочнување на градежните работи.

Делницата од Гостивар кон Кичево ќе оди по сосема нов терен и сметам дека таму ќе имаме можност доколку нема многу земјиште коешто е приватно, да се оди со побрзо стартување на градежните работи. Исто така, и за делниците Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар. Важно е да се решат имотно-правните прашања се со цел градежните работи да поминуваат непречено, рече Бочварски.

Инаку, на повторената постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе може да се доставуваат понуди до 17-ти октомври, а по 30 дена ќе се избира најповолниот понудувач.

Огласот за Јавната набавка за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10 Д е објавен на 15.9.2022 година и доставувањето на понудите е најдоцна до 17.10.2022 година во 11:00 часот, по што ќе се одржи јавното отворање на понудите во Јавното претпријатие за државни патишта. По отворањето на понудите ќе следува период од 30 дена за евалуација и избор на најповолен понудувач. Целата постапка, нагласуваат оттаму, се одвива согласно со Закон за јавни набавки и роковите предвидени со нив, информираа за МИА од ЈПДП.

Како што изјави претходно министерот Бочварски, по заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите, се очекува подготвителните работи да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен.

Со огласот на ЈПДП се избира консултант и надзор што ќе ја следи градбата на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево и Требениште – Струга – Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д од страна на конзорцоумот „Бехтел и Енка“.

Првиот тендер за избор на надзор за овој проект пропадна откако избраната компанија не ја достави банкарската гаранција.

The post Догодина, здравје Боже: Годинава нема да дочекаме да се почне со работа на автопатите appeared first on Република.

]]>

Постапката за избор на надзор и консултант за Коридорите 10 и 8 е во тек, а по нејзино затворање, Јавното претпријатие за државни патишта ќе ја информира Владата за тоа колку компании се во игра да го добијат тендерот, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Министерот Бочварски појасни дека доколку постапката е успешна, тогаш ќе почне фазата на преговори помеѓу консултантската куќа и компанијата „Бехтел и Енка“, после што ќе се влезе во постапка за реализација на овие автопатски делници. Прашан на која делница прво ќе се работи, Бочварски рече дека прво треба да се избере консултантската куќа и да се влезе во преговори, но според него доколку на делницата од Гостивар кон Кичево нема многу земјиште кое е приватно, таму треба да се оди со побрзо отпочнување на градежните работи.
Делницата од Гостивар кон Кичево ќе оди по сосема нов терен и сметам дека таму ќе имаме можност доколку нема многу земјиште коешто е приватно, да се оди со побрзо стартување на градежните работи. Исто така, и за делниците Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар. Важно е да се решат имотно-правните прашања се со цел градежните работи да поминуваат непречено, рече Бочварски.
Инаку, на повторената постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе може да се доставуваат понуди до 17-ти октомври, а по 30 дена ќе се избира најповолниот понудувач.
Огласот за Јавната набавка за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10 Д е објавен на 15.9.2022 година и доставувањето на понудите е најдоцна до 17.10.2022 година во 11:00 часот, по што ќе се одржи јавното отворање на понудите во Јавното претпријатие за државни патишта. По отворањето на понудите ќе следува период од 30 дена за евалуација и избор на најповолен понудувач. Целата постапка, нагласуваат оттаму, се одвива согласно со Закон за јавни набавки и роковите предвидени со нив, информираа за МИА од ЈПДП.
Како што изјави претходно министерот Бочварски, по заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите, се очекува подготвителните работи да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен. Со огласот на ЈПДП се избира консултант и надзор што ќе ја следи градбата на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево и Требениште – Струга – Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д од страна на конзорцоумот „Бехтел и Енка“. Првиот тендер за избор на надзор за овој проект пропадна откако избраната компанија не ја достави банкарската гаранција.

The post Догодина, здравје Боже: Годинава нема да дочекаме да се почне со работа на автопатите appeared first on Република.

]]>
Уставен суд укина член: Работниците од Коридорите 8 и 10 нема да смеат да работат прекувремено https://republika.mk/vesti/ekonomija/ustaven-sud-ukina-chlen-rabotnicite-od-koridorite-8-i-10-nema-da-smeat-prekuvremeno/ Wed, 13 Jul 2022 10:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=528002

Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.163/2021).

Во членот 12 меѓу другото е предвидено дека „работното време на секој работник во текот на целиот циклус на Проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот,  како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека  е во  спротивност со членот 32 став 4 од Уставот.

The post Уставен суд укина член: Работниците од Коридорите 8 и 10 нема да смеат да работат прекувремено appeared first on Република.

Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10Д, се формираат преговарачките тимови https://republika.mk/vesti/ekonomija/grubi-go-svika-komitetot-za-koridorite-8-i-10d-se-formiraat-pregovarachkite-timovi/ Tue, 28 Jun 2022 12:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=520765

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби го свика денес вториот состанок на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 Д.

Комитетот на денешната седница одлучи да и предложи на Владата формирање на екипите за експропријација, преговори и за спроведување на најголемиот инфраструктурен проект на нашата земја, кој ќе го реализира конзорциумот Бехтел Енка.

