корча Archives - Република https://republika.mk/tema/korcha/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Sep 2024 16:37:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png корча Archives - Република https://republika.mk/tema/korcha/ 32 32 Ќе се гради ски-центар во Корча https://republika.mk/vesti/balkan/ke-se-gradi-ski-tsentar-vo-korcha/ Sun, 15 Sep 2024 16:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=816569

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи.

The post Ќе се гради ски-центар во Корча appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.
Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.
Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.
Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".
Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи.

The post Ќе се гради ски-центар во Корча appeared first on Република.

]]>
Обвинителството од Корча бара од македонските власти соработка во истрагата за двојно убиство https://republika.mk/vesti/balkan/obvinitelstvoto-od-korcha-bara-od-makedonskite-vlasti-sorabotka-vo-istragata-za-dvojno-ubistvo/ Wed, 10 Apr 2024 11:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=764553

Обвинителството во Корча, во рамки на напорите за расветлување на убиството на браќата Мартин и Андреа Олдаши, ја проширува истрагата и во Македонија, јавија албанските медиуми.

Обвинистелството испрати допис до Министерството за правда на Македонија, во врска со проверката на лицето Фламур Даути, уапсено за дрога во село кај Прилеп, во оваа земја. Поточно од тамошните власти се бара да се дозволи испрашување на затвореникот Даути, со кого жртвите имале контакт. Позитивниот одговор од македонските власти би и помогнал на правдата во истрагата за двојното убиство, за кое сè уште нема сторители, наведуваат медиумите.

Двојното убиство се случило во декември 2020 година во селото Шќитас, општина Малиќ, а според истрагите, откако двајцата браќа биле егзекутирани нивните тела биле фрлени во канал за наводнување.

Според сознанијата, браќата Олдаши биле киднапирани, а потоа убиени со по два куршуми во пределот на главата испукани од пиштол „застава“.

Преку оперативни сознанија се дознава дека двајцата браќа Мартин и Андреа Олдаши, се занимавале со криминални активности од областа на наркотици, лихварство, кражби и уништување имот со експлозивни средства, како и помагање при нелегално преминување на границата. Постојат основи на сомненија дека убиените и Даути заедно соработувале во шверц на дрога, посочуваат медиумите.

Даути со 53 килограми марихуана, која ја внесол од Албанија бил уапсен од македонската полиција, вечерта, на 8 декември 2020 година кога, како што е потврдено од обдукцијата, во Албанија биле убиени браќата Олдаши

The post Обвинителството од Корча бара од македонските власти соработка во истрагата за двојно убиство appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Корча, во рамки на напорите за расветлување на убиството на браќата Мартин и Андреа Олдаши, ја проширува истрагата и во Македонија, јавија албанските медиуми. Обвинистелството испрати допис до Министерството за правда на Македонија, во врска со проверката на лицето Фламур Даути, уапсено за дрога во село кај Прилеп, во оваа земја. Поточно од тамошните власти се бара да се дозволи испрашување на затвореникот Даути, со кого жртвите имале контакт. Позитивниот одговор од македонските власти би и помогнал на правдата во истрагата за двојното убиство, за кое сè уште нема сторители, наведуваат медиумите. Двојното убиство се случило во декември 2020 година во селото Шќитас, општина Малиќ, а според истрагите, откако двајцата браќа биле егзекутирани нивните тела биле фрлени во канал за наводнување. Според сознанијата, браќата Олдаши биле киднапирани, а потоа убиени со по два куршуми во пределот на главата испукани од пиштол „застава“. Преку оперативни сознанија се дознава дека двајцата браќа Мартин и Андреа Олдаши, се занимавале со криминални активности од областа на наркотици, лихварство, кражби и уништување имот со експлозивни средства, како и помагање при нелегално преминување на границата. Постојат основи на сомненија дека убиените и Даути заедно соработувале во шверц на дрога, посочуваат медиумите. Даути со 53 килограми марихуана, која ја внесол од Албанија бил уапсен од македонската полиција, вечерта, на 8 декември 2020 година кога, како што е потврдено од обдукцијата, во Албанија биле убиени браќата Олдаши

The post Обвинителството од Корча бара од македонските власти соработка во истрагата за двојно убиство appeared first on Република.

]]>
Македонците со тројца претставници во Советот на округот Корча https://republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-so-trojtsa-pretstavnitsi-vo-sovetot-na-okrugot-korcha/ Tue, 03 Oct 2023 08:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=687339

Со изборот на Јован Шкемби од страна на Советот на општина Поградец, за член на Советот на Округот Корча, Македонците во советот на овој округ сега имаат тројца свои претставници.

Шкемби, како претставник на МАЕИ, претходно даде свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец со што и официјално стана член на советот.

-Партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на округот Корча има двајца свои членови, генералниот секретар Таќо Гроздани, како претставник на Советот на Општина Пустец и членот на Централниот комитет Јован Шкемби, како претставник на Советот на Општина Подградец. Исто така, член во Советот на овој округот е и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, информираше Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

Советот на округот Корча, брои 24 советници од 6 општини Корча, Подградец, Колоња, Пустец, Малиќ и Девол.

На локалните избори што се одржаа на 14 мај годинава македонската партија беше во коалиција со Социјалистичка партија и свои кандидати имаше на кандидатската листа на Социјалистите, освен за општина Пустец каде настапи самостојно, но го поддржа кандидатот за градоначалник предложен од Социјалистичката партија.

Јован Шкемби (69) е роден од селото Церје, Мала Преспа, дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана во 1977 година, а живее во Поградец. Тој е член на Централниот комитет на МАЕИ и истакнат активист на македонската заедница во Албанија.

The post Македонците со тројца претставници во Советот на округот Корча appeared first on Република.

]]>

Со изборот на Јован Шкемби од страна на Советот на општина Поградец, за член на Советот на Округот Корча, Македонците во советот на овој округ сега имаат тројца свои претставници. Шкемби, како претставник на МАЕИ, претходно даде свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец со што и официјално стана член на советот. -Партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на округот Корча има двајца свои членови, генералниот секретар Таќо Гроздани, како претставник на Советот на Општина Пустец и членот на Централниот комитет Јован Шкемби, како претставник на Советот на Општина Подградец. Исто така, член во Советот на овој округот е и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, информираше Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ. Советот на округот Корча, брои 24 советници од 6 општини Корча, Подградец, Колоња, Пустец, Малиќ и Девол. На локалните избори што се одржаа на 14 мај годинава македонската партија беше во коалиција со Социјалистичка партија и свои кандидати имаше на кандидатската листа на Социјалистите, освен за општина Пустец каде настапи самостојно, но го поддржа кандидатот за градоначалник предложен од Социјалистичката партија. Јован Шкемби (69) е роден од селото Церје, Мала Преспа, дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана во 1977 година, а живее во Поградец. Тој е член на Централниот комитет на МАЕИ и истакнат активист на македонската заедница во Албанија.

The post Македонците со тројца претставници во Советот на округот Корча appeared first on Република.

]]>
Три дена Корча пулсираше во духот на македонската култура https://republika.mk/vesti/kultura/tri-dena-korcha-pulsirashe-vo-duhot-na-makedonskata-kultura/ Mon, 31 Oct 2022 08:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=567641

Албанскиот град Корча три дена пулсираше во духот на македонската култура, каде што во организација на македонската амбасада и Културно-информативен центар во Тирана се одржаа „Денови на македонска култура“.

На Универзитетот „Фан Ноли“ беа одржани часови по македонски јазик. Интенцијата е овој настан да се заокружи со отворање лекторат по македонски јазик на Филолошкиот факултет во овој град.

Во Градската библиотека градоначалникот на Корча, Сотираќ Фило, и неговите соработници, заедно со амбасадорот Данчо Марковски, и директорот на КИЦ – Тирана, Златко Ориѓански, отворија изложба на Зоран Кардула, на која настапи блуз-бендот „In the mood“.

Следниот ден во Куќата на знамето, Заводот и музеј од Битола ја отвори изложбата „Невестински соништа – касели и ковчези од Битола и Битолско” на авторката Мери Стојанова.

Уникатноста на поставката во која се преставени ковчези од крајот на 18 и почетокот на 19 век побуди голем интерес и внимание меѓу граѓаните на Корча.

Во театарот „Андон З. Чајупи“ на 29 октомври настапи хорот „Менада“ од Тетово, чиј настап беше проследен со силен аплауз. Веднаш по концертот беше прикажан филмот „Медена земја“.

На сите активности присуствуваше и Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и прв човек на друштвото „Сонце”.

Трите дена македонска култура во Корча имаат историско значење за двете пријателски земји. Плакатот, кој беше поставен на Корчанскиот театар, беше отпечатен на македонски и на албански јазик.

Вчера хорот „Менада“ настапи и пред Македонците во Пустец, при што Министерството за култура на Република Македонија му подари на тамошното население книги и библија за деца напишани на македонски јазик.

 

The post Три дена Корча пулсираше во духот на македонската култура appeared first on Република.

