координативно тело Archives - Република https://republika.mk/tema/koordinativno-telo/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 13:44:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png координативно тело Archives - Република https://republika.mk/tema/koordinativno-telo/ 32 32 Формирано координативно тело за унапредување на високото образование https://republika.mk/vesti/makedonija/formirano-koordinativno-telo-za-unapreduvane-na-visokoto-obrazovanie/ Wed, 31 Jul 2024 13:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=802024

Владата го задолжи МОН за формирање на Национално координативно тело за реформи во високото образование, наука истражување и развој чија задача ќе биде анализа на високото образование, и работата на високо научните институции со цел да се воспоставува ред и законито работење.

На предлог на МОН беше усвоена информација за потребата од донесување на решение за почеток со работа на студиските програми од трет циклус на студии по ,,Површинска експлоатација на Факултет за природно и технички науки, при Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, со Предлог - решение за почеток со работа на студиската програма од трет циклус на студии  по ,,Површинска експлоатација на Факултет за природно и технички науки, при Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

The post Формирано координативно тело за унапредување на високото образование appeared first on Република.

]]>

Владата го задолжи МОН за формирање на Национално координативно тело за реформи во високото образование, наука истражување и развој чија задача ќе биде анализа на високото образование, и работата на високо научните институции со цел да се воспоставува ред и законито работење. На предлог на МОН беше усвоена информација за потребата од донесување на решение за почеток со работа на студиските програми од трет циклус на студии по ,,Површинска експлоатација на Факултет за природно и технички науки, при Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, со Предлог - решение за почеток со работа на студиската програма од трет циклус на студии  по ,,Површинска експлоатација на Факултет за природно и технички науки, при Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

The post Формирано координативно тело за унапредување на високото образование appeared first on Република.

]]>
Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година https://republika.mk/vesti/makedonija/odrzhan-prviot-koordinativen-sostanok-za-implementatsija-na-novata-strategija-za-pravata-na-litsata-so-poprechenost-2023-2030-godina/ Mon, 19 Feb 2024 16:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=745790

Денеска, во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Македонија, се одржа првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година, со Акциски план 2023-2026 година.

На настанот освен членовите на Националното координативно тело беа присутни претставници од Државен завод за статистика, Агенција за млади и спорт, Државен инспекторат за градежништво, Државна изборна комисија, Биро за развој на образованието, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за вработување, Агенција за аудио и аудио-визуелни услуги,  ЗЕЛС и Центар за управување со кризи, кои имаат обврска за реализација на активности планирани во Стратегијата.

Фокусот на состанокот беше координација на институциите во процесот на имплементацијата на Акцискиот план, преку воспоставување на механизми за соработка, следење и известување за напредокот.  Во тој контекст, се дискутираше и за дигиталната алатка која е во фаза на изработка од страна на СЕМОС, а со поддршка на партнерите односно Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Дигиталната алатка ќе ја користат институциите во фазата на имплементација и ќе овозможи ефективно следење на напредокот и реализацијата на Стратегијата.

Националната стратегија за правата на лицата со попреченост за периодот 2023-2030, со Акциски план 2023-2026 година е усвоена од страна на  Владата на 26 декември 2023 година. Таа е мултисекторски стратешки документ, подготвен во широк партиципативен процес, со вклучување на 216 учесници од 31 институција и 27 граѓански организации, меѓу кои и Агенциите на ОН во земјата, и со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Стратегијата содржи одредници за унапредување на правата на лицата со попреченост во Република Македонија, темелејќи се на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Европската Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030, како и Агендата 2030 и целите за одржлив развој. Стратегијата е заснована на принципот на човекови права и основниот принцип „Никој да не биде изоставен“ („Leave No One Behind“) од Агендата 2030.

Носител на Стратегијата е Министерството за труд и социјална политика, а НКТ за имплементација на КПЛП беше активно вклучено во целиот процес- комуникација со донатори, со граѓанските организации, академската заедница, обезбедување присутност на различни чинители при подготовката, а ќе ја има и главната улога во процесот на координација на спроведувањето на активностите.

Националната стратегија за правата на лицата со попреченост опфаќа девет приоритетни области, одредени врз основа на потребите, а усогласени со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030 на Европската Унија. Во секоја од деветте приоритетни области се утврдени цели, мерки и активности коишто овозможуваат унапредување на правата на лицата со попреченост, независност, еднакви можности, квалитет на живот, како и градење инклузивно општеството. Како приоритетни области се дефинирани: пристапност, еднаквост, пристап до правда и активно учество во јавниот и политичкиот живот, пристап до здравствена заштита, детска, социјална заштита и независно живеење, право на образование, вработување и право на работа, локални инклузивни заедници, јавна свест, култура, спорт и рекреација.

The post Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година appeared first on Република.