Коридорот 8 предвидува изградба на автопатот според современи стандарди на патната инфраструктура во три правци: Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево,  Ќафасан – Струга-Требениште.

Коридорот 10 Д предвидува изградба на автопатот Битола – Прилеп.

Со изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, што беше одобрено од страна на Собранието и одборот на директори на ЕБОР, значително ќе им се олесни движењето на граѓаните од граничниот премин Блаце со Косово до граничниот премин Ќафасан со Албанија.

Реализацијата на овие големи проекти на патната инфраструктура значително ќе влијае на зајакнувањето на трговските односи меѓу балканските земји, побрзо и поквалитетно движење на граѓаните.

Законот за изградба на Коридорот 8 беше одобрен на 15 Јули 2021 година во Собранието на Македонија на предлог на пратениците на парламентарното мнозинство и беше потврден од страна на Уставниот суд на 9 Декември 2021 година.

The post Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10Д, се формираат преговарачките тимови appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби го свика денес вториот состанок на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 Д. Комитетот на денешната седница одлучи да и предложи на Владата формирање на екипите за експропријација, преговори и за спроведување на најголемиот инфраструктурен проект на нашата земја, кој ќе го реализира конзорциумот Бехтел Енка. Коридорот 8 предвидува изградба на автопатот според современи стандарди на патната инфраструктура во три правци: Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево,  Ќафасан – Струга-Требениште. Коридорот 10 Д предвидува изградба на автопатот Битола – Прилеп. Со изградбата и на автопатот Скопје-Блаце, што беше одобрено од страна на Собранието и одборот на директори на ЕБОР, значително ќе им се олесни движењето на граѓаните од граничниот премин Блаце со Косово до граничниот премин Ќафасан со Албанија. Реализацијата на овие големи проекти на патната инфраструктура значително ќе влијае на зајакнувањето на трговските односи меѓу балканските земји, побрзо и поквалитетно движење на граѓаните. Законот за изградба на Коридорот 8 беше одобрен на 15 Јули 2021 година во Собранието на Македонија на предлог на пратениците на парламентарното мнозинство и беше потврден од страна на Уставниот суд на 9 Декември 2021 година.

The post Груби го свика Комитетот за Коридорите 8 и 10Д, се формираат преговарачките тимови appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд одлучи да поведе постапка по член 12 од Законот за изградба на коридорите 8 и 10 https://republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-odluchi-da-povede-postapka-po-chlen-12-od-zakonot-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10/ Tue, 29 Mar 2022 12:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=480313

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка по член 12 од Законот за изградба на делници од коридорите 8 и 10.  Со тој закон се утврдува како стратешки партнер американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка” за реализација на проектите за изградба на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани и за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8, како и на делницата на автопатот Прилеп – Битола на Коридорот 10.

Судиите едногласно на дискусијата ги искажаа нивните ставови дека тој член е неуставен и е на штета на работниците. Со член 12 се регулира дека работното време на работниците ангажирани за изградба на Коридорите „може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

Судијката известител Вангелина Маркудова смета дека 60 работни часа редовно во текот на годината во секакви временски услови, на што всушност и овој член укажува и дека работното време може да трае и подолго од 60 часа, може да доведе до повредување на работните права.

Овој член очигледно ги повредува начело за уставност на законите и меѓународните конвенции. Би можело да се доведе до сомнение со владеењето на правото и затоа барам поведување на постапка, рече Маркудова на седницата.

Претседателката на Уставен суд, судијката Добрила Кацарска смета дека со овој закон не требало воопшто да се споменуваат тие 60 работни часа бидејќи, како што рече, од друга страна пак во Законот за работни односи е точно разработено што претставува прекувремена работа, а во Република Сeверна Македонија сите овие права  на работниците се опфатени со Закон за работни односи и колективни договори. – Неспорно е дека треба да се поведе постапка и да се укине, додаде Кацарска.

Според судијата Дарко Костадиновски, одредбата може да се доведе во сомнение со уставноста и затоа, како што рече, го поддржува предлогот за поведување на постапката.

Работното време предвидено да биде 60 часа во просек кога постои градежна сезона упатува дека ќе биде и подолго од 60 часа и тука се доведува во прашање работната сила на работниците, што значи ќе се работи „од утро до мрак”, а кај нас да потсетиме дека присилната работа не се дозволува туку се санкционира, истакна судијата Осман Кадриу.

Подносители на иницијативата се Сојуз на синдикатите на Македонија – ССМ претставуван од претседателот Дарко Димовски и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија претставуван од претседателот Иван Пешевски, како и Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Штип, претставувано од претседателот на здужението Кристина Ампева

Според наводите на подносителите на иницијативата од ССМ и СГИПРМ оспорениот член 12 од Законот е во спротивност со членот 8, 9, 32, 34 и 35 од Уставот и член 4, член 116 и 117 од Законот за работните односи; член 36 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството како и со член 2 од Законот за ратификација на Конвенцијата за трудови клаузули (јавни договори) 1949.

