конзули Archives - Република https://republika.mk/tema/konzuli/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Feb 2022 14:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конзули Archives - Република https://republika.mk/tema/konzuli/ 32 32 Муртезани: Предлозите за конзули во Америка не се на Алтернатива https://republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-predlozite-za-konzuli-vo-amerika-ne-se-na-alternativa/ Thu, 17 Feb 2022 14:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=459943

Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива преку Фејсбук ја информира јавноста дека неговата партија не е поврзана со кадрите за кои во медиумите вчера беше објавено дека се предложени за дипломатски места во САД

Aлтернатива досега нема ниту разговарано за своја застапеност во дипломатијата, ниту пак ја презеде таа одговорност. Секоја вест или објава по социјалните мрежи со кои што за назначување на дипломати се поврзува Алтернатива е само клевета и нема никаква поврзаност со нашата партија, вели Муртезани.

Инаку, Алтернатива на крајот на минатата година влезе во Владата, откако претходно Движењето Беса премина во опозиција. Владини партнери на коалицијата на СДСМ во Владата се партиите на Албанците, ДУИ и Алтернатива.

The post Муртезани: Предлозите за конзули во Америка не се на Алтернатива appeared first on Република.

]]>

Влaста се однесува како да сака Mакедонија намерно да колабира на меѓународната сцена со поставување на конзули без никакво искуство https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-se-odnesuva-kako-da-saka-makedonija-namerno-da-kolabira-na-megjunarodnata-scena-so-postavuvanje-na-konzuli-bez-nikakvo-iskustvo/ Thu, 17 Feb 2022 11:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=459753

Македонската дипломатија го допре дното. Ваков е ставот на познавачите на политичката сцена откако се дознаа имињата на новите конзули во САД. За експертите ова не е никако изненадување ако се знае дека од доаѓањето на оваа власт се случуваат само скандали со дипломати.

Тесно политичките интереси и блискоста со ДУИ станаа единствен критериум кој ќе биде претставник на земјата во странство.  Јавноста добро се сеќава на скандалот со дипломатите во Ерменија, па обидот за назначување на пробелатичниот Фрчовски за амбасадор во САД, па обидот да се направи измена во Законот за надворешни работи каде и срцето требаше да биде услов некој да биде испратен за дипломат.

Назачувањето на ТВ-презентерката Бесмира Ејупи  синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслију, кој во дебатите жестоко ги брани политките на власта се само продолжение е само продолжение на таква пракса.

Македонија долго време нема амбасадори на клучни позиции поради тоа што власта и претседателот Пендаровски не можат да најдат заеднички јазик.

За назначување пак на конзули е друга процедура. Нив ги предлага МНР во договор со Владата. Но, во чл.49 од Законот за надоврешни работи  е наведено дека по правило за Генерален конзул се именува дипломат со високо дипломатско звање од МНР. По исклучок, доколку не е кариерен дипломат, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. Ејупи и Муслиу тоа сигурно не се. Но и за нив ќе биде потребна егзекватура, односно одобрение од земјата домаќин.

Пораешниот дипломат Ристо Никовски смета дека кадровската политика е главниот услов на било која држава и оти Македонија се однесува како намерно да сака да колабира на меѓународната сцена.

Поинаку не може да се толкува фактот што во услови кога главните проблеми со кои се соочуваме се од дипломатски карактер а главните наши абасади, вклучувајќи ја и Бугарија се без амбасадори.Тоа повеќе наликува на некава саботажа отколку на одговорна политика.Најновиот случај со избор на конзул во Њујорк само докажува дека уништувањето на македонската држава е повеќедимензионо-објаснува Никовски за „Република“.

The post Влaста се однесува како да сака Mакедонија намерно да колабира на меѓународната сцена со поставување на конзули без никакво искуство appeared first on Република.

]]>

Македонската дипломатија го допре дното. Ваков е ставот на познавачите на политичката сцена откако се дознаа имињата на новите конзули во САД. За експертите ова не е никако изненадување ако се знае дека од доаѓањето на оваа власт се случуваат само скандали со дипломати. Тесно политичките интереси и блискоста со ДУИ станаа единствен критериум кој ќе биде претставник на земјата во странство.  Јавноста добро се сеќава на скандалот со дипломатите во Ерменија, па обидот за назначување на пробелатичниот Фрчовски за амбасадор во САД, па обидот да се направи измена во Законот за надворешни работи каде и срцето требаше да биде услов некој да биде испратен за дипломат. Назачувањето на ТВ-презентерката Бесмира Ејупи  синот на политичкиот аналитичар Алберт Муслију, кој во дебатите жестоко ги брани политките на власта се само продолжение е само продолжение на таква пракса. Македонија долго време нема амбасадори на клучни позиции поради тоа што власта и претседателот Пендаровски не можат да најдат заеднички јазик. За назначување пак на конзули е друга процедура. Нив ги предлага МНР во договор со Владата. Но, во чл.49 од Законот за надоврешни работи  е наведено дека по правило за Генерален конзул се именува дипломат со високо дипломатско звање од МНР. По исклучок, доколку не е кариерен дипломат, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи. Ејупи и Муслиу тоа сигурно не се. Но и за нив ќе биде потребна егзекватура, односно одобрение од земјата домаќин. Пораешниот дипломат Ристо Никовски смета дека кадровската политика е главниот услов на било која држава и оти Македонија се однесува како намерно да сака да колабира на меѓународната сцена.
Поинаку не може да се толкува фактот што во услови кога главните проблеми со кои се соочуваме се од дипломатски карактер а главните наши абасади, вклучувајќи ја и Бугарија се без амбасадори.Тоа повеќе наликува на некава саботажа отколку на одговорна политика.Најновиот случај со избор на конзул во Њујорк само докажува дека уништувањето на македонската држава е повеќедимензионо-објаснува Никовски за „Република“.
 