]]>

Денеска, во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Македонија, се одржа првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година, со Акциски план 2023-2026 година. На настанот освен членовите на Националното координативно тело беа присутни претставници од Државен завод за статистика, Агенција за млади и спорт, Државен инспекторат за градежништво, Државна изборна комисија, Биро за развој на образованието, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за вработување, Агенција за аудио и аудио-визуелни услуги,  ЗЕЛС и Центар за управување со кризи, кои имаат обврска за реализација на активности планирани во Стратегијата. Фокусот на состанокот беше координација на институциите во процесот на имплементацијата на Акцискиот план, преку воспоставување на механизми за соработка, следење и известување за напредокот.  Во тој контекст, се дискутираше и за дигиталната алатка која е во фаза на изработка од страна на СЕМОС, а со поддршка на партнерите односно Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Дигиталната алатка ќе ја користат институциите во фазата на имплементација и ќе овозможи ефективно следење на напредокот и реализацијата на Стратегијата. Националната стратегија за правата на лицата со попреченост за периодот 2023-2030, со Акциски план 2023-2026 година е усвоена од страна на  Владата на 26 декември 2023 година. Таа е мултисекторски стратешки документ, подготвен во широк партиципативен процес, со вклучување на 216 учесници од 31 институција и 27 граѓански организации, меѓу кои и Агенциите на ОН во земјата, и со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Стратегијата содржи одредници за унапредување на правата на лицата со попреченост во Република Македонија, темелејќи се на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Европската Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030, како и Агендата 2030 и целите за одржлив развој. Стратегијата е заснована на принципот на човекови права и основниот принцип „Никој да не биде изоставен“ („Leave No One Behind“) од Агендата 2030. Носител на Стратегијата е Министерството за труд и социјална политика, а НКТ за имплементација на КПЛП беше активно вклучено во целиот процес- комуникација со донатори, со граѓанските организации, академската заедница, обезбедување присутност на различни чинители при подготовката, а ќе ја има и главната улога во процесот на координација на спроведувањето на активностите. Националната стратегија за правата на лицата со попреченост опфаќа девет приоритетни области, одредени врз основа на потребите, а усогласени со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост (КПЛП) и Стратегија за правата на лицата со попреченост 2021-2030 на Европската Унија. Во секоја од деветте приоритетни области се утврдени цели, мерки и активности коишто овозможуваат унапредување на правата на лицата со попреченост, независност, еднакви можности, квалитет на живот, како и градење инклузивно општеството. Како приоритетни области се дефинирани: пристапност, еднаквост, пристап до правда и активно учество во јавниот и политичкиот живот, пристап до здравствена заштита, детска, социјална заштита и независно живеење, право на образование, вработување и право на работа, локални инклузивни заедници, јавна свест, култура, спорт и рекреација.

The post Одржан првиот координативен состанок за имплементација на новата Стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ формираа координативно тело за справување со шумските пожари https://republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnicite-od-redovite-na-vmro-dpmne-formiraa-koordinativno-telo-za-spravuvanje-so-shumskite-pozari/ Wed, 29 Jun 2022 12:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=521133

Градоначалниците од Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион, кои се од редовите на ВМРО ДПМНЕ денеска во Штип формираа координативно тело за полесно и побрзо справување со шумските пожари.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека иницијативата за оваа тело е во период кога има потенцијална опасност од пожари на отворено, а минатата година се случија големи пожари во Кочани и Пијанечко-Малешевскиот регион, кои зад себе оставија пустош и големи штети.

Одлучивме да го формираме оваа координативно тело за поголема координација и проследување на информации за тоа во каква состојба се Противпожарните единица, потоа со каква опрема и ресурси располагаат, со цел полесно да се справиме на потенцијална опасност од пожари, вели Јорданов.

Упатија и апел до државните институции будно да ја следат ситуацијата.

Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски истакна дека како рурална општина немаат Противпожарна единица, а Доброволното противпожарно друштво не им е доволно опремено. Забележа дека потребна им е опрема со цел брзо да интервенираат на терен, додека пристигнат пожарникарите од Свети Николе.

Кочанскиот градоналник, Љупчо Папазов истакна дека ланскиот пожар на празникот Илинден беше сериозна опомена за градот Кочани.

Една од работите што се случија по овој пожар е што се формираше Доброволното противпожарно друштво и кое е сериозна поддршка на Територијалната Противпожарна единица. Добивме опрема и од Дирекцијата за заштита и спасување, која ќе се користи во не дај боже вакви ситуации, а денеска од Амбасадата на Кина добиваме опрема за комуникација меѓу оперативците на терен, вели Папазов.

Општините почнале и со проверка на хидрантите и на опремата.

 

The post Градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ формираа координативно тело за справување со шумските пожари appeared first on Република.

]]>

Градоначалниците од Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион, кои се од редовите на ВМРО ДПМНЕ денеска во Штип формираа координативно тело за полесно и побрзо справување со шумските пожари. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека иницијативата за оваа тело е во период кога има потенцијална опасност од пожари на отворено, а минатата година се случија големи пожари во Кочани и Пијанечко-Малешевскиот регион, кои зад себе оставија пустош и големи штети.
Одлучивме да го формираме оваа координативно тело за поголема координација и проследување на информации за тоа во каква состојба се Противпожарните единица, потоа со каква опрема и ресурси располагаат, со цел полесно да се справиме на потенцијална опасност од пожари, вели Јорданов.
Упатија и апел до државните институции будно да ја следат ситуацијата. Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски истакна дека како рурална општина немаат Противпожарна единица, а Доброволното противпожарно друштво не им е доволно опремено. Забележа дека потребна им е опрема со цел брзо да интервенираат на терен, додека пристигнат пожарникарите од Свети Николе. Кочанскиот градоналник, Љупчо Папазов истакна дека ланскиот пожар на празникот Илинден беше сериозна опомена за градот Кочани.
Една од работите што се случија по овој пожар е што се формираше Доброволното противпожарно друштво и кое е сериозна поддршка на Територијалната Противпожарна единица. Добивме опрема и од Дирекцијата за заштита и спасување, која ќе се користи во не дај боже вакви ситуации, а денеска од Амбасадата на Кина добиваме опрема за комуникација меѓу оперативците на терен, вели Папазов.
Општините почнале и со проверка на хидрантите и на опремата.  

The post Градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ формираа координативно тело за справување со шумските пожари appeared first on Република.

]]>