Подносителот наведува дека во оспорениот член се предвидува дека стратешкиот парнер имал целосно право да го организира и распоредува работното време на работниците кои ќе биле ангажирани на проектот со можност работното време за секој поединечен работник во просек да трае 60 часа неделно во текот на годината.

Според наводите во иницијативата на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“, оспорената одредба од член 12 од Законот не е во согласност со членот 32 од Уставот, со членот 116 од Законот за работните односи, Конвенцијата бр.14 за неделен одмор (во индустријата) 1921, ратификувана 17.11.1991 год. и Конвенцијата за неделен одмор (трговија и канцеларии 1957), (бр.106). Подносителот наведува дека одредбата се коси со уставните и законските норми што го уредуваат правото на неделен одмор на работниците.

Според подносителот, оспорената одредба е правно неиздржана, во делот: „во просек 60 часа неделно во текот на годината“. Во иницијативата се наведува дека овој дел предизвикува правна несигурност и е во спротивност на уставните и законските норми коишто го регулираат работното време на работниците и правото на неделен одмор.

The post Уставниот суд одлучи да поведе постапка по член 12 од Законот за изградба на коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка по член 12 од Законот за изградба на делници од коридорите 8 и 10.  Со тој закон се утврдува како стратешки партнер американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка” за реализација на проектите за изградба на делницата Тетово – Гостивар – Букојчани и за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8, како и на делницата на автопатот Прилеп – Битола на Коридорот 10. Судиите едногласно на дискусијата ги искажаа нивните ставови дека тој член е неуставен и е на штета на работниците. Со член 12 се регулира дека работното време на работниците ангажирани за изградба на Коридорите „може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”. Судијката известител Вангелина Маркудова смета дека 60 работни часа редовно во текот на годината во секакви временски услови, на што всушност и овој член укажува и дека работното време може да трае и подолго од 60 часа, може да доведе до повредување на работните права.
Овој член очигледно ги повредува начело за уставност на законите и меѓународните конвенции. Би можело да се доведе до сомнение со владеењето на правото и затоа барам поведување на постапка, рече Маркудова на седницата.
Претседателката на Уставен суд, судијката Добрила Кацарска смета дека со овој закон не требало воопшто да се споменуваат тие 60 работни часа бидејќи, како што рече, од друга страна пак во Законот за работни односи е точно разработено што претставува прекувремена работа, а во Република Сeверна Македонија сите овие права  на работниците се опфатени со Закон за работни односи и колективни договори. – Неспорно е дека треба да се поведе постапка и да се укине, додаде Кацарска. Според судијата Дарко Костадиновски, одредбата може да се доведе во сомнение со уставноста и затоа, како што рече, го поддржува предлогот за поведување на постапката.
Работното време предвидено да биде 60 часа во просек кога постои градежна сезона упатува дека ќе биде и подолго од 60 часа и тука се доведува во прашање работната сила на работниците, што значи ќе се работи „од утро до мрак”, а кај нас да потсетиме дека присилната работа не се дозволува туку се санкционира, истакна судијата Осман Кадриу.
Подносители на иницијативата се Сојуз на синдикатите на Македонија – ССМ претставуван од претседателот Дарко Димовски и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија претставуван од претседателот Иван Пешевски, како и Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Штип, претставувано од претседателот на здужението Кристина Ампева Според наводите на подносителите на иницијативата од ССМ и СГИПРМ оспорениот член 12 од Законот е во спротивност со членот 8, 9, 32, 34 и 35 од Уставот и член 4, член 116 и 117 од Законот за работните односи; член 36 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството како и со член 2 од Законот за ратификација на Конвенцијата за трудови клаузули (јавни договори) 1949. Подносителот наведува дека во оспорениот член се предвидува дека стратешкиот парнер имал целосно право да го организира и распоредува работното време на работниците кои ќе биле ангажирани на проектот со можност работното време за секој поединечен работник во просек да трае 60 часа неделно во текот на годината. Според наводите во иницијативата на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“, оспорената одредба од член 12 од Законот не е во согласност со членот 32 од Уставот, со членот 116 од Законот за работните односи, Конвенцијата бр.14 за неделен одмор (во индустријата) 1921, ратификувана 17.11.1991 год. и Конвенцијата за неделен одмор (трговија и канцеларии 1957), (бр.106). Подносителот наведува дека одредбата се коси со уставните и законските норми што го уредуваат правото на неделен одмор на работниците. Според подносителот, оспорената одредба е правно неиздржана, во делот: „во просек 60 часа неделно во текот на годината“. Во иницијативата се наведува дека овој дел предизвикува правна несигурност и е во спротивност на уставните и законските норми коишто го регулираат работното време на работниците и правото на неделен одмор.

The post Уставниот суд одлучи да поведе постапка по член 12 од Законот за изградба на коридорите 8 и 10 appeared first on Република.

]]>