The post Влaста се однесува како да сака Mакедонија намерно да колабира на меѓународната сцена со поставување на конзули без никакво искуство appeared first on Република.

]]>
Аматерскиот потег на власта со изборот на конзул го прекрши членот 49 од Законот за надворешни работи https://republika.mk/vesti/makedonija/amaterskiot-poteg-na-vlasta-so-izborot-na-konzul-go-prekrshi-chlenot-49-od-zakonot-za-nadvoreshni-raboti/ Thu, 17 Feb 2022 09:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=459726

Мислам дека проблемот е многу поголем, во континуитет македонската дипломатија се соочува со проблеми. Голем број на значајни амбасадорски места не се пополнети. Пред се тука мислам на Вашингтон,САД како стратешки партнер број еден каде што четири години немаме амбасадор со заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумоски и нема именувано нов амбасадор, што е скандал само по себе. И тоа да се остави клучната македонска амбасада празна. Понатака останати битни амбасади се оставени празни. Имаме сериозен проблем со Бугарија со заминувањето на амбасадорот Марјан Ѓорчев исто така амбасадата во Софија е оставена празна, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на утринска емисија на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека Белград на пример имаше огромен скандал со лицето кое што требаше да биде испратено.

И сега ова е врв на таа ледена санта кон која што удира македонската дипломатија. Затоа што низ еден не само пазар туку немање на никаков процес на селекција се номинираат лица какви што се номинираат. По мене најголем скандал е што процесот се води комплетно надвор од очите на јавноста, појасни Николоски.

Николоски посочи дека има индиции на кршење на Законот за надворешни работи, затоа што членот 49 кој што се однесува на упатување на конзули, кое што е едно дипломатско звање под амбасадорот, значи Македонија има амбасади и има конзулати, вели дека за конзул може да биде испратено лице кое што е висок дипломат во рамките на министерството за надворешни работи. А, што во случајов не е така. Или доколку не е така, по исклучок може да биде испратено лице кое што е високо афирмирано во јавноста и кое што е високо афирмирано во меѓународните односи што јавноста ќе се согласи секако дека не е ова лице кое што е предложено.

Аматеризмот оди дотаму што не ни знаат каде ја праќаат, имено велат дека ја праќаат во генералниот конзулат на Македонија во Њујорк, а од 2016-та година конзулатот на Македонија е преместен и не е веќе во градот Њујорк туку е во местото Тотова, Њу Џерси. И зошто се премести конзулатот беше затоа што во Њу Џерси има огромна македонска дијаспора, и идејата е тој генерален конзулат да служи на нашите луѓе кои што живеат во случајот Њу Џерси, полесно да извадат пасош, други документи, да можат полесно да си дојдат тука, да комуницираат со своите роднини и пријатели. Така што не ни знаат каде ја праќаат конкретнава госпоѓа. Што кажува за еден целосен распад систем. Таму и претходниот министер Димитров и актуелниот Османи се мераклии за медиуми, се мераклии за медиумска слава, сакаат брзи решенија во споровите кои што Македонија децениски ако сакате и вековно ги има и со Бугарија, прават решенија кои што се на штета на државата и пред се на македонскиот народ како мнозински, и на крај завршуваат со фијаско, нагласи Николоски.

The post Аматерскиот потег на власта со изборот на конзул го прекрши членот 49 од Законот за надворешни работи appeared first on Република.

]]>

Мислам дека проблемот е многу поголем, во континуитет македонската дипломатија се соочува со проблеми. Голем број на значајни амбасадорски места не се пополнети. Пред се тука мислам на Вашингтон,САД како стратешки партнер број еден каде што четири години немаме амбасадор со заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумоски и нема именувано нов амбасадор, што е скандал само по себе. И тоа да се остави клучната македонска амбасада празна. Понатака останати битни амбасади се оставени празни. Имаме сериозен проблем со Бугарија со заминувањето на амбасадорот Марјан Ѓорчев исто така амбасадата во Софија е оставена празна, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на утринска емисија на Канал 5 телевизија. Николоски додаде дека Белград на пример имаше огромен скандал со лицето кое што требаше да биде испратено.