]]>

Албанскиот град Корча три дена пулсираше во духот на македонската култура, каде што во организација на македонската амбасада и Културно-информативен центар во Тирана се одржаа „Денови на македонска култура“. На Универзитетот „Фан Ноли“ беа одржани часови по македонски јазик. Интенцијата е овој настан да се заокружи со отворање лекторат по македонски јазик на Филолошкиот факултет во овој град. Во Градската библиотека градоначалникот на Корча, Сотираќ Фило, и неговите соработници, заедно со амбасадорот Данчо Марковски, и директорот на КИЦ – Тирана, Златко Ориѓански, отворија изложба на Зоран Кардула, на која настапи блуз-бендот „In the mood“. Следниот ден во Куќата на знамето, Заводот и музеј од Битола ја отвори изложбата „Невестински соништа – касели и ковчези од Битола и Битолско” на авторката Мери Стојанова. Уникатноста на поставката во која се преставени ковчези од крајот на 18 и почетокот на 19 век побуди голем интерес и внимание меѓу граѓаните на Корча. Во театарот „Андон З. Чајупи“ на 29 октомври настапи хорот „Менада“ од Тетово, чиј настап беше проследен со силен аплауз. Веднаш по концертот беше прикажан филмот „Медена земја“. На сите активности присуствуваше и Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и прв човек на друштвото „Сонце”. Трите дена македонска култура во Корча имаат историско значење за двете пријателски земји. Плакатот, кој беше поставен на Корчанскиот театар, беше отпечатен на македонски и на албански јазик. Вчера хорот „Менада“ настапи и пред Македонците во Пустец, при што Министерството за култура на Република Македонија му подари на тамошното население книги и библија за деца напишани на македонски јазик.  

The post Три дена Корча пулсираше во духот на македонската култура appeared first on Република.

]]>
Денови на македонската култура во Корча, Албанија https://republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-makedonskata-kultura-vo-korcha-albanija/ Wed, 26 Oct 2022 09:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=565793

Од четврток до крајот на наделава Корча ќе пулсира во духот на македонската култура. Во организација на македонската Амбасада и Културно-информативниот центар во Тирана ќе бидат организирани „Денови на македонската култура“. Манифестацијата е составена од повеќе настани од областа на културата, образованието и бизнисот, што ќе се реализираат на повеќе места во градот.

Во просториите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“, проф. Виолета Јанушева првпат пред студентите ќе го претстави курикулумот за предавања на курсевите по македонски јазик, а деканите на Падагошкиот и на Филолошкиот факултет ќе имаат работна средба во рамките на воспоставената соработка на универзитетите од Битола и од Корча.

Во делот на културно-музичкото претставување се изложбата на НУ Завод и музеј Битола со наслов „Невестински соништа“ и дел од културното наследство на Битола и Битолско, претставено од директорката Мери Стојанова, како и самостојната изложба на уметникот Зоран Кардула.

Посебен акцент на манифестацијата се средбите на директорите на државните агенции за туризам и претставници од бизнис-секторот. Директорот на Агенцијата за привлекување и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и директорката на албанската Дирекција за туризам, Корнелија Феризај, ќе ги договараат модалитетите за заедничка соработка и настап на трети пазари.

Манифестацијата свечено ќе ја отворат амбасадорот Данчо Марковски и градоначалникот на Корча, Сотирач Фило, кои активно ќе се вклучат во настаните.

The post Денови на македонската култура во Корча, Албанија appeared first on Република.

]]>

Од четврток до крајот на наделава Корча ќе пулсира во духот на македонската култура. Во организација на македонската Амбасада и Културно-информативниот центар во Тирана ќе бидат организирани „Денови на македонската култура“. Манифестацијата е составена од повеќе настани од областа на културата, образованието и бизнисот, што ќе се реализираат на повеќе места во градот. Во просториите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан Ноли“, проф. Виолета Јанушева првпат пред студентите ќе го претстави курикулумот за предавања на курсевите по македонски јазик, а деканите на Падагошкиот и на Филолошкиот факултет ќе имаат работна средба во рамките на воспоставената соработка на универзитетите од Битола и од Корча. Во делот на културно-музичкото претставување се изложбата на НУ Завод и музеј Битола со наслов „Невестински соништа“ и дел од културното наследство на Битола и Битолско, претставено од директорката Мери Стојанова, како и самостојната изложба на уметникот Зоран Кардула. Посебен акцент на манифестацијата се средбите на директорите на државните агенции за туризам и претставници од бизнис-секторот. Директорот на Агенцијата за привлекување и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и директорката на албанската Дирекција за туризам, Корнелија Феризај, ќе ги договараат модалитетите за заедничка соработка и настап на трети пазари. Манифестацијата свечено ќе ја отворат амбасадорот Данчо Марковски и градоначалникот на Корча, Сотирач Фило, кои активно ќе се вклучат во настаните.

The post Денови на македонската култура во Корча, Албанија appeared first on Република.

]]>