корекција Archives - Република https://republika.mk/tema/korekcija/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Apr 2023 15:23:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png корекција Archives - Република https://republika.mk/tema/korekcija/ 32 32 Поради фиктивни фактури ќе има корекции на замрзнатите цени, призна Бектеши https://republika.mk/vesti/ekonomija/poradi-fiktivni-fakturi-ke-ima-korektsii-na-zamrznatite-tseni-prizna-bekteshi/ Fri, 07 Apr 2023 15:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=628396

Министерот за економија Крешник Бектеши најави корекција на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, затоа што лажните фактури што ги прикажувале увозниците пред Царинската управа создале погрешна слика за тоа колку може да поевтинат овие производи кои овој и минатиот месец генерално се увезуваат од Грција, Албанија и Турција.

Бектеши по состанокот со увозниците и на комората, пред медиумите рече дека следната недела ќе има нова одлука објавена во Службен весник со коригирани цени. Очекува таа да биде донесена од вторник.

Ќе се прават контроли за тоа како е направен увозот за сите увозници за овошје и зелечук за последните месеци. На терен е финансиската полиција и Државниот пазарен инспекторат за да не се направи штета на буџетот и на граѓаните. Давале други фактори во Царина, а со други фактури купувале од регионот. Сакале да избегнат царински давачки, и Царина доби задачи да направи детални контроли за месеци наназад, рече Бектеши.

Министерот рече дека 90 отсто овој период домашниот пазар е зависен од увоз, а од мај се очекува да се намалува зависноста од увозот. При тоа ги потсети увозниците дека даночно затајување на суми над 10.000 евра е кривично дело.

- Колку процентуално е зголемен увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната, наведе тој и додаде дека сепак границите на производите нема да надминат 100 денари.

The post Поради фиктивни фактури ќе има корекции на замрзнатите цени, призна Бектеши appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши најави корекција на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, затоа што лажните фактури што ги прикажувале увозниците пред Царинската управа создале погрешна слика за тоа колку може да поевтинат овие производи кои овој и минатиот месец генерално се увезуваат од Грција, Албанија и Турција. Бектеши по состанокот со увозниците и на комората, пред медиумите рече дека следната недела ќе има нова одлука објавена во Службен весник со коригирани цени. Очекува таа да биде донесена од вторник.
Ќе се прават контроли за тоа како е направен увозот за сите увозници за овошје и зелечук за последните месеци. На терен е финансиската полиција и Државниот пазарен инспекторат за да не се направи штета на буџетот и на граѓаните. Давале други фактори во Царина, а со други фактури купувале од регионот. Сакале да избегнат царински давачки, и Царина доби задачи да направи детални контроли за месеци наназад, рече Бектеши.
Министерот рече дека 90 отсто овој период домашниот пазар е зависен од увоз, а од мај се очекува да се намалува зависноста од увозот. При тоа ги потсети увозниците дека даночно затајување на суми над 10.000 евра е кривично дело. - Колку процентуално е зголемен увозот на одредени производи, толку процентуално ќе се зголеми и цената која е замрзната, наведе тој и додаде дека сепак границите на производите нема да надминат 100 денари.  

The post Поради фиктивни фактури ќе има корекции на замрзнатите цени, призна Бектеши appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Имаме многу висока корекција на инфлацијата нагоре, тоа јасно кажува дека нема да се заврши ниту со 2.9% БДП туку тој ќе биде многу понизок https://republika.mk/vesti/dimitrieska-kochoska-imame-mnogu-visoka-korekcija-na-inflacijata-nagore-toa-jasno-kazuva-deka-nema-da-se-zavrshi-nitu-so-2-9-bdp-tuku-toj-kje-bide-mnogu-ponizok/ Mon, 16 May 2022 20:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=503093

„Не треба да го заборавиме моментот дека имаме корекција нагорна на стапка на инфлација за прв пат толку голема разлика или толку голема промена, или погрешна проекција во минатата година за 2022 година па сега проектирана. Никогаш до сега ваква корекција не сме имале. Исто како што не сме имале ниту корекција за 2020-та на падот каков што имавме на БДП. Така да некако во континуитет ни се случуваат вакви посериозни проекции во однос на планот. Е, сега 8.8% имаме стапка на инфлација, значи проектирана за 2022-та година, а од друга страна имаме проекција на БДП од 2.9%, или за еден процентен поен надолу. Јас не знам навистина Народна банка кај гледа кога ги проектира работиве, прво не знам ни како ја проектираше инфлацијата пред почетоков на годината кога знаевме каква состојба имаме со енергетската криза. Инфлацијата не е од сега значи, во континуитет зборуваме дека инфлацијата кај нас почна многу порано во однос на еврозоната, во однос и на соседните земји. Тоа истото го констатираше и Светска Банка во пролетните прогнози 2021 година кога кажа Македонија има повисока инфлација во однос на целиот регион“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисија на 24 телевизија.

Димитриеска Кочоска додаде дека БДП 2.9% за 2022 година при инфлација од 8.8%, се вели дека инфлацијата ќе ги изеде парите. А, се нема најави дали ќе има корекции и покачување на платите на граѓаните, и ако се има инфлација која што ги јаде парите, тоа значи дека со иста плата луѓето ќе можат помалку да купуваат. Ако БДП мери количинско производство и продажби во исто време се поставува прашањето како луѓето со исти пари, а повисоки цени ќе купат за 2.9% повеќе или ќе се произведе сето тоа и ќе се извезе итн.

Има тука нелогичност, прво заради тоа што во континуитет се се потпираше на онаа лична и јавна потрошувачка која што е факт дека се случуваше минатата година посебно во последниот квартал кога можеби требаше многу повеќе да се внимава. Во тој период државата трошеше многу повеќе отколку што требаше да си дозволи и да троши. Поготово за ајде да кажеме стоки и услуги, што подразбираме не беше за капитални инвестиции туку за стоки и услуги и како резултат на тоа повеќе се разгори инфлацијата во Македонија, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска посочи дека во државата се има многу висока корекција на инфлацијата нагоре но во исто време се нема соодветна корекција на БДП. А, тоа повеќе од јасно кажува дека нема да се заврши ниту со 2.9% БДП туку ќе биде многу понизок.

The post Димитриеска Кочоска: Имаме многу висока корекција на инфлацијата нагоре, тоа јасно кажува дека нема да се заврши ниту со 2.9% БДП туку тој ќе биде многу понизок appeared first on Република.

]]>

„Не треба да го заборавиме моментот дека имаме корекција нагорна на стапка на инфлација за прв пат толку голема разлика или толку голема промена, или погрешна проекција во минатата година за 2022 година па сега проектирана. Никогаш до сега ваква корекција не сме имале. Исто како што не сме имале ниту корекција за 2020-та на падот каков што имавме на БДП. Така да некако во континуитет ни се случуваат вакви посериозни проекции во однос на планот. Е, сега 8.8% имаме стапка на инфлација, значи проектирана за 2022-та година, а од друга страна имаме проекција на БДП од 2.9%, или за еден процентен поен надолу. Јас не знам навистина Народна банка кај гледа кога ги проектира работиве, прво не знам ни како ја проектираше инфлацијата пред почетоков на годината кога знаевме каква состојба имаме со енергетската криза. Инфлацијата не е од сега значи, во континуитет зборуваме дека инфлацијата кај нас почна многу порано во однос на еврозоната, во однос и на соседните земји. Тоа истото го констатираше и Светска Банка во пролетните прогнози 2021 година кога кажа Македонија има повисока инфлација во однос на целиот регион“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисија на 24 телевизија. Димитриеска Кочоска додаде дека БДП 2.9% за 2022 година при инфлација од 8.8%, се вели дека инфлацијата ќе ги изеде парите. А, се нема најави дали ќе има корекции и покачување на платите на граѓаните, и ако се има инфлација која што ги јаде парите, тоа значи дека со иста плата луѓето ќе можат помалку да купуваат. Ако БДП мери количинско производство и продажби во исто време се поставува прашањето како луѓето со исти пари, а повисоки цени ќе купат за 2.9% повеќе или ќе се произведе сето тоа и ќе се извезе